Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.919
    Допаѓања:
    139.480
    Пол:
    Женски
    Ако даваат некаде пари за да пишам позитивна од корона прва се пријавувам... и онака сега баш добро ќе ми дојдат.

    А бре доста со тие глупи муабети од пред кооперација. Од такви рекла казала и неверување, и несфаќање колку е сериозна работата тука сме до кај сме. Носете маска, држете дистанца, мијте раце почесто и избегавајте гужви особено во затворено. Толку ли ви е тешко??
     
    На Принцезичка1, green.eyes, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Европска Унија се согласи да купи потенцијална вакцина против Ковид-19 од компаниите „Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“. Тоа е постигнато во друг таков договор кој има за цел да обезбеди залихи, бидејќи се приближува крајниот рок за пристапување кон програмата „Ковакс“ за еднаков пристап до вакцините.

    Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и францускиот фармацевтски гигант се вели во твитот на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравство.

    „Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“ се надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие лиценца за употреба следната година, пренесува „Ројтерс“.

    Денешното соопштение ја потврди најавата на овие две компании од 31 јули. Ова е втор договор на ЕУ за набавка на вакцини, откако претходно беше потврдено дека компанијата „АстраЗенека“ ќе и обезбеди на Унијата до 400 милиони дози.

    Европската комисија ќе финансира дел од трошоците на производителите на вакцини, чии дози ќе ги купуваат земјите на ЕУ.

    Последниот договор на ЕУ за набавка на вакцината е постигнат на денот на истекот на рокот за пристапување кон планот „Ковакс“, чија цел е да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против коронавирусот.

    Ниту една вакцина против коронавирус сè уште не е меѓународно одобрена.



    ©Makfax.com.mk
     
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    Ехеее до другата година ќе го покоси народот :@
    Како е можно во ова време да нема брза ефикасност против корона? На кого му одговараат да изумри народ??:@
    Короната постои и не е за релаксирање работата!
     
    На noteforself му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Што е со Струмица со бројкиве на заразени??

    Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 27
    -Куманово 11
    -Дебар 3
    -Штип 5
    -Прилеп 13
    -Тетово 13
    -Велес 4
    -Битола 5
    -Охрид 2
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 8
    -Гевгелија 2
    -Струмица 15
    -Крива Паланка 1
    -Радовиш 8
    -Крушево 2
    -Кочани 13
    -Македонски Брод 1
    -Берово 2
    -Виница 1
    -Делчево 3
    -Кичево 2
    -Ресен 2

    Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Има брза ефикасност против короната. Еве во Кина веќе ја нема се си функционира школи работа... отвори прочитај.
    Ама кинезите почитуваат маски носење додека многу земји протестираат.
    А и навечер тркни до најблиското паркче 1 родител нема маска.
    Јас и мм сме едини пациенти што шетаме со маска..Ако сите носат ќе се истреби
     
    На Ygritte и Justicija им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Струмица сите се починати се млади... зошто? :|
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.928
    Па читајте коментари од нивни портали на граѓаните од Струмица и ќе ви биде јасно. Не веруваат во корона, не одат на лекар, матични не тестирале. Се прават журки, веселби.
    Слично е и во околните градови.
     
    На noteforself, nena2010, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Јас тоа ќе пишев. Изгледа матичните по помалите градови ептен уткаат. Сите починати се од надвор од Скопје.
     
    На 1209, Waverly Raven, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.928
    Не сите, ама генерално. Јас имам слушнато и за матични кои праќаат до најблискиот Ковид центар за преглед, доколку лицето има висока температура само. Ги снимале.
    Ама не сите.
    Во Струмица е алармантно веќе. Таму има и Инфективно. Што се случува не знам.
     
    На Waverly Raven, Justicija, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.459
    Јас скоро бев во Дојран и никој не носеше маска. Буквално никој. Само јас во продавницата бев со маска, другите ништо :|
     
    На LejlaD, JuLleE и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.907
    Да.
    Таму нема масли зашто нема корона.
    А гужва колку сакаш.
    Туристите претежно се од Гевгелија, Валандово, Струмица...па можно е заразата од тука да почнува ( онака гласно си размислувам)
    Кафаните ПУНИ.
    Нота, ФукТак, кафичот на плажа, оние детските играчки, сендвичарите....ФУЛ без маски.
     
    На LejlaD, Justicija, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.928
    Да, туристите се претежно од југоистокот, и овде оддамна е прогласена короната за умрена.
    Епа еве ги последиците.
    Како да ви кажам, не веруваат во корона, кај нас се живее исто како пред короната.
    И во маркет пуштаат без маски.
     
    На dunika, Lilit, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.459
    Немаше ниеден со маска, буквално. А, гужва едно фул.
    Не знам, ни муштерии ни продавачи маски, за средство за дезинфекција да не зборувам.
    Мене лично страв ми е пак да фанам. Мислам дека нема пак лесно да поминам.
     
    На LejlaD, referentka и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    И во Скопје е лабаво, ретко кој носи маска и почитува мерки.
    По маркети вработени под нос ги носат маските, по кафичи и ресторани ретко кој шанкер и келнер носи маска, така лабаво служат преполни маси со собрани друштва. Паркови и лулашки преполни, за фирми да не зборам. По канцеларии без маски лабаво седат и работат. Е ако носиш маска бегаат од тебе и ти викаат да се тргнеш и свртиш биро за да не им пренесеш нешто, пошто нели ако носиш маска си заразен и бегаат од тебе ко шуга и лепра да имаш.
    Лоша работа дечки, тек допрва ќе биде тешко.
    Тие што летово се дружеа и собираа кај стигнат, кога ќе залади истото по затворени простории ќе го прават.
    Башка од 23ти се враќаме сите на работа, ќе биде весело.

    Од толку лабаво и опуштено однесување се гледа бројката на починати, повеќето се млади за жал.

    Ама како беше она, животот мора да продолжи? Со вакво однесување за кого како ќе биде.
     
    На Ivan4e04, Принцезичка1, annii и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.437
    Допаѓања:
    206.617
    Пол:
    Женски
    Создавањето лекови и вакцини не е плукни залепи... колку и да има напредна технологија, многу истражување треба за да се добие ефикасен лек. Со години трае тоа.
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, Ygritte и 18 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Мислам дека е така.
    Не можам да тврдам за неа.
    Ама дефинитивно не е само еден инфектолог вработен, плус доста има од др. градови.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Ау меркиве колку не се почитуваат тоа е страшна работа.
    Во кафичиве келнерите маските под нос. Фул полни, нема место игла кај да фрлиш. Газдите ветувања, ветувања дека ако се отворат ќе почитуваат мерки.:rofl: Мижи да ти баам.
    Во маркети гужва еден куп натискани какви 2м растојание жити се, во фаца ти дишат. Му викам на еден, ве молам малку растојание нејќам залепени да стоиме и тој ми крева веѓа и ми вика а ти коронаш ли си?:^) Какви простаци неможам да си поверувам.|(:x Од 10 души 2ца се дезинфицираат на влез, маските спуштени на брада.
    Бројкиве од ден на ден се поголеми, а за починати да не зборувам подобро. Не сакам да бидам песимист ама мислам дека лошото допрва доаѓа. Сите се премногу опуштени, времето ќе залади и сите во затворено ќе се собираат дополнително сите ќе тргнат на работа и хронични и мајки на кои им го прекинаа породилното и плус децава на училиште. Хаос.
    Жими новово нормално..:doh:
     
    На Ygritte, Srcka28, Konfetka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    978
    Среќа што поради свинскиот грип имаа стигнато со истражувања за вакцина до негде, што поради финансии и неисплатливост се прекинати. Да не беше така, сега ќе беа уште на почеток и може немаше да можат ни претпоставки за кога може да се очекува на пазарот да дадат (поради фазите низ кои треба да помине секоја вакцина додека стигне на пазарот).

    Пандемии имало и ќе има. Не е ни прва, ни последна, за жал. Среќа па живееме во време со напредна технологија па може добар дел од луѓето да се спасат, за разлика од минатото каде заболените не завршувале на убав начин за да се спаси остатокот :(
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Ич нема. 8 случаи заклучно вчера. Под Гевгелија спаѓаат. И муабет во Дојран дека само луѓе од сдс ги фаќа корона. (не се зезам, комшиите дојранчани не убедуваа дека у дојрам само од сдс се разболувале, којзнае што е далаверата).
     
    На eli25, green.eyes, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.919
    Допаѓања:
    139.480
    Пол:
    Женски
    Сериозни се луѓево? Терапија да не имаат утнато.
     
    На mal.ecka, tinka-mace, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.