Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Значи ништо ни од вирусологија, ни од епидемиологија.
     
    Ahoy likes this.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,932
    Likes Received:
    42,904
    Gender:
    Male
    Па не е далеку од вистината, можеби не 0, ама дека бројкава ќе падне ако сите без исклучок постојано ги почитуваме мерките тоа нема сомнеж.
     
    LejlaD, tinka-mace and senjorita-v like this.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Слободно продолжете да барате вина во народот и да споделувате рандом постови од ФБ.
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,932
    Likes Received:
    42,904
    Gender:
    Male
    Од кој да барам вина?

     
    LejlaD, ivi1987 and Fifi84 like this.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Од народот де. И кога ви воведат маски на отворено по вина на народот ќе биде. И кога ви вратат полициски час.
     
    simoncelicius, Angie1432 and fana like this.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,932
    Likes Received:
    42,904
    Gender:
    Male
    Еве гледаме многу земји воведуваат пол. час, значи не сме биле само ние.
    Маски на отворено, ене и во Грција им воведуваат, во Јапонија веќе култура им е тоа.
    Ние многу нежни сме некако.

    Друго, зошто Норвешка на пример, со истите мерки како нас во летниов период (освен што имаа половично затворени граници таму, мада не менува многу), со три пати повеќе жители од нас, имаа три пати помалку случаи од нас?
     
  7. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,466
    Likes Received:
    20,647
    Gender:
    Female
    Да не наведувам имиња ама од одел педијатрија и гинекологија.
     
    LejlaD likes this.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,525
    Gender:
    Female

    Не би рекла, почна вториот бран во Скандинавските земји пред 2-3 недели. И Норвешка, особено Данска, бележат повисоки бројки на дневно ниво за разлика од пролетта. Цело Осло е “црвена зона”, т.е. секаде е над 20 заразени на 100000 жители.
    Во Шведска допрва почнува, малку каснеше како и првиот пат пролетта, ама неделава ич не беше добра.
    Второто полувреме пострашно изгледа ќе биде од првото :(
     
    LejlaD, mal.ecka, Ahoy and 1 other person like this.
  9. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Joined:
    Apr 24, 2018
    Messages:
    1,052
    Likes Received:
    3,565
    Gender:
    Female
    Што ако не е инфектолог, еве Вело е па не се согласува со др.инфектолози.Др.Нико е разумен човек, уште коа не затворија на велигден викаше не ги затворајте лугето, затворете ги црквите.
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,312
    Gender:
    Female
    Епа нежни...
    И јас вака читам и се чудам. Па да се надоврзам.
    И ние бевме со маски на отворено колку месеци?!
    И сега носиме за секој случај после 18 часот. Ама па, влези излези од маркет, плус некаде гужва се собрало како во центар или туристичко место, вади извади нема поента па одиме секако со маски. Се навикнавме, за разлика сестра ми ми кажува дека во нашиот град таму никој никаде не носел маски.
    Ама не удират по џебот тука, тука е разликата.

    Јас навикнав, свикнав на ваков живот, се сме со стрелки по трговски со посебни влезови и протоколи па прво беше чудно некако после се е навика.

    Еве и тука не се исклучува можноста за локдаун ако не дај боже ја стигнеме Франција и Шпанија, ниту па за маски.

    Франција, Шпанија во април немаа 13 000 новозаразени на ден. Гледам смртноста значително е помала, фала богу па, ама па со зголемувањето на новозаразените се зголемува и смртноста.

    Во Шпанија и Франција веќе делови се во целосен локдаун, од утре во Франција (не знам која област беше) се се затвара, ние сеуште овде дебатираме за маски на отворено и мрчиме како не ни одговарало и слично, еве и во Мелбурн се бог знае од кога во локдаун, ама не, во Македонија маските ви сметаат, ова смета оноа.
    Пеки, до толку да е на се што се нагледавме.
    Во ниту една држава не забележав вакви константни бројки како во Македонија, 4 месеци 5 ти не мрдна и не мрдна.
    Во останатите држави се намали и очекувано го гледаме вториот бран, мене не ме чуди Италија за неколку недели да дојде до цифрата со Франција на пример оти кога имавме 200 новозаразени истата (Франција) имаше 2000. Па рачунам само.

    Европа се спремаше и го очекуваше вториот бран, штом се оствари ќе се оствари и третиот :doh:.

    Една работа што не ми е јасна и е дескриминирачка е што третите држави се отцепени од Европа како ризични а како божем сама Европа еве ја Франција, Шпанија,Кроација сите горат, битно можеме таму и можат тука ама не можеме во трети земји по која логика?!
    По која формула ова?!

    Ма ќе бидам среќна ако за велигден смеам да си одам... којзнае знак прашалник стана и пролетта.

    Битно најсвилени сме, се ни пречи иако милиони луѓе можат и живеат оти мораат
    Не сме ни први ни последни.
    Ние издржавме затворени, со маски ма секако издржавме, не ме болеше тоа воопшто колку што ме боли за самата економија и за финансиите што осетив на своја кожа, кешки на локдаунот и маските да ми се сведе... ќе издржиме.
    Нема да можеме да издржеме ако не измаваат од работа и слично.
     
    lovemme, LejlaD, JuLleE and 6 others like this.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,720
    Likes Received:
    47,577
    Gender:
    Female
    Океј, не сакам да се жалам, ама сериозно која е потребата од маска на отворено?
    Ќе се разминеме со некого и ќе ни скокне вирусот како пчелка?Ако оди поголема група на луѓе, 4-5, океј да, нека се носат.
    Нека засилат контроли дали се носат онаму каде што треба да се носат, во затворен простор.
     
    christinnn likes this.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,525
    Gender:
    Female
    @vitamina , овде прашањата за патувањата многу често се поставуваат од новинарите на прес. Наводно, причина за тоа се можностите да се врати некој дома, заради затварање аеродроми и слично. На база на еквивалентност се, ако за некаде важи забрана да не се патува, и тие не можат наваму да патуваат, или ако некоја држава бара карантин за истите се бара овде исл. Во Шведска тоа го наведуваат како причина, вирусот секаде го има и не би се донело ништо ново ако некој сепак и покрак предупредувањата патува во земја со висок ризик.
     
    LejlaD and vitamina like this.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,333
    Gender:
    Female
    Знаеш зашто мрчиме? Зашто кај нас маските и во затворен простор ги носат под нос или на муцка. На отворено знаеш како ќе ги носат, никако.
    Денес пред мене дечко си извади стуткана маска од џеб, си ја стави на муцка и си влезе во кладилница за ливче да си пише. Вработените внатре не носеа маски.
    Не сме свилени, ама преку тиииит ми е веќе од циркусов наречен - задолжително носење маски во затворен простор а еве може и на отворен ќе воведат.

    Тука ни стрелки гледаат, ни обележано поле по маркети, ни правилно ставена маска бар во затворен простор, ни дистанца (обавезно во маркет или на улица ти брефта некој во врат).

    Ако е во Италија народот совесен и носи правилно маски секаде, тука нема такво нешто.
     
    LejlaD, emiliana, Bezimenka90 and 4 others like this.
  14. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,466
    Likes Received:
    20,647
    Gender:
    Female
    Зимово ќе биде леле мајко, во затворени простории кога ќе почне грејна сезона со маски на топло, загушливо луѓево има во несвест да паѓаат од недостиг на воздух... Па кога ќе си почне и сезонскиот грип, вирусиве па ако недај боже фатиме недај боже има глава да тупиме дали е настинка. грип или корона. Побрзо ќе се мрднеме одколку корона што ќе фатиме.
     
    LejlaD, mal.ecka, candy.cane and 8 others like this.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,312
    Gender:
    Female
    Ама и на мене ми е, да знаеш само какви последици ми остави, огромни, белег за цел живот, два месеци трети еве си доаѓам при свест и се вратив тука на форум.
    Мислиш дека мене не ми е?
    Мислиш дека сакам да сум затворена?
    3 месеци гледав од прозор.. немав полициски час до 4 да излезам и да се вратам дома.
    Здосадено ми е, многу ама што да направиме?!
    Мислиш сакам маска да носам?
    Не сакам.
    Ама морам.
    Тоа ми беше зборот.
    Дека сакал не сакал мораш и ќе ќутиш и ќе живееш како налагаат.
    Друго решение не гледам.

    Еве ги секаде протестираат. Решија нешто овие Французите од протест? Не.
    Само ризик си прават.

    Тоа сакав да го кажам.

    И јас не сум за маска на отворено мислиш сакам да носам ама морам и тоа е. Зборот ми беше дека овие рестрикции мерки и слично не се само таму секаде низ светот се.
    Дури и порозгорозни.
    Тоа правиме муабет
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,333
    Gender:
    Female
    Јас се нервирам зашто буквално се е пуштено и функционира како да нема вирус. И се нервирам зашто и кога ќе се донесе мерка за задолжително носење маска на отворено, ќе носиме јас и уште неколку души.
    И се нервирам зашто кога ќе почнам на работа за неколку дена, само јас од вкупно 6 жени ќе носам маска. И ќе бегаат од мене ко да сум лепрозна и ќе зборат да вртам биро за да не им дишам.

    Џабе мерка ако не казнуваат луѓе што не носат. Толку само имам да кажам.

    А јас и без тоа носам маска секаде во затворен простор и на отворено каде што нема можност за дистанца.
     
    LejlaD, Ano, candy.cane and 6 others like this.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,377
    Likes Received:
    51,292
    Gender:
    Female
    Кај нас на работа многу ја затегнаа работата, ставија камера во превозот, насекаде залепено има кој не носи маска и кој неправилно ја носи отказ ќе добие, пред некој ден не сликаа не знам за каква камера, да гледат ли кој не носи маска за време на работното време. И секој ден поминуваат, надгледуваат кој не носи и сите до сега што ги гледам носат маска правилно.
    Кога имаше полициски час, кога беше нај критично беше повеќе опуштено а сега ептен затегнаа.
    Што почнаа повеќе заразени ли да има во градот или можеби има таму некој заразено кој ти знае што е работа.
    По 10 саата носам маска и се навикнав веќе, не ја осеќам исто како да не носам.
     
    LejlaD, senjorita-v, tina2018 and 2 others like this.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,312
    Gender:
    Female
    @ivi1987 заборавив
    Мислам дека никаде никој не е свесен, уствари некаде се свесни повеќе некаде помалку.
    Мене прв пат некна на каса ми се деси да се скарам со стара жена да се тргне оти сакаше преку ред јас не и дадов ред (ради одредени причини) и се залепи до врат за син ми буквално толку се изнервирав што и се раздрав да се тргне а она ме гледаше како зачудена и ништо не ми рече и не се тргна..у позадина ечеше на микрофон она "држете дистанца" бла бла..

    Шо ако се гурат некои и тоа толку ниско и подло и глупо и тоа стари жени, ќе и речеш и се прави наудрена како ништо да не си и рекол.
    Сум имала дешавки, грото не почитуваат, маж ми категорично ми кажа дека никаде не носеле маски неделава беше по цела италија вика никој не видов со маска во затворено иако има закон и има натписи и микрофони и се
    Јас упорно со секој што се гледам збореејки бегам назад полека сите стојат и ич не им чуе...

    Италјанциве не се далеку со нашиот менталитет
    Имам и позитивности да кажам ама имам и негативности доста...
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,312
    Gender:
    Female
    И тука се собираат, прават свадби крштевки, родендени, аперитиви, вечери. Во маркет секој носи маска, за дистанца не секој разбира, повеќето не. Зависи од маркетите колку се трудат ама па тешки гужви има.
    Немојте само да мислите дека само таму ништо не се почитува, секаде е исто, само што некаде има поразличен менталитет нели, не се собораат/дружат толку колку на друго место.
    Повеќето во канцеларии не носат маска, кога бекој влага тогаш ставаат иако се 5 души у 7 квадрати.
    Маж ми прикаски ми раскажува како секаде се се прави спротивно од тоа што треба.

    Сакав само да ви кажам дека сме секаде исто.
    Што од што не се издржува што од што некој не верува што од што сеедно им е. Ретки се оние кои се излолираат ама и да се изолираш ќе се излораш одредено на неодредено тешко.
    Значи секоја една држава е во иста каша

    И тука апелираат ко Филипче вака ќе биде онака ќе биде ригорозни мерки треба ригорозен живот треба ама треба само, у пракса е друго.
    Праксата е секаде различна од што ние читаме по медиуми како се пласира, оти нели треба е теоријата на медиумите ама праксата на животот е друга па и законите и остало.
    И така
     
    LejlaD, TheDongerino and senjorita-v like this.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Joined:
    Nov 2, 2011
    Messages:
    8,060
    Likes Received:
    16,769
    Gender:
    Female
    Едни од најголемите непочитувачи на мерките се и самите доктори, барем во Кочани. Жално ама така е и после од каде толку бројки.
    Маските си ги носат на врат, неправилно, и не убедуваат дека повеќе е паника. Една од докторките која не почитуваше мерки за која лично се уверив е заразена и во болница, друг доктор си прави свадба и стално по кафани и дружења.
    Најжално е што си страдаме од таквите. Од страв обичен и редовен преглед се плашам веќе да направам.
    Заболекарите да не зборувам, највеќе во допир со вирусот, ставила една маска само, ниту растојание во време на примање од еден до друг пациент, опп одма влегувај.
    Секоја чест на исклучоците, ама и тие исклучоци останаа ептен малку кои за жал или ќе побегнат од овде или ќе работат било што друго, затоа што многу тешко е да се работи со мнозинство несовесни кои не почитуваат ниту мерки, ниту пак имаат совест за нечиј живот.
     
    LejlaD and candy.cane like this.