1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Во Америка има 200000 починати од корона ајде направете математика колку пари добиле нивните семејства и кој им ги дал.
    Малку логика какви бројки на смртност ќе му одговарат повеќе на Филипче за пред јавноста? Не само на него на било која држава? Повеќе смртност=понеспособна владата се покажала при справување со пандемијата.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Дали давале пари, не знам и не коментирам тоа. Ама дека луѓе починати од нешто трето ги пишуваат починати од корона, е ова верувам, без разлика дали биле позитивни или сакале да исперат лекарска грешка.
    Ако позитивен загине во сообраќајка, Караџо вели дека треба да го пишеме дека починал од корона
     
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Знам.
    Првата реченица беше реплика за тебе, останатото е напишано во исто мислење но одвоено со неколку празни редови, не беше наменето за тебе. :)
     
  4. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.499
    Темава едно време престанав да ја читам, но со бројкиве веќе пак ми се врати стравот. Не знам што да кажам дечки но ова е хаос.. Не верувам во глупости и завери и триста чуда, но би сакала некој кој има повеќе познавање да пише како ПЦР тестот утврдува дека станува збор баш за ковид. Некако не можам да сфатам како наеднаш толку големи бројки и летово имаше премногу дружења и слично за да тогаш има бројки околу 100 и нешто а сега 300-400. Дали можеби некои од овие 400 дневно се едноставно заболени само од грип? Еве не знам искрено не сум доволно паметна да зборам на темава. Само си викам дај боже на никој мој близок ништо да не му биде. За карантин не сум ама од друга страна и добро ќе ми дојде зошто на работа ама ич не се чувствувам сигурна со луѓе кои не носат маска и сметаат дека треба да ја стават само ако ти се доближат а тоа што седиш во иста канцеларија не е битно, некогаш ми иде и 10 маски да ставам на мене, рацеве ми се лом од алкохол прскање.. Немам коментар, ни на крај памет не ми дошло дека вакво нешто ќе доживееме. Викаат да не дозволуваме да застане животот а како? Еве јас освен со дечко ми со ниту една другарка се немам видено. 10 пати сум седнала во кафуле и прскам се со алкохол, не ми е пријатно воопшто, а не па нешто друго да правам..
     
    На Ahoy, tinka-mace и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    45.546
    Пол:
    Женски
    Се бараат одредени гени кои се специфични за ковид.
    Не ги мачи рацете со алкохоли, основна хигиена ти е доволна.
     
    На Ahoy и Kala22 им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.961
    Допаѓања:
    139.634
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да сум пишувала. Еве денес ми е некако тешко, ме тера на спиење што и друг пат ми се случува дека сум метеопат ама не знам колку пати на ден темп мерам, дојде ли до 36.7 паники ме фаќаат.. ама остај, имале право на журки, да не се ограничува движење, а моето и твоето право на живот? Ај јас и ти може лесно, а мајка ми, а твоите.. што стока народ ќе бевме, што неодговрни глупи магариња ќе бевме. За некој да тресе цицки во кафана друг треба да плаче..
     
    На Nausicaa, mira.mira, Nellie и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Ќе пробам да објаснам :)

    ПЦР тестовите кои сега се работат испитуваат присуство во грлото и/ или носот на N gene, E gene и RdRP gene.

    Е сега, E gene е карактеристичен за сите коронавируси, додека другите два гена (N gene и RdRP gene) се специфични таргети исклучиво за SARS- CoV- 2, т.е. актуелниот Ковид- 19.

    Значи, ако во организмот е присутен Ковид- 19, ПЦР тестот тоа би го детектирал најверодостојно, но би детектирал и можен друг коронавирус, или доколку тестот се направи рано можно е да се открие само еден или два од овие генови, небитно кој, за подоцна да се развијат сите. Доколку не се работи за Ковид- 19, тогаш PCR тестот константно ќе го детектира само E генот.

    Бидејќи и претходно имам пишувано баш за ПЦР- тестовите, ќе вметнам и дел од еден мој претходен пост:

    Се надевам сега е малку појасно :)
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, Fifi84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.499
    Ти Благодарам, дефинитивно ми е појасно, барем ми се разјасни дилемава. Очигледно бројкиве се резултат на дружби на затворено или едноставно луѓево се опуштија премногу не дека па пред тоа беа ептен загрижени. Мислам дека мал број сме што вака размислуваме или таков впечаток имам.

    Уште нешто сакав да прашам во врска со тоа колку е заразен Ковид или дали мислите дека степенот на заразеност моментално е намален? Еве имам другар заболен никој од блиските ниту сопругата со која живее нема ниту симптоми ниту се позитивни
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.499
    Катастрофа, почна меланхолија да ме фаќа.. Само нека заврши што поскоро
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.961
    Допаѓања:
    139.634
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам...
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ама позитивен ПЦР наод не значи дека имаш развиено Ковид инфекција? 8-|
     
    На jacqueline.s и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.448
    Допаѓања:
    206.677
    Пол:
    Женски
    Нема правила. Еве последно, кај бившите ми газди, помалиот син е асимптоматски, брат му негативен, мајка му и татко му развија инфекција, од средата наваму се со омалаксаност и блага температура, жената изгубила осет за мирис и вкус, мажот не. Двете вработени во ординациите се позитивни, без симптоми.
    И јас бев во контакт со нив, во затворено, баш кога почнаа да покажуваат симптоми, среќа сите бевме со маски, на дистанца, после контактот дезинфицирав раце пред да ја извадам маската. Засега немам ништо, а поминаа шест дена од контактот. Нема да се тестирам, ќе чекам до петок.

    Не значи. Пошто може да бидеш асимптоматски.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Не, зависи од титарот (количината) на вирус.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 96
    -Куманово 5
    -Штип 7
    -Прилеп 1
    -Тетово 19
    -Велес 2
    -Битола 1
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 6
    -Гевгелија 1
    -Струмица 8
    -Крива Паланка 2
    -Радовиш 2
    -Кочани 10
    -Берово 6
    -Виница 5
    -Делчево 4
    -Неготино 1

    Починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од:
    -Скопје 44
    -Куманово 2
    -Штип 3
    -Прилеп 7
    -Тетово 6
    -Струга 2
    -Битола 2
    -Охрид 1
    -Кавадарци 2
    -Гостивар 1
    -Гевгелија 1
    -Струмица 5
    -Радовиш 1
    -Крушево 1
    -Кочани 8
    -Пробиштип 1
    -Берово 4
    -Валандово 2
    -Делчево 1
    -Свети Николе 9
    -Кичево 1
    -Ресен 2
    -Неготино 1

    Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест.
     
    На Lalalala99919 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Значи, што точно значи позитивен пцр наод?
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    45.546
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе ти биде така ако по цели денови мислиш на вирусов и пандемијата.
     
  17. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ти рекоа ќути си и ти на форум раскажа :D
     
    На le.soleil, CameliaMiller, honey.11 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Па и не мораше вака грубо и нападно да го пишеш ова. Од каде знаеме во каква состојба се наоѓа девојката? Секој различно доживува се и пандемии и се останато.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Позитивен значи дека крој број итерации врз твојот брис се добил вирус.
    Тој може да е позитивен и ако си била во контакт со вирусот. а нема да развиеш инфекција.
    Може да е позитивен и ако инфекцијата ти е во одминување и организмот само се ослободува од остатоци од вирусот.
    Тука имаше случај, се вратил зимата од Австрија, во Април се спрема да иде пак назад. Го тестираат и позитивен. Па одлучија да му го повторат тестот и заклучија дека го фатил уште во Австрија вирусот, па без разлика што е позитивен, не заразил никој оти кога се вратил од Австрија бил 2 недели во изолација, а сега веќе и да сака нема да зарази никого. И го пуштија да иде за Австрија.

    Затоа се збори на промена на прагот според кој еден тест се смета за позитивен
    1. да не се регистрираат такви што само дошле во контакт со вирусот, а нема да развијат инфекција
    2. Да не се регистрираат такви што веќе ја прележале инфекцијата без да бидат дијагностицирани затоа што и со месеци подоцна може да бидат позитивни.

    Она второто е доста битно затоа што за џабе се троши време и ресурси на следење на контакти на некој што нема да зарази никого затоа што времето кога можел да го шири вирусот одамна поминало.
     
    На CameliaMiller, Victorian, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.468
    Па ние ќе ја чуваме информацијата во тајност. :D