1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 79 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.312, од кои 519 се активни случаи, објави во средата словенечката влада.

    Ова е рекорден број на нови случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата и зголемување за 37 во споредба со претходниот ден.

    Досега на дневна основа најголем број случаи биле забележани на 26 март – 61.

    Во последните 24 часа се направени 2.560 тестови.

    Има нови жаришта во домови за стари лица, каде има 15 новозаразени, и во некои училишта кои се отворија на почетокот на минатата недела.

    Во моментов 33 пациенти се хоспитализирани, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 135.
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против Ковид-19 која ја развива Универзитетот Оксфорд е прекината откако кај еден испитаник била забележана неповолна реакција.

    Вакцината, која заеднички ја развиваат Универзитетот Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“, е една од водечките кандидати во светот. Но, клиничкото испитување сега е стопирано поради случај на „необјаснета болест“, пренесува Би-би-си повикувајќи се на извори од „Астра Зенека“.

    Компанијата го опишува привременото прекинување на испитувањето како „рутинско“.

    Би-би-си наведува дека вакцината успешно ја поминала првата и втората фаза од клиничкото испитување и се очекуваше да биде меѓу првите вакцини што ќе се најдат на пазарот.

    Третата фаза од истражувањето се спроведува на околу 30.000 испитаници во САД, Бразил, Велика Британија и Јужна Африка. Ова е фаза на клиничко испитување на вакцината, која обично се спроведува на илјадници испитаници и трае неколку години. Третата фаза на сите локации сега е паузирана.

    Независни истражители најпрво ќе ги разгледаат сите безбедносни податоци, а потоа регулаторите ќе одлучат дали испитувањето може да почне од почеток.

    „Во големи испитувања, болестите можат да се појават случајно, но независните тела треба да испитаат сè внимателно“, рекле од Оксфорд.

    Ова е вторпат испитувањето на Оксфорд да биде стопирано. Во големи клинички испитувања тоа се случува кога волонтер завршува во болница без веднаш да се разјасни причината за болеста.

    Се смета дека испитувањето може да продолжи за неколку дена. Стат Хелт, здравствената веб-страница што прва ја објави оваа информација, наведува дека деталите за несаканата реакција на испитаникот не се познати, но цитира извор кој вели дека очекува испитаникот да заздрави.



    ©Makfax.com.mk
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 24
    -Куманово 6
    -Дебар 4
    -Штип 3
    -Прилеп 1
    -Тетово 2
    -Струга 9
    -Велес 1
    -Охрид 1
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 4
    -Гевгелија 3
    -Крива Паланка 1
    -Радовиш 1
    -Кочани 3
    -Пробиштип 1
    -Берово 1
    -Валандово 1
    -Виница 1
    -Делчево 3
    -Свети Николе 1

    Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од:

    -Скопје 8
    -Куманово 7
    -Штип 4
    -Тетово 1
    -Струга 4
    -Велес 2
    -Битола 2
    -Охрид 4
    -Гостивар 11
    -Гевгелија 1
    -Крива Паланка 2
    -Кочани 1
    -Берово 1
    -Виница 1
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2

    Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.
     
    На vitamina и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    А бројот на починати малтене ист :(
     
    На BlackNight и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.343
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Женски
    Престанаа со 2 контролни теста, и одма се скратија активните случаи. Не дека е подобра ситуацијата, фиктивно е намалено. Пак се држиме на 8-10 % позитивни од тестовите секој ден.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Всушност бројот на активни случаи веќе подолго време опаѓа, уште пред да се укинат двата контролни тестови. Засега, бројот на пациенти кој се водат како оздравени е ист или сличен како претходно, кога имаше контролни тестови.

    За процентот, неколку недели со ред опаѓаше, но од претходнава недела за жал има благ пораст.
     
    На senjorita-v и BlackNight им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.546
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Комшивката до нас има корона. Во петокот се видовме на врата јас на мојата, таа на нејзината тогаш излегуваше, зборувавме може 3 минути. Има некаков ризик? Многу ни се блиску вратите, една до друга. Инаку вчера добила позитивен тест, а тој ден сигурно немаше симптоми на работа одеше.
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Ако сте имале контакт близок, да. Зависи колку сте биле на далечина. Ако не сте носеле маска, повторно, да. Зарем не и ги бараат контактите, за да ве тестираат и вам?
     
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.546
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Не беше многу близок, таа на нејзината врата, јас на мојата.
    Ме нема за контакт наведено најверојатно, после тоа била тестирана поради заразени на работно место.
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Не паничи пред се, паниката може и да манифестира лажни симптоми. Почекај неколку дена и види. Или па ако не можеш мирно да спиеш, за жал ти преостанува да се тестираш. Нема правила со вирусов очигледно. Некој ќе се љуби, гушка, ќе се допира со прсти и ништо нема да му биде (има таков случај), а некој нема ни да знае како се заразил првично.
     
    На LejlaD и kristina.k им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Стапката на смртност е висока, ако не и највисока во регионов.
    634 починати за еден грст народ во земјичево е премногу.
     
    На tinka-mace, blackdeath и mira.mira им се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Не би требало. Сепак надвор е тоа, на отворено, ваљда и по 1-1,5 м ви се одделени влезните врати. Не паничи, од стрес ќе мислиш имаш сиптоми. Мајка ми исто имаше сличен ваков контакт, ништо не и беше.
     
    На mal.ecka, Angie1432, KidA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.006
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Скоро и да нема никаков ризик.
    За да се заразиш треба да си во близок контакт минимум 15 минути.
     
    На yourfavoritegirl, mira.mira и kristina.k им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.546
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Фала :hug:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Балкан Апдејт 09.09:

    1. Романија- 1271 новозаразени од 24 297 тестирани, односно 5.2%;
    2. Хрватска- 341 новозаразени од 4172 тестирани, односно 8.2%;
    3. БиХ- 293 новозаразени од N/A тестирани, односно N/A%;
    4. Грција- 248 новозаразени од 16 046 тестирани, односно 1.5%;
    5. Црна Гора- 219 новозаразени од 822 тестирани, односно 26.6%;
    6. Бугарија- 167 новозаразени од 4000 тестирани, односно 4,2%;
    7. Албанија- 151 новозаразени од 852 тестирани, односно 17.7%;
    8. Србија- 84 новозаразени од 8285 тестирани, односно 1%;
    9. Словенија- 79 новозаразени од 2560 тестирани, односно 3.1%;
    10. Косово- 76 новозаразени од 589 тестирани, односно 12.9%; и
    11. Македонија- 72 новозаразени од 793 тестирани, односно 9.1%.
     
    На KidA и vitamina им се допаѓа ова.
  17. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    има ли некој друг освен мене што ја гледа статистиката преку апликацијата Koronavirus MK? веќе многу денови воопшто не се обновуваат податоците.. :-/
     
  18. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Зошто си ја мачиш душата само со непотребен стрес?
     
    На simoncelicius и No Makeup им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.907
    Што замре темава дечки?
    Нема корона?
    Имааа...
     
    На noteforself и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Експертскиoт медицински тим кој ја советува словенечката влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

    Колку е тоа паметно, во случајов и ризично, само поради економскиот притисок, не знам :?: