1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.983
    Допаѓања:
    265.963
    Ти се верува дека кај нас се е по протокол? Децата се со маски над нос, наставниците исто. Раце се мијат по 20 секунди, маска се вади за храна и се става во ќесе. Се става пак. Хигиена на ниво, мерки исто. Се носат и зимаат деца исто според протокол, на посебни влезови, во посебни термини.
    Полицијата стои пред училиштето и внимава на протоколи. Инспекции постојано се на терен во градинките.
    Јас сум дури и изненадена.

    Бројот на гости е ограничен поради престојните слави и собиранки на младите. Добри се мерките, искрено, само да има поголема контрола за реализација.
    Маски на отворено ми е и мене чудна, ама пак, во места со поголема фреквенција на луѓе, во период кај што се повеќе кашлаат и киваат, ми е сосема нормална мерка.

    Периодот кој ни престои е малтене страшен и неизвесен. Цела Европа ги воведува речиси истите мерки. Се надевам дека само нема да има затварање.
    Можеме да се стрпиме од собиранки и прослави, оти со затварање ќе немаме за леб.
     
    На mal.ecka, Peperutce1115, dayla и 8 други им се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Точно,не е проблемот во забранување одење во црква,славење слави,Велигден....
    Сите треба да бидат свесни дека никакви собиранки не треба да има, ама :!:.... Не двојни аршини.
    На нашиве се може да им се забрани и се треба да се почитува,да им се пишуваат казни,а на племево етничко никој ништо не им може,ниту нешто им се забранува,ниту казни им пишуваат,дури и при прво кревање глас и претење дека нема да одат на избори,одма им се дозволи собирање во џамија.

    Тоа е она што боде очи.
    Зошто некој не ги пријави кафиќите во Чаир, Арачиново,Тетово,Гостивар....?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    А колку време би требало да се стрпиме? И кој се стрпува а кој не може да се стрпи? Јас да се стрпиме со маска во парк, оти некој не може да се стрпи да не направи журка од 50 души за прв роденден на престолонаследникот:^)
    Мерки инаку се носат за да имаат смисла и да бидат спроведливи, ама од кај да знаат они и што е тоа битно.

    Ако сте заборавиле, цело време само кривата се обидуваат да ја израмнат. Израмнета крива не значи дека сме го убиле вирусот, само демек се добива на време. За што се добива време уште не ми е јасно, пола инфективна се испразни од персонал, другата половина јака им душа, прашање е до кога ќе издржат.
     
    На senjorita-v, 1209, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    2.280
    Овие мерки се за наше добро, за народов да не се опушта да не се собираат во затворени простори и да треба да има санкции.
    Тоа што за Бајрам си се собираа чопоративно е нивни проблем и со тоа го загрозија здравјето на најблиските.
    Осетија некои на своја кожа.Сега може повеќе се пазат.
    Секаде каде што има нерегуларност излегоа инспекторите.
     
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.782
    Пол:
    Женски
    Некако според мене сепак испадна паметно што сите ученици не се со физичко присуство.
    Верувам дека ако беше поинаку, бројката на заболени на дневно ниво ќе идеше и над 500.
    Зголемен е и бројов на тестови, но пак 360 за толкаво територииче се ту мач.

    Но од друга страна колку што можам да забележам е дека речиси сите се вратија на работа.
    Ова мислам е целосно погрешен пристап. Барем да се дозволеше работа од дома за тие кои можат да ги извршуваат обврските од побезбедно место.

    Според она што следам за Скандинавија, таму се применува ваков метод со што се растеретува и јавниот превоз, а тоа ќе е прилично битно за град како Скопје. Можам да замислам што ќе се случува зимава со загадениот воздух, плус автомобили, плус автобуси во комбинација со сезонски грип и друг респираторен вирус.

    Не знам, но сметам дека има ред други мерки кои би биле поефективни.
     
    На Peperutce1115, dayla, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    40.593
    Пол:
    Женски
    Зимово сигурно не е време за опуштање.
    Маски на отворено ако не прочита и јас не оправдувам. А тие што се собираа и се собираат валјда некоја инстируција треба да ги санкционира, а не јас со тоа што ќе се приклучам на масата.

    Мерките не ги оправсувам и јас сите. Ама маска на работа дека не можеле да носта возрасни не може да ме убеди никој.

    Тоа цело време кажувам. Почитување на мерките дистанца, маски на затворено и негрупирање мислам дека може да издежиме, ако сакаме нормално.

    Незнам еве кажи ми ти што мислиш дека треба да се прави? Сите на јуриш како да е нормално се?
     
    На eli25, Ahoy, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    17.277
    Исто и кај нас во школо,децава дисциплинирани не ги вадат маските и ги носат правилно, а и наставничките исто,на врата нема гужвање секое дете си чека ред,а родителите со маски на страна дур им мерат тт и дезинфицираат.Има четири влеза во точно термини секое одделение посебно.Маските ги ваделе на јадење ми кажува ќерка ми која е прваче и не ми се пожалила на носењето маска,она е среќна што оди на училиште и што има активности таму па нема време да размислува веројатно за маската.
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На Peperutce1115, tina2018 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.339
    Бидете сериозни сега, внимавајте, почитувајте мерки, не се мешајте со луѓе... оти капацитети веќе се преполнуваат.

    Ќе ни прават тријажа на врата и по ходници...

    Не си играјте играчки.
     
    На mal.ecka, Peperutce1115, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.942
    Допаѓања:
    139.570
    Пол:
    Женски
    А бре луѓе, и Мош, и Аватар и сите локали може да работат, ама ако народот е свесен, нема да оди во гужви. Гледаш полно е, бегај. Седни на друго место кај што има место.. Аман веќе, без дигање раце на сељандри не можат, а дома да донесат и родители да закопаат со тоа можат да живеат.
     
    На Peperutce1115, Angie1432, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.781
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што ако работат повеќето од дома, пак ќе има гужви по автобусите.
    Затоа што прво ќе ги скраат уште повеќе, а второ, пак ќе се возат пензионерите во шпицот.

    Начини за справување со вирусот има повеќе. Само зависи колку навистина сакаат да се заангажираат. По тоа што гледаме - не многу.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 8 октомври 2020
    На Biljarkata и Ambrosia им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Работата е да се намали број на патници, а бројот на автобуси да остане ист. Или да се зголеми бројот на автобуси. А не они и број патници и на автобуси ќе намалат и пак исти ку*ац.
     
    На Peperutce1115, green.eyes и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  13. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Едино не ми е јасно кај беа со меркиве на сред лето ко беа полни плажите,дискотеките, кафичите без пола метро растојание. Барем кај нас во Струга жими по еден полицаец ќе видевме на два дена, а сега откако помина ваму гужвата се фалат по фб имало засилени контроли, ама ај..

    Друго, на свеста на народот се остава во држава каде што народот ИМА свест и совест. Што не е случај со Севернава.
    И овие од влада па како да немаа време 7 месеци да видат колку е саатот. Изненадени од однесувањето на народот.
    Овие ,,меркиве" ако може да се наречат така, не значат ништо доколку полицијата спие како до сега. Колку што се почитуваше нешто до сега, толку и од сега.
     
    На Veta, Harper, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Машки
    Јас не верувам во ништо што се кажува за вирусов, ниеден податок не ми е веродостоен, Знам дека постои вирусот, но ми нема логика се што кажуваат околу него и со сите овие мерки, како да сме заложници на една светска организација која сака посекоја цена да не натера да носиме маски, да бидеме на дистанца. И ова со статистикиве треба да престане, да не остават на раат, нели е сега демократија, ние сме потполно слободни, секој има право на мислење, па се расфрламе со мислења, секоај ужива некакви други права, па се комплицираат едноставни и природни работи, ако е така нека не остават, кој што сака нека прави, ако треба да се заразам ќе се заразами толку, ама навистина со све ова многу луѓе психички попуштија. Затоа повеќе во ништо не верувам, се што слушам или ќе прочитам ми е под знак прашалник дали е точно. Овој период на корона и ни покажа како се манипулира со народот.
     
    На Veta, Kitten, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Сега ова со маските на отворено кога ќе се знае дали ќе се воведе?
     
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.075
    Допаѓања:
    54.063
    Пол:
    Машки
    По секоја цена сакаат да не' натераат да носиме маски? Океј еве и да го земеме тоа ко аргумент, која е крајната цел на оваа завера со тоа што викаат да држиме дистанца и да носиме маски? Ако ми дадеш логичен одговор ќе ти верувам.
     
    На Peperutce1115, LejlaD, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Е Ајде да видам како планираат да проверуваат колку души има у стан и која будала ќе им дозволи на џандари да влезат у стан и да бројат колку луѓе има кога според устав ЧЛЕН 26 вели, Правото на неповредливост во домот може да биде ограничено само со судска одлука
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Машки
    Кога некој носи маска, афтоматски те потсетува на самата пандемија и дека нешто не е нормално, потоа размислуваш дали тој човек носи маска за да се заштити или веќе има корона, тоа те плаши и на тој начин повторно си опкружен со негативни работи, наместо кога излагаш надвор да се релаксираш и да не мислиш на корона, маските автоматски те постеуваат, кога доаѓаш дома ако гледаш телевизија, само за тоа се зборува. И не верувам дека маската штити, ако ја носиш цел ден не верувам дека ќе те заштити, цело време го дишиш истиот воздух и го замараш мозокот, маската се влажни, а влажните површини се поподложни на развој на микроорганими. И како тоа маските одеднаш во март месец станаја обавезителни, а претходно се зборуваше да носи маска само тој кој не се чуствува добро, оддеднаш им текна дека штитела, не знам ми нема логика

    https://www.facebook.com/WHO/posts/2953744821337548
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.218
    Пол:
    Женски
    Баш така.. Ej0w-plWAAcl8HN.jpeg
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Не знам каде читав или слушав, ќе го менувале демек законот за сепак да смеат да влезат. Е сега не знам дали е можно и како иде тоа, не сум запознаена