1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    26.555
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас сум 28г. мм е 31 година, одиме на пазарење по 1 од нас во маркет (имаме 1,5 годишна ќеркичка, свекор ми и свекрва ми се 60+ ризична група се 3та) во маркет пазарам 15 мин само набрзина се што ми треба знам каде стои и строго со список, не се мафтам по рафтови. Последно на пазар бев на 12.03.2020 и толку. Денес беше неопходно да се оди на пазар. Тоа кажа и свекор ми, дека 2 полицајци, само ОПОМЕНАЛЕ млада жена 30 годишна, в пазар никому ништо. Затоа реков дека ние ВЕЧНО ќе се бориме со Ковид 19, и таман ќе се избориме, ќе дојт друга пандемија :/
     
    На senjorita-v, Waverly Raven, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Маските пред коронава колку чинеа?
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Затоа се бара второ, трето, петто мислење ако треба.
    Барем јас тоа на себе го применувам, ако сметам дека греши докторот.
    Ама тоа е друг муабет, тука зборуваме за луѓе со симптоми на корона.
    Ако има озбилни симптоми, се примаат, без оглед на тестот.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Пак да кажам, не можам за сите и се` да зборувам, од мое искуство, без оглед што немав тест, матичната ми отвори боледување и ми рече да се самоизолирам до тестирање/резултат.

    Кога испадна позитивен тестот, ми се јавија сите по ред, матична, епидемиолог, и од МЗ за решението.

    Јас немав симптоми за да одам во болница или кај било, ок бев, така што тој дел како пациент не можам да го знам. Ама пред мене гледам истории каде што се примени луѓе со негативни тестови, во посебен дел лежат, се третираат како “пневмонија“, а ако испадне тестот тука што им го прават позитивен, ќе биде сменета дијагнозата.

    Не е дека без тест не се прима во болница, тоа е муабетот.

    Иначе, за оперирање кила, колено, итн. неповрзано со корона, се бара негативен тест. А за корона конкретно, и со и без се прима.
     
    На KuklickaSk, JuLleE, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Пред короната, земав 50 хируршки маски за 200 денари.
     
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    3 денари. Ние имавме дома кутија за кога се роди син ми, првите 2 недели баба му и вујко му и чичко му го гледаа со маски.( и пред корона :) ) Се смееме сеа на сликите, посебно на едно селфи од болница сите со маски, дека сме биле пред времето:)
     
    На Ygritte, Waverly Raven, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Затоа си излегов од ординација и отидов кај друг доктор ;)
    Муабетов ми е, ти тврдиш дека сите ги примаат, а во пракса не е така. Лотарија ни е здравствениов систем. За брзата помош и нивната "ажурност" ич не ми се збори.
     
    Последна измена: 21 септември 2020
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Знам дека беа евтини, не знаев точно колку.
    И колку и да се потребни маски на народот во моментот, фармацевтските фирми или кој и да е, не се во криза како куп други сектори.
    Поскапувањето им беше ради чиста корист. Пошто јбг, немаш избор, ти треба маска. И така видоа шанса.
    Едит- мислам тоа ти е како утре да има некоја криза со увозот и производството на брашно па да купуваме леб за 150 или литар млеко за 200 денари.
    @An-na јас последно хируршка земав 35 денари.
     
    Последна измена: 21 септември 2020
    На Cka, fana, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Им паднаа цените и на нив сега, се наоѓаат и за 15 денари. На почетокот на лудилово 50 денари беа :o

    Да не почнам пак со теорииве, ама... скоро цела медицинска опрема доаѓа од Кина, замислете си каков профит прават со пандемијава ]:) Сите економии тонат, ама Чајна цвета :party:

    И јас дома имав цела кутија маски, кога бев болна носев, за чистење тоалет исто така. Џабе беа.
     
    На Tan4ence, azelea, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 10
    -Куманово 4
    -Штип 1
    -Прилеп 1
    -Тетово 5
    -Гостивар 4
    -Крива Паланка 1
    -Радовиш 1
    -Кочани 9
    -Пробиштип 1
    -Берово 5
    -Делчево 1
    -Кичево 2

    Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:

    -Скопје 24
    -Куманово 8
    -Дебар 4
    -Штип 1
    -Прилеп 6
    -Тетово 2
    -Струга 1
    -Битола 1
    -Кавадарци 3
    -Гостивар 7
    -Гевгелија 5
    -Крива Паланка 7
    -Радовиш 2
    -Кочани 2
    -Пробиштип 1
    -Пехчево 7
    -Виница 4
    -Свети Николе 1

    Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.
     
    На senjorita-v и fana им се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Зошто бе толку голем број на починати последниве 2 недели? :( Многу се, многу :( Воопшто не ветува ситуацијава пред зимата што доаѓа, и сите грипови и вируси и настинки што доаѓаат со неа :(

    Многу долга и тешка зима не’ чека сите, кај и да сме :|
     
    На oblace1, ivi1987, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Ма никој ништо не работи, божесачувај.
    Ок е Ана.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Добар експеримент за тестирање на пропусливоста на маските е со дување преку маска врз запалена свеќа. Ако може да ја изгасите, тогаш таа маска може да оди во ѓубре, ако не, таа да си ја чуваш лепотице.
    Јас пробав со платнените од аптека, се издишив и пак не можев да ја изгасам.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Ај не ми ги извртувај зборовите. Ниту никој не работи, ниту сите работат. Лотарија :(
     
  15. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Да се вмешам и јас... Не ги прскајте Н95 маските со алкохол.... Читав студии дека на тој начин се намалува ефикасноста во однос на заштита на самата маска... доволно е да се стави на сонце некое време и со самото сушење и ув зраците се дезинфицира маската
     
    На Biljarkata, LejlaD, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tasija21

    Tasija21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво не знам дали прашањето е за тука, но ме интересира дали некој од Македонија патувал за Италија со македонски пасош?
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Ако имаш стален престој-пермесо можеш без проблем, иако ќе седиш во карантин тука 2 недели без исклучок, во тие две недели ќе те бараат за два теста да правиш и ќе треба да правиш (бесплатни се)
    Ако имаш бг пасош или ит истото важи.
    Не смеат македонци без стални документи односно пермесо, само со мк пасош не смееш.
    Рискираш да те транспортираат назад и да платиш казна.
     
    На buba4e89, senjorita-v, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tasija21

    Tasija21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Многу со македонски пасош отидоа и уште се таму, затоа и прашувам
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Отидоа на ризик и на црно, јас знам за 9 души од куманово што после 150 км од словенска граница со комбе тргнати за берба на јаболки беа фатени на автопат им пишале казна по 3000 евра од човек и ги придружиле до словенска граница назад...
    Така да е... е лотарија
    Јас познавам само луѓе што дојдоа со бг пасош (пријатели) за берба ама со бг пасош смееш. Другово ти е ризик да те фатат или не
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Сега веќе не е ни лотарија. Сретнав денес една што деновиве се враќала од Хрватска нагоре, на секоја граница пасошка контрола:|
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.