1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Кажи кај ги гледаш бројкиве8-|? Жити морето
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    И тие бројки неаат врска. Тестовите се од последните 24 часа, и резултатите се тие што се добиени во последните 24 часа (значи не се позитивните дел од тие тестови).
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Аха...уште весела математика за денес:wasntme:
     
  4. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    6.540
    Пол:
    Женски
    А па црногорциве на 600 000 народ секој ден имаат по 250+ новозаразени:?: вкупно во цела држава имаат скоро 3900 заразени :| од август воведено е маски и на отворено и на затворено,на отворено 99% никој не носи а во затворен простор скоро исте носат. Воведоа и полициски час во најзагрозените градови,во други 3 само кафичите ги направија до 22 да работат а забрана за бендови по кафичи и нокни клубови сеуште важи од самиот почеток и пак секој ден имаат по 250+ новозаразени
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Од МЗ на Словенија :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, и 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.

    Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, согласно протоколите ќе биде земен и примерок за одредување концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

    -Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот – да донираме ковалесцентна крвна плазма!, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19.


    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk, JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    И така по сите министерства шеташ:o.
    И ова од забава го праиш:?: или Филипче, ти ли си?:D
     
    На LejlaD, Angie1432 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    :rofl::rofl: Не :D
    Сега дека побара податок најдов ова, инаку не си правам екскурзии :rofl:
     
    На LejlaD, NPN, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знае некој после колку дена отприлика при контакт со заболено лице се јавуваат симптоми?
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ставете по еден полицаец на сите влезови на клиниките каде што има заболени од ковид-19, да не бегаат од болница идиотите и да заразуваат се наоколу – се вели во објавата на Твитер.

    ВДФ?
    Зошто е во болница ако може да бега и шета?:^) Зошто ги хоспитализираат? За да прикажуваат полни капацитети?Дали бил осуден за нешто? Или:?:

    Апдејт- бил бездомник:^)
    Лицето било најдено во близина на кругот на болницата- велат едни
    5 саати го барале, се возел со автобуси- велат други...
    Ок, не коментирам веќе:|
     
    Последна измена: 7 октомври 2020
    На tinka-mace, LejlaD, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    @Ahoy јас секогаш со задоволство го читам, дали статистики или инфо! Верувам и други се како мене :)
    Гоу дечко!!
    :)
     
    На WildMk, mareane, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    @marristovska1 oд другата тема, Симпоми на ковид
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Исто ко пред некој месец кога имаше наслови - пациентите се борат против респиратор, насилно одбиваат да бидат уклучени на респиратор. Ако пациентот насилно може да се бори притив респиратор, тогаш ДЕФИНИТИВНО не е за на респиратор. :D
     
    На BloodElf, WildMk, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Grazie :hug:
    Морам да признаам дека и јас не ти пропуштам ни еден пост :$
     
    На LejlaD, vitamina и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.782
    Пол:
    Женски
    Седум ипол месеци подоцна, се соочувам со особи кои се уште не знаат зошто се носи маска.
    Стигнува такси, маска на мене, отворам врата и чекам да ја стави. Си ужива човекот и чека да влезам внатре. Му велам „Ќе ставите маска или ..“, на тоа возвраќа „Ах, да да, кога сум сам не ја носам, па затоа“.
    Океј, ќе речам сфатливо до некаде ако возилото е проветрено.

    Вози и започнува стандард такси муабет.
    Претерано шокантни вести, зголемување на стравот со истите.
    Океј, се согласувам. И самата се оттргнав целосно од читање на нив.

    Е потоа се продолжува со:
    „А и маскиве мислиш штитат?! Па како се испозаразија тогаш толку медицински лица?“.
    „Кхм.. момент на невнимание?! Директна изложеност на потенцијално заразени пациенти?!“.:?:
    „Абе ајде, па и зошто да мора да се носи маска? Секој си е одговорен за себе. Ете на пример ако ти не сакаш да се заразиш си ставаш маска (контрадикторен дечко), а јас како би те загрозил ако не носам?“
    „Па маската не ја носиш за ТИ да се заштитиш, ја носиш за да ги заштитиш ДРУГИТЕ ако си заразен. Значи взаемно помагање и солидарност, а не колективно здравје со индивидуализам и баш ми е гајле“.
    „Како тоа за другите? Од каде тоа? Јас колку што знам секој треба да може да си одлучи.
    И пак ќе речам, никој нема што починал од него. Овие што си умираат, си е поради хроничните болести“.

    Можам да се потпишам дека во моментот ми идеше да го запрам и да си излезам без да му платам.
    Па нека си се возика после ако сака и 24/7 без маска, нека иде во инфективно, нека гушка заразени.
    Факинг СЕДУМ ИПОЛ месеци да не научиш зошто треба нешто некогаш во некој универзум да се научиш да го почитуваш пред да се буниш како ти се нарушени правата на избор, треба да си идиот.

    Исто и за сопственици на кафичи, ресторани, дискотеки.
    Исто и за музичари кои идат да пеат на маса, како и за диџеи кои прават журки за преполни дискотеки.
    Исто и за сите вработени во маркети, трговски центри, локални бутичиња, фризерници, козметички салони.

    И дај ве молам одењето на кафе да не го прогласуваме за пожртвуваност и емпатија.
    Навистина нема потреба да се лажеме дека некој ќе седне некаде, само од жал за вработените што не земале плати, а против своја сопствена волја. Мислам дека нема потреба од такви драматургии.
    Седнав во ресторан затоа што ми се јадеше и бев во таков каде се почитуваа протоколи.
    Немам намера да спасувам сопственици и вработени кои ме загрозуваат.

    Кога сме кај музичарите, оправдан протест за некои од нив.
    Потребно е да им се помогне финансиски, затоа што сепак немаат баш опции за заработка.

    Во меѓувреме Трамп оздравел, да не го мислите. :D
    Со коктел од три терапии, здрав како дрен и победоносно ја извадил маската да каже дека се пребродува.
    Па златен и јас да имав можност да се лекувам кај сакам, да ми даваат три терапии и да сум под надзор од цел тим медицинари постојано, верувај ич немаше да ми биде страшно.

    И така.
    Ах да, секоја чест за народот и власта во Нов Зеланд. :bow:
     
    Последна измена: 7 октомври 2020
    На Ivan4e04, WildMk, neno0o и 18 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Чекаме официјално соопштение од премиерот до вечер. Од утре маски од излез од влезна врата ;(
    Ми се плаче, оти па ние одиме во парк и сме тотално сами, дека сите деца се во училиште, чуму маска? Ради оние што ќе останат да се пијанчат по барови и ресторани и пак нема са носат маска !!

    Се зборува за блендирање на границите со италија, се зборува за затварање на региони :drunk:
    Некако многу рано, искрено не очекував. Иако размислував можни сценарија.

    Контрадикторни се сами по себе, од една страна не за локдаун од друга забрана за региони, исчекување за блиндирање на граници. :drunk:
     
    На LejlaD, green.eyes, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Да бидам искрен, ни јас не очекував вака рано да почнат со меркиве. Иако не можеме точно да дефинираме кога е "рано", ама не знам, можеби и не очекувано... или времето пребрзо минува...

    Маските на отворено кај нас сеуште се само најава, иако мислам дека заборавена најава, мада ако е препорака од СЗО сигурно ќе ја воведат...
     
    На LejlaD и vitamina им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.908
    Има за денес нов биланс ?
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Не :|:o: