Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    81.365
    Пол:
    Женски
    Тоа трубам цел ден, мислам здосадив и богу и народу...со душа го чекам тој полициски час.
    Белким ќе се спасиме од поголема глупост.
     
    На Angie1432, cresa-jagoda, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.272
    И со сито памет ЈСП се префрлува на возен ред за време на распуст! Наместо да останат повеќе автобуси а помалку патници и помал ризик, тие прават работи во насока повеќе патници во еден автобус! :@
     
    На verymuchso, Angie1432, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Едно нема да ви влезе у глава, не му е гајле на никого ако ти не се пазиш, гајле ни е ако не се пазиш и ни го пренесиш нас. А антибактериски гел е една од препораките ама треба некој да отвори и да прочита
     
    На verymuchso, cresa-jagoda, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    А тој кога те вработи мислеше дека ти си робот и дека нема да имаш потреба од боледување никогаш?
    Земи боледување и седи дома. Шо го тркалаш и онака нема да најде работник лесно.
    Јас моите ги ослободив од работа. Имам и постари од ризична категорија, имам и со деца. Подобро да ги имам после кризава здрави прави и да работат отколку да ги немам воопшто.
     
    На cresa-jagoda, Spidy, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Свртев еден круг со кола да сменам атмосфера малку од неделата сум затворена дома. И се изненадив. Се ама баш се беше затворено. Кафичи, кафани, кладилници. На две места сретнав полициска патрола. Ама коли врие, може сите ко мене кругови вртат :). Ама убаво штама. Ме потсети на времето кога бев средно, два три кафичи, ни многу коли ни мобилни. Да не забегувам многу од темава, значи се почитува забрана по 18,ако се воведе за цел ден сигурно пак ќе се почитува.Само така, со забрани инаку ништо. Овие од Дебар којзнае колку имаат испозаразено :(.
     
    На cresa-jagoda и eli25 им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Им тече нос,шмркаат најчесто.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Луѓе! Пријавувајте отворени кафулиња, секакво непочитување на препораки. Да речеме дека нема да дојдат во моментот и да затворат, знаеме дека некогаш и тоа се случува. Ама пријавувајте пошо ако пријавувате, и ако има многу пријави ќе стигне информација до министерство дека има многу што не почитуваат и може ќе воведат и полициски час! Може во моментот ќе ви изгледа како ништо да не сте постигнале, ама постигнувате!
     
    На Angie1432, Sejfullai, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    На cresa-jagoda, ivi1987 и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Го испофаливме министерот и Владата за ништо испаѓа. :)

    Ова е очекувано од нашиот менталитет. Не знам зошто некои од вас на почеток беа изненадени кога се спомена затварање граници. И не само од мене туку од многу членови овде.
    Знае(в)ме дека мерките нема да се почитуваат, дека ќе бидеме како распашана команда и препораките за домашен поседок ќе ги сфатиме како продолжен годишен одмор или распуст. И ве молам, немојте сега со реплики како народот е сам по себе одговорен и свесен за здравјето, бидејќи не е и тоа беше мошне јасно уште на почеток.

    Најпаметна одлука ќе беше да се затворат границите за луѓе уште од старт, а потоа да се размислува за трансферот со стока. Значи, уште кога ги добивме првите девет случаи! Така можеби ќе спречевме едно мало прекрасно гратче да биде изолирано од нашата мала и сиромашна државичка и полека да се претопува во колатерална штета. Вака, жал ми е што ја кршам почетната позитива но, ќе не чекаат малку потешки времиња и вие самите веќе го знаете и претчувствувате тоа.

    Исто така сакам да кажам дека нема зошто да си ги вперувате стрелите меѓусебно борејќи се за повалиден контра - аргумент кога проблемот е во надлежните органи и нивната неажурност, не во вас и нашата желба што е можно побрзо да заврши овој кошмар.
    И не, не го пишувам ова затоа што сум вмровски настроена, ниту имам некакви особени афинитети и симпатии кон вмржонската света линија, бидејќи знак прашање е како тие ќе постапеа доколку беа на власт, а одговорот мислам дека сите го знаеме...

    Но, сега читајте добро.
    Не може Венко познавајќи го сопствениот народ, вклучително неговите навики и особини да очекува да почитува правила кои се носат буквално во еден ден. Прво, затоа што на луѓето им е шок, и второ затоа што нашата граѓанска свест е ужасно ниска. Мислам, кога едни Кина и Италија потфрлија и прибраа дури откако стана ризично, што останува од една кутра мала државичка како Северна?

    И апропо сето напишано, Венко требаше да има советници/експерти (whatever), кои ќе му кажеа дека само со препораки упатени кон опинок народ нема да може да се помине. Иако во суштина не требаа ниту експерти, бидејќи секој еден од нас беше свесен дека тоа нема да функционира. Мислам дека сами требаа да бидат разумни и уште веднаш да ја проценат штетата и според тоа да воведат мерки. Иако, мислам дека сеуште не е предоцна и има шанси за спас...

    Друго, на кратко инфо ќе дадам околу Србија и пресот на нивниот Бог кој веќе владее цела деценија - Вучиќ.
    Го изгледав пресот. Човекот делуваше хистерично, со неговиот тон, гестикулации, говор, но кажа многу работи. На пример, кажа дека имаат огромен број респираторни системи и храна за цела војска. (1008 чинам, најверојатно грешам). Порача дека имаат ново изградени клиники и доволно капацитети за да се справат со проблемот. Јас не знам дали е сето ова вистина, само можам да кажам дека ако е секоја му чест, бидејќи Северна со своите неколку респираторчиња за жал ќе може да го потврди долгосежниот пост на Малерозна и нејзиниот краен заклучок на кој се налутив пред неколку дена.

    Не сакам да звучам песимистички, не сакам да сфатите дека сакам да ја навредам вашата партија (ако сте припадници), зошто јас објективно не сум определена, (ако сакате можам да ви оставам податоци и листи за да проверите), но јас не гледам сериозни мерки од оваа влада, а следствено на тоа ниту резултати (до сега).

    Сакам да грешам, но драматичниот вовед за влез во НАТО од страна на Пендароски во период на криза од пандемиски размери ме тера да мислам дека нивна единствена цел беше тоа и ништо повеќе од тоа, па макар влегле и со МРТВА држава во НАТО.

    За крај - Од срце посакувам било кој од вас да ме демантира, а најповеќе сакам да ме демантираат троцифрените бројки на заболени кои е можно да се појават до осми април.
    Од мене објективно толку на темата, немам што повеќе да кажам, и нема да одговарам на цитати, така да не се мачете, освен ако не ви е до собирање лајкови, што е ваш избор и право.
     
    На cresa-jagoda, Fifi84, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ова и јас си го реков, прават гужва вака намерно.
    Штедат на гориво, во период кога горивото е евтино поради настанатата криза, плус, имаат веќе платени слободни карти, велејќи дека тоа се заштитни мерки против корона вирусот, исто велат дека чистат, а автобусите се тиња, кафено и сиво.
    Значи имаат барем трострук ќар, во момент на катастрофа.
    Браво.

    Лично сметам дека е најбезбедно да не сообраќаат воопшто.
    ПС ...а шоферите, по потреба, да возат само товар намирници наместо патници.
     
    На senza.parole и ku4ence им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Никој дома не може да собере толку луѓе колку што може било кој кафич или кафана.

    Дали луѓето се освестени? Да, освен популацијата 15-25 години. Не им чуе онаквото. Се шеткаат ко да е раапуст а не време да се седи дома.

    За народов овде само карантин. И удри. Јер оние кои се корзираат на сонцево немаат мозоче да резонираат дека не е заговор. А и дека немаме ние капацитет да се справиме со нешто сериозно како коронава.

    Поздрав за Филипче. Алал!
     
    На Ivan4e04, dunika, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    ТВ 24 за лажни вести и за корона.
    Може да се изгледа, да научиме нешто ново.
     
    На LiliBoz, LejlaD, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Јаневски, има луѓе што одат на работа и немаат друг избор освен јавен превоз.
     
    На verymuchso и Јаневски им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    16.089
    Јас се прашувам само како ќе издржиме ние анксиозните и депресивните 24часа дома затворени, недели.
    Господ, на помош
     
    На Loretta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Немам телевизор 10+ години... :D
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.596
    Пол:
    Женски
    Јавно, најмногу се заблагодарувам на сите за секој таг и помисла и за секоја лп, многу ми значи :hug::hug::hug:.

    Во Падова бројот на заразени расте, околу 500, како што кажав и ќе повторам пак, имаме сериозни шанси за зараза.
    Тука каде што живеам има околу 150 луге заразени, 50 стари лица заболени во старечки дом за еден ден сите заразени од едно лице. Од денес.

    Јас пак ќе кажам дека ќе стават блок џабе зборуваат дека не можело се да се затвори.

    300 илјади маски од кина донирани во Падова, градоначалник од Кина, сеа Италјанциве благодарни а до вчера до крв ги тепаа Кинезите на улица, плукаа по Кина, сиот гнев го вадеа на нив и на сите странци.
    Е сега упрпани, немаат зборови па молчат или се заблагодаруваат.
    Ај да се надевам дека ќе и текне дека сите се од крв и месо и дека тие не се свети санти на светот. Амин.
     
    На VDT2906, ph.orhideja, Love 83 и 33 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    43.590
    Пол:
    Женски
    Вчера кај нас на работа настана катастрофа, бидејќи по цели недела нема работа компанијата реши да отпушти целиот евент тим од сите ресторани кои ги поседува, а нам ни ја скрати работата на 10 часа неделно. Се тоа е добро бидејќи ќе може да се изолирамее ама сите работиме на саат, воопшто нема да бидеме платени, не знам како ќе преживеат колегите без работа во Лондон кој е изгор, среќа ние заштеда имаме, ќе ја поткопаме. Ама повеќето де без излез, нема работа никаде во хоспиталити моментално, не можат да се вратат дома, кој Италија, кој Шпанија...ете и ние така ќе бидеме ако не успееме да се вратиме дома, буквално на улица ќе сме.
    Има и друга страна на приказната на тие кои сакаат да се вратат дома, не е само од глупавост или себичност.
    Не дека ги бранам оние рашетните дома кои се вратиле. Карантин задолжителен.
    Ние ја одложивме свадбата за некои подобри времиња. Тажна сум ама тоа е што е.

    Инаку сите се изреволтирни тука со Борис оти не превзема никакви мерки, ни затварање школи, ни забрани за собири, ниту затворање објекти.
    Јас се чувствувам многу ранливо, иако во јавниот превоз е повеќе празно, а и се трудам да не допирам ништо, на работа морам, чинии, чаши, луѓе еден до друг, знаете како е во бар, мијам раце после секое одење на маса. Не одам никаде дома, на работа, деливери од маркет, ама работатс моментално би си ја ставила во многу ризична и ептен сум исплашена.
     
    На ph.orhideja, verymuchso, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    24.079
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Денеска преполно по автобусите, како и по обичај 90% од патниците над 60 год.
     
    На verymuchso, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.020
    Допаѓања:
    123.881
    Дезинтал од каде купивте?
    Имав некои залихи уште од малото бебе кога ми беше ама гледам отишол рокот :(
     
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    5.273
    Пол:
    Женски
    Извинете, можеби прашањево е глупаво, ама што после овие 14 дена?! Ситуацијава наместо да се намалува бројката, истата се зголемува, луѓево и покрај овие мерки си немаат гајле, тек па после 14дена што ќе биде?!:wasntme:
     
    На GirlLove, H.VAGA, LovelyGirl3 и 2 други им се допаѓа ова.