1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. pokahontas83

    pokahontas83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    85
    Na psiha najmnogu mava ,mene najmnogu me mana ,na psihata,sekoj den imam simptomi ,imam hronicni zaboluvanja
     
  2. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ako si zarazen sto treba da se korisiti mislam koi lekovi naj cesto treba da se pijat
     
  3. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Дупли конјак на секои 15мин, 3часа по ред. За 2 дена ќе има резултат. И телевизорот и интернетот изгасете ги 14 дена.
    Гуд лак :ninja:
     
    На tinka-mace, Biljarkata, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки

    Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела.

    Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.

    Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    27.459
    Повеќе се витамини. Витамин D, C, B, цинк, магнезиум.
     
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:

    - Скопје 46
    - Куманово 7
    - Штип 1
    - Прилеп 2
    - Тетово 1
    - Струга 6
    - Велес 4
    - Битола 7
    - Охрид 4
    - Гостивар 3
    - Струмица 11
    - Радовиш 3
    - Кочани 4
    - Пробиштип 1
    - Берово 1
    - Валандово 1
    - Виница 1
    - Делечево 1
    - Кратово 1
    - Свети Николе 4
    - Кичево 2
    - Ресен 1

    Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:
    - Скопје 42
    - Куманово 8
    - Штип 3
    - Прилеп 8
    - Тетово 10
    - Струга 6
    - Велес 4
    - Битола 3
    - Охрид 10
    - Кавадарци 2
    - Гостивар 13
    - Гевгелија 11
    - Струмица 4
    - Крива Паланка 2
    - Радовиш 2
    - Крушево 2
    - Кочани 4
    - Пробиштип 1
    - Македонски Брод 2
    - Пехчево 1
    - Берово 3
    - Валандово 1
    - Виница 2
    - Делчево 8
    - Свети Николе 3
    - Кичево 3
    - Ресен 1

    Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.
     
  8. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    izgleda otkrile pricinata zosto umiraat i moze da se spreci olekovi koi veke postojat ..kaj nas kolku odova primenuvaat neznam

    Zошто некои МЛАДИ УМИРААТ од КОРОНА, а некои ја „прележуваат“ на нога? Научниците конечно дадоа одговор

    Од над 33 милиони лица заразени со вирусот корона, речиси милион од нив го загубија животот поради инфекцијата, а некои беа млади и совршено здрави и не припаѓаа на ризичните групи на кој било начин.

    Од друга страна, повеќето млади луѓе не ги чувствувале или едвај ги почувствувале симптомите на вирусот и многумина „прележале“ на нозе, па логично се поставува прашањето што е тоа што одреди некои од нив да ги загубат своите животи, а некои да останат здрави.

    Преку две нови студии, научниците идентификуваа клучен механизам на имунолошкиот систем што може да објасни зошто вирусот е толку смртоносен за поединците, пишува „Science Alert“. Двете студии укажуваат на интерферони од типот I (IFN) кои играат улога во оваа клучна разлика во исходот на COVID-19. IFN се протеини што ги произведуваат заразените клетки за да помогнат во запирање на ширењето на она што ги заразува, вирусот. Сепак, кај некои луѓе, оваа работа со протеини е прекината.

    Една нова студија покажа дека повеќе од 10 проценти од здравите луѓе, кои завршија со сериозни симптоми на COVID-19, имаат антитела кои ги напаѓаат сопствените IFN и ги спречуваат правилно да се борат против вирусот.

    Друго истражување испитало хоспитализирани пациенти на 20-тина години со тешки симптоми и открило дека барем уште 3,5 проценти од генските мутации го запреле IFN-то како што треба. Иако овие потенцијални механизми би објасниле само дел од најсериозните случаи на COVID-19, тоа би можело да биде откритие кое сепак може да спаси десетици, а можеби и стотици илјади животи.

    • Овие откритија обезбедуваат убедливи докази дека нарушувањето на интерферонот тип I е често опасна по живот причина од COVID-19. И барем во теорија, ваквите проблеми со интерферонот може да се третираат со постоечки лекови и интервенции, вели д-р Жан Лоран Казанова, раководител на лабораторијата за човечка генетика на инфективни болести Св. Жил од Универзитетот Рокфелер.
    Имено, во соработка со голем меѓународен тим истражувачи, како дел од човечкиот генетски напор околу COVID-19, Казанова и неговите колеги идентификуваа антитело кое по грешка неутрализирало еден или повеќе свои IFN протеини во нивното тело кај најмалку 101 од 987 пациенти со COVID-19 ( 10,2 проценти), пишува „Science Alert“.

    Ова не е прв пат да видиме сама саботажа на имунолошкиот систем и да престанат интерфероните да ја вршат својата работа правилно. Некои бактериски инфекции често се влошуваат кога производството на антитела во организмот се спротивставува на сопствената одбрана на интерферон. Сличен случај е забележан кај пациенти со лупус или хепатитис.

    Шефот на австралискиот оддел во „Covid Human Genomic Effort“, Стуар Танге, вели дека е интересно што 94 проценти од пациентите со овие неутрализирачки антитела биле мажи. Тој наведува дека ова може да објасни зошто мажите се чувствителни на COVID-19.

    Друга студија открила дека гените на самите протеини на интерферон исто така можат да работат против интересите на телото. Споредба на гените на 659 пациенти со тешка COVID-19 со 534 лица со асимптоматски или бенигни инфекции, резултираше со идентификување на 13 абнормалности во секвенците за кои се знае дека се составен дел од активноста на IFN антигритеп. Овие мутации на „губење на функцијата“ биле забележани кај само 23 пациенти или околу 3,5 проценти од групата, но истражувањето силно докажува дека дури и кај овој мал дел од популацијата, дефектот на овој критичен имунолошки пат може да биде фатален кај инаку здрав пациент.

    • Начинот на кој SARS-CoV-2 влијае поинаку на луѓето беше збунувачки. Вирусот може да предизвика инфекција без симптоми и да исчезне тивко, но може да убие и за неколку дена. Измените ја загрозија нивната способност да се заштитат од инфекција со COVID-19 со нарушување на способноста на пациентите да произведат интерферон тип I, вели генетичарот Џон Крисодоло од Детскиот истражувачки институт Мардок во Австралија.
     
  9. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    ustvari ako nekoja sto stvarno se razbira (medicinsko lice) da mi objasni koj lek se koristi za toa sto pogore objaviv
    ne nema da pijam ,samo me intresira kako se vika lekot
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    265.946
    Ти тој лек не ни можеш да го земеш во слободна продажба, плус се дава за да го намали имунитетот т. е хипер имунитет и да се спречи цитокинска бура. Тој лек се дава кај болни од мултиплекс склероза, се боцкаат еднаш неделно и се добива лично на Неврологија. И кај нив, мислам дека тоа е и целта, да се намали имунитетот кој го имаат.
    Инаку лекот има несакани ефекти и кај заболени од мултиплекс склероза, кај здрави никако не смее да се користи.
    Кај нас го има Авонексот.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.522
    Допаѓања:
    18.881
    @Ahoy дали има статистика за заболени и починати по националност?
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Ај нека ме просветли некој, на локалниве шведски сајтови се’ нејасно е :envy:

    Смеат граѓани со македонски пасош да одат во посета на блиски во земја од ЕУ? Конкретно мајка ми да дојде кај мене?

    Шведска ја следи препораката на ЕУ, немаат некои промени и дополнителни исклучоци.

    Прашувам зашто слушам за многу луѓе што влегле со македонски пасош, а по правило не треба да можат да влезат.

    Има некој што знае? Смее или не смее?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Колку што знам, не.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ако важат исти правила како за Германија, не може:(.
    Види во темата Мајки во Германија, Фри убаво објасни.
    Луѓе би можеле да влезат со каков било пасош ако имаат регулиран престој во ЕУ земјата, инаку гости-јок.:doh:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    @green.eyes ова го пишува на сајтот на МНР:

    ШВЕДСКА

    На 12 јуни 2020 Владата на Кралството Шведска донесе одлука за продолжување на времената забрана за влез во ЕУ преку Шведска до 30 јуни. Одлуката е донесена по препорака на Европската комисија, а целта е, како и претходно, да се ублажат ефектите од ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 и да се намали епидемијата на КОВИД-19.

    Времената забраната за влез почна да се применува од 19 март, првично со важење од 30 дена, а потоа беше продолжена двапати, во согласност со препораките на Европската Комисија. Последната одлука на Шведската Влада е за натамошно продолжување на забраната за влез до 31 јули.

    Со оваа одлука нема материјални промени во забраната за влез. Исто како и претходно, забраната за влез во суштина важи за сите странски државјани од сите земји, освен земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.

    Шведските државјани не се засегнати од забраната за влез.

    Има два важни исклучоци од забраната за влез: 1) Граѓаните на ЕУ и лицата кои имаат дозвола за престој во Шведска сè уште можат да влезат во земјата за да се вратат во своите домови. 2) Во земјата може да влезат и лицата со особено итни потреби или кои треба да извршуваат основни функции во Шведска: здравствени работници, персонал кој превезува стоки или за специјални семејни причини.

    Oд 13 јуни лицата без симптоми на КОВИД 19 можат да патуваат низ/во внатрешноста на Шведска без ограничувања, со обврзно следење на упатствата за физичко растојание. Административните одбори на окрузите во Шведска го следат потенцијалното влијание од оваа одлука врз ширењето на коронавирусот и доколку ситуацијата повторно се влоши, може да бидат воведени нови ограничувања.

    Повеќе информации за времената забрана за влез во Шведска и за исклучоците може да се добијат од Шведската полиција на тел: (+ 46) 114 14, на веб-страната www.polisen.se, или на следните линкови Swedish Police website и COVID-19 and the Swedish Police. Одговори на најчесто поставувани прашања може да се најдат на следниот линк: Questions and answers – temporary entry ban to the European Union via Sweden


    Повеќе: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/covid-19
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Фала @Ahoy и @Biljarkata :)

    Не им е ажурирано ова, забраната до 31.10. ја продолжија. Важат истите услови и исклучоци како и претходно.

    Чудно е зашто за се’ повеќе луѓе слушам дека влегле со мк пасош, исто во посета кај син/ќерка. Изгледа бинго е влезот, ако му се свиѓаш на граничарот ќе те пушти да влезеш :D Ако не, ќе те чека авионот на паркинг.
     
    На candy.cane, tina2018, BloodElf и 3 други им се допаѓа ова.
  17. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Пуштаат доколку имаш новороденче, операција или нешто слично.
    Има по групите на фб кои документи ти се потребни во тој случај.
     
    На Biljarkata, tina2018 и green.eyes им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Има групи на фб? :o Ај ако сакаш прати ми во лп. Имам две новороденчиња, изгледа ќе пораснат додека извадам документи :envy:
     
    На mal.ecka, BloodElf и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Не смее. Тука не смее.
    Само со бг пасош смеат :)
    Мк док јок.
    Глупости.
    Баш некна го пишав истото.
    Сите тие што влегле влегле на среќа пошо не се нашол некој у момент да ги исконтролира (зборам по земјен пат) за авион не знам како е ама ваљда таму не пуштаат шо знам вака нагоре нема граници па ако имаат среќа да влезат арно ако не како оној пат едно комбе од куманово ги вратиле назад плус 3000 евра по човек казна.
    Во авиони барем има контрола. Како е можно некој да влегол? Кога има забрана.
    Се чудам. Чудно
     
    На senjorita-v и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Не знам @vitamina , и јас знам дека исклучок се само здравствени работници, сезонски работници, превозници на стока исл. Моите од неколку страни дознаа дека влегле со мк пасош, и јас слушнав овде..... Леле ако имало можност а не сум ја искористила летово ќе си пукам во колено, душа ми излезе со овие двете :sweat: Од октомври веќе и линијата Скопје-Стокхолм е укината за следните 6 месеци, не ми се ни исплати за толку кратко време мајка ми на ризик да ја ставам сега :(
     
    На mal.ecka и vitamina им се допаѓа ова.