1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    279.022
    Па познавам :)
    Сосема случајно, тоа ми е работа.
     
    На Hellobeautiful, candy.cane, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    279.022
    Забавувај се, што да ти кажам.
    Очигледно нема кој да ти забрани овде :)
     
    На Hellobeautiful, LejlaD и ivi1987 им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    14.483
    Ок. Ти се знаеш. :)
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    279.022
    Не знам се'.
    Ама знам доволно.
     
    На Hellobeautiful, candy.cane, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller каме, кажи ми во која држава ги плаќаат угостителите за да седат дома?
    Ако сакаме да погледнеме реално тоа не е возможно.
    Наместо како што кажа @JuLleE да излезат инспекциите на терен, двајца за еден град во источна е доволно и да работат тоа што се платени всушност, со почитување на рестрикции и основните три мерки, тие се фаќаат да затворат оти така е најслесно, кога знаат дека притоа не можат да ги платат. Ама им е гајле како газдава од ресторантот, кафичот ќе однесе леб дома?
    Па најслесно да затвориме, да ги оставиме овие сектори на улица, да седат дома и да се чудат како да преживеат.
    Оти па имаме безброј мали локали од кои се заработува месец за месец, ама и поголемите со долг временски рок на затварање ќе ојдат во неповрат.
    Кратка е линијата меѓу голем бизнисмен со солидна сума на финансии и банкрот или па трошка.

    И не, немаме потреба да одиме на кафе, да одиме во ресторант, да се собираме, да одиме на крштевка свадба и слично, баш во ваков период на втор бран во комбинација со есен/зима. Можеме да почекаме, да, ниту имаме потреба АМА едно големо АМА за сите угостители, тажно е и жално. Ионака ги утепаа 3 4 месеци, сите тие луѓе имаат фамилии и позади тие луѓе стојат животи. Не е изводливо сите да ги плаќаат, колку па и ќе бидат платени?
    Како што кажа јуле, инспекција на терен почесто и тоа би било тоа. Сите оние кои што не почитуваат (јер пандемија и оправдано оти никој не сака во ваква каша да живее) нека им се препишат соодветни санкции како пример за како не треба, навистина не треба и не е време.

    Болно, криво е што никој не беше казнает а праел пари додека оние кои што колку толку соодветно работат за свој леб и почитуваат го јадат, епа да, болно е и криво.
    И не е во ред. И греота е
    Се изнагледавме видеа надвор од секакви контроли, и овие сите заслужуваат да бидат казнети за да бидат пример за сите останати.

    Клучот и банкротот се водат под рака и е едно од најлесните решение но што потоа?!
    Како ќе живеат овие луѓе.
    Јас иако не сум во овој сектор ниту маж ми сепак секојдневно вака размислувам за овие луѓе, и ми е жал.

    Нека има рестрикции мерки и што год инспекции најпрво и нека си заработуваат луѓето за леб.

    Не, не треба да бидат затворени, ниту им посакувам оти само тие си знаат како е да бидеш дома без работа и без пари, без надеж, без трошка светлина од нигде никаде.
    Прелошо е, осетивме па знам, и имам разбирање
    И многу е лошо. Стварно е лошо.

    Пред да осетам другчие "чуствував во себе" кога осетив можам да ги разберам и да сум ПРОТИВ за нивно затворање
    Оти не знам што е полошо вирусов или безпарица.
     
    На Harper, 1209, BloodElf и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Мене нека не ми е до кафе. Ама од моето и твоето кафе зависи дали некој леб ќе однесе дома.
    Ама јасно ни е дека таквото ве боли веќе за туѓа уста.
    Неколку пати што имам седено во кафич од март навака, во сите се почитувало.
    Ете вработени во туристички сектор немаат работа. Им помогна државата финансиски? Не, веројатно нешто едвај. И вие ми кажувате дека истата таа држава ќе им даде пари туку така на угостителите. Мхм, жими....
    А што се случи со 100тината газди кои парите си ги пикнаа во џеб? Ништо. Јас да бев, во затвор ќе ги пратев сите.
    И додека курташак си игра некој таму, вие слепи се правите.

    Ако пари не се битни, дајте им ги вашите.:)
    Кој СТВАРНО не почитува, ок, затвори. Другите остај ги на раат.
     
    Последна измена: 6 октомври 2020
    На Kitten, Harper, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Греота ќе биде ако настрадаат тие што беа фер(малкумина беа ама сепак) поради некои си дискотеки кои се префрлија во кафе барови и правеа забави со по 200 души.
    Имаше и места каде што се почитуваа мерките, ама кај повеќето не. Газдите лакоми за пари а не размислуваат дека ако им букне од таа забава пола град ќе се зарази со се персонал нивен, тогаш кој ќе им иде да работи или да прави промет? Пак ќе треба да затвори.
    Инаку што одлучија, до 22 ли ќе смеат да работат сега или пак си е по старо?
    И ве читам сега и сакам да ве прашам кога одите на кафе, се договарате за да се видите со пријатели/роднини, сигурно не си викате еј ај да отидам на кафе да направам промет да има газдата да им даде плата на вработените. Тука се некои светици најдобродушни. Еве и да има некоја таква личност тоа е 1:10000.

    Музичарите... они во една вечер што ќе заработат некој 3 месеци оди секој ден 3 смени на работа. Па сега уште да ги жалиме. Можеа да си пејат на страна, а не да одат по маси па на увце да пејат. Епа сега еве им. Они се жалат седеле дома немале што да прават. Нека отидат да им помогнат во Инфективна ако им е толку досадно.
     
    На BloodElf, Bezimenka90 и redhead им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во Италија нема да има нов карантин, бидејќи економијата не би можела да го издржи тоа, а прашање е дали граѓаните би можеле да поднесат повторно да бидат затворени во своите домови, пишуваат италијанските медиуми, цитирајќи политичари и економисти.

    Премиерот Џузепе Конте потврди дека нема да има нов карантин, пишува агенцијата „Анса“.

    „Ги преземаме сите мерки за да не се случи тоа и имаме развиено одличен систем за откривање и пребарување на лица заразени со Ковид-19“, рече Конте и ги повика граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Имуни“ на нивните телефони, која овозможува да бидат откриени контактите со заразено лице.

    „Тоа е морална обврска на секој Италијанец“, рече премиерот Конте.

    ©Makfax.com.mk
     
    На dankee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Двапати повеќе заразени лица се регистрирани денеска во Словенија во однос на вчера, а поради зголемениот број хоспитализирани лица потребни се уште сто кревети во болниците, соопштија властите.

    Во последните 24 часа се потврдени 189 нови случаи на коронавирус, за разлика од 74 во понеделникот. Уште тројца пациенти починаа, објави словенечката Влада.

    Во Словенија, од почетокот на епидемијата се заразени 6.764 лица, а 159 од нив починале.

    Поради големиот број на заболени и зголемениот број хоспитализирани лица, владата најави нови мерки и зголемување на капацитетот на болниците.

    Меѓу разгледуваните мерки е ограничување на работата на рестораните и продавниците и намалување на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се соберат на едно место на најмногу десет, без разлика дали се на приватен или јавен простор.

    Докторката Бојана Беовиќ, која го предводи владиниот тим за справување со Ковид-19, рече дека во наредните денови ќе бидат потребни дополнителни 100 кревети за болните, а планот е да се прошират капацитетите на Клиниката за инфектологија во Љубљана.

    Дополнителен проблем е што вирусот влезе во некои поголеми болници во последните неколку дена, вклучително и во болницата во Јесенице и клиничките центри во Љубљана и Марибор.



    ©Makfax.com.mk
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Имам близок музичар. Ги уценуваа газдите последните месеци "за 500 денари ќе свириш или нема да те викнам". Буквално за ништо свиреа оти профит од никаде.
    Како може толку да потценувате некоја професија, не ми е јасно. Очигледно само вашиот труд вреди.
     
    На Harper, 1209, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше вчера зборот за тие што не почитуваа, нит ги жалам нит ништо.
    Па и тие што починаа и тие што заболеа се нечии роднини, деца, родители.
    Поради тие што не почитуваа ќе страдаат и тие што почитуваа и?
    И јас знам како е да останеш без работа, ама да не почитуваш протоколи и да се курчиш и протестираш?
    Кај шуто па и боде.
     
    На LejlaD, tinka-mace и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.421
    Пол:
    Женски
    82160167-74D7-461D-AFA2-F3DCE987BAA6.jpeg Кажете кај да бегам??
    Уште овие фалеа да протестираат мајко мила :headbang: :drunk:
    Па да ги почитуваа мерките на Владата немаше да забранат дј-еи и журки, сеа маски ќе носеле.
    Идиотизам и ренесанса :?:
     
    На Hellobeautiful, candy.cane и tinka-mace им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Да, пошо нашиве пејачи и групи се Аца Лукас и наплаќаат илјадници евра за настап. Ок.
     
    На Feminka22 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.547
    Допаѓања:
    38.810
    Пол:
    Женски
    Нека им помогне владата парично и никој нема да протестира.
    За луѓево што исклучиво од тоа заработуваат 6-7 месеци нема работа, а тие прво пуштање на настани на отворено и на кафичи пола Србија ја викнаа. А ваму промовираат домашен туризам и домашни производи.
     
    На christinnn, CameliaMiller, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто се согласувам со тебе?!
    Бидејки искусив како е да се остане без работа и без воопшто финансии дома.
    Имам дете.
    Не бев ни на небо ни на земја. Живеев умрена. Буквално.
    Ама не можат некои да ме сфатат оти нели, своја планина своја тежина.

    И јас во локдаунот тука во Италија бев смирена, укуткана што би рекла дома, работа, финансии си течеа ние се занимававме со корона вирус.
    Се...додека.... еден ден ни се смени животот со еден тел повик од корен.
    Тогаш искрена да бидам на крај памет ми беше корона вирусот и статистиките.

    Сеуште имам проблеми, оти платата што чесно ја зарабоуваш не си ја добил. Се уште сум за никаде. Оти нормално, ни остави огромни последици врз фамилијата. Градевме ама до тука беше тоа што градевме 3 години, во 3 минути ми се сруши врз глава.

    И затоа пишувам, дека ги разбирам угостителите и музичарите и сите други.
    А да не ми се случеше ова што ми се случи може ќе сум рекла "претеруваат".
    Ама тоа "претерување" да живееш како мртов од внатре оти финансии немаш е многу лошо.

    Секогаш велам да не се суди оти не знаеме како живее другата страна за која што се утепуваме зборувајки.

    Не сум добродушна светица, уствари таму каде што е потребно се трудам АМА сум искусила како е па за својот живот зборувам. Оти ми дошло над глава.
    Оти едно е да зборуваме и да дебатираме мислење да си дадеме додека саатница/дневница ни тече, друго е кога човек ќе го срушат па онда знам јас само како де живее.

    И да, одам во кафич оти потреби најразноразни во животот ги имам како социјализација, свеж воздух, оддишка, оти преферирам сама да пијам кафе со весник во рака на пример, не одам овде да се собирам со 10 души и да лигавам кафе 3 часа, исто како што газдите имаат потреба од финансии, едно со друго некако ми доаѓа спонтана потребата за "испиено кафе" некаде. Не дека не можам без, оти не одам често по кафичи.
    Зошто ти на пример да работиш а тој во тој бар да не работи?
    Еве ти ако не одиш ќе оди друг.
    И со марки и со дистанци и со све.

    Знаеме често да пиеме кафе со маж ми, сама, одиме по таверни на отворено да оладиме глава направиме муабет избегаме од секојдневие со чашка вино.
    Се фино и културно, без пријатели, на отворено и се тоа.
    Зошто не можеме така да поживееме одреден период?
    Еве јас така живеам.
    Не сум имала потреба да се пикам во затворено со 50 луѓе кафе да пијам или да одам на свадба.

    Ама фино и културно со протокол со маж ми и те како седиме и ќе седиме.
     
    На 1209, DraganFem, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Контрадикторен ми е овој.
    На почетокот бараше рестрикции,сега кога колегите прават пари,а тој не почна да плука.
    Го замислувам како музичарите од бродот Титаник.

    86A4F21C-14F9-4AFF-94FF-64C551BACDAE.png
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    279.022
    Абе ајде.
    Кој воопшто зборува за нормални кафулиња?

    Јас пак мислев збориме за журкиве, свадбиве... оно трубачи, певаљка, сВе по ред.
     
    На candy.cane, tina2018, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Имам и јас познаници со бендови. Греота е оти луѓето од една свирка донасаат дома леб за фамилија.

    За Аца Лукас и компанија требало владата да реагира исто така и за свадбите и за се друго.

    Ги згазија под нозе бендовите што живеат месец за месец од свирки ради оние што имаат и што пак ќе имаат, ради "забранетите свадби" оти тоа "забрането беше само во теорија.
    А во пракса ако сакале ќе ги спречиле има куп опции за спречување ама не сакале очигледно.
     
    На LejlaD, Ева33 и Mantub им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Недозволиво на теорија.
    Пишав погоре
    Во пракса обично ако сакале можеле да спречат, да пломбираат, да затворат објект, да ги препратат дома, да им пишат казни и така натаму.
    Ама не сакале. Ете.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.364
    Допаѓања:
    279.022
    Па и Аца и сите останати.

    На луѓето кои останаа без работа (свадбарски бендови) треба да им се овозможи барем минимален приход.
    А не, не треба да работат и не треба да има свадби никакви, ни орца вртење.

    За тоа не се криви музичарите, него оние кои им дозволија.

    Не знам дали плаќале музичари во други држави, ама дека во стејџ 4 локдаун свадби правеа по Австралија пример, мало морген.
     
    На candy.cane, LejlaD и Bezimenka90 им се допаѓа ова.