1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Супер се мерките и маски по дома задолжително да воведат преку прозорец да не ни влезе корона.
    За најмногу 4 гости во ред има до некаде логика. Ама маска на отворено (facepalm)(facepalm)
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Јас енциклопедии за поклон бирав на блиски да им пратам сега за роденден. Предвреме известувај за родендени и кај тебе да праќам. Уштедив пари со коронава, пошетниот газ никаде не може да иде па сега на шопинг ми се трошат. :D
    Се омажив и ни мајка ми не можеше да застане до мене, па ни во еден момент не цмиздрев дека сите ми се криви што не почитувале мерки.
    Мислиш полициски да избегнеме, оти ни еден локдаун не спроведе Македонија освен тој во Дебар. И нема ни да спроведат ни еден локдаун. Сѐ така на селска стража ќе се вадат дека "народот е непослушен"
     
    На Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Дечки и во Англија има исти мерки за посета по гости. Ваљда и во други држави низ Европа е исто, ме мрзи да барам сега. Исто е и со носење маски. Свилените жители на републикава само се бунат.

    И да, има пациенти по втор пат што фаќаат ковид. Првиот пат го прошле во март април со лесна слика или асимптоматски, сега се во болница.

    Ама маските и гостите се проблем. Неиживеан народ и крајно себичен.
     
    На Ivan4e04, Ambrosia, Peperutce1115 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.973
    По втор пат ли има? Се надевав дека барем колку толку имам некој имунитет.
    Ме плаши и што вториот пат потешко поминуваат. Зошто?
    Ова не е добро веќе.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Абе за ова со гостите ајде де....Ама со маските на отворено е чиста глупост.
    Открија дека така се шири или чисто колку да биде дека спровеле некои нови мерки?
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Затоа што првиот пат не ни биле заболени, само имале контакт со вирусот а PCR тестовите реагираат на многу мали количини, буквално на вирус во трагови. Бројот на итерации според кој моментално се дијагностицираат позитивни е на ниво на форензика. Во превод се трудат да најдат остатоци од вирус по секоја цена. Затоа еден куп земји сега ќе го променат прагот на тестирање на вирусот (т.е. бројот на итерации за позитивен тест) затоа што според некои истражувања 80% од "заболените" се асимптоматски, а веројатно голем дел од тие не се ни заболени туку само биле во контакт со вирусот. И одеднаш ќе падне бројот на случаи драстично, оти куп од оние што сега се "позитивни" ќе добиваат негативни тестови оти не ни биле позитивни нити биле болни, само имале некој траг од вирусот заостанат во горните дишни патишта.
    Веројатно затоа и имаме позитивни извадени кои и 10 теста да направат после тоа ќе бидат негативни. Површински го имале вирусот, детектиран е, не го пробил имуниот систем и не се заразиле, вирусот изумрел за x часа или ден-два, личноста не се разболела и тека...
    Битно "позитивна".
     
    На Ivan4e04, Estranged, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.948
    Допаѓања:
    139.592
    Пол:
    Женски
    Е тоа!! Да си ми жива и здрава!
     
    На referentka, LejlaD, neno0o и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    И мене ми е скрос исто, не идам, не ми идат, само сфаќам дека меркиве се за украс и тотално нема да влијаат на собирања. Ни па на нешто друго. Колку што влијаеја на протоколи во кафичи, толку и ова. Буквално се меркиве за да имаат што да кажат на прес.

    Инаку уште сметам дека треба да ти фали нешто во мозокот за да правиш слави, бајрами, свадби, крштевки со многу луѓе. Ете сфаќам некоја најминијатурна регистрација само да направиш од правни или други приватни причини, ама се друго стварно треба да си глуп.
     
    На candy.cane, Amellie13, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Штом се воведе толку мизерна мерка значи замислете колку мизерен народ сме.
    Да немаш сам осет и совест, туку да чекаш од владата мерки да донесат за гости.
    Балканска мизерија. Дур не ти дојдат комшиите на ракија секој ден, па не може денот да помине.

    Па ѕирнете кај Филипче на профил и ќе видите. Како можел да забрани кој да влегува дома, па комшии ќе кодошеле, кој смее да им каже на слава колку гости да имаат, православието се уништувало.
    Цел свет воведува нови рестрикции ама пошто кај Славица не може да отидат 150 гости сигурно завера се спрема.

    Плус уште мора Бајрам да се спомне иако беше пред пола година.

    Абе ако не ви е страв викнете го цел комшилук на гости, туку проблемот е што ќе се испозаразите и ќе го проширите на тие што пазат.
    Толку имате мозок за на сред пандемија дома гости да собирате без трошка совест.

    Па и предизвик бараат да седеле на инфективна. (facepalm)
    Како не ви е срам еве не знам.
    Луѓе за живот се борат, тие застанале и ја покажуваат малоумноста.
    Колку треба да се ретардиран за да бараш на инфективна да седиш?
    Говеда неписмени. Некои сами си го бараат да фатат и да ги уништи за цел живот, па ај дали пак ќе серат.


    За маски на отворено се очекуваше дека ќе воведат кога ќе почне воздухот да се загадува.
    Бар сега дур е почист нема логика, ама кога скроз ќе се загади секако е добро да се носи маска со прочистувач.
     
    На green.eyes, Ambrosia, rainbowmama и 12 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Сѐ што е забрането со закон во Мкд е контра.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Каква врска има загадениот воздух со вирусов?
    Не е воведена меркава затоа што е загаден воздухот.
     
    На fana, Tan4ence и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.498
    И во Австрија има ограничување за гости. Само 10 луѓе смеат да ти дојдат. И тоа ова го воведоа пред 2 недели отприлика да не барам сега. Се е затворено од 22 часот. Нема ноќен живот.
    Ама преку ден се е рашетано, луѓето се понашаат како да нема вирус. Не се држи дистанца како во првиот бран кога затворија се. Е тогаш и на тротоар се бегаше од луѓе. Сега се е по трговски центри и по кафиња и ресторани.
    Маски се носат секаде во затворен простор. На отворено фала богу не.
    И кај синко во градинка ептен е лабаво. Никој не носат маски ниту држат дистанца и групите и воспитувачките се мешаат. И родители влегуваат внатре.

    Тоа што одлучија во МК за 4 луѓе да ти идат е поради славите што почнуваат. Пример во село не се канат гости за слава, спремаш јадења пиење и колку ти дојдат луѓе толку. Ај кај свеки и тато немаат многу гости можеби 10 тина души ако дојдат ама знам луѓе што чекаат слава со по 100 души. Се чека вечера потоа доручек и ручек и дома му влегуваат и излегуваат 100 души, не да е многу премногу е.
    А за мерката маска на отворено е стварно многу глупаво. Незнам дали и во некоја друга држава го има тоа нешто.
     
    На Harper, Veta, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    да, има. @DAngel објасни. а и ќе почне и ману да истражува примероци на болни по втор пат тогаш и сега.
     
    На JuLleE, Ahoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Од каде тоа дека потешко поминуваат вториот пат?
    Јас се што сум прочитала е дека вториот пат баш полесно се поминува бидејќи организмот веќе бил во контакт со вирусот и има имунитет.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.973
    Еве Кукличка над мене споедли. А и Ангел објасни.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Тоа што Анѓа објасни не се болни туку позитивни. Позитивен асимптоматски не значи дека е болен. И така, цело време ни е интересно(facepalm)
     
    На Harper, azelea, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.973
    А асимптоматските се без никакви симптоми така?
    Оние со благи сепак биле болни.
    И знаете колку антитела треба да имаш за на пример имаш имунитет? За дарување знам над 800 требало.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Никој не знае тоа, оти научниците ни сами не се 100% сигурни како фукнционира имуниот систем :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    64.802
    Пол:
    Женски
    Дечки не знам зошто полемизирате тука. Филипче убаво кажа, болниците се речиси пополнети, директори на неколку клиники истото го повторија, сестрите во инфективна клиника, виталниот центар каде се носат тешки случаи пола си поднесоа оставка, лек нема. Ова е сосем доволно за некој да (не) се освести. Бројка од 360+ исто.

    Секој си е одговорен за сопственото здравје. Ако дојде во ходник да се лекуваат луѓе тоа ќе си биде од нивна лична неодговорност. Никој, ама апсолутно никој не може со инка да стави мозок некому. Што ќе си издробиме, тоа ќе си сркаме. И јас летово имав неколку собири, можев да закачам, среќа не закачив.

    Јас лично веќе собири со неколку души на затворено не, на работа маска, дезинфекција и да се надевам дека нема ради најмало невнимание да го закачам.

    Друго да барам да не одат по слави немам намера, ако досега луѓево не сфатија колку е сериозна работава нема ни да сфатат. И полиции да упаѓаат дома и карантини и триста врагови, тие што си се намерачиле да се збираат ќе си се збираат и понатаму.

    Отворен простор и затворена соба не е исто, вирусот на јачина на топло и ладно не е ист, надворешната средина со загадувањето влијае и тоа е тоа.

    Секој со паметот. Чувајте се и оставете нека се збираат, за нив нема да има место.
    И искрено жалам за секој што ќе почитува мерки а ќе закачи ради работно место или од што нема друго превозно средство освен автобус. Друго стварно не знам што да пишам, од несовесни луѓе памет да барам ми е исто ко од умрен душа да барам.

    Воглавном то.
     
    На neno0o, green.eyes, Ambrosia и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Сопругот мој работи во Скопје и неќна требаше да земе отпусна листа од инфективно и погодете што видел таму? Вели зошто на телевизија дигат фама и само зборуваат кога денеска бев на инфективна ниту една сестра и доктори не носеле маска. Влагам јас таму и ме прашуваат што ми треба и кажувам јас и една ми вели дечко ај почекај малку да допијам кафето па ќе ти дадам тоа што ти треба. Биле 4 сестри собрани една до друга без маска без ништо. Епа во што да веруваме ајде кажете ми?
    На една моја пријателка татко и почина пред 40 дена и ми вели во посмртницата пишува од болест, удар како што и е ама во истиот ден на телевизија кажуваат починати на пр: Дебар(65 години). И вели па овој како татко ми. Е не може да постои и друг човек во истиот град со исти години.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.