1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Некои да. Некои не. :)
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Па некои тоа и го прават.
    Инаку за тебе секое мислење различно од твоето е неправилно.:)
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    А како да најдат друга работа кога воопшто не се бараат работници, кога куп се отпуштаат секој месец, кога и тие што работат, за намалени плати работат, не па и други покрај нив да се плаќаат.
     
    На dayla, Mantub и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Ама ти ако имаш аргумент да објасниш зошто тоа што го кажуваш е точно, напиши го аргументот, лични напади се смешни.
    Лесно е многу да коментираш кога не си им во кожата.
    Гледај ти да си ја заработиш платичката, не замарај се со другите.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    https://republika.mk/vesti/ekonomij...javniot-dolg-kje-dostigne-6-5-milijardi-evra/
    На прашањето, пак, дали е загрижен за тоа дека јавниот долг ќе стигне до над 60% од БДП, Бесими вели дека тоа не е нешто кое не би требало да се каже и дека е загрижен за економската ситуација и социјалниот импакт од кризата.
    Нормално тој дека нема да се замара си зима плата.
    Можеби не е за овде ама си има ефект мерките што беа од Март-Мај.
    Нека размислат 2 пати пред пак да затворат се и да почнат со п. ч.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.983
    Допаѓања:
    265.956
    Во овој дел на Мк се мислам нај хардкор неверувачи во корона.
    На баба ми брат и, е на Инфективна кај вас, со корона, баба ми лабава, се видоа пред 14 дена, а и велев не оди, Струмица има, кај нас има, стари сте. И еве ја, јас бев заразена, брат и, ништо не било, од хемороидите бил малаксан, а он на инфузии. Па и силна, револтирани се оти домашните ги затвориле.
    Не веруваат и почнаа да се заразуваат.
    Си прават собиранки, морало помени, свадби, крштевки.
    А сите се со хронични болести. Сите.
     
    На Tajnaotrovna, Nausicaa, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Систина доби субвенции ако не се лажам...така?
     
    На Biljarkata и fana им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Дали е сериозно ова? Со такви цени приватните што ги зимат за тестови не заслужуваат денар од државата.
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Го избришав пошто не сум сигурна дали стварно беше така, па еве нека одговори некој, ама некој од тука имаше кажано.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Нормално дека сериозно
    upload_2020-10-6_16-6-33.png
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Имаат пари да го крепат приватното здравство, а за државното немаат да вработат персонал кој во моментот е очајно потребен.
    Во оваа држава ништо не функционира.

    Нашите се уморија барајќи да им се донесе персонал, овој нашиот таканаречен дирекотор само грчи мишки. Како буква безгласна.
     
    На Ivan4e04, Harper, 1209 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Е! буква безгласна.
    Да, на Систина одма им заборавија кои војни профитери беа, и како лажеа за тесовите серолошки, и како се испозарази народ за нив, и како се караа дека министерството за здравство ги саботира.
    Сега гледам пак се фалат со некои ултра брзи тестови.
    За се имаа пари освен за кај што треба.
     
    На Harper, Celltica, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Леле немале пари за да ги исплатат вработените. Добро има некој во ретардираната држава што им ги проверила приходите пред да им дадат вака пари? Кога веќе им дале можеле да ги обврзат тестовите да им бидат безпари или такво нешто.
     
    На Biljarkata, Bezimenka90, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    Нови 225 заразени, 8 починати, 159 оздравени.
    Само јако до врвот.
     
    На Feminka22, јolene и LejlaD им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 120
    -Куманово 10
    -Штип 8
    -Прилеп 15
    -Тетово 17
    -Струга 6
    -Битола 7
    -Охрид 4
    -Гостивар 1
    -Гевгелија 3
    -Струмица 13
    -Крива Паланка 2
    -Кочани 6
    -Пробиштип 2
    -Берово 3
    -Виница 1
    -Делчево 1
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2
    -Неготино 1

    Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:

    -Скопје 56
    -Куманово 13
    -Прилеп 10
    -Тетово 10
    -Струга 2
    -Битола 3
    -Охрид 1
    -Кавадарци 2
    -Гостивар 9,
    -Гевгелија 2
    -Струмица 14
    -Крива Паланка 3
    -Радовиш 2
    -Кочани 14
    -Пробиштип 2
    -Македонски Брод 1
    -Берово 2
    -Делчево 1
    -Свети Николе 4
    -Кичево 7
    -Неготино 1

    Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Владата ги разгледа и ги усвои предлог измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на Ковид протоколите.

    Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

    Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

    Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

    Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието на Република Северна Македонија.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Со месеци бројката се движеше околу 2000, сега веќе 2500 помина, тера накај 3000.
    Многу...
     
    На Ahoy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Дали е стапено на сила дека може да се влезе без тест во Србија? Или уште е предлог закон?
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    4.446
    Od 12 oktomvri ke moze.
     
    На Ahoy и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Да почитуваа мерки кафаните и останата багра, немаше сега да драмат и да протестираат. А не, вработените без маски или со маски на муцка работат, масите збиени па луѓето си тријат грб од што се залепени, ноќните клубови со полна пареа си работеа, музичарите лабаво на увце си пеат и одат од маса на маса со микрофончето и гитарчето. И за што да ги жалам? Зашто една е*ана мерка не испочитуваа? Зашто се лакоми и да можат ќе спојат маси од почеток до крај само за да заработат екстра?

    Ги жалам отпуштените од бутици, продавници и фабрики. Ги жалам мајките што останаа на боледување за мали деца и добија отказ, ги жалам и тие што од породилно не се вратија на работно место зашто добија отказно решение. Ги жалам и луѓето што работеа по градежни фирми за да заработат за леб дур да отидат до пензија ама во пандемијава добија отворена врата и останаа дома без денар и можност да најдат нова работа ради годините.
    Ни криви, ни должни.
     
    На Ivan4e04, Mimmi39, Annath и 37 други им се допаѓа ова.