1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.360
    Допаѓања:
    125.912
    Тоа сега може се мобилизирале.Она беше единствен инфектолог, во гоб
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    По 4 термини има во Струмица дневно за тестирање. Ако се разболиш во понеделник ќе добиеш термин, другите денови нема. Се што се тестира сега е преку инфективна.
    Има матични кои потфрлија, да. Ама и пациенти кои чекат на постела да стигнат за да се јават на доктор.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Не, не беше :)
    Не знам зашто мислиш така, ама ок.
     
  6. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Наредниот период Струмица ќе има повеќе заболени и од Скопје и од Куманово.
    Денеска пак работи Аватар, јас незнам дали они се реалени?
    Сите други барови затворени, само они имаат дозвола за работа, шо дека се префрлија од ноќен клуб во кафич?
    Незнам дали го следете газдата на Индустријал, цело време апелира до институциите по кој закон е он затворен, а по кој закон Аватар работи.
    Сакаше да организира,, протест преку песна/забава,, дошла 50 полицајци и го укинале протестот.
    Молим!?
    А вечерва Аватар што работи нема никаква инспекција да им оди.

    Овде животот за некој е мајка, а за некој макеа.
    Незнам дали видовте за циганската свадба во Струмица, имаше видеа и низ фб.
    И каде е полицијата во тој случај.

    И после нема да станеме ново жариште.
    Да можевме и дното ќе го поминавме.
     
    На ada21, LejlaD, Fifi84 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    А знаеш зошто е ова вака? Заради застрашувачката политика која од почеток ја водат одговорниве. Ете затоа... Цело време зборам за едукација и пак стојам на ставот дека ни фали едукација. Што да очекуваш од народ кога министерот за здравство постира апокалиптични статуси, кога одговорните во држвата не најдоа начин да ги спречат разноразните теории кои се шират низ медиумиве, туку напротив, ги поттикнуваат. Што да очекуваш од народ кога инфективна му се пласира како место за умирање? Очекуваш доброволно да оди?
     
    На Kitten, Fifi84 и prominent им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Ана кај нас најголем проблем моментално е ромското население. Кое едвај има четврто оделение и не верува во вирусот. Вчера се појави видео од некој си нивни поглавар кој зборува како нивните луѓе ги убивале заради органи и им ги враќале во затворени железни ковчеци, за да не ги видат. А веќе имаат 4 мртви . И пак не веруваат. Едноставно одбиват да се тестираат, а тие кои имаат решение за самоизолација не седат дома.
    И магично не им прават ништо. Оти не важат исти закони за сите. Не можеле да превземат ништо.:x
    Друга работа се младите кои прават свадби, си излегуваат , не носат маски. Хаос е тука. Едноставно си живеат лагано. И секако не важат законите за сите. Додека некои ноќни барови си права журки секоја ноќ оти се пререгистрираа во кафе барови и се отварат нови дуќани со журки, за нив не важи ништо.
    Не сакам да мешам политика ама тука веќе е повеќе од очигледно.
    Дно. Го достигнавме со пандемијата.
     
    На Luminary, fana, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Не прават само циганите свадби , минатиот викенд моја школска си правеле свадба 200 души со слики со клипчиња по сториња... резил невиден . Се срамам што живеам тука меѓу толку (да ме извините) прости луѓе. Струмица ќе стане потоп за жал...
     
    На Ygritte, Ahoy, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во:

    - Скопје 47
    - Куманово 18
    - Штип 3
    - Прилеп 7
    - Тетово 15
    - Струга 3
    - Велес 3
    - Битола 3
    - Охрид 1
    - Кавадарци 2
    - Гостивар 3
    - Гевгелија 4
    - Струмица 4
    - Крива Паланка 2
    - Радовиш 4
    - Крушево 1
    - Кочани 5
    - Пробиштип 2
    - Македонски Брод 1
    - Берово 3
    - Делчево 2
    - Свети Николе 3
    - Кичево 2
    - Ресен 2

    Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од:
    - Скопје 25
    - Куманово 9
    - Штип 3
    - Прилеп 2
    - Струга 3
    - Охрид 2
    - Кавадарци 2
    - Крива Паланка 1
    - Кочани 6
    - Пехчево 3
    - Берово 1
    - Делчево 1
    - Кичево 2

    Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.040
    Допаѓања:
    124.075
    Пол:
    Женски
    Грешка си.
    Ние со пандемијата само констатиравме дека сме дно.
    А дно сме од одамна.
     
    На Stressed Out, GirlRose, Ambrosia и 11 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Овде сега се апелира да се носи маска јавно поради зголемен број на смртни случаеви, и зголемен број на новозаразени.

    Нели бевме безбедна земја со најдобро здравство ама испадна дека за пари е работава.

    Во август кога пристигнав овде за карантин не ни спомнаа воопшто,ниту пак некој дојде да не провери и не се тестирав.
    Како совесен граѓанин си ја извршив граѓанската должност и се јавив на наведениот број и тие не знаеја да ми кажат.
    Збунети тие,јас уште повеќе 14 дена божемски карантин го шетав низ Малтава.
    Покрај сето тоа, штом ја спомнеш Мк веднаш карантини,тестови,казни, а ако кажеш дека си од Бугарија е се сѐ менува.

    Сфатив дека е удар по националноста и дека Брисел не им дозволува пристап на thirds countries во Еу без доказ дека има некој во Еу да живее и работи.

    Друго уште позбунувачко е што по напуштање на аеродром си заминувате со такси/бус и тоа јавен превоз за кога ќе се сместите и пријавите на наведениот број ви велат “мора карантин”. Значи вирусот во такси нема да се активира ама затоа дома ќе се активира.

    Нејсе, почнаа многу да се бунат бидејќи сите останати членки на Еу можат слободно да чекорат на Малта и да се заразат на островот, освен земјите од амбер листата на кои услов им е да имаат тест.
    Се бунат бидејќи ние обичните смртници од thirds countries седиме 14 дена во карантин додека некој надвор заразува некој плус и слободно се шета.
    Врие по групите.

    И тек дури сега се формираше мобилна екипа за промена на пасош.

    Се е лотарија.
     
    На azelea, LejlaD, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Многу од новите случаи на клиника примени од помали градови немаат јасна епидемиолошка анкета, односно не знаат каде се заразиле/не пријавиле директен контакт со заразено лице. Што значи дека вирусот е присутен секаде. Многу стигнуваат на клиника и без позитивен брис, лечени по дома и од матичен.
    Чувајте се.

    ПС. Јас сум со болка во грло од сабајле, малото ми кашла, затнат е и му тече нос. Немаме темп ни јас ни он. Кај деца сликата на ковид е баш таква, носе затнато и кашлање.

    Ќе видиме до утре како ќе биде, па може ќе бараме тест.
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Вчера овде објавија резултати од едно од истражувањата за антитела што се прави во една од поголемите болници во Стокхолм. Во Април земени се примероци од крв за антитела на околу 2000 луѓе кои биле болни од Ковид во периодот од Февруари до Април. Кај 400 луѓе имало потврдено присуство на антитела. Повторено е испитувањето на антитела во Септември кај тие кои имале во Април, кај 82% биле сеуште присутни. За 4 и за 10 месеци ќе ги повторат анализите да видат како ќе се движи бројот.

    Инаку, Каролинска ги отвора Ковид одделенијата за сериозно болни од најпогодените држави моментално (спомнати беа Шпанија, Франција и Велика Британија). Имале голем вишок во капацитетите, па се нудат за помош на тие што им треба.
     
    Последна измена: 20 септември 2020
    На LejlaD, CameliaMiller, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.928
    Кукличка, речиси да немаше дете периодот со овие симптоми, затнат нос, кашлање, па после течење на нос. Крвна слика кај сите добра и мирна.
    Зарем е можно корона да беше?
    Кс каква е кај короната?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Плус темп. Ние зошто немаме температура ќе почекаме за тестирање. Инаку кај децата најчесто дава таква слика, на многу лесна настинка.
     
    На LejlaD, Ygritte и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.

    Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.
    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6675, активни 598
    • Куманово 1694, активни 211
    • Дебар 276, активни 41
    • Штип 1230, активни 63
    • Прилеп 618, активни 138
    • Тетово 1376, активни 170
    • Струга 647, активни 63
    • Велес 309, активни 36
    • Битола 272, активни 66
    • Охрид 405, активни 47
    • Кавадарци 215, активни 36
    • Гостивар 903, активни 113
    • Гевгелија 107, активни 65 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 175, активни 108
    • Крива Паланка 95, активни 37
    • Радовиш 70, активни 24
    • Крушево 20, активни 3
    • Кочани 255, активни 98
    • Пробиштип 103, активни 22
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 91, активни 12
    • Пехчево 42, активни 18
    • Берово 79, активни 21
    • Валандово 17, активни 8
    • Виница 98, активни 28
    • Делчево 144, активни 75 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 24, активни 4
    • Свети Николе 316, активни 21
    • Кичево 309, активни 36
    • Ресен 160, активни 13
    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    Ама не мора да значи дека е корона. И малата ми беше настината, прво затнат нос и поткашлување, па качи тт. После почна да и тече носот и страшни шлајмови да кашла. Тт до 38.2 максимум. Крвна слика мирна, лимфоцити занемарливо малку над граница. Немаше црвено грло, ништо на плуќа. Брат ми беше една недела пред неа исто така, паника го фати и се тестираше, негативен.
    Неколку дена по малата и јас се разболев, ама многу потешко поминав. Постојано имав тт, никако не се симнуваше под 37.5 и мислев стакло ми се крши во градите кога кашлам. Почнав да спуштам па ми уклучија и антибиотик и еве после 10 дена сум ок. Кај неа за 4-5 дена беше целосно поминато.
     
    На LejlaD, Ygritte, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.919
    Допаѓања:
    139.480
    Пол:
    Женски
    Тек сега ќе биде весело кога ќе почнат настинки, грипови.. кој има пари ќе се тестира приватно и ќе е мирен кој не.. Ужас. Убаво кажа вчера Пановски на Сител дека тестот е безобразно скап на приватно. Да направеа барем опција со рефундирање на средства. Тешка есен и зима не чека..
     
    На LejlaD, mal.ecka, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    На почетокот беа поевтини тестовите на приватно или грешка сум?
     
    На mal.ecka и nena2010 им се допаѓа ова.