1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.749
    Допаѓања:
    284.792
    Пол:
    Женски
    Бројкава на починати веќе е алармантна.
    Мора некој посериозно да си ја свати работата,пред се матичните лекари регионалните центри,епидемиолозите.
    Нема толкав наплив на хоспитализирани па да одолговлекуваат ,чекаат.
    Ако се остварат лошите прогнози за есенва ќе биде навистина лошо.
     
    На tinka-mace, Ahoy, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.922
    Никакви како што знам, ова од луѓе кои ја познавале. Млада девојка.
    Еве и @duffi пишала.

    И уште ли не веруваат дека има корона?
    Дафи, кај вас се исплашија ли барем? Имате неколку смртни случаи и сите се млади, оти и 50 години е млад, а не стар.
     
    На butterflysk, candy.cane, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Не сум дома Јуле. Не знам како е. Ама со оглед на тоа што до пред некој ден никој маска не носеше, не верувам да е нешто сменето.
    Ромите не веруваат во Короната, а кај нив врие. Не седат во изолација, шетат со позитивен наод. Лошо е.
    13 нови се денес , не 9.
    Утре ќе ги има останатите.
     
    На Ahoy, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Струмица?
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    На ivi1987 и Fifi84 им се допаѓа ова.
  6. Cinderella13

    Cinderella13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    40
    Што мислите, ќе има ли нов полициски час кога ќе паднат температуриве?
     
  7. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
  8. Cinderella13

    Cinderella13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    40
    Дај боже да си во право
     
  9. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.360
    Допаѓања:
    125.912
    Како, кога единствениот инфектолог во Гоб 8ми отишол во Систина?
    Кој ли ги лечи пациентите!
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    @Annath @Spidy ве тагнувам да прашам дали сеуште важи протоколот за работа што ви беше даден првично со целосна заштитна опрема? На фб гледам мајка која нормално не верува во вирусов, ја однела ќерка си на стоматолог, ставила видео од првото поправање на запчиња, стоматологов ни маска немаше, камоли скафандер и останато.(facepalm) Ај таа настрана ама овој бе, доктор демек :x
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.547
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    И младата од Ресен што почина имала проблем со тироидната. :worried:
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.437
    Допаѓања:
    206.617
    Пол:
    Женски
    Важи, цело време така се работи. Дека има доктори што не носат заштитна опрема, има. Ама има и доктори што не веруваат во вирусот.
     
    На Spidy, KuklickaSk, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.918
    Допаѓања:
    139.475
    Пол:
    Женски
    Секоја втора има проблем со тироидна вклучувајки ме и мене. Ама има од проблем до проблем. Нема сигурно цела анамнеза да ја дадат на пациентката.
     
    На Ygritte, bibiiii, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    znaci jas ke si umram od strav imam hasimoto i hipotireoza ;( panicni napadi imam cel den
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Жената беше обезна.
    Како да кажам, многу обезна.
    Секако тоа може да се поврзува и со тироидна жлезда.
    Но бидејќи немаше симптоми (само 2 дена температура, 10 дена пред смртта) најверојатно почина од згрутчување на крвта.
    Не ми е јасно зошто во терапијата против Ковид вклучуваат Сумамед превентивно, а не Аспирин на пример.
     
    На Ygritte, redhead, Justicija и 5 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.547
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Сите имаме нешто, може не е ни поврзано, а ни точно, медиумите не пренесуваат само вистини. И мене ме фати страв ко прочитав, ама само полошо си правиме со паниката.

    @Ahoy не знам, навистина многу грешки се прават и многу работи ги занемаруваат особено матичните.
    Ама еве и во нашиот случај сега гледам и во болница не се замараат толку, особено со постари.
     
    На 1209, azelea и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    За во болницата во Битола и во ГОБ Скопје имам слушнато само позитивни мислења во однос на внимание и грижа на болните од Ковид...
     
    На Suhan и referentka им се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.547
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Денес ја преместија во Ковид центарот, се надевам ќе има подобра нега и ќе се грижат добро, а ако има потреба и во Скопје префрлаат многу ризични случаи.
    На одделение беше лошо, плус цела недела таму без направен тест, со бронхопневмонија.
     
    На Biljarkata и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.414
    Допаѓања:
    47.743
    Пол:
    Женски
    Многу лошо, значи обезна била што е ризик фактор, на терапија за тироидна исто ризик фактор и ја оставаат така без никаква контрола и проверка.
    На другарка ми татко и вчера излезе од изолација, човекот е со длабока венска тромбоза, лани цел месец у болница, уште на почеток на болеста кашлал и температура 39 качил наеднаш преку ноќ, со молби едвај му закажаа за снимање во Штип, чекаше таму цел ден надвор, без вода и храна, 8 саата додека да го снимаат и на крај открија дека има почеток на брохопневмонија, последици ќе има уште долго. Не замарено на време, ама ептен ако не се ангажирале со врски да го проверат можно е така да дошол до критично и тој.
     
    На JuLleE, senjorita-v, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.