1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври, тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV - 2, 1,5% повеќе во однос на минатата недела.

    Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број нови случаи во периодот од 28 септември до 4 октомври, 403 (37,6%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

    По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела.

    Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50 до 59 години, додека 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

    Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Сovid-19 од 28.09 до 04.10.2020г., како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/
     
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    Ондак оди мешај се, зарази и ти друг и ќе носиш на душа смрт на друг лик.
    Стока се, да, тие што не почитуваат мерки и прават собиранки во време на падемија кога не е дозволено.
    Мешај се со луѓе, утре да не плачеш.
    И да, се плашам, зошто еднаш бевме заразени, да не ти тропне на врата вирусот па друга песна ќе пееш тогаш.
    Ти не почитувај мерки.. И глупи сме тие што внимаваме.
    Цела свет е глуп што вметнува карантини и полоциски часови и маски на отворено, само ние овде сме свилени и од мочка правени и ништо не ни одговара.
     
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    А како сте се заразиле ако сте почитувале мерки?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Како ќе носиш некого на душа ако тој некој се пази?
    Продавачките ги спомнавте неколку пати, продавачките носат маска или под нос или под брада ама во кој и маркет да влезеш.
    Кој им е крив?
    Мислам, јас почитувам целосно мерки и сум за да се почитуваат.
    Ама полека со гилт триповиве малку.
    "На душа смрт на друг лик" не можеш да земеш освен ако одиш и буквално го убиеш.
    Ако тој не се пазел и се заразил, Сори нот сори.
    Заради вакви изјави луѓето се кријат и не се тестираат.
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На Harper, BloodElf, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Mожеш колку сакаш да пазиш и пак да се заразиш од некој твој близок
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Мило ми е што барем не се спомнуваат веќе непребришаните супи и макарони или тоа што патиките сте ги внеле внатре како причина за ширење.
    Жими све не ми се веруваше дека некои до таму беа отидени.
     
    На Harper, lovestoneddd, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.910
    Асипмтоматичен:!:
    На пример, колешка се зарази (со симптоми) од сопругот кој работи во голема канцеларија со 40 луѓе.
    Мажот ништо - таа без вкус и мирис остана.
    На работа кај мажот некои од колегите со недели носеле една иста маска која служи за една употреба.
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На LejlaD, noteforself, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.772
    Допаѓања:
    93.266
    Пол:
    Женски
    Скопје врие,ама се додека фирмите си прават афтерворк парти ,тоа ке е.
     
    На LejlaD, Purplelilac, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    А тој близок како се заразил?
    Јас и со мајка ми и со татко ми кога ќе се видам носиме маска и зборуваме седнати на 2 метри.
    Значи сум скрос апсолутно да се носат маски, дистанца, раце миење.
    Ама "на душа ќе носиш смрт" нема потреба од такви ептен, ептен неубави зборови.
    Манипулативно е.
    Сите чекаме да помине пандемијава.
    Да се расфрлаш со зборови ко некој да е убиец, стварно е премногу.
    И мене ужасно ме нервираат кога чекам на каса во маркет и ми се лепат зад мене.
    Ај на еден ќе му кажеш, на двајца ќе му кажеш, па ти се смачува 7 месеци да се расправаш, а продавачките кои самите опнале лист на врата Забранет влез без маска, самите тие не носат.
    Филипче не знам колку пати повтори, не можела никоја држава да се справи ако граѓаните не биле совесни.
    Е треба да се совесни да.
    Ама да видиш како се справуваат држави.
    Затоа има држави и држави.
    Милион пати прекршени мерки од клубови, од влијателни луѓе, а порталите објавуваат секој ден колку казни за маски се напишале.
    Смешно
     
    На Harper, BloodElf, LejlaD и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Ама тогаш значи тој близок не почитувал мерки...што значи проповедите од темава членката треба кон блиските да си ги насочи.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Секаде врие Косми .:(
    Кај нас не се ни приближно бројките тие кои се прикажуваат.
    Ама народот слободно нека продолжи да не верува.
     
    На Harper, LejlaD, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    Брат ми се зарази на работа, од човек кој криеше симптоми и заразил многу други, не само него.
    Претходно спомнав на темата, кој ме читал знае за што зборувам.
    Патем ќе кажам последен пат и нема повеќе да се повторувам и те молам следен пат одмини ме.
    Пошо не можам да цртам и да ти обојам.


    @Mantub имам многу примери да ти кажам за луѓе што внимавале и се заразиле од некој близок.
    Сега ќе ти кажам пример од мој град, ќерката се тестирала, се изгушкала со родителите додека чекала резултати, ја заразила мајка и, мајка и почина, долго време беше хоспитализирана.
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    И вие што имавте заразен близок на душа да ги носите ондак тие што починаа зашто НЕМАА корона.
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Значи? Кој ја терал мајката да се гушка со ќерка и?
    Демек ќеркава ја зела на душа мајкава ко мајкава да е мало дете и да не знае дека има пандемија и дека секој може да биде носител?
    Секој си е одговорен за себе.
    Брат ти како се заразил ако носеле сите маска цело време и биле на дистанца и миеле раце?
    Сакаш да ми кажеш дека апсолутно немало воопшто момент на невнимание па некако необјасниво се заразил?
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На BloodElf, tina2018, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    А како се заразил брат ти ако почитувал мерки?
    И на крај краева, ако веќе кај него на работа не се почитувале мерки зошто не си дал отказ?
    Пошо нели, здравјето е побитно од парите, бар ти така тврдиш цело време, ама изглеа тоа само за другите важи, само другите треба да седат дома и да јадат корења.

    И нема што јас да те одминувам, а за цртањето не се секирај, јас можам и да ти цртам и да ти обојам за да ти покажам кој лицемер си.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    42.139
    Пол:
    Женски
    Добро пак ти најпаметна, ајде аплауз за цурава.
    Мензите се мали, канцелариите се мали, по 6 души во една канцеларија.
    Инаку да, и брат ми пред да се зарази беа на принуден одмор од фирма.
    Вчера ја распнавте цурава што отишла у маркет ама од друга сртана

    Кој лицемери овде ?
    Она не смее да јаде и да пазарува ама од друга страна мора да се оди на работа и да крие од симптоми пошо мора да работи за плата.

    И да, во мал град сме, и јас останав без работа и моите останаа и многу други, и знам како е.
    Ама не оправдувам криење и непочитување мерки.

    @Mantub ама никој и не ја терал девојката да оди кај мајка и така? Пошо пак ќе се повторам вчера ја распнаа цурава за пазарувањево и шетањево у Стрм по патики ама сега мајката е крива шо ја гушнала.
     
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Знаете за тоа дека ако носите маска, а тој што е заразен не носи, шансите да се заразите се 70%?
    Плус што ако морате да живеете со некој, а притоа не можете да ја убедите личноста што живее со вас да се пази како што вие се пазите, кој е крив? Зарем од дома ќе се отселите и ќе се затворите во една соба засекогаш? Вака или така, мора да се гледате со домашните, мора да одите на работа и сл.

    Не ја читав цела дискусија, тоа мислење ми падна во очи и искоментирав, секако се согласувам дека не треба да се набиваат такви кривици на некого, вирус е, невидлив е, не знаеме дека го носиме неколку дена пред да (и ако воопшто) се појават симптоми. Во целост за тоа се согласувам со @Mantub

    А, @Asparagus, не ви се мешам тука со членката, кој што треба да прави, само го искоментирав твоето мислење дека може да се заразиш и ако внимаваш.
     
    На tinka-mace, deskarada, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Никој не ја терал, ама мајка и пошо е возрасна личност треба да си се пази сама, не другите да пазат за нејзе ко да е мало дете.
    Нормално дека е крива мајката ако се гушка и се зарази, кој е крив, да не е крив тој што ја заразил случајно?
    Јас нема да се пазам, ама вие пазете да не ме заразите.
    Многу тешки зборови за тие што биле носители, а уствари да земе некој истражување да прави ќе испадне дека најголем дел од жртвите, самите не почитувале мерки.
     
    На Nausicaa, Tan4ence, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Се сложувам, затоа реков јас почитувам скрос и сум за да се почитуваат.
    Ама
    Како да му се лутиш на тој до тебе на каса кога таа касиерката не носи маска и не им вели ништо на тие што не носат.
    Подобро не се расправај со купувачите туку со касиерката, закани и се дека ќе ја сликаш и ќе го лупнеш името на маркетот во медиум па да видиме дали и се ризикува да губи работа за глупости.
    А тоа дека не можеш да ги натераш домашните да почитуваат, тоа е, нема бегање.
    Ама па ако домашните не се секираат за здравјето на сите во фамилијата, што да кажам, тука немало слога и претходно
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vilamarija01

    vilamarija01 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ти девојче или што си, хипокондрик морбиден ептен Ти мислиш сите се загржени толку за вирусов со по две маски визир ракавици? Сите со такви постови и пред пандемијава немале нормален социјален жсивт и пандемијава им е мелем.Зборат за умирање пагање на луге по улица глупости.У глобала се смрштени ликови кој само лупкаат по тастаура плукаат по лугето сељаци биле, шират страв и хипокондрија бидејќи за друг живот незнаат.А ако си таков лик да чекаш Ванко и некоја комисија д ати го одрдува движењето и животот , тогаш нема друго освен да те жалиме.