1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Цел свет е делаку од таму затоа што не постои апсолутно почитување на ни едно правило, закон и мерка.
    Можам да се кладам дека и докторот не ги апсолутно почитува тие три правила без никаков исклучок.
     
    На orevokrsacka, simoncelicius и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    А јас морам да прашам, дали знаете колку обичната хируршка маска штити од вируси?
    Таа маска не е наменета за да филтрира вирус, особено не вирус кој има толку мали димензии.
    За платнените шиените маски и да не правам муабет.
    Споредете димензии на Coronaviridae со димензии на порите на маската и ќе видите зашто носењето на маска не штити апсолутно никако.

    99 проценти од луѓево носат платнени или хируршки маски а се дрзнуваат да зборуваат за заштита. Се знае кој тип на маска штити од бактерии ,кој од вируси, кој од аерозагадување. Прво почнете од тука.

    И да, оние маски од по 300 денари KN95 не се исти што и N95. АНека не ве залажуваат по аптеките. Работев во аптека, и кога и споменав на газдарицата зошто не се порачаат прави маски за заштита, бидејќи овие не штитат од вируси добив одговор: Ќути, немој да те слушнат па да не купуваат. Не збори ти многу многу, гледај колку можеш да продадеш. Јас после 3 месеци сфатив како им функционира начинот на работа и напуштив. А се работи за една од најголемите аптеки во државава.

    Значи зборот ми е, ако веќе е битно да се заштити населението од вирусот нека ги едуцираат прво луѓето како да се заштитат. А да казнат некого зашто не носи маска која не штити од вирус мене ми е навистина лудо.
    Мислам, кога некој би пукал со снајпер на вас, вие би се криеле позади завеса? Која е логиката?

    Секоја чест за еден доктор чие име не го запамтив, можеби беше Ненад. Единствено тој излезе и кажа јавно да не се залажувате дека платнена или хируршка маска ќе ве заштити од вирус. Покажа и кои три типа на маску штитат и кои треба да се носат. Останативе доктори ниеден не видов да објасни нешто околу тоа.

    И да, има доста доктори кои апелираат на тоа дека не се работи за вирус туку за труење на воздухот. Што е точно не знам.

    Едит: јас појма немав дека законот до сега не важел за отворено. Маска ставам кога ќе излезам од дома, ја носам секаде, без разлика дали сум во трговски, во мол, на автобуска, во автобус или на пазар. Полесно ми е така отколку да правам стави-извади. Или па да ја ставам во џеб или ташна па после пак на лице.
     
    Последна измена: 28 септември 2020
    На L.i.n.a.a, Mimmi39, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    4.446
    Mene maticnata mi kaza bilo koja maska sto ja nosam koga ke ja stavam na mene da probam da duvam i da izgasam plamen, ako se izgasi nisto ne zastituva, ako ne se izgasi dobra e maskata i da ja nosam..smesno deluva ama sto znam zenava ima iskustvo i e dosta strucna za mnogu nesta. :^)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Нели вирусов беше голем и тежок на почетокот? Сеа нешто диета има држено или како?
    И каква маска носиш ти постојано? Од кај ја набавуваш кога не се продава нигде?
     
    На Biljarkata, tinka-mace, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Точно така, и хируршка маска заштитува у случајов, бидејќи пробај да дувнеш со неа и да изгасиш, не бива.
    Дури и сите да носат само платнени маски, можноста за трансмисија е многу мала, бидејќи устите ќе им бидат заштитени, вирусот нема алатки да пробие толку материјал побогу. Шо го напраивте вие, ај ако не у скафандери сите да идеме, пошо "маскиве не заштитуваат".
    Јас лично сметам дека маски на отворено не се потребни, дури ни во кола, освен ако не е службена, бидејќи ако ја сум решила со некого да идам у кола сигурно ми е близок и се состанувам секаде со истиот. Као што у кафиќ идат а таму не седат со маски, не знам која е логиката за маски у кола. И на отворено кај што не се групираш е стварно беспотребно. Ама ако напраат и на отворено да се носат тоа ќе биде ради прекршувачите, за поголема контрола да се има и да не смееш никаде да симнеш маска. Само ради тоа. Иначе нема логика.
     
    На Biljarkata, tinka-mace, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 20
    -Куманово 3
    -Дебар 1
    -Прилеп 3
    -Тетово 1
    -Струмица 4
    -Кочани 9
    -Пробиштип 1
    -Пехчево 1
    -Виница 2
    -Делчево 1
    -Свети Николе 2

    Починати се 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

    -Скопје 21
    -Куманово 3
    -Штип 2
    -Тетово 5
    -Струга 6
    -Битола 1
    -Гостивар 4
    -Гевгелија 2
    -Крива Паланка 2
    -Радовиш 3
    -Кочани 6
    -Пробиштип 2
    -Виница 2
    -Свети Николе 1
    -Кичево 1

    Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.
     
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    Како како?
    Фатил пари па земал да јаде?
    Ти земаш пари ? Јадеш дирекно ? Не миеш раце?
     
  8. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    4.446
    Taka kako sto pisav. Fakaat pari i ne mijat i jadat, sto te cudi, otsekogas imalo takvi.
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Јас носам N95.
    На почетокот ја наоѓав во аптеки, али тоа беше крај на февруари, почеток на март. Потоа ја снема, наместо неа пробуваат да "увалат" KN95 која не е иста со N95. Претпоставувам дека повеќето не ни ја приметуваат таа една буква, и мислат дека тоа е таа маска.
    Сега не можам ни јас да ги најдам во Скопје.
    Јас моите ги набавив од Шведска, преку братучед ми.
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Вирусот е невидлив за голо око, па таа споредба не само што делува смешна туку и е смешна.
    Како што јас знам обичните хируршки маски имаат димензии на пори од околу 10 микрони (ако не се лажам). Вируси од фамилија на Corinaviridae имаат димензии од 80 до 100 нанометри. Споредете микрон со нанометар и се ќе ви е јасно.

    И што се однесува до хигената прво маските од аптека не стерилизирани. Стигнуваат во пакувања од 100 маски (хируршките). KN95 стигнуваат по 10. И кој како доаѓа така фармацевтот со рака зема и му ја става во ќесичка. Да знаете колку пати тие маски имаат паднато доле на плочки и се вратени назад во ќеса.... Ова го имам видено со свои очи затоа што работев во аптека. Еднаш се случи еден да им се развика затоа што му ја фаќаат со раце маската, па му се извинија и му ја дадоа цела кеса со тие 100тина маски, за он сам да си "брцне" со раката и да си земе. И он ладно си зема.
     
    Последна измена: 28 септември 2020
    На tina2018 и butterflysk им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.431
    Допаѓања:
    45.488
    Пол:
    Женски
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Едноставно споредуваш димензии на пори на маската со големина на вирусот. Ако вирусот е помал од димензиите на порите на маската значи ќе помине преку неа.
     

    Прикачени фајлови:

  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    42.205
    Пол:
    Женски
    Колку што може да се прочита на нет, тоа се две исти маски, различен произведувач.
     
    На LaTama, СуперДевојка, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.431
    Допаѓања:
    45.488
    Пол:
    Женски
    Секако, само јас мислев на кн95 и н95, не на хируршките.За хируршки и платнени се знае од почеток дека не се толку многу ефикасни.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Разликата е што KN95 се правени по кинески стандарди и не ги исполнуваат условите за амерички сертификат. Прашањето е колку може да се верува на кинеските сертификати.
    Мислам и дека поголемиот дел од нив не се одобрени oд FDA.
    Во секој случај е подобар избор од платнена или хируршка.
     
    Последна измена: 28 септември 2020
  16. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    4.934
    Пол:
    Женски
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Па ако си дирекно изложена на вирус и сакаш да се заштитиш ќе носиш и скафандер. Не знам која би била логиката поинаку.
    И не е дека маските не штитат. Секоја маска има соодветна намена, и секоја штити од нешто. Али хируршка и платнена маска не штитат од вирус. Штитат од аеро-капки али не и од вирус. Едноставно порите се многу големи и вирусот лесно поминува. Чисто за споредба под микроскоп ја имаш фотографијава.

    Впрочем мене ми е сеедно дали ќе носиш платнена, хируршка или скафандер. Секој одговара за своето здравје.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius ако сѐ ова е точно досега цел свет се има заразено пошто многу мал процент носат Н95 маска. Прво многу тешко се дише, друго, поприлично е скапа.
    А инаку, ако застанеме да размислуваме како се произвела маската, низ колку раце поминала, кој сѐ дишел врз неа во процесот на производство, пакување и транспорт треба нервно да се разболиме, а голем дел веќе и е.
    И, пак се навраќам на првото прашање, од старт се тврди дека вирусот е голем, тежок, паѓа на земја и површини, па последователно на тоа беше дезинфекцијата на чевли и раце насекаде, се препорачуваше перење на облеката и сл. Факт е дека ради тоа процвета бизнисот со маски и средства за дезинфекција и хигиена. Па оттука следи дека или се е лага и завера заради бизнис и пари и цел свет е во заблуда или ова твоево не е точно дека хируршките маски не штитат.
     
    На Biljarkata, tinka-mace и VDT2906 им се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Јас се повеќе гледам доктори кои предупредуваат дека не се работи за вирус.
    Така да и таа опција не е исклучена.


    Што се однесува на маските точно, но пред да се пуштат во употреба се стерилизираат. И нормално би било потоа да се спакуваат секоја одделно и како такви да се продаваат. (Моите што ми ги донесоа така пристигнаа).

    Хируршките буквално им паѓаат на под па они ги враќаат во кеса. Да не зборам за тоа што ги фаќаат со раце. Ова беше највеќе заради постот погоре каде што девојката пиша за некој што ја извадил маската од ташна/фармерки и ја ставил на лице. Затоа се надоврзав. Дури и да внимавате вие како ја чувате тие во аптека што ви ја дале веќе ја контаминирале со кој знае што
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    4.446
    Jas kupuvam cela kutija maski ne na parce valjda ne se fakani :/ a sto e ako ne e virus?