1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    @KuklickaSk уау, пак на ФБ ќе водиме држава?
    Немам ФБ, баш од причина да не морам такви патетики да читам. И да, патетики се. |(
    Држава на ФБ не се води, нити криза треба на ФБ да се решава.
     
    На Kitten, fana, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ама стварно преку фб. Може сум оф топик ама Македонија е единствената земја што нема нормален веб на ниедно министерство и никаква консолидирана информација на интернет. Јер фб и вибер имале. Како јас да му објаснам на 70+ годишниот татко, јбг не знам кај треба да се јавиш, не знам која поликлиника работи, јави се на вибер. Мислам |(
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Она кога молеа да се прими еден итен случај на клиника, и некој напиша „Во ред е, одговори министерот на фејсбук“
    Искрено ми се повраќа кога видам ФБ пост, уште па и такви кои објаснуваат колку добри се тие наспроти сите лошите, како тие двата горе со маските „јухууу, видите јас сум добар граѓанин“
    Може лајк од министерот ќе добијат, кој знае...
     
    На 1209 и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Ај не можете уште еднаш да ги спомнете докторите што носеле маски по не знам колку саати.
    Многу работи кои се бараат во некои професии обичен просечен човек не може да ги прави, а такви кои можат, ги одбираат во такви професии.
    Епа кога ви треба некоја услуга, не викајте други. И тие се луѓе де. ако можат они, можете и вие.
    Да, знам дека маска и тоа не е исто. Ама он таму избрал. И да не е пандемија, маска мора да носи.
    И пред да ме наречете неблагодарна, благодарна сум само на оние што тивко си ја работат работата, не оние што не знаат што значи карантин (кој патем НЕ Е полициски час) и те праќаат да пазариш за ручек во БЕНЗИНСКА, или ти мрчат дека парите не се побитни од здравјето.

    Сега ваквите као тој со статусот погоре онака подло си се молат да стане бетер загадувањето за да има аргумент дека ете, мора да носите маски. Можда скришум ќе идат да палат на Дрисла, шо ги знаеш.

    Значи не е проблем носењето маска само по себе. Проблем е што некој сосила те прави магаре.
    Покажете ми доказ дека вирус лебди во воздух и се пренесува преку него, ви ветувам нема да ја симнам надвор. Ама знаеме дека нема таков.
     
    Последна измена: 23 септември 2020
    На fana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Сум за маски да се носат во затворени простории (исто ко досега што беше), ама сама на отворено не можам да сфатам.
    Сама во кола седам со маска.
    Сама пешачам/трчам/возам точак со маска.

    Тотално без врска.

    Исто без врска е со некој од семејството или партнер да сум на отворено (или во кола) и да носам маска.
    Пред тоа плунка сте размениле со маж/дечко/швалер и сега ај маска ќе носам за во кола.

    Кој верува во вирусот ќе носи и ќе пази кај што има опасност, а кој не верува џабе се такви лудости да се воведуваат.
     
    На Ambrosia, eli25, L.i.n.a.a и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Скоро беше, трчав по автобус. Толку се задишав што дишејќи брзо маската ми се залепи скрос за нос и воопшто не можев да дишам. И тоа мислам буквално воопшто не можев. Морав да ја симнам, секако не го ни фатив автобусот.
    Знам пример девојка и дечко и биле казнети ради различното презиме, нема везе што на иста адреса живеле. И јас со дм со страв се шетаме надвор. Неколку пати досега нѐ одминала полиција, па еве сме имале некоја среќа да не нѐ казнат.
    И многу пати на темава кажав - во држава во која закон за едни важи, за други не, многу ќе ни е јасно кој ќе пати од вакви уште поглупи мерки.
     
    На Biljarkata и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Јас и мм различно презиме имаме, и освен на дозволата за престој моја и адресите ни се различни.
    Баш се зезав дека во МК ќе треба маски во кола кога сме заедно да носиме. Не не сопре полиција ни еднаш кога бевме таму, појма немам што ќе излезеше од ситуацијата :D
     
    На candy.cane и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Се извинувам сакам да прашам дали главоболка, зарипнат глас и потење се некои од симптомите на Корона вирусот?
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Да се собереме на спонтан мирен протест против маските за луѓево да можат да си купат виолончело Или барем против цената на маските...само предлог, ноу хејт плс.
     
    На tina2018 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  10. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Машки
    korona.jpg

    Немам проблем да носам маска во затворено, бидејчи на работа 8 сати + превоз со автобус како сардини начукани во него носиме, и не се жалам.
    Ама на отворено, во планина, на велосипед, или било каков спорт да носам маска? Не фала.
    Мислам дека колку шо моментално стегаат со меркиве т.е казни, се повеќе лујџево почнуваат да неверуваат.
    Мсм стварно нема смисла. Уште малце че почнат свадби да прат, секој петок/сабота во кафичиве низ градов има квази пејаци, неможиш ни дури маса да резервисаш од шо е фул...
    а овие мене че ме казнуваат оти сум движел сам на улица :tmi::tmi::tmi:
    Ова е веќе се по бизарно и преглупо пумпање со страв.
    Луге умираат од немање мед.третман и порано исто било во Македонија.
     
    Последна измена: 24 септември 2020
    На mal.ecka, prominent, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    A интересното е што кога инаку ќе се спомне загадувањето ти викаат - не е тоа заразно. Сега ко демек одеднаш загрижени они што било загадено, па ако не за други, за себе носи маска. Еве поверувавме, да.
     
    На jacqueline.s и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.919
    Допаѓања:
    139.487
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence и јас сум конкретно против носење маска на отворено и кога сум сама. Постот ми беше за оние што упорно одбиваат да носат маски кога условите налагаат за тоа, и за оние кои мислат дека маската не штити. Маска не се носи само за Ковид туку е култура кога е некој настинат/грипосан а мора да оди некаде да стави маска за да не зарази околу себе други. Тоа што кај нас е нормално да се секне нос на сред улица и да се кива без да се покрие уста кога си со луѓе, и ред други гнасни и примитивни работи, тоа е друго. Па сега маска носење е проблем. Тоа ми беше поентата. А и мене ми е нон сенс ако сум сама надвор на место каде во радиус од 50 метра нема луѓе, или во кола сама да носам маска.

    @KuklickaSk апсолутно се сложувам со постот. Подобро пари за маски да дадам, отколку за погреб. Толку.
     
    На mal.ecka, green.eyes, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Абе кратко и јасно.Засилете контроли во затворено, фирми кафичи дали се носат маски, а не у шума!
     
    На tinka-mace, azelea, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    covid.png

    Опасниот Ковид од 48299 заразени студенти 2 хоспитализирани и 0 жртви.
     
  15. melani4

    melani4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Алое против корона вирус!
     
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Финските власти предупредуваат дека пандемијата на Ковид-19 брзо се шири во земјата и дека се движи во „алармантна“ насока.

    14-дневниот кумулативен број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во Финска остана меѓу најниските во Европа со 15,5, покажаа податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

    Но, финските власти соопштија дека е загрижувачко што бројот на нови случаи во последните две недели е двојно зголемен на 798, од 387 во претходните две недели.

    Министерството за социјална заштита и здравство соопшти дека може да се забележат неколку знаци на обнова на епидемијата во земјата.

    „Зголемувањето на стапката на инциденција, зголемувањето на процентот на позитивни случаи кај сите примероци, зголемените тешкотии во пронаоѓањето на изворот на инфекција и синџирите на инфекции стануваат сè почести, сите предвидуваат премин во фаза на забрзување на епидемијата“, се вели во соопштението.

    Околу 50% од новите случаи се откриени кај оние под 30 години, додаде министерството.

    ©Makfax.com.mk
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Фондот за здравство воведе нова, намалена цена на тестовите за ковид-19. Тестирањето на сите пациенти што се со индикација за ковид-19 во државните лаборатории и понатаму е бесплатно, но наместо 3.600 денари, референтната цена по која ќе им биде рефундирано на болниците и лабораториите за ПЦР тестови ќе биде 1.850 денари.

    [​IMG]
    Како што објаснуваат од Фондот за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК пониската референтна цена е поради помалите трошоци за медицински и друг потрошен материјал и големиот број на тестови кои се изведуваат во серија.

    „Земајќи ја предвид моменталната состојба во однос на пандемијата со коронавирусот и потребата од зголемување на бројот на пациенти за кои е потребно да се изврши молекуларна дијагностика за детекција на вирусот, како и вклучување на приватните лаборатории, кои ја даваат оваа услуга во мрежата на здравстевни установи, Комисијата за референтни цени направи ревизија на постоечката цена. На Управниот одбор на Фондот за здравство беше донесена одлука за воведување нова здравствена услуга за детекција на ковид-19 со ПВР-полимераза верижна реакција во реално време, со референтна цена помала од цената на тестот со оваа метода за другите микроорганизми“, велат од Фондот за здравство.


    [​IMG]
    При формирањето на цената била направена анализа на доставените податоци за реалните трошоци од приватните лаборатории, Институтот за јавно здравје и МАНУ. Во новата цена е пресметан трошокот за персонал, режиските трошоци и потрошниот материјал за правење на тестот. Трошоците за персоналот се пресметани на 125 денари, режиските трошоци 205 денари, а материјалите за правање на тестот 1.520 денари, па оттука е донесена одлуката цената на ПЦР тестот да биде 1.850 денари.

    Од почетокот на епидемијата до сега, вкупно се направените 176 илјади ПЦР тестови. Според последните бројки на Институтот за јавно здравје, повеќе од половината (55%) се направени на државно. Но, последните неколку дена повеќе тестирања се прават во приватните болници и лаборатории отколку во државните бидејќи за да се добие термин за бесплатни тестирање на државно, пациентите не ја поминуваат епидемиолошката анкета кај матичните лекари. Ако пациентот има само еден симптом покрај зголемената температура над 37,5, на пример изгубен осет за мирис и вкус, тоа не е доволно за да го поминат алгоритмот. Тие што имале контакт со регистриран заболен, а немаат симптоми, исто така не го поминуваат епидемиолошкиот прашалник за тестирања, па затоа многумина од страв се тестираат приватно.

    Од Фондот очекуваат дека намалената референтна цена во јавното здравство ќе ги намали цените и во приватните лаборатории кои сè уште наплаќаат околу 3.500 до 4.000 денари, а во некои случаи кога се бара брз резултат и до 9.000 денари.
     
    На Justicija, g8lQQk, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 58
    -Куманово 5
    -Дебар 2
    -Штип 5
    -Прилеп 4
    -Тетово 5
    -Струга 6
    -Велес 1
    -Битола 5
    -Охрид 3
    -Кавадарци 2
    -Гостивар 1
    -Гевгелија 6
    -Струмица 14
    -Кочани 18
    -Пробиштип 1
    -Берово 4
    -Валандово 4
    -Делчево 3
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2

    Починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од:

    -Скопје 32
    -Куманово 17
    -Штип 5
    -Прилеп 7
    -Тетово 7
    -Струга 6
    -Велес 4
    -Битола 1
    -Охрид 2
    -Гостивар 1
    -Гевгелија 15
    -Струмица 5
    -Крива Паланка 2
    -Кочани 7
    -Пробиштип 1
    -Пехчево 5
    -Берово 2
    -Виница 3
    -Делчево 1
    -Кратово 1
    -Свети Николе 1
    -Кичево 1

    Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    45.477
    Пол:
    Женски
    Каква фиксација имаш со темава.
    Нормално дека се такви бројките кога се студенти, не знам што ти е поентата, се знае за кои групи е најопасен вирусот.
     
    На Justicija, g8lQQk, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    На DAngel, renata77, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.