1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Можно е, апелираа одамна ама ваљда увиделе дека немаат страв па реагираат...
    Беше уствари без контроли и со ризик да не те фатат..
    Не ме чуди да има контроли

    Јас нога не сум мрднала од мојов регион не ни планирам додека не се нормализираме

    Инаку еден од луѓето на берба оти ги стават во групи и ги изолираат, инаку се во карантин, и така работат и таму спијат некаде, таму им прават по 2 3 теста за корона, бил позитивен и го однеле на клиника во болцано :|
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.403
    Пол:
    Женски
    Половина година помина од кога почна да се шири Ковид-19 кај нас, а јас се уште слушам муабети од типот:
    -Заев и Мицко лажат;
    -лани починале повеќе луѓе;
    -познавам некој што добил 2.000е за да лаже дека е болен од корона;
    итн.

    Тешко нас!
     
    На Matea^_^, Waverly Raven, Dejan-Dejan и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    145.471
    Требаше на почетокот да се донесе владина одлука дека маските и сета заштита не смее да смени цена.

    Ваква одлука се донесе кога беше поплавата и Хубо ги направија чизмите, лопатите... По три пати поскапа цена. Тогаш за да може да се помогне се донесе ваква одлука. Сега не знам зошто не им текна.
     
    На tinka-mace, senjorita-v, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Има таква одлука донесено мислам... Од денот кога се прогласи епидемија (или вонредна), цените не можеше да се покачуваат :?: Е сеа што до тогаш рипнаа до плафон |(
    Не се толку нашиве криви, колку што се кинезите, они ја покачија цената и нашиве следователно ја дигнаа. Можеше да се интервенира поинаку, да. Особено кај Алкалоид кои безобразно ги покачија цените на средствата за дезинфекција.
     
    На tinka-mace, LejlaD, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    26.288
    Пол:
    Женски
    Од овие си патиме сите !
    И оние " od 5g e nema koronaaa " :sweat: .
     
    На Waverly Raven, candy.cane, Dejan-Dejan и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.928
    Ова стана глобален проблем. Секаде се по качија цените, па дури и беа и дефицит. Некој јако со профитира.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи се на извори од Aгенцијата за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

    Оваа вакцина ја развил сибирскиот институт „Вектор“, кој минатата недела ја заврши првата фаза на тестирање на луѓе.

    Русија во август ја регистрира првата вацина против Ковид-19, а ја разви институтот во Москва „Гамалеј“.

    ©Makfax.com.mk

    Во тек е завршна фаза од нејзиното тестирање во кое учествуваат 40.000 луѓе.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Заради недисциплина ќе бидат засилени контролите во однос за коронавирус, најави министерот за здравство, Венко Филипче пренесува Centar.mk.

    Целта е да се избегнат рестрикции и мерки кои ќе го ограничат движењето на граѓаните, рече Филипче, но доколку е нужно и тоа ќе биде донесено. Сепак тој најави нови мерки деновиве, со што ќе бидат редуцирани капацитетите на угостителските објекти, можна е нова мерка за задолжително носење маска дури и на отворено. Евентуален карантин и рестриктивни мерки ќе може да се превенираат само со почитување на мерките од граѓаните, пишува Centar.mk.
     
    На senjorita-v и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Ако се воведе ова, нека се симнат цените на маските.
    Пошто тек тогаш луѓе ќе носат едни исти маски со денови и недели
     
    На candy.cane, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    45.468
    Пол:
    Женски
    Ова се мисли сите луѓе кога ќе излезат од дома да носат маски, па дури и да се сами?
     
    На tinka-mace, LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Да... најверојатно.
    Некои земји воведоа вака.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.075
    Допаѓања:
    54.061
    Пол:
    Машки
    Значи меѓу редови сака да најави полициски час, екстра :clap:
     
    На candy.cane и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Да!
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Значи и да сакаш да вежбаш надвор, со маска јбг.
    Небитно што кога си задишан ти се залепува маската на нос и скрос ти блокира дишење.
    Ми се случи вака кога трчав по автобус.
    Нема смисла како и да е.
     
    На candy.cane, senjorita-v и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Не знам како прочита така меѓу редови, ама баш нагласи дека во најлош случај ќе се носат овие мерките за во превозните средства, групирањата и слично. Нема повеќе карантини и полициски часови.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Па како што не знаеме да почитуваме основни мерки, веројатно да... :wasntme:
     
    На candy.cane, tinka-mace, Fifi84 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавен превоз и задолжително носење маска на отворено дури и кога сам човек се движи, се мерките кои се планира да се воведат ако се оцени дека трансимисијата на ковид-19 е неконтролирана, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

    [​IMG]
    Според министерот, семејните прослави, свадби кои се забранети, и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на ковид-19 и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи.

    [​IMG]
    „Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, рече министерот.


    Филипче кажа дека се анализира зошто расте смртноста кај младите лица, и кажа дека останува препораката учениците од прво до трето одделение да почнат со физичка настава од 1 октомври.
     
    На candy.cane, senjorita-v, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.075
    Допаѓања:
    54.061
    Пол:
    Машки
    Ако морале ќе воведеле, а ќе мораат пошо гледаме колку се почитуваат мерките..
     
    На candy.cane, tinka-mace, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    редуцирање на бројот на патници во јавен превоз

    Како ова жити најмило?
    Автобусите возат по саботен возен ред, ЈСП биле во огромна загуба за да пуштат по нормален. А луѓе на работа, млади на факултет.
    Еве сега се вратив од факс, два автобуса менувам, во сите во кои се качив гужва.
    Ќе ме одбијат од еден зашто е пополнето, од втор пак, од трет пак и ајде 150вче за такси и уште толку за назад.
    Сериозно, не знам дали мислат малце коа донесуваат мерки
     
    На candy.cane, sj *O*, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да знам врз основа на што им се базираат одлуките ]:) Некои истражувања можеби? :?: Оти сите истражувања што јас ги имам читано велат дека во 80+ па и 90% заразените се од затворен, невентилиран простор. Ама што знаат светскиве експерти? |( Филипчо како и обично ќе донесе квази мерка (колку да се каже) и кога нема да функционира, вината ќе ја префрла на граѓаните :rock: Симпл:clap:
     
    На candy.cane, sj *O*, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.