1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување.

    „Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.

    Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е „од почетокот на декември 2020 година, до почетокот на 2021 година“.

    Д-р Маријангела Симао, директор на СЗО, за пристап до лекови и здравствени производи, рече дека развиената вакцина ќе мора да биде лиценцирана во земјата каде што се одржало испитувањето.

    „Имаме и производствен капацитет којшто ќе биде потребен за употреба на државно ниво. Треба да се преземат толку многу чекори откако нејзиното испитување во третата фаза е всушност завршено“, објасни Симао, додавајќи дека СЗО работи многу тесно со националните регулатори.

    Претходно, Тедрос Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, се изјасни против „концептот за постигнување на таканаречен стадо имунитет со тоа што вирусот се шири“. Гебрејесус рече дека никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стада како стратегија за одговор на епидемија на болести, а камоли на пандемија.

    Како пример, тој изјави дека околу 95 проценти од населението треба да бидат заразени поради имунитет на сипаници.

    „Останатите пет проценти ќе бидат заштитени со фактот дека мали сипаници нема да се шират меѓу оние коишто се имуни. Ова е научно и етички проблематично. Прво, не знаеме доволно за имунитетот на Ковид-19“, додаде тој.



    ©Makfax.com.mk
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    40.062
    Пол:
    Женски
    Посеј страв и гледај како сите биваат твои истомисленици.
    Шминкаат бројки и приредуваат психички терор со споменување на локдауни и карантини, додека не ја пласираат вакцината. После ќе ти дадат као условен избор, вакцина или сегрегација.
    Пази,имаш право на избор,ама ако не примиш вакцина нема да патуваш слободно, нема да си добредојден на х места, ама сепак од тебе зависи.
    Додека да излезе вакцината, сите ќе бидеме толку очајни за слобода, што самите ќе бараме да не вакцинираат, за да заврши веќе оваа фарса. Дури и јас.
     
    На Harper, Herrera, honey.11 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Каква врска има имунитетот на сипаници со вирусов?
    Вирусот на сипаници е еден, ковид е друг.
    За секој вирус има различен степен на имунитет кој треба да се постигне, какви црни сипаници мешаат сега, или да се тропне нешто што да е, нека чита народ, ништо не разбира.
     
    На fana, Biljarkata и azelea им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Сипаниците се кажани како пример дека е тешко да се постигне колективен имунитет само преку ширење на вирусот.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Ич не верувам во теории на заговор, ама во СЗО уште помалку, па тој Тедрос антипатичен скроз.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    За да се знае дали е тешко, треба да се знае колкав процент треба да се имуни за да се достигне колективен имунитет.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Сипаниците се едни од најпреносливите фируси.
    Колку е тешко да се достигне колективен имунитет зависи од колку е пренослив вирусот и колку трае имунитетот. Стварно немаат врска сипаниците со ковид. Каде-каде позаразни се.
    СЗО навистина со нелогични и недолесдни тврдења и споредби без веза само подгреваат атмосфера.
     
    На fana, Tajnaotrovna и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ne e bezveze. Strav -kontrola - pari.
    Ne mora da se vskcinirate, bitno da se prodadat vakcinite.
    It is always about money;)
     
    На Harper, 1209, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Знам за нив зошто подгреваат, туку викам за мене веќе не ми имаат значење нивнити зборови.
    Ковид и морбили споредуваат... Заедничко им е само вируси што се, толку.
    А кога им треба ковид посебен е, не е како ни еден вирус до сега.
    Кога им треба исти да е, тогаш и со морбили може да се спореди.
    Секогаш според потребата.
     
    На honey.11, fana, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во:

    -Скопје 54
    -Куманово 1
    -Тетово 3
    -Велес 4
    -Кавадарци 2
    -Гостивар 7
    -Крива Паланка 1
    -Кочани 3
    -Виница 2
    -Делчево 1
    -Свети Николе 2

    Починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од:

    -Скопје 44
    -Куманово 5
    -Прилеп 7
    -Тетово 3
    -Битола 2
    -Кавадарци 1
    -Гостивар 3
    -Гевгелија 3
    -Струмица 6
    -Крива Паланка 1
    -Кочани 7
    -Пробиштип 1
    -Демир Хисар 1
    -Берово 2
    -Валандово 2
    -Виница 3
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2
    -Неготино 1

    Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.
     
    На Maslany му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.806
    Пол:
    Женски
    Денес само 80 ???
    Утре значи да очекуваме бомбастична бројка
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Тоа што го видов денес се повеќе ме убедува дека никогаш ништо нема да биде од нас и никогаш ниту една мерка нема да биде спроведена како што треба.

    Влегувам во 23 ка, внатре млади мајки Ромки, едната со количка со бебе, другата со детенце до 2 години за рака фатено. Оваа со двегодишното детенце за рака фатено носеше маска, ама маската и ја покриваше само устата, а оваа другата со количката беше без маска и јадеше во сред автобус :puke:. И сега пази оваа со маската и вика на оваа без маската: "Ти не носиш маска?", а оваа без маска и враќа: "Не бе каква маска, па нема корона веќе" :doh:. Не дека јас падната од Марс и не сум свесна дека вакви луѓе постојат нели, туку се вџашив кога девојката што носеше маска ја извади истата, ја преврте од другата страна (онаа надворешната, на која нели треба да се задржат бактерии, вируси и др.микроорганизми) и му ја стави на детето :o. Останав подзината, а особено ми се дигна сафрата, кога му заврте еден сочен шамар на детенцево, кое што викаше мама мама во сред автобус. Значи, жими се, мене ми се идеше да и станам и да и завртам еден шамар. Жими се!!! :punch:

    Друга ситуација, влевам во ДМ. Пред ДМ (како и пред секој супермаркет) си ги дезинфицираш рацете па влегуваш внатре. И влегувам јас, си гледам низ рафтовите, кога тој од обезбедувањето и вика на една жена: "Госпоѓо, ве молам дезинфицирајте ги рацете", a oваа му враќа "Aааа, па не можам јас на секое да ги дезинфицирам рацете, сега ги дезинфицирав, ќе ми се исуши кожата". Овој пак и вели: "Госпоѓо, тоа е правило пред влез во секој супермаркет, ве молам дезинфицирајте ги рацете, ако сакате да влезете", оваа му враќа "Па јас сум доктор, знам кога треба да ги дезинфицирам рацете". И нормално дека не ги дезинфицира рацете и не и дадоа да влезе внатре :|.

    Знаев дека луѓето веруваат во разноразни теории на заговор, како короната не постои, како сакаат да не чипираат итн., ама до толку да се безобразни, некултурни и неинформирани, еве не знам. Појела ме туџа срамота. И за ваквите, малку е 24 часовен карантин, ја да ви кажам.
     
    На oblace1, M&M, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Дали си ти доктор @Peperutce1115 ? Госпоѓата била доктор, ваљда знае нешто, хм?:?:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Па, да. Мислам дека конечно можам да кажам дека сум доктор (положени сите испити). Госпоѓата чисто се сомневам дека е доктор. :)
     
    На tina2018, Waverly Raven, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Честитки.
    Госпоѓата сепак за нешто е во право;), дезинфицирање раце во маркет не е некоја заштитна мерка. И да, поголема штета од корист може да има од постојано прскање дезинфекција. Корона од продавница нема да фатиш, а рацете разранети се отворена порта за инфекции.
     
    На lovestoneddd и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    ^ @Peperutce1115 ова со маскиве што го наведе е баш тоа што најмногу ме нервира во ситуацијава.Значи не е главно да се носи маска, туку да се знае како се носи маска.Џабе да се повторува постојано носете маска носете маска ако одредени луѓе уште не сфатиле како се користи маска. (facepalm) Или па носење скроз несоодветна заштита, како на пример некои полупропустливи марами што реално се само за украс а сѐ пропуштаат, стварно изгледа некои мислат дека поентата е само да стават нешто, а што не е битно.
    Едит:
    За жената во маркет истото сакав да го кажам како @Biljarkata , џабе 100 дезинфекции ако после ја спушти маската под брада и збори со некого.А и тоа што знаеме дека премали се шансите за зараза од предмет, тоа плус.
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    И конечно видов маски овде! За не веровати :D

    Во лабораторија бев сабајле да дадам крв за редовни контроли, сите вработени со маска! Ставена прописно како што треба. Ракавици плус, нормално, ама таму никогаш не сум ги видела без ракавици.

    Btw, влегововме во елитниот клуб +100к заразени :worried: Рестрикции во најава :!:
     
    На M&M, senjorita-v, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.173

    Не ти го разбирам постот , од што треба македонецот да се опорави ? Каква врска има со темата корона ?

    Извини , дури сега се вратив од работа, вчера ве оставив , не сум во тек, се надевам на заебанција ти се зборовите упатени кон својот народ посебно кон дијаспорците кои ги има во голем дел и на форумот.

    Се надевам не ми реплицираше само поради фактот што на некој начин застанав на страна на албанците поради таа доверба што ја имам стекнато уште од студентските денови додека студирав Тетово и општо живеев со цимерки албанки во кампусот таму, затоа реков од искуство попрво македонец ќе ме излаже за нешто отколку албанец.

    После ќе се чешаш кај не те чеша зш им давале права на малцинствата у Мк, ам шо да ви прам ко не сте сложни како нив, ете ти во твојот пост вреѓаш да се опоравело македончето , поради што имаше потреба да напишеш баш така ?

    Ама нека ти стои постот, не го пријавувам, барем да се види колку ние македонците како народ се почитуваме едни со други, на никаков друг форум немам прочитано пример хрват да пиши.....Ах бре Хрватче , нит ЕУ, нит Америка нема да те опорави.....такви ниски удари само на македонски форуми среќавам.

    Штета што самите меѓу себе се вреѓаме како народ.

    А што се однесува конкретно на темата, до ден денес никој не познавам да е заразен, ниту колеги, ниту пријатели, ниту околината кај што живееме , буквално како @Biljarkata што спомна , не познавам ниту една личност заразена од корона а цело време сум излезена, со народ, меѓу народ.


    Им фуфка да ти реплицираат кога реално пишуваш , затоа ми се нафрлија мене вчера колку да се најдат во муабет.

    Да да, пари , пари и само пари.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Не туку филозофирајте, рани на раце, штета од дезинфекција, маската не знам што...ќе се расправаме и надмудруваме со секој еден. Денеска може решила во 20 продавници да влезе и ако е препорачано така како што е има да следи и да не изводи. Ако не, нека се расправа дома со комшивки како е правилно и нека си седи дома. Така одлучиле дали власти дали инфектиолози, дали продавницата сама и тоа е, нема расправање.
     
    На oblace1, M&M, tina2018 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Благодарам, само убавини да ти се враќаат.

    Инаку, човекот како суштество уште во 14 - ти век научил дека треба да се мијат рацете и да се одржува лична хигиена, а ние Македончето во 21 - век сеуште не момеже да го научиме на тоа. На овие средствата за дезинфекција, основната намена им е да го заменат миењето раце, во услови кога тоа не е изводливо. Како во случајот со влегувањето во супермаркет. И не само во пандемија, мислам дека истото треба да биде задолжително и во нормални околности.

    Затоа реков дека ниту една мерка не би била спроведена како што треба. Ние основните три мерки не можеме да ги почитување: маска, хигиена, дистанца. Ако не ги почитуваш мерките, нема да влезеш во супермаркетот. As simple, as that. :)

    @Herrera , тебе немам што да ти кажам. Ниту сум националист, ниту кажав нешто лошо за Албанците.
    И за дијаспорците немам многу што да кажам, прибидејќи како и секој втор Македонец и јас имам роднини во странство. Ти се изнасмеав само на глупоста што ја тресна. Извини, ја не верувам во теории на заговор и ми падна смешно ете. :D
     
    На tina2018, g8lQQk, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.