1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.075
    Допаѓања:
    54.063
    Пол:
    Машки
    Односов на Филипче е за секаква осуда, какво е тоа дрско однесување ко пред селска коперација. Неговата егзистенција да беше загрозена да видам како ќе се однесува, дали ќе седнеше да бара решение или ќе се нацрташе пред Инфективна ко што ги праќа музичарите.

    Највеќе мразам кога се омаловажува нечива струка и работа, секој труд заслужува да биде платен а во вакви тешки времиња и да се помогне.

    Еве една идеја, нека се откаже Филипче од министерската плата и нека им помогне на луѓево што се 7 месеци без ебан денар.
     
    На Kitten, Harper, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Пишав преска, Јуле што кажа, со протокол, да. Инспекција на терен.
    Свадби, не.
    Фино културно можеше да се издржи одредено време да се седи на маса, лајт атмосфера со пијачка муабет и тивка музика од некој бенд, доволно ќе било на пример со некој близок пријател или роднина, мада што ние сами седеме, на отворено, си пиеме и муабетиме. Немаме штета од тоа.

    Треба да се има граница, до каде, секој сакајки и имајки добра воља може да издржи на овие времиња со нешто инакво тивко културно лајт. Ама никој не сака и никој нема добра воља и никој не може да се возджи оти сите се себични и никој за никого не го е гајле и сме ние луѓето станале себични створења.

    Камо среќа државата да помагаше онаму каде што треба, јас се повеќе читам дека помага онаму каде што најмалку е потребно и најмногу се има.
     
    На senjorita-v, LejlaD, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.477
    Допаѓања:
    20.225
    Маалски кафич, и воедно првиот каде седнав откако се се отвори.
    Значи, околу средината на јуни се држеше растојание, се почитуваа мерки, ние бевме тројца па ни споија две маси за да седиме како што треба.
    Сега? Маси и столчиња начикнани едни до други, да не може да поминеш. Минатиот викенд поголема група момци нешто славеа -на две мали споени масичиња беа збутани над десетина гости, залепени еден до друг, уште во скут да си седнат. Со честитање, со грлење, со љубење.

    Е сега, реков маалкси кафич, ама на булевар е. Не е дека е скриен некаде низ сокачиња, па да кажеме дека газдите се опуштиле зошто не се гледа. Баш напротив, на ачик е ептен. И после рипаат бројките. Епа нормално дека ќе рипаат. А знам дека таквата глетка не е само тука кај мене, туку кај сите попосетени кафичи низ градов.

    Прашањето ми е, зошто не знам како се сега мерките- дозволено е вакво групирање (глупирање) или газдиве кулираат?
     
    На Mishela, dayla, Hellobeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.982
    Допаѓања:
    265.956
    Забрането е ставање на лични видеа, инаку ќе ви ставев да видете како тие газди па и музичари почитуваа протоколи и мерки.
    Требаше да си го чуват лебот, а не, се однесуваа како да нема вирус.
    Им дозволија да работат, они една мерка не почитуваат. Напротив, дозволуваат и родендени и свадби.
    Некни имаше певаљка во еден локал, забава до максимум, а статистика вели 200 и кусур заболени. Женава си шеташе од маса на маса. Утре ќе оде да протестира.
    Друг кафич има акција на наргиле забава. Во сред корона. И они ќе протестираат.
     
    Последна измена: 6 октомври 2020
    На green.eyes, Nausicaa, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Дали некој сериозно знае да каже, еве од кафиќ се заразени?
    Ти, јас, Митра, Петра, појма немаме. Тие што следат контакти и работат на проблематиката треба да излезат со таква информација, ако воопшто постои.
    Да, знам за кластери од журки на Паг- пиеле од исто шише. Не знам за кластер од кафич, ни за МК ни за некоја друга земја, од проста причина- нетранспарентност. Затоа мерките изгледаат како лов на гуски во магла
     
    На Harper, 1209, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Што се замислуваш ти да преиспитуваш како македонските власти носат мерки :D
    Анализирале бројките тие, што ти е гајле кои бројки. Може тие од извлекувањето на лото :D
     
    На Herrera, candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Никаде не реков дека само мојот труд вреди. Јас веќе неколку месеци помогам на болни(не од корона) без пари, можеби само еден ми го вреднувал трудот од сите тие, ама мене тоа не ми е битно. Сакам да помогам и го правам тоа. Не го кажувам ова како фалење туку во контекст со ова дека не го вреднувам туѓиот труд. Ама секој втор стана музичар/пејач и сега полесно е да бараш од државата помош одколку да се потрудиш на некој поразличен начин да заработиш пари. Самата имам слушнато од музичари кои викаат "абе ќе најдам јас друго работиче, не е тоа проблем ама зошо кога можам да чекам помош од државата, на сите им дадоа зошто јас да се замарам и да се мачам да си го потам газот негде за 200 евра". :o Еве баш вака со овие зборови. :nod: Зошто многу е полесно да пееш на увце за разлика од тешка физичка или психичка работа во фабрика/болница/маркет и сл. Се разбира тука не спаѓаат сите музичари, чест на исклучоци.
    Па не треба ни тие. Ама јас или ти ќе ги спречиме? Ако можеме ајде тогаш.:wasntme:Додека има овци за трижење т.е. додека им оди народот ќе си идат и ќе си лапкаат парички и око нема да им трепне дали некој од нивниот настап се заразил. Они ќе си заминат во нивната земја и после ние ќе си ја чукаме главата од каде 200,250 нови и ќе се расправаме пак кој е крив, народот ли, власта ли, МВР ли...
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    А зошто некој да работи за 200 евра, тоа нормално е, фамилија се гледа со 200 евра?
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.982
    Допаѓања:
    265.956
    Наводно се анализирале контактите и затоа ова, а и еве види години на заразени и не мора да си епидемилог, па да сфатеш од каде се бројките.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Па ако еден работи во цела фамилија тие 200 евра нормално дека нема да стасаат. Ама во ова кризно време и тие 200 не се за фрлање.
     
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    17.777
    Пол:
    Женски
    Кога дозволиле 12 луѓе на маса? :^) Нели беше со 4ца на маса, со растојание и од почетокот, ако добро се сеќавам? За сега да прават рестрикции од 12(?) пак на 4? Не сум сигурна, ама стај 2 маси по 12 луѓе и ете ти мала свадба...ама свадби не биле дозволени? :D
     
    На candy.cane, tinka-mace, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.477
    Допаѓања:
    20.225
    @Biljarkata,
    апсолутно се согласувам со се што кажа. Тоа и сама го зборам овие денови, како што почнаа бројките да растат. Нека кажат најголениот број од заразени како се заразиле- од дружби, од работа, од собиранки по станови и куќи?

    Зошто кај мене на работа не е автобуска станица, ама дека има движење, има. Се почитуваат мерки на претпазливост, растојание да но маски не носиме. Со оглед на типот на работа, не се ни опција, за жал.

    За дружење се дружам, ама со мал круг на луѓе за кои знам дека се одговорни и дека внимаваат. Седиме со растојание едни до други, не се гушкаме. Ама и они одат на работа, така да... тоа е што е, ризик има.

    Откако почна се ова не сум излегна никаде чопоративно, во кафич сум била на прсти да се изброи. Практично цело лето бев во парк или на кеј.

    А конкретно, тие што јас што ги знам што беа болни, беа од оние што се грлат и љубат. Односно, оние кои не намалија со социјалниот живот. Чопоративните собиранки по куќи и викендици.

    Затоа стварно ме интересира од каде највеќе се заразувааат кај нас.
     
    На Waverly Raven, candy.cane, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Куп луѓе изгубија работи во кризава. На страна муабетиве, не се наоѓа така лесно.
    Ама нели, ете, оти он така рекол и ти така си чула, нека е така.
    Заради една реченица кажана некогаш ќе заклучиме дека музичарите неќеле да работат и свирењето не е работа, ги плаќаат за да се занимаав по цела вечер.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Не ги ставив во ист кош сите, ако видиш во мислењето го напишав тоа. Ама зошто па и да прочиташ кога е многу поинтересно да се критикува и да се сфаќа како ти одговара..:)

    Инаку и јас многу добро знам колку е тешко да се најде работа, го имам почувствувано тоа на своја кожа.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Јас би видела години на заразени, кај мене тој предмет не постои:D. А ако се млади, ништо не значи. Ако биле во исто друштво, сеедно дали биле во кафич или дома или на викендица. Е сега ако не, па дружење да забранат.
    Општо ми е муабетот за гуски во магла, не само за кафичите и не само за МК.
     
    На orevokrsacka, JuLleE, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    @tinka-mace @DAngel
    Со погорниот пост да се надоврзам дека и не е само да најдеш работа, каква-таква као, дефинитвно не е.
    Работата е проблем да, и секој ден одиш на работа.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Кај нас моментално најзаразена е младата популација. Од журки и кафичи, родендени, слави, свадби, што ли не.
    Они не се ни тестираат. Повеќето го минуваат лесно, ма не ни веруваат. Ама го носат на старите. Е тие го теглат дебелиот крај .
    Општ хаос е тука. Полна е инфективна. Плус куп доаѓаат во дневна болница оти нема место за лежење. Се спрема нов дел за кој нема персонал.
    Народот мува не го лази.
    Од кога почна тука да растат бројките ми иде да се скријам некаде и да излезам кога ќе заврши. Преку глава ми е од народ кој не почитува мерки и не верува.
    Маски ставени на врата, да ги стават на влез ако немат и пак се бунат. Колега на работа без маска. Не верува.
    Да имаше малку памет народот, подобро ќе беше. И казна за сите еднакво.
    Па после нека се бунат локалите.
     
    На Harper, Aribeth, Purplelilac и 21 други им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Точно, многу нормално. Ама ако семејството немаш да си го прехраниш месецов, сакал или не ќе одиш и за 200 евра и за 250. Нема да лежиш на тоа уво дека државата ќе ти помогне. И да ти помогне нема 2000 евра да ти даде и да рече лежи дома еве ти пари не мора да одиш да пееш.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Па они не бараат ДА НЕ ОДАТ да ПЕАТ.
    Тие бараат да им дадат да го работат тоа што си го работеле.
     
    На fana, СуперДевојка и vitamina им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    А ти ако не си музичар како можеш да знаеш низ што поминуваат за да викаш "си лежат дома и чекаат помош" ?
    Игнорантно.
     
    На fana, Tan4ence и LejlaD им се допаѓа ова.