1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.414
    Допаѓања:
    47.743
    Пол:
    Женски
    Како што тргнавме не наредно лето, три наредни лета нема да можеме да идеме на одмор. Не ми се јасни новите предлог мерки, ништо не ми е јасно во државава. Не ми е јасно како со истите поразителни статистики сме цело лето и како никој до сега 6м од пандемијата не седна да размисли каде грешиме, ниту една единствена мерка не е ефикасна( не велам дека не е правилна) не е ефикасна оти никој не носи маски, оти никој не казнува за не носење маски, оти се дозволува свадби и веселби како да се најбитна ствар на светот, оти не се контролираат вработените како и колку се пазат, докторите во помалите градови не вршат никаква работа, не примаат пациенти иако немаат буквално ништо за работа, матичните не веруваат у вирус, кажуваат дека е настинка и ги пуштаат дома да шират вирус, оти толку им треба на нашиве да им каже доктор само дека не е корона, тест не им треба, од чело читаат.
    Оти не сфатија дека никаквата контрола дома на хорничните доведе до толку млади починати и не зборам само за 23,29 год оти и тој од 60 не е стар, а еден куп такви починаа, не направија една контрола на матичните како работат, каде грешат. Народот не верува во вирусот, од кревет не може да стане ама не верува дека е вирус, само тежок грип е бе, ќе помине.
    Нема ред, нема контрола, нема никаков план, одиме ужасно надолу во се, до нова година кој знае каде ќе сме и на што ќе сме, нека ни Господ на помош оти друго нема што.
     
    На candy.cane, Waverly Raven, oblace1 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.935
    Иви, за ова да функционира мора народот да верува оти корона постои, а не и оние кои прележале да ги убедуваат дека не биле болни од корона.

    Ќе се согласам со @1209 дека мора да се контролираат матичните, да се увидат пропустите зошто толкава смртност. Ова е алармантно. Пропусти има. Нека земе Филпче да си ги едуцира матичните прво, да ги однесе по 1 месец сите на Инфективна па може ќе почнаат да веруваат во вирусот и да престанат да прават веселби.
     
    На candy.cane, sj *O*, Tajnaotrovna и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Стварно мислите дека целиот проблем е само заради тие кои не веруваат?
    Ако стварно се веќе големи бројки, можат да проценат како се пренесува и според тоа да донесуваат мерки, а не од памет.
     
    На 1209, zhap4e и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.365
    Допаѓања:
    222.112
    Пол:
    Женски
    Како еден новинар денес не му постави прашање на Филипче за матичните лекари,или пропуштив:?:.Многу пропусти од нивна страна има...
     
    На oblace1 и redhead им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.935
    Па да, еве јас би рекла 80 % околу мене се уште не веруваат. На една член од фамилија и заврши во болница и вели дека Бил Гејтс сака да не чипира.
     
    На tinka-mace, Tajnaotrovna, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    A тие што веруваат како се заразиле ако почитувале мерки?
     
    На LejlaD и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.935
    А ти мислиш дека оние кој веруваат сите 100 % почитуваат мерки?
    И тоа не е гаранција еве по себе знам.
    Вирус е, со почитување на мерките се намалуваат шансите да се заразеш.
     
    На tinka-mace, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.414
    Допаѓања:
    47.743
    Пол:
    Женски
    Многу лесно можеш да се заразиш и ако почитуваш мерки, оти мајка ми работи со маска без исклучок цело време оти е хронично болна ама никој од кај неа од работа не носел маски, затворено е фаќаат со исти раце материјал, од сите оддели кај неа оди завршно, многу мало невнимание е доволно да се заразиш.
     
    На tinka-mace, sj *O*, Celltica и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    У реду, ќе се поправам.
    Како се заразиле тие што веруваат И почитувале мерки?
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    40.593
    Пол:
    Женски
    Затоа што другите околу нив не носеле. Незнам колку пати е кажано дека маска носи тој што е болен. Ако тој не носи џабе ти ќе носиш. Така се заразиле и тие.
     
    На candy.cane, oblace1, Fifi84 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Така што тие што не почитуваат ги заразиле.

    На пример, на работа да речеме, Милка носи маска а Јоце не. Јоце не верува во корона и воопшто не почитува мерки, постојано е по прослави со многу луѓе и тн., додека пак Милка ги почитува сите препорачани мерки.

    И сега, Јоце има Ковид, не битно дали е асимтпоматски или е во infectious период пред појавување на симптоми, и бидејќи тој не носи маска (а е многу битно) ја заразува Милка, иако таа носи маска.

    Затоа што ако Јоце не носи маска, а Милка носи, шансите да Милка се зарази се 70%. Ако обајцата носат маски тогаш шансите Милка да се зарази се 5%, а доколку се и социјално дистанцирани шансите се под 1%.

    Затоа е битно сите да носиме маски. Секогаш и секаде во затворен простор.
     
    На Ivan4e04, Lalalala99919, candy.cane и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Јасно ми е тоа.
    Ама знам дечко што носел и тој и колегите негови на работа маски, и само со неговите дома се гледал и е заразен. Еве, одговори ми како.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.935
    Доволно е мало невнимание. Еве по себе знам. Маска не тргав. Тогаш кога дозволив да бидам невнимателна се случи тоа.
    Прописно, во затворен простор, повеќе од 15 минути, без дистанца.
    А верував и претходно во вирусот. И жената од која што се заразив веруваше и пазеше колку можеше.
     
    На Tajnaotrovna и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    42.126
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence брат ми цело време почитуваше мерки, цело време маски, дезинфицирања и уште шо не, се зарази од колега што криел симптоми за време на работа.
    Заедно биле во иста канцеларија и секако на дистанца.
    Единствено блиску биле за време на ручек во кантина на иста маса.
    Ти ако внимаваш друг нема.
    Плус, кај е самосвеста на колегата шо криел симптоми само за да не го затворат?

    Друг случај... Ќерката се разболела од одење на журки, ваму таму и мислела ништо не и може вирусов.
    Пројавила симптоми, се тестирала, додека чекала резултати се изгушкала со пола роднини.
    Мајка и заболе, едвај се спаси.
     
    На candy.cane, KuklickaSk, FancyCinderellla и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Можеби на пауза.
    На цигара и кафе или за јадење на пример.
    Затоа што тогаш сепак е со колегите во работно време а не носат маски сигурно.
     
    На candy.cane, tinka-mace и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Всушност, не е битно само да се каже дека се носи маска, битно е дали таа маска се носи правилно. :!:
     
    На candy.cane, FancyCinderellla, ada21 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Е така де:)

    А ако вовведат да се носи и на отворено, никој нема да ја носи ко шо треба, дури можда ни јас. Ама нели, колку да се рече дека они вовеле мерки.
    Вие удирајте по тие што леб вадат, не по другите

    Ако им требаше нечии плати да скратат, имаше од кого да позајмат.
    Ако им требаа поефикасни мерки, имаше и тоа.

    И сѐ додека пред мои очи мене некој будала ме прави, ќе го имам овој став.
     
    На candy.cane, sj *O*, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се јасни мајкиве, општо родителите кои мора да се вратат на работа. Читам се жалат што треба да се вратат на работа, деца да дадат во градинка, во училиште, а се плашеле да не им се разболат децата. Точно, ризикот е висок, тешко дека на дете ќе му објасниш дека треба да носи маска па макар и 4-5 саати во текот на денот. Ама точно е и дека додека им беше дадена таа слобода да седат дома и да се заштитуваат, јас постојано ги гледав како се собираа во кафичи, паркови, и каде уште не заедно. Си се собрале 3-4 мајки со уште дупло од нив деца и си шетаат, мака си немаат. А така ризикот не ли беше висок? Со искрени исклучоци ова секако, ама ова беше и се уште е сликата која ја гледаме околу нас.
     
    На Nausicaa, deskarada, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Еве, јас имам проблеми со синусите. Маска носам кога одам до продавница и плус избегавам да одам дури и до продавници. Мене ми пречи, и по кратко носење веднаш ми се слева од синусите во грло и утредента обавезно ме боли грлото. Првите 2 пати помислив корона сум фатила, сега се навикнав веќе. Ако носам масла денот - утредента ќе ме боли грло. Плус првиот пат кога носев толку ми се исушија усните што ми крвареа дури, ама помина тоа. И со стаклата што ми се замаглуваат се навикнав.
    Како што избегнувам да одам по затворени места, да се воведат маски на отворено би избегавала и по отворени.
    Зима иде, неверојатно депресивен период. Се сеќавате пред две години во јануари колку самоубиства во краток период имаше? Направи некој истражување како мерките влијаат на менталното здравје?
    Од една страна ти вика "мора да се научиме да живееме со короната", а од друга воведува мерки кои не се долгорочно одржливи.
    Значи ако треба да живееш со нешто - не може да бараш привремени решенија кои долгорочно носат штетни последици. Мислам тоа на сите треба да им е јасно веќе, ама очигледно бараат начини народот да го откриваат пак во стил: "еве воведовме мерки ама не се почитуваат"
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, candy.cane и 16 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Да ти објаснам нешто во врска со собири на отворено и престој во затворен, невентилиран простор и вирусов. Од епидемиолог ми е мислењево, дадено на познаник кој беше заболен, а чие дете играше надвор со моето: шансите децата, па и возрасните, да се заразат на отворен простор (освен ако не си плукаат во фаца 15-тина минути) се многу, многу мали. Така што... муабетов што го верглате со кафичи и деца по паркови не ви држи вода ич.
     
    На Kitten, sj *O*, TheDongerino и 1 друга личност им се допаѓа ова.