1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Ова четвртово како black mirror сценарио.Инаку вака другите предлози се убави.
     
    На Spidy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Цела 2020 е блек мирор сценарио :rofl:
     
    На honey.11, le.soleil, annii и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Немој сега и ти, не расипувај одлични идеи:|
    А секој ден ќе тестираат или како, за да имаш корона клиренс?:?:

    Аха, го најдов
    Oh boy...:|
     
    На tinka-mace, Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Дечки, имам едно прашање. Односно барам совет од вас како поупатени, бидејќи јас искрено последниве два ипол месеци немам можност да читам статии поврзани со оваа состојба, што ради психичка преоптеретеност, што ради фактот дека немам апсолутно никаква контрола над тоа дали јас ќе заболам или некој близок...


    Како и да е, да не должам.
    Утре мора да добијам документ од клиент кој е вчера вратен од ризично подрачје во Италија.

    Примопредавањето на документот ќе се случи на отворен простор, со маски и на дистанца.

    Знам дека од предмети не се фаќа корона, не сум до толку морон, но ме загрижува времетраењето на нашиот разговор кој би се одвивал 30-60 минути на дистанца, и секако како што споменав претходно - отворен простор со заштитна опрема - маска.

    Дали мислите дека постојат шанси за добивање корона и колкави би биле истите од прилика доколку внимавам?

    Однапред ви благодарам на одговорите.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Она четвртото е тотално неизводливо. Ако се прават 10000 тестови дневно и ти треба негативен тест од последните 48 часа за да идеш во кафана, само истите 20000 битни фаце ќе се тестираат нон стоп за да можат на мира да си одат по кафани.

    Нема поента да се тестираат личности за да се докаже дека се негативни, премногу ресурси се трошат така. Поентата на тестирањето е да ги откриеме позитивните, а не едни те исти личности да се тестираат секој ден.

    За блек мирор сценариото не коментирам, и онака ме сметате дека сум куку кога почнам за тоа да зборам.

    И онака сакав да кажам за мерките предложени и недонесени на влда, дека куп држави ги имаат и можеше да останат на препораки, ама од влада сеодлучија дека нема да ги донесат затоа што мора да се промени законската рамка (во превод сакаат да ви го забиберат пак).
    Нели се можеше од кога се избере влада? Пак ништо не се може, пак мора за доброто на сите да се менуваат закони. А ќе се менуваат само за поголема моќ да им дадат. Демократска влада избравте? АкО Не пА ВмРо дА сЕ вРатИ? :D
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Скоро и да нема ризик, ако ги исполнишш трите работи што ги кажа - маска, отворено, дистанца, никаков ризик немаш. Со маски и дистанца на отворено, безбедна си, без грижа. ОТВОРЕНО е клучниот момент тука, концентрацијата на вирусот со зборување одма се разредува на отворено.

    Со среќа!
     
    На темјанушка, senjorita-v, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.419
    Не можеш да се заразиш ако сте со маска двајцата на отворено и држите барем 1.5м растојание.
     
    На fana, Ahoy и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Фала ви. Ми требаше најмногу поддршка зошто сум малку под стрес ради средбата.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.961
    Допаѓања:
    139.634
    Пол:
    Женски
    Ако ти е стрес, и ако е изводливо нека ти го достави по курир документот а разговорот нека биде телефонски. Или само земи го документот ти, а разговорот нека биде телефонски. Ништо не е толку вредно колку твојот мир.
     
    На senjorita-v, Nigredo Odor и fana им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Без гајле, ризикот би бил 1.5%, дури и помалку од тоа.
     
    На Nigredo Odor, fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    1.5% би бил ако не одржуваат растојание. (И ако е позитивен соговорникот.)
    Ако одржуваат нема ризик.
     
    На KuklickaSk, Nigredo Odor, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    124.157
    Пол:
    Женски
    Со отворен простор, маска и дистанца шансите се скоро еднакви на нула.
     
    На LejlaD, Nigredo Odor, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Дечки, ви благодарам уште еднаш. :l:

    Јас како што веќе ме читавте на темата претходно, ги знам сите овие работи. Но, ми требаше некаде да се искажам и побарам потврда. Затоа пишав.

    @nena2010

    За жал не може по курир, мора да се видиме и објасниме.
    Се надевам се ќе помине добро, клиентот може не е ниту заразен во крајна истанца и џабе стресот.
    Така да, тоа е тоа.

    Ако има нешто ,,недај боже" подоцна овие денови ќе ве известам на темава.
     
    На Justicija, tina2018, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.961
    Допаѓања:
    139.634
    Пол:
    Женски
    Маска, дистанца, отворено шанса никаква за зараза плус и ако нема симптоми. Само релаксирано.
     
    На Nigredo Odor, fana и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Изминатата недела од ковид-19 најмногу се заразиле лица на возраст од 30 до 39 години, или од вкупни 2.243 нови позитивни случаи, заболени се 456 лица од оваа возрасна група, или 20, 3 отсто.

    [​IMG]
    Во извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври стои дека се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19 или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.

    Регистрирани се 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.


    Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (440; 19,6%), 20-29 (414; 18,5%), над 60 (405; 18,1%) и 50-59 (343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (53; 2,4%) и 10-19 години (132; 5,9%).

    [​IMG]
    Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена)

    По добиени 2 негативни како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.

    Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800. Во моментов во болница се лекуваат 432 пациенти.


    ©SDK.MK
     
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Дополнителни количини од лекот „ремдесивир“ набавува Македонија од Европската Унија.

    Како што информира Министерството за здравство, Европската комисија потпишала договор со фармацевтската компанија Gilead за набавка на 500.000 дози од Veklury, бренд-името на лекот „ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините.

    Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ-кандидати, во кои, освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот може да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

    Veklury („ремдесивир“) е лек за третман на пациенти со Ковид-19, на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да почне уште веднаш.

    Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината, со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

    Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската здравствена организација веќе го има лекот „ремдесивир“, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од него.



    ©Makfax.com.mk
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.989
    Oд Македонија поризично подрачје не постои:D
    Инаку, маска и дистанца и немаш мака.
    Тоа се прави во Вонредна состојба. Тогаш имаше и Техничка Влада. Во таа ситуација се носат Уредби со правна сила на Закони. Сега сите тие Уредби мора Собранието да ги потврди.
    Пошто сега имаме Собрание, немаме Вонредна и Техничка, Владата предлага, Собранието усвојува.
    Затоа мора да се прават законски измени.
    Ова ти е едно 100 пати обајснето уште пролетта :D
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    За препораки не треба закон, тоа не би требала јас да морам да ти го објаснувам. :D
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Во Хрватска денес 748 новозаразени, а починале 4. Тестирани се 6446.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.989
    Јас ти одговорив за делот во кој се однесува на донесувањето откако има Влада.
    Инаку препорака е да не се прават семејни прослави, а се прават.