Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Сега пак Австралијанцине и Британцине од нас го копираат полицискиот час :D:muscle:
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Австралија и карантин има т.е. просторни ограничување на движење. Не смееш Малбурн да го напуштиш, не смееш ни на гости да одиш освен кај партнер. Смееш само за вежбање, купување. прошетка да идеш надвор и не смееш подалеку од 5км од домот.
    И полицискиот им е од 9 до 5, кога и онака нема што да правиш. Не од 4 кога ни пола од работите во денот не си ги завршил.
    Просторното ограничување е далеку далеку побитно од временското. Временското во овој случај е само додаток за полесна контрола.
    А не, стави полициски во Скопје и цело Скопје во Охрид.
    Вирусот просторно се шири, а не временски.
     
    Nausicaa, candy.cane, fana and 16 others like this.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Вчера беше тука Национален ден за борба против насилтвото врз жените и девојчињата, па излегоа со статиститки за порастот на насилтвото врз жените за време на пандемијата.
    Во нашата жупанија, цела претходна година имало 14 казнени пријави за насилтво во семејството.
    Оваа година - само за првите 8 месеци има 16.
    И тоа викаат дека нема пораст на пријавувањето, а невладините кои работат со советување и склоништа кажуваат дека има значителен пораст на насилтвото врз жените и семејното насилтво.
    За порастот зборува и тоа што капацитетите на жупанискиот шелтер за жени и деца жртви на семејно насилтво се моментално во целост пополнети, па новите што се јават не можат ни да ги склонат.
    Жените се страшно погодени од ограничувањата за време на пандемијата, ама со оглед на тоа што податоците не се поделени по пол, сите заќутуваат на тоа и го туркаат под тепих.
    Нема ни да почнувам како скратувањето на работниот ден (затварање на се во 4) негативно влијае на жените, затоа што воглавно тие се оние што ја сносат грижата за домаќинството.
     
    candy.cane likes this.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Просторно ограничување ни фали повеќе од сè и сериозно не знам зошто не беше воведено пролетта, толку ли е тешко да се спроведе? Мислам дека воопшто не е.

    Во новиве рестрикции кои ѓи најавуваат се надевам ќе ја воведат оваа мерка, или барем само жариштата да се изолираат (како Дебар на почетокот, на пример).

    Инаку тој пол. час од 16 мислам дека малку траеше, најмногу време беше тој од 19 и беше ок.
    Исто и ние имавме од 21 до 5 па веднаш по воведувањето имаше "плачки", затоа споредив.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,439
    Likes Received:
    28,575
    И кај нас има зголемен број на пријави за семејно насилство
     
    tina2018 likes this.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Секаде има.
     
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на коронавирус, што е зголемување од 15,7 отсто во однос на минатата недела.

    Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=261; 27,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.


    Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9.8% или 1.4 % повеќе во однос на претходната недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (н=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (н=176; 18,5%), 30-39 (н=173; 18,2%), 40-49 (н=149; 15,7%) и 20-29 (н=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (н=37; 3,9%) и 10-19 години (н=56; 5,9%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (н=907; 95,4%), регистрирани се 80 (8,4%) хоспитализирани (намалување од 37,0% во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на нови случаи во периодот 14-20 септември, 313 (32,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување во последни 14 дена.

    По добиени два негативни теста за присуство на коронавирус или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица.
     
    tinka-mace and LovelyGirl3 like this.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Која е просечна воздраст на умрените кај нас?
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Не знам, и јас барав ама нема податок |(
     
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,473
    Likes Received:
    8,596
    Епа најлесно е да препишеш мерка која тебе ништо не те кошта, (а патем сосем е бескорисна и идиотска) да видам да земат некоја насока и да го запотат газот за да ја откријат пропуста во лечењето која резултира со толкава смртност кај заболените. Гледаме дека има земји каде последниве месеци рапидно е намален процентот на починати. А вака и сто стапа по туѓ грб ич не болеле, па уште јас тепаната треба да ги оправдам небулозиве?
     
    Kitten, Ева33, DAngel and 3 others like this.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.

    Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,249
    Likes Received:
    49,553
    Gender:
    Female
    Што е со Кочани, секој ден по скоро 20 заразени имаат :| мал град а толку заразени :|
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,575
    Likes Received:
    142,732
    Gender:
    Female
    Важно од утре Синеплекс се отвара, се си функционира а од друга страна вика ограничување на движење и рестриктивни мерки. Јебе луд збуњеног..
     
    Kitten, Nausicaa, candy.cane and 9 others like this.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    7,424
    Likes Received:
    47,772
    Gender:
    Female
    Многу болни излегоа од конфекциите, секоја втора жена работи таму, плус Амфенол, Антура и секоја жена дома го однесе, доволни е. Мајка ми таму се зарази, од неа се и брат ми и баба ми може и така. Страшно е.
     
    anastasijaki and LejlaD like this.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,921
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Црна Гора со 547 активни случаи на 100.000 жители има најголем број на заболени лица со Ковид-19 во регионот, па и пошироко, објави црногорската новинска агенција МИНА.

    Со 547 активни случаи на 100.000 жители Црна Гора има речиси трипати повеќе заболени лица од Босна и Херцеговина, која е на второ место во регионот.

    Црна Гора има и најголем број на заболени лица на болничко лекување на 100.000 жители. Додека во Црна Гора хоспитализирани се 44 лица, во Северна Македонија нивниот број изнесува 16, во Хрватска – седум и во Србија пет лица се на болничко лекување на 100.000 жители.

    Според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ), во Црна Гора во изминатите 14 дена регистрирани се дури 3.183 новозаболени на 100.000 жители, поради што земјата е во првите 20 најпогодени држави во светот со повеќе од 120 откриени случаи.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,091
    Likes Received:
    266,810
    Ко што знам, доста случаи има од веридба, плус заболени имале на итната, вакцинација итн.
    Очекувано е, Истокот и Југот. Тешко овде некој верува во корона и почитува мерки.
    Веселби секој ден. Ич да не ве чуди зошто вриеме.
     
    anastasijaki, elimkd, LejlaD and 8 others like this.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,439
    Likes Received:
    28,575
    На вакцинација има заболени? Страшно
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,439
    Likes Received:
    28,575
    Не ги оправдувај, не носи маска. Ко до сега што не казнуваа, сигурно нема ни од сега. Јас во тоа гледам најголем пропуст, на мвр, за неказнување за непочитување мерки .А ако се заразите ќе биде заради ваше и туѓо неодговорно однесување, па тие 1000 стапа на ваш грб повеќе ќе болат.

    да бевме сите паметни, во затворена земја со шака народ, до сега ќе се оправевме. Ама не, не сакаме маска да носиме, не сакаме да одложиме мекици и кршетвки, тешко ни е да стоиме 2метра оддалечени. не веруваме дека има вирус, па друг е крив кога ескалира состојбата. Филипче највеќе.
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,091
    Likes Received:
    266,810
    Така знам, за жал и таму.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Смешно ми падна вака :D
    Кутриот Филипче, се на него е грејниот.
    Апсолутно е крив, дали тој дали било кој таму да е затоа што мерките им се половични, неодржани и без никаква податочна позадина да ги поддржи.
    Плус, имаш куп истражувања кои сега покажаа дека занемарлив мал процент од вирусот се пренесува на отворено, дека над 90% од пренесувањата се од затворени простории во кои се седи, зборува, пее и се расфрлаат капки.
    Маски надвор не се потребни, од загадувањето надвор што никако да го решат побрзо ќе умреме отколку од короната.
    Временското ограничување нема смисла ако немаш просторно.
    Не можеш на народот да му се закануваш со „почитувајте мерки оти уште построги ќе воведеме“, кога не си способен да ги спроведеш мерките.
    Однесувањето на народот е одлика на мислењето кое го има кон власта, а власта ако не сака да биде критикувана нека си ја сфати сериозно работата.