1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Да не му се менува пелена на бебето и да не се фрлаат пелени во ординација?!?!?WTF?!??! И да доаѓаат бањати. Добро какви луѓе постојат?Common sense е да отидеш среден на доктор, освен ако не си пред умирање. Ги жалам искрено со каква раја работат. А често среќавам залепено лист пред ординации, ве молиме бањајте се. Какви одат луѓево на доктор и општо сите носители на услужна дејност? Јас во земја би пропаднала да му мирисам на некој. Мада тоа со пелените, некои навистина немаат осет, де од зграда ги фрлаат, де на плажа во песок ги копаат, де на дрво ги бесат. Ај да има посебно катче за таа намена како во Сити Мол, ама вака. Шо прајте со тоа пелените?!
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    5.913
    Пол:
    Женски
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во Црна Гора, секое петто лице од тестираните е заразено со коронавирус, пишува „Б92“.

    Во последните 24 часа, потврдени се 128 нови инфекции со коронавирус во Црна Гора.

    Според Институтот за јавно здравје, анализирани биле 569 примероци.

    Закрепнување е регистрирано кај 43 пациенти.

    Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.715.

    Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 6.222.

    Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 останува непроменет – од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.


    ©Makfax.com.mk
     
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 108 нови случаи на коронавирус. Словенечките медиуми наведуваат дека тоа е рекорден број и првпат да има повеќе од 100 случаи во еден ден.

    Во последните два дена биле направени повеќе од 2.000 тестови, но како што пишува „Дело“, не е познато колку тестови се направени во последните 24 часа.

    Словенија од почетокот на епидемијата регистрираше најмал број случаи на дневно ниво од сите земји во регионот.

    ©Makfax.com.mk
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Следејќи колку позитивни има низ цела Европа, мислам дека не е фер нас да не бележат како црвена зона.
     
    На TheDongerino, 1209, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 37
    -Куманово 18
    -Дебар 1
    -Штип 3
    -Прилеп 8
    -Тетово 13
    -Струга 3
    -Битола 4
    -Гостивар 9
    -Струмица 4
    -Крива Паланка 8
    -Радовиш 1
    -Крушево 1
    -Кочани 5
    -Пробиштип 3
    -Македонски Брод 2
    -Пехчево 4
    -Берово 2
    -Валандово 1
    -Виница 3
    -Делчево 7
    -Кратово 1
    -Кичево 2
    -Ресен 2

    Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од:

    -Скопје 20
    -Куманово 10
    -Штип 10
    -Прилеп 4
    -Тетово 3
    -Струга 11
    -Велес 4
    -Битола 3
    -Охрид 2
    -Кавадарци 4
    -Гостивар 6
    -Гевгелија 1
    -Струмица 1
    -Кочани 1
    -Пехчево 2
    -Берово 3
    -Виница 1
    -Делчево 4
    -Свети Николе 3
    -Кичево 5

    Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.
     
  7. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Досега немам забележано недисциплиниρани случаеви.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Кај нас има починато лице, а го нема во статистика. Не знам зошто.
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Денес почина?
    Утре ќе го има сигурно ако почина денес.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Или утре ќе го има, или е она што рекоа дека ќе направат, промениле начин на броење на смртните - па ги бројат само оние што умреле од корона, а не и со корона.
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Да не е тоа што го пишува Штип? Мене таму ми отиде паметот кога видов.
     
    На JuLleE и Sahlene им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Не, не, од корона е, плазма бараа, изгледа утре или градот е погрешно пишан.
    Баш ќе видам по годините, можно е со Штип да е помешано.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 55
    • Гази Баба – 71
    • Аеродром – 94
    • Карпош – 71
    • Центар – 68
    • Кисела Вода – 53
    • Ѓорче Петров – 35
    • Бутел – 41
    • Шуто Оризари – 19
    • Студеничани – 13
    • Сарај – 17
    • Арачиново – 9
    • Илинден – 12
    • Сопиште – 4
    • Чучер Сандево – 2
    • Петровец – 4
    • Зелениково – 1
    • Странец – 3
    • Нераспределен-16
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Информација COVID-19 (11.09.2020)

    Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19

    - 4 во Битола (лица на возраст од 54 до 65 години; едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице);
    - 1 во Кичево (лице на возраст од 21 година; не дава податок за контакт со позитивно лице);
    - 2 во Ресен (лице на возраст од 1 и 36 години; не даваат податок за контакт со позитивно лице);

    Во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негователка во детска градинка. По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице.

    Во Д. Хисар денес нема новозаболени лица.

    Денес се регистрирани и 8 оздравени лица (5 од Кичево и 3 од Битола).

    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Само на мене ми дојде ли преку глава од оваа ситуација?! Мислам се придржувам до мерките, носам маска во затворен простор, држам дистанца, ретко се гледам со луѓе. Ама некоја тешка индиферентност ме мавна доколку се заразам. Живеење во страв, па и не е некој живот, скроз се дистанцирав од луѓе, заборавив што значи нормален и досаден живот. Од почетокот на пандемијата, не памтам адреналинот да ми бил на нормално ниво.
    Поминав низ најмалку три ризични ситуации, што со тестирање, што со случаен контакт, што со сомнеж.
    Среќа секој пат заврши со среќен исход.
    Толку стрес доживеав, што буквално немам нерви веќе да се потресувам.
    Ако треба да се заразам, ќе се заразам, само да не афектирам друг.
    На тоа кинезите треба да им се забрани мигрирање во други земји. Секоја можна болест ја раширија. Што нација ќе беа настрана.
     
    На oblace1, kikin, tinka-mace и 11 други им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.125
    Пол:
    Женски
    И мене ми е дојдено преку глава искрено. Затоа гледам што повеќе да ги избегнувам овие теми, а доколку некому му треба совет и мислење кажувам од искуство.
    Кога беше заразен брат ми (може ние по некоја среќа бевме асимптоматски или воопшто не бевме заразени) толку мавна по психа што реков дека повеќе нема да читам.
    Цело време ќе се чуваш, ќе ги почитуваш мерките и на крај поради мало невнимание ќе закачиш.
    Мислам дека доста беше.
    Што се однесува до Кинезите воопшто не сакам да дискутирам за тоа колку гаден народ се.
    Ќе си премолчам.
     
    На tinka-mace, mal.ecka, Sweetlove_0312 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е. Не сакам ни да посетувам форуми за корона, ама тоа го правам во надеж дека некој ден ќе прочитам дека се нашол некој лек и се враќаме у нормала. Патетика.
    Јас уште кога беше во Кина си замислував црни сценарија во главата, за среќа не се исполни иако лесно можеше да биде така, се' што прочитав на почетокот беше уште пострашно дека беше ново, сега малце отрпнав. Тек па кога прочитав дека се шири у Италија, знаев што не чека, знаев дека ќе има карантин уште кога луѓето не ни знаеа дека има вирус што се вика.
    И да, се' ми фали, ми фали да си излезам ко човек, да си се видам со пријателите асално, да не мора да мислам за маска, да си напраам крштевка и роденден на бебчето, да си ја прошетам по роднини, некој ќе каже неизживеана сум, ама мноооогу ми фали море, и ако на некој сето ова му е нормално и као шотие бе, море, мене не ми е!!!
     
    На eli25, Sweetlove_0312, annii и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 43
    -Куманово 10
    -Дебар 3
    -Штип 4
    -Прилеп 9
    -Тетово 12
    -Струга 7
    -Велес 2
    -Битола 3
    -Охрид 1
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 9
    -Гевгелија 2
    -Струмица 11
    -Крива Паланка 1
    -Радовиш 2
    -Кочани 5
    -Македонски Брод 1
    -Виница 3
    -Делчево 2
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2
    -Ресен 2

    Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од:

    -Скопје 66
    -Куманово 8
    -Штип 9
    -Прилеп 7
    -Тетово 8
    -Велес 3
    -Битола 3
    -Охрид 1
    -Гостивар 8
    -Гевгелија 1
    -Струмица 1
    -Кочани 2
    -Пробиштип 2
    -Македонски Брод 3
    -Пехчево 1
    -Делчево 5
    -Свети Николе 5
    -Неготино 1

    Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.
     
    На Sweetlove_0312 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.125
    Пол:
    Женски
    Со овие бројки и проценти не чекајте Европа годинава.
     
    На tinka-mace, noteforself и Sweetlove_0312 им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    И пак во статистиката ја нема починатата. Како ги бројот не знам. Чудно.
    Струмица е новиот Штип изгледа.
    Цел Исток и Југоисток расте во бројките.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.