1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.933
    Доктори прават мекици и родендени по ресторани. Докторите!
    И после зошто волкави бројките?
    Па колнат мајките по фб оти требало на работа да идат, а во слободно време се на мекици, свадби и родендени.
    Со прележана корона ограничив дружби и не ни мислам да славам родендени и слава, а ги имам периодот.
    Не ни иде паметот.
     
    На Ivan4e04, dunika, Waverly Raven и 20 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Абе ок е да се носат кај што не може да се држи дистанца, ама секаде да носиме и кај што оди човек сам не ми иде искрено.
    Се нервирам зашто буквално се беше пуштено да функционира како пред короната и одеднаш оп, ајде нови мерки зашто народот бил крив, не се почитувало ништо. Епа кога никој ништо не им прави, нормално дека нема да се потресуваат, посебно зашто повеќето не ни веруваат во вирусот туку во глупи теории на заговор.

    Тука журки, свадби и чуда се прават, по канцеларии и затворени простории никој не носи маска а градинки пуштија, школи со физичко присуство.
    Требаше прво ред да воведат па да размислуваат за отварање на градинките.
     
    На senjorita-v, eli25, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.933
    Иви, летото, очигледно помала беше опасноста надвор да се заразеш.
    Јас не можам да ве сфатам дали и летото ако имаше строги контроли, мислевте дека угостителските и туристичките сектори ќе прижеваа? Дали имате вака некоја слика колку дури сега ќе видеме во каков економски колапс сме?
    Немаше држава која летово не беше полабава. Есента сама по себе е поголем ризик и проблем, затоа и се очекува воведување на мерки. Секако тоа не е маска на отворено, ама ајде.
    А градинките и школите треба да се отворени, затоа што децата се секаде, само не дома.
    Секаде работат, кај нас не.
    Се виде и дека карантинк, затварање не го сузбиваат вирусот. Најверојатно моделот на Шведска ќе излезе најдоброто решение.
     
    На deskarada, senjorita-v, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Кина битно си ги продадоа маските :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.126
    Пол:
    Женски
    @JuLleE кога брат ми беше на преглед докторката галамеше како многу паника се крева и бил обичен грип.
    Ама да не ти тропне на врата, после друга песна е.
    Имам другарка со две деца кои иѓаат бронхопнеувмонија, ем им славеше родендени, ем секој викенд собиранки прави кај неа дома, утре се влошува ситуацијата на едното и пљука по се живо и диво а самата нема самосвест.
    Преку таквата.
    Па и овие шо затераа по одмори, болни ќе легнат ако прескокнат една година.
     
    На Waverly Raven, oblace1, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.933
    Па тие се најгласни. Се додека не им тропне на врата.
     
    На LejlaD и bicycle им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Кога докторите и другиот медицински персонал не почитуваат мерки што да кажеме за другиве. Ова со маски носење на отворено жива глупост, освен каде што не може да се држи дистанца ок ама за парк, шума каде што нема многу луѓе е безвезе. Во автобус се немам возено скоро година и пред коронава, ама пред некој ден морав да одам со бус и бидејќи возат по скратен возен ред беше ненормална гужва и тоа во двокатен. Многу од патниците не носеа маски, а тој што е задолжен за опомена не се замара. Исто пред некој ден во Џамбо бев едни без маска обезбедувањето ги опомена " Господине може ли маска да ставите" , човекот само се свтре го подгледна и му рече " Аха да" и си продолжи без да стави маска. А ние другиве што носиме маски глупи сме што се гушам едвај издржав иако гледав што побрзо да завршам да не се задржувам. Јака им душа на сите кој мораат и по 8+ саати да носат маска на работа.

    Туку мајкиве кој протестираат, каде им се децата додека они се на улица? Кој им ги чува?
     
    На eli25, azelea, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Ете така, супер. И после ќе не тераат нас кои почитуваме мерки да се гушиме со маски а околу нас празно како во пустина. |(
     
    На LejlaD и azelea им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    124.088
    Пол:
    Женски
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    45.468
    Пол:
    Женски
    Постојано има вакви журки на отворено и свирки во живо.
    Пологично е да се очекува да бидат забранети, отколку да бидат отворени и да се очекува никој да не иде.
     
    На sj *O*, LejlaD, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Не знам, мене не ми изгледаше дека е помала опасноста. Цело лето имаме големи бројки на заразени и починати. Можеше се да функционира со некој ред, а не ај за да не пропадне сезона еве ви ваучери, гурајте се на плажи ко сардини. Еве ви отворени кафичи, седете по 20 луѓе на маса. Во канцеларија седете слободно по 10 души без маски и дишете си во врат.
    Нешто немаше да преживее, во случајов тоа се луѓето.
    А за градинки и школи, со ваква слика не ми иде во глава никако што се отворени. Можеби зашто си ги носат децата лабаво на чување дур родителите се заразени дома ама кријат, зашто негувателките носат маски под нос и на брада, зашто ни п од протокол не се почитува. Гледав од дотични градоначалници видеа по градинки, децата на куп си играат, во занимална си седат по три, четири деца на маса, родители без маски си оставаат деца на чување, негувателките на муцка со маските им дишат на децата.
    Ова мене не ми е во ред.
    Ама тоа е, кој ќе преживее ќе раскажува.
     
    На Tajnaotrovna, senjorita-v, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Кога ќе успеат со сета неспособна гарнитура за контрола на ситуацијава да направат да се носат маски на отворено, титнете ми ќе ви се јавам.

    Плус секој од нас си е сам задолжен за сопственото здравје. Не очекувајте од народ кој досега не се научи, сега да фати мерки да почитува. Затоа викајте, бидете дрски и расправајте се коа некој ќе ви се залепи до вас а не почитува правила.

    Иначе и јас бев параноична и преплашена, од Август месец веќе и јас почнав малку да се опуштам, во смисла кафе да пијам со луѓе и да се видам. Со маска нормално. И на концерт стигнав да отидам, во обележан круг со пријателите си стоев. И на фамилијарна прослава каде бевме моето семејство и семејството на славеникот, исто на растојание. Културно, во ресторан со оддалечени маси.

    Пазам колку што можам, ако закачам ќе си биде на моја лична одговорност и ничија друга. Иако редуцирам колку што можам сепак со пријателите почнав да се гледам. Свесна сум дека доволен е и најмал момент на невнимание да закачам. И веќе го прифатив тоа, јакнам имунитет колку што можам. Пазам колку што можам, ама одлучив дека нема да го кратам веќе контактот со најблиските пријатели. На моја лична одговорност.
     
    На Waverly Raven, Nausicaa, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Го пререгистраа во кафе бар и пак го отворија.(facepalm)
     
    На sj *O*, LejlaD, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Си требала многу порано да не се замараш. Сега очекувам некој да ме обвини дека заради мене е почната пандемијата. За вирус со 0.5-1% смртност на светско ниво цел свет се потресе. Ама тоа е медиумите си го направија своето секој ден новозаразени ударна вест и нормално паника.
    Само нека не стават во карантин прва ќе испаднам да протестирам. Маска на отворено па дури и ако си сам/а по РЕТАРДИРАНА "МЕРКА" неможело да им текне.
     
    На Lalalala99919, BloodElf и KateKane им се допаѓа ова.
  15. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Ако го затворат пак,може у автоперална да го пререгистрираат и така до бесконечно.
     
    На Waverly Raven, Nausicaa, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.933
    Иви, на одмор одеа и оние без ваучерите. Имаш ваучер од 100 евра, за 3 дена само. Колку не го искористија. Навистина мислеш дека ваучерите се проблем?
    Не.
    Извини, ама не може и дома да се затвориме и ништо да не правеме едно две години.
    Пристапот мора да се промени, да се виде кој потфрлува и зошто има волкава смртност.
    А за вирусот, ќе го има. Ќе мора да научиме да живееме со него.
    Целосна изолација не може. Јас се плашам ако затворат пак дека маж пак ќе остане без работа.
     
    На sj *O*, Tajnaotrovna, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Не е ништо напумпано, ситуацијата е таа, 705 смртни случаи на 2 милиони народ нажалост е катастрофална и поразителна бројка. Исто и смрт на 23, 29 годишни луѓе. Ич не е играчка работава и со право цел свет е потресен. Можат да се многу, многу помали бројките и пак да не сме затворени и се да функционира. Еве на концертот се држеше растојание, имаше обележано кругови и тука секој си стои со пријателите, има кино на отворено со раздалечени столици, има ресторани што апсолутно почитуваат мерки, еве сеа и cineplexxx ќе го отвараат нормално со рестрикции. Има што да се прави. Можеме да имаме колку толку нормален живот. Ќе се ствара ново нормално, нема тука муабет. И никој не сака пак затворање, колабрирање на економија, невработеност и на све укочување.

    Проблемот е што огромен дел од популацијава ни тој bare minimum не го почитува и прави проблеми. Еве навистина не разбирам зошто уште се прават големи собири, свадби со по стотина луѓе, пикање во врат кога купуваш и инаетење за маски. Како народ не можеме да преживееме друг карантин, ама минималното од себеси за да немаме по неколку смртни случаи на ден можеме.

    Колективно сите имаме потфрлено и тоа е тоа. Life goes on, нека ни е со лесно на сите следниов период што доаѓа толку имам да кажам.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Ама кој рече дома да се затвориме? Значи маж ми од март оди на работа и носи маска 8 саати во канцеларија. Јас почнувам од октомври на работа, исто ќе одам со маска 8 саати.
    А и не сме затворени дома во 4 ѕида, шетаме и живееме нормално, ама не се бутаме во гужви и кога се гледаме со луѓе тоа го правиме со заштитни маски.
    На почеток на пандемијава татко ми кој има 62 години остана без работа и не може друга да најде а мајка ми е невработена. Можеш да замислиш како ни е?
    И ќе збориме дали ваучерите се проблем и дали е ок што се прават свадби, журки, родендени, крштевки ко да нема утре. Проблем се, затоа што буквално за да не им пропадне тој ваучер се гужваа кај стигнат и се испозаразија. Проблем е што луѓето се понашаат како неизживеани, како пуштени од ланец, како да нема утре. Додека некој не може да најде работа и трпи за леб.
    Животот мора да продолжи ама цивилизирано и со почитување на препораки и мерки.
    А не ајде вррр, ќе се дружиме и стискаме купишта луѓе како да наредното лето да нема да можат да одат на одмор.
     
    На candy.cane, Annath, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    124.088
    Пол:
    Женски
    Само што кликнав "испрати одговор" ми текна дека најверојатно тоа го имаат направено. Им се може (facepalm)
     
    На LejlaD и duffi им се допаѓа ова.
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски

    А, чекај да видиме за Шведска :!: Веровали или не, најавија рестрикции за во Стокхолм :o Ова да видам да не верувам :D Нема да биде нешто како карантин или полициски час, претпоставувам ќе се забрани влез и излез од регионот, може и да не се случи најавеното укинување посети во старските домови. Евентуално да ги стават онлајн да се пак средните школи и универзитетите..... Баш ќе видиме деновиве што им текнало :)
     
    На candy.cane, Waverly Raven, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.