Вирусов е опасен. ОК. Во ред, треба да се чуваме, превентива, имунитет да се јача, да се води елементарна хигиена и сл. Читав статистики: - во еден ден од корона умреле 38 луѓе во светот Исто толку умреле и во сообраќајка во еден ден во светот. СДК, без непотребни паники, без лиферување на претпоставки и лажни вести. Не е далеку од нас, ама не е крај на светот и ако дојде. Ке се справиме како и со се друго.
Ние со еден обичен грип не можеме да се справиме, а не пак со еден ваков опасен вирус. Вие не сфаќате дека здравството ни е за никаде? Дека 5 болести ќе начукаш ако отидеш на обичен преглед...
Па тоа е и целава поента. Дека вирусот како вирус не е пострашен отколку на пример грипот кој царува низ државава. Исто и сипаниците заради невакцинирање на некои родители. Не се крена олку врева за сипаниците, а можат да имаат многу поштетни последици за најмладите отколку овој вирус. Проблем е самото здравство а и ние како луѓе. Вирусот не ме плаши толку колку што ме плаши масовна хистерија, паника, колапс и крахирање на и онака слаб систем во државава. Мислам дека да се потврди и кај нас случај стампеда ќе се случуваат по маркети и аптеки. Убаво е да си е претпазлив човек ама мислам оти кај нас луѓево што од незнаење, што од неинформираност малку ја претераа. Еве една интересна статија, прочитајте и информирајте се. Мијте раце, носете си заштитни маски, пијте апчиња за имунитет, одбегнувајте поздравување со гушкање и бакнување и со тоа автоматски намалувате шанса да се заразите.
Ок, здравството е заникаде. Среќа па вирусов не е така опасен, како што пиша @vitamina, 90% од случаите дома се лечат. Вирус е, како грип, не е чума или незнам што. И нема лек за вирус, ќе помине или ќе предизвика компликации кај дел од популацијата. Јорданчо, ако немаш преку 60 години и не си хронично болен со намален имунитет, престани да креваш тензија. Ако си, купи си макарони и седи дома додека не прогласат крај на епидемијата. Или компири. И грав.
Во време на војна хистеричните и паничарите завршуваат ПРВИ со куршум во глава. Имаат нападно дејство врз обичниот и смирениот народ. И непотврден, веќе нема маски и антисептик за раце. Незнам, ама понекогаш на народот му треба негативна сензација, па во недостиг се паничари без потреба. Еве сега, тркни до Сити Мол или до Боемска, ќе видиш колку од загрижените се собрани и дискутираат
Не сум преку 60 години Биљарке. Само си премногу реален дека нашето здравство може да те умри. Добрите доктори кај нас не можат да просперираат од лошите, а ко за малер, ќе се заврши во рацете на овие вториве.
Ај престанете со партии. Па и кога прочитав на нет како во Грција имало еден официјален регистриран случај, па коментари како ,,така им треба,, ми се згади. Бумеранг е работава Карма е работава.
A eве и една позитивна вест, девојчето што беше суспектно од Милано е негативно. Уште еден суспектен пациент има, ќе се објават и за него резултати скоро. Линк.
Ама сериозно се претера. Денес по мои локални медиуми читам глуп апокалиптичен напис, барем коментарите на читателите се разумни- навистина за кревање масовна паника, би требало кривично да се одговара. Не како на кого му дошло ќе пишува- купувајте маски, компири и батерии, пошто во време на катастрофа, веројатно ќе нема струја и интернет.
и јас отворив за ова да го кажам. Кај нас не ни знаат лекариве што е корона не ни знаат какви испитувања треба да прават амза резултат што да кажувам. За обични болести даваат погрешна дијагноза а не па за ова. Да не даде Господ да дојде кај нас. Немаше место децава инфузија на одделение да ми примат а каде ќе стават луѓе во карантин? Во Штип Гостивар?? Кого побрзо таму. Нас ќе не сотре вирусов.
Еве нова вест, сигурно по сите портали ќе ја прочитете, 17 месечно бебе заразено од корона вирусот, се излечило без лекарства Значи....без паника. https://lokalno.mk/hrvatski-nauchnik-shansite-da-umrete-od-koronavirus-skoro-i-da-ne-postojat/
Како тоа за заштита на здравјето на населението одложени се екскурзиите за Италија а вчера полн авион од Милано стигнал без проверка.
Мене не ми создава паника самиот вирус туку сензационалистичките наслови во медиумите. Се согласувам со сите што пишаа дека е претерано. Но мора да се генерираат кликови и да бидат гледани и вестите. Јас се борам со анксиозност и хипохондрија истовремено, и вестиве не ми помагаат воопшто, верувајте. Добро е да се биде информиран ама персоните што пишуваат статии за создавање паника и генерирање кликови (се гледа од авион тоа) мислам дека треба да се казнат. Се обидувам да останам смирена и да си ги применувам вообичаените мерки како и секогаш, доволно сон, одмор, квалитетна храна со висока нутритивна вредност, и најважното, строга хигиена. Тоа е. Сабајлево побарав антисептик во аптека, немаше. И мене ме плаши создавањето на општ хаос кај нас, знаеме колку ни сече. За коментарите за случајот во Солун, уште една причина за да ми се гади од менталитетот. Прво да си најдеме лек за простотилакот, па после за короната да дигаме паники.
Вчера имаше интересна дебата на Топ тема на Телма за вирусов, добри и корисни работи споделија. Кој е у можност нека ја погледне.
Не е се одложено. Осмомартовските екскурзии не се. Лошо е што во Италија владее паника и се е затворено. Ако се затоврени музеи и ако плоштадите се празни, не е интересно да се оди.
Како што веќе кажавме мала е стапката на смртност а и вирусот е опасен за старите и хронично болните и незнам дали спомнав ама имаше новороденче кое се заразило од мајката исто така е излечено
Не е паника Рефке, нормално е да има карантин и да се затворат дуќани, молови и такви работи со цел да се спречи понатамошно ширење. Значи НЕ е паника туку превентива.
@KateKane Korona virus ke pomine kako i sekoe cudo za tri dena.Edni virusi se dramatiziraat,drugi virusi se marginaliziraat.Se so cel koj na kogo ke nasteti.Ova dramatiziranje najvece nasteti na kineskata ekonomija.Tvoe e da pretpostavis od kogo i so kakva cel.Vtora rabota ovoj virus najvece gi udira najstarite luge so teski bolesti.Sto znaci generalno e bezopasen.
ОК. Така е, превентива е. Ама и паника е. Нормално дека паника ке го фати секој кој ке влезе во маркет и кога нема да најде храна да купи.