Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Економијата и така ќе колабира. Не сме изолорани од кризата. Сакале, не сакале тоа е.

    Ама кога економијата во Македонија е 80% услужен сектор (претежно казина, кафичи), нема производство, разбирам зошто се тревожат.

    Јас кренав раце дека ќе се справиме успешно. Останува само да се пазиме самите колку можеме.
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.542
    Допаѓања:
    261.120
    Ми е, и не само за во Гевгелија. Секаде.
    Јас ја осетив пандемијата на сите можни начини. Ти освен што плачеш за карантини, друго ништо не знаеш. Ти реков излези од твојата комфор зона.
    Вирусот е страшен, ама уште пострашно е да немаш и леќа да купеш на дете.
     
    На mal.ecka, Leviosa2503 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    А ако се затвори сѐ, тие што ќе се отпуштат кај ќе работат? Чим е затворено сѐ, значи не се бараат работници.
     
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.430
    Допаѓања:
    279.790
    Пол:
    Женски
    Долготрајното егзистирање на криза економска социјална здравствена доведува следно до ова: конфликти,нетрпеливост ,па и соц.немири...
     
    На stefanija70, LejlaD и referentka им се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.102
    Допаѓања:
    8.185
    Пол:
    Женски
    Ќе останат тие на државна цицка закачени.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.728
    Допаѓања:
    192.973
    Пари има спремни за поддршка од корона кризата, не берете гајле(fingers). 500 миљарди евра за Еу. Е сега што тие реално погодените нема да ги видат е друго 20. За сите важи ова, и за Мк, и за Италија и за Хрватска...
    За вториот дел, коментар не е потребен.
     
    На WaitTillTheEnd и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Бројкава МОРА да се стиши, нема да има кој да не лекува, нема ни место повеќе по болниците.
    Париз е веќе под пол.час, Берлин исто така, следува и Чешка во списокот исто и Мадрид, само нам не ни чини карантин или полициски час зошто мислиме дека е жива глупост.
    Во врска со тоа сум воздржана иако имам мислење ама ќе одбегнам овде да го кажам затоа што секој ќе си сврти како ќе му одговара.
    Ќе кажам само колку е добро од една страна толку е и лоша.

    Трајче денес умре од инфаркт, од умор, од болест, бидејќи деноноќно беше во ковид центар а народот се уште не се научил да носи маски, се мурти да носи на отворено и прави веселби и собиранки?

    Не смеело правото за движење да ви се ускрати а нека умираат медицински лица кои дома се немаат прибрано од месец март, млади луѓе, нечии браќа, сестри, родители, деца.
     
    На noteforself, LejlaD, Justicija и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Како така заклучи дека умрел од умор?
    Од преголема почит кон неговата личност, кон неговата работа во пандемија и кон неговата младост, немате право да си шпекулирате од што умрел по форуми.
     
    На Harper, jacqueline.s, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    13.977
    Од кај знаете од што умрел бре аман? Многу почнавте да претерувате на темава. Нека почива во мир човекот.
     
    На jacqueline.s, tinka-mace, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Mантуб, медицинските лица се уморни, исцрпени, се борат нон стоп, во првите редови се, кажувам затоа што моја блиска роднина, братучеда поточно, беше во првите редови во Италија и ги лекуваше болните од корона ми го кажуваше истото, не е од рекла казала.
    Инфаркт не се добива од убавини.
    И многу други кои го познаваа дечково и работеа со него истото го потврдија.
    И жити се, не кажав од умор, туку од инфаркт, ама ете зошто не сакам да коментирам повеќе ваму, само се нафрлате некому.

    АМа добро, се вие знаете и сте најкомпетентни другиве со различно мислење ништо не знаат.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Медицинските лица може се исцрпени и уморни и пак тоа не ти дава право да шпекулираш за смртта на докторот.
    Пошо вака звучи само како барање причина да се извреѓа народот, да се колне и така натака. Некои сте секој ден активни на темава со навреди и не знам како не се уморивте досега.
    Дали докторот починал од поврзаност со вирусот, дали може имал некоја срцева состојба, дали умрел од сообраќајката, треба семејството да каже АКО САКА.
    А не по форуми да се тврди дека уморен бил и затоа умрел, без нималку почит.
    Ниту па имаме право да дискутираме дали инфаркт од умор се добивал или не.
    Вреѓај го народот колку сакаш, секако полна е темава со тоа, ама оставете го човекот. Стварно безобѕирно
     
    На Harper, jacqueline.s, Fifi84 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ќе ви кажев нешто, ама од почит кон човеков ќе преќутам.
    Јас знам за човек што се самоуби заради тоа што остана без работа во кризава и бил со долгови...ама тука нема по никого да плукате оти ПаРИтЕ нЕ Се ПоБитНИ.
    Така сериозно олабавете со теорииве.
     
    На Harper, jacqueline.s, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ама какви мерки носи нашата Влада?
    -Отвара граници и пушта без да се направи тест;
    - Го намали бројот на автобуси и има само неколку ударни термини кога возат,ама не работат сите од 7 или 8,и не се враќаат во 15 или 16. Па така оние кои успеваат да се возат со автобус или комбе,се гужваат како сардини,а останатите кои имаат поразлично работно време,а немаат секој ден за да плаќаат такси,се возат со диви таксисти,напикани еден до друг.
    ( за помал град,не Скопје).
    Како да не се заразуваат луѓе. Едно е што самите не се свесни за сериозноста на вирусот,друго е што полицијата селективно казнува. Ама што да се очекува од полицајци кои наместо да служат за пример,се возикаат во кола по четворица без никаква заштитна опрема?
    Тоа е. Само да не чува Господ.
    Ќе ги затвореле кафиќите и рестораните? Зошто не одеше инспекција постојано да проверува како се работи,зошто не беа казнети и парично и со затварање одреден период оние кои не работеа по протокол,а оние кои се придржуваат на мерките да се остават да работат ( ако има такви :^) )?
    Па ќе се спречеа и отпуштања од работа,и економијата колку толку ќе се одржува.
    Кога некој газда на кафиќ ќе знае дека ќе го затворат ако не ги почитува мерките,ќе се придржува и тоа како. Подобро ќе е да работи колку да покрива трошоци и да вади нешто за себе,отколку објектот да седи под клуч.
    Ама кај нас се се може.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    128.427
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да престанат со бројки кажување. Повеќе на психа мава него друго. Животот продолжува, пандемија е, адаптирање бара и тоа е. Не може пауза па ајде се е ок идеме по старо. Мене ме плашат последиците на психа кај народот што ќе останат после ова.
     
    На elimkd, Doozy, Justicija и 8 други им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    не е ќе нема место, нема место веќев цела недела.
     
    На Doozy, LejlaD, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    10.638
    За некого не постојат други работи освен канцелариски што се прешалтуваат во домашна канцеларија па не губат многу, ама има средини каде луѓето едвај пари за три кубици дрва собраа заради карантини и останување на улица. А каде се таблети, лаптопи за школување?
    Додека истите академски граѓани што плукаа по Мош одат на џез фестивал(МНОГУ ПОТРЕБНО И НЕОДЛОЖНО), обичниот работник од конфекција од источна мк се чуди дали да потроши некој денар повеќе за зимница или да стиска да има да плати струја зимава зошто може ќе донесат пак карантин и ќе остане без работа.
    Рестораните на шкрги едвај плаќаат кирии и пуштаат плати.
    Полициски час беше најголемата смешка, работни дозволи се вадеа без проблем, луѓе се шетаа, се собираа по викендици, по дворови, се возеа кај сакаат пошо празни патишта, само сега ќе се собираат 15души на затворено- екстра за ширење корона во друштво.
    По селата никакво почитување на полициски.
    И сега барате две недели затварање, за кого, за истите што седат сега дома да продолжат да седат, а сите прекршувачи да си тераат со животот.
    Се зарази братучед ми, се уште е на инфективно, се зарази и татко му и жена му. Тој фати на работа, ама професијата му е со странки и не му дозволува работа од дома.
    Не работи за експлоататор, туку за себе. Пари нема од дома седење, а доаѓа зима.
     
    На Harper, le.soleil, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.895
    Допаѓања:
    275.633
    Јас стварно не знам каде во пол.час се шетале, барем знам со 100% сигурност дека полиција на секој чекор имаше.

    Имав дозвола, како и сите во здравство, еднаш само со најава (во мвр) ја имав искористено, и за тој период 3 пати ме застанаа во двата правци. Башка 5 коли вкупно дали видов.

    Е тоа што пред почеток на пол.час се збираа па си преноќуваа, тоа е друго.

    Затоа мислам дека конкретно тој концепт на ограничување е крајно глупав, пре би нешто како во Италија, 24/7 можеш да излезеш 200м од дома, со никој освен со домашен некој, до маркет/аптека и тоа е тоа, крај.

    Државата и те како може да помогне на секој што останал без работа, ама не со глупости ваучери и слично, него со екшуал финансиска помош, макар е и минималец плата, за 1-2 месеци додека не се вратиме во нормала.

    Пошто 2 недели не би не крпеле, отиден е возот за 2 недели.

    Пола мое одделение е заразено, уште третина се во изолација, на шкрги работат... лошо, многу лошо.
     
    На Doozy, Purplelilac, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    10.638
    @CameliaMiller
    Минималната плата што ја даде државата за 3/4 месеци на фирмите кои беа погодени треба(ше) да се врати до крајор на годината или да се "инвестира" во кадарот. Значи не е неповратна.

    Не живеам во Скопје, живеам во помал град со доста села и општини околу него, во полициски по селата полицајците си седеа по викендици и пред продавници со пријатели додека се на должност.
    Чаир сценарио.
    Дозволите се обични листови на кои фигурира само контакт на одговорното лице, си прават копии и си пополнуваат време по избор. Доволно е да си вработен во помала фирма.
    Еднаш отидов до работа со дозвола, никој не ме запре, цел центар двапати пешки го поминав.
    Не треба само построги мерки туку дисциплина во спроведување на постоечките.
    А тоа го нема ни од граѓаните ни од полицијата.
     
    На Harper, Doozy, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.895
    Допаѓања:
    275.633
    Знам дека и се живо извадија дозволи, мада мислам дека со време конкретно и адреса беа тие, за разлика од нашиве.

    А во однос на парите, напишав што мислам, како е единствено исправно да се постапи.

    Дур имаат пари да тренираат магариња, и те како имаат за тие што изгубија и ќе изгубат работа.
     
    На LejlaD, senjorita-v и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Колку пати се напиша на темава Леле државата се задолжи туф туф туф нема пари државата.
    Детска наивност. Кога не правиш лошо на никого и мислиш дека сите се ко тебе.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.