1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Добро како може со позитивен член во фамилијата останатите членови да не се во изолација и да си се шетат слободно? Знам за случај каде мајката е позитивна а ќерката слободно си се шета а притоа живеат заедно во иста куќа. И после ќе се чудаме на бројките. Катастрофа!
     
    На tina2018 и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    9.755
    Навистина веруваш дека тоа им го кажале Германците? Изговор за да продолжат со работа.
    Германците откажуваат, зошто немаат и тие што работа да пратат, тоа веќе сработеното им седи по магацини.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.344
    Допаѓања:
    15.615
    Пол:
    Женски
    Не го ставаат семејството во изолација освен ако не пројават симптоми. 3ца со корона познавам лично, на никој не им ги изолираа семејствата.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Баш. Од синдикат предложена мерка:shake:.
    Мерката е препишана, како и сите други -логиката е дека колку повеќе време се запиваат, толку помалку внимаваат на препораки. Ама меркава беше во Хрватска измислена за туристите од ЕУ;)
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Семејството и секој еден што имал контакт со лице позитивно на ковид се става во изолација. А се тестира доколку појави симптоми. Е сега кај нас што свеста на луѓето е на минимум, па кријат контакти само за да не ги стават во изолација, тоа е друга приказна. И јас познавам случај каде мајката беше позитивна, ќерката не беше во изолација, а живеат во иста куќа. Или друг случај, дечко и девојка, девојката позитивна, дечкото ај што не е во изолација, туку и секоја вечер си идеше кај девојка му на гости (facepalm)
     
    На tina2018 и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.171
    Допаѓања:
    42.130
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во изолација кога брат ми беше заболен.
    Немавме симптоми.
     
    На tina2018, LejlaD и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.344
    Допаѓања:
    15.615
    Пол:
    Женски
    Значи мора да имаат некој критериум зошто некои ги изолираат, а некои не, само којзнае кои им се.
     
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.171
    Допаѓања:
    42.130
    Пол:
    Женски
    Не знам златна, секој ден не проверуваа од полиција дали сме сите дома, не само за брат ми.
    И тие не знаат кои критериуми имаат, не можат едни во изолација од фамилија други не.
    Катастрофа, не знаеме каде тераме.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Не е проблем до критериумите, проблем е што повеќето заразени кријат контакти. Еве пример @bicycle била во изолација зашто брат и кажал на епидемиологот дека имаат близок контакт, пошто живеат заедно. Ама некои не кажуваат, лажат.
     
    На tina2018, Jana06, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    @LadyR Бидејќи не ми пиша лп,ќе пишам овде може на некој ќе му користи.

    За доаѓање во Малта треба да се има дозвола од Министерство за здравје. Се пишува мејл на
    covid19.vetting@gov.mt во кое објаснуваш зошто доаѓаш. Овде мора прецизно објаснување да се даде бидејќи целта е да дадат дозвола.

    Бидејќи не спаѓаме во safe country се иде најблиску преку Бугарија. За транзит не треба тест ама Малта ја стави Бугарија на red list мора тест да имаш со себе.

    Освен тест,треба и гарантно писмо и копија од лична карта.

    На Бугарска пасошка контрола ќе поминете лесно,фрката е во Малта.

    Е сега во последно време актуелно е играта на лотаријата со карантинот. Како ќе ти се погоди.
    Јас немав карантин, неколку летови после мојот лет сите завршија во карантин.
    Ако вие одите некаде на гости треба сите со вас во карантин или да си најдете хотелска соба за карантин.
    Важно е некој да има да ви носи храна и средства за хигиена.

    Друго што е важно е дека ако сте во карантин а не го почитувате, не ве најдат дома ве казнуваат со 3000 евра на лице место,ако немате да платите ви следува затворска казнс од 3 години по закон без право на жалба под обвинение дека го нарушувате своето и јавното здравје.

    Во текот на карантинот во првите 48 часа треба да се пријавите во Covid центарот и да закажете тест. Бесплатни се тестовите.
    После на 10 ден пак се тестирате.

    Е сега она што првичното ве буни зошто правите тест у Мкд ако овде идете директно у карантин? Сеуште никој си го нема одговорено тоа.

    Уште почудно е што на аеродром ќе ве пуштат или сами да си одите или они ќе ве возат.
    Ако е првото ќе се чудите пак како карантин а си одиме сами со свој превоз.


    И ако не ви одговорат на мејлот одете на таа карта “Се или ништо”.
    Секогаш успевало тоа “Сѐ”.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Се шушка за целосен карантин од Петок вечер до Вторник наутро, за време на продолжениот викенд.
    Јас пак целосно си одбив од глава дека е можно пак карантин и полициски час.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    14.483
    Од кај ова за продолжен викенд дека ќе има полициски?
    Ми се ежи кожа кога ќе прочитам за карантин.
     
    На 1209, Nane2356, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Не знам дали е вистина или само обид на порталот да привлече внимание... :?:

    Еве линк: https://skopjeinfo.mk/mozhen-karantin-za-prodolzheniot-vikend-koj-sledi
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Не е лошо еден карантин.
    Иначе, кога ќе се расшетаат сите дека продолжен викенд... башка школската година почна... урнебес ќе биди после.
     
    На tina2018, bicycle и senjorita-v им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Ко за Илинден што не се рашетаа оти имаше карантин?
     
    На fana, azelea, TheDongerino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.938
    Допаѓања:
    139.540
    Пол:
    Женски
    Баш така.. нека најават 3 дена порано да има време да си се рашетаат со време.
    Не верувам на карантин тогаш е прогласен викенд без ДДВ. Мене повеќе ме плаши роденденов на Сити мол.. ко ќе гргнат сега за попусти
     
    На BlackNight, fana, redhead и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Може и да се забрани да се изнајмува привремен престој во тој период од 2-3 дена.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.938
    Допаѓања:
    139.540
    Пол:
    Женски
    Ќе речи не го изнајмувам роднини ми се. И што ДНК ќе им вадат?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Не смее да го најдат никој на адреса која не му е живеалиште... пример...
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.938
    Допаѓања:
    139.540
    Пол:
    Женски
    Пола Скопје е со адреса вон Скопје... Да не збориме што се водат на една а живеат на друга адреса..
     
    На senza.parole, fana, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.