Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.792
    Пол:
    Женски
    Мн неписнено од нејзина страна ,инаку нека прими мое сочуство за тетка и , но ако не знаеше дотичната дека најризични се тие со хронични заболувања и кај нив штом закачат корона 90% е со смртна последица и тоа најбрзо настанува смртта!! На жалост !!
    Ако се сеќавате на девојката 24 годишна(од тетово или од гостивар беше),настана набрзина смрт бидејќи не и бил откриен лупусот што го имала ,па во обдукцијата го открија тоа !!
    Мона браво за твојата висока свест ,немаше да дојде до оваа бројка да беа сите совесни и дисциплинирани
     
    На Waverly Raven, Ambrosia, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.042
    Допаѓања:
    165.010
    Му пукнала аортата, а бил позитивен на ковид. Компликација.
    На оваа со милата и сакана и тетка, поважно и било да се збогуваат со част и да се групираат, па тера правда. Хронична болест и ковид позитивна, исто така компликација.
    Третиот, бил асимптоматичен, другите причини се исто така компликација од ковид.

    Сфативме дека од самиот вирус не се умира, туку од компликациите. Зошто уште вакви глупости се пишуваат за да се тераат теории на заговор?!
    Ја разбирам болката, неверувањето итн... ама..
     
    На Purplelilac, Waverly Raven, Ahoy и 14 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.923
    Допаѓања:
    25.739
    Пол:
    Женски
    Луѓе состојбата е алармантна ! До кога со теориите , до кога со непочитување на мерките .. разбирам дека на сите ни е преку глава од ситуацијава , не велам дека и јас лично не излегувам никаде ( еве викендов бев со маж и со деца во Галичник , па во Охрид ) но , секаде сме со маски , во кафиќ гледаме да сме на отворено и на по оддалечена маса .. малку дисциплина ако имавме како народ , немаше да дојде до оваа бројка . Секој ден гледам пред банките , куп луѓе чекаат пред вратите згужвани еден до друг .. и после 300+ заразени со ковид , 6+ смртни случаи како последица на ковид .. не ни е крива ни Владата ни Филипче , сами сме криви . И да , темава ја читаме тие што почитуваме мерки , останатите си живеат и си шетаат слободно , па после солат памет дека тетка им / чичко им / вујко им починал од хронично заболување , а не како последица на кпроната ..
     
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Незнам многу ми е чудно и јас среќавам една познаничка и нешто муабет и ми вика јас не верувам во вирусот.
    Јас се зачудив незнаев што да кажам.
    Незнам зошто не веруваат.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    А вие со која гаранција го тврдите обратното од нив? Видовте лично? Голем број на луѓе умираа ПРЕД КОРОНАВА од пукната аорта и ќе умираат во иднина за жал. Тоа не е нешто ново. Не може да тврдите нешто за кое не сте виделе како било.
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    6.855
    Имам чувство дека ситуацијава излегува од контрола и само се бара вината од еден во друг и се така во круг.
    Никаква одговорност нема од надлежните за изолација на сомнителните случаи. И зошто побогу ги укинаа тестовите за тие што биле во контакт со заболени туку само се воведува изолација и тоа е тоа, ако јавиш симптоми позитивен си ако не никому ништо. Дури како што кажа членка погоре и за изолацијата не водат доволно евиденција дали се почитува.Се е оставено на свеста на граѓанинот.
    Веќе страв ми е и по болници да одам,(а морам на преглед) и дома на моите да им солам памет каква е ситуацијата и дека треба да се штитиме.
    Ќе ја спомнам @CrazyGirl15 бидејќи ми падна в очи постот. Мора ли да се оди на кафе периодов? Што ако сте на раздалечени маси кога ја вадиш маската за да се напиеш од кафето..Зборуваш за некоја дисциплина а од најнебитни задоволства периодов не си скратувате.Јас од март месец немам помислено да седнам в кафич. Малку повеќе свест не е на одмет.За кафе никој не умрел.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.792
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во тестовите !!
    Секогаш да умирале и ќе умираат ,но проблемот е сега што хронично болните и постарите се најкритични , еве има и млади што умрираат а од после се дознава дека имале друга болест и настанале компликации !!
    На пр девојката со лупусот(ќе ја земам за пример повторно) да знаела дека ја има болеста ќе се заштитувала повеќе и немаше да заврши фатално!
    Тестовите за сите се исти ,дедо ми вчера правеше тест испадна негативен (он и не ни излегува откако е пандемијава)
    Коронава постои ,да ја сватеа луѓево на време сериозно немаше да ни се дешава сега италијанско сценарио
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.895
    Допаѓања:
    275.619
    Од лично искуство, на познаник, примен како ковид во болница, со позитивен тест и страшна пневмонија. По протокол, без оглед на тестот претходно, пак му земаа брис веднаш при прием, а бидејќи почина наредниот ден, му земаа и постмортем.

    При прием и постмортем беа негативни.
    Човекот имаше нормален, колку што може да биде нормален, погреб.
     
    На senjorita-v и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.895
    Допаѓања:
    275.619
    Зашто се' се експерти и поумни од експертите низ светов.

    И аман немојте со тоа, не го вреѓајте народот.

    Епа ако не, Филипче лично да не ви киваше во фаца бе? Како се дојдени овие бројки, озбилно прашувам? Со сила некој некого заразува? Или доброволно, ајмо свадбичка, журкичка.

    Ни кафето у кафич на отворено не е спорно, ништо на отворено и на дистанца не е спорно.

    Ама сликине од плажи, слави, свадби, крштевки, кај што како сардини напикани седат, епа извини молим те.

    Ние ќе се секираме за рестрикции, мајка Јана ќе не' лечи сега, и да има кревети (а нема) НЕМА ПЕРСОНАЛ.

    Само пола мое одделение е во изолација, Цацко ќе ги оперира сега тие легнатите, да не зборам што и покрај сите протоколи (прием со негативен пц) ете успеал еден единствен таков да се "протне", па се загрозени сите што биле со него во соба.
    Оти легнати во кревет оперирани, се 24/7 заедно, и не, не носат маски, оти нели, сите се тестирани и негативни.

    Сами на себе се' си правиме, и мислам на грото народ, не само во Македонија.

    Не се ни Французи ни Шпанци ни Италијанци поасални, можда имаат само поасални политичари па не ги чешлаат многу дали им се славело празник или делник.

    Што вика @KuklickaSk ние битно демократија негуваме, ако остане нели, жив некој па да ја негува.
     
    На mal.ecka, Ahoy, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Добро бе мајката за една недела од сега ќе дотераме до 1000 заболени на ден зарем до толку се нема осет да се испочитуваат само 3 работи Маска, дистанца и дезинфекција на раце.
    Јас па глупа уште советувам дека новиот закон што ќе го донесат за полиција да ви влезе дома ќе биде противуставен и да не ги пушти никој дома, море не за овај народ треба само неограничена власт на полицијата и ништо друго.
     
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    535 заболени, ни треба дефокусирање на јавноста, апсете го Миле пак!


    *Стотици милиони евра проневерени, "535" е дефокусот да збори и занимава народ...
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сфатам особено за саканата тетка. Чоече, ти жалиш или дремеш на фб и пишуваш коментари? И шо ако им ја дадеа отворена? За да се лигават над неа 100 души на погреб и не дај боже, уште еден таму позитивен да излезе, уште една катастрофа?!
    Да се напикаат сите “со свеќа” во 12 кавдрати дневна... И после, друг е крив и не сме стока. Добро.
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.330
    Допаѓања:
    33.673
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ни имаше тестови за контактите на позитивните. Изолација да, тестови само ако развијаат симптоми. Ништо не е укинато.

    Контролата на луѓето во самоизолација е работа на мвр. Уште од почетокот имаше региони каде телефонски "ги проверуваа" дали се дома тие што треба да се во самоизолација.
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Ками, сигурно и ти знаеш дека многу од тие што се лечат подолго, умираат негативни на ковид. Умираат од тромбоемболија, срцев удар, општо откажување на органи. Се е резултат од штетата направена од вирусот.

    Затоа луѓево што пишуваат дека умрел од срцев удар чичкото/тетката... Кажете им дека да немале Ковид, многу веројатно уште ќе биле живи.


    Според вкупен број на жители.
     
    На candy.cane, tina2018, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.895
    Допаѓања:
    275.619
    Многу краток беше периодот за од позитивен да стане негативен.
    Зборуваме за нецела недела, едвај 5 дена.
    Без оглед, муабетот ми е дека никој со сила не ги прави позитивни, поради двата негативни теста им дозволија "нормален" погреб.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.923
    Допаѓања:
    25.739
    Пол:
    Женски
    И ние од март не бевме воопшто излезени , ниту ќе излегуваме после последнава прошетка . Само до кај моите што одиме и дома . Излеговме повеќе за да ги извадиме децата , не беше за кафето работава , кафе и дома ќе пијам . Полудевме сите дома веќе , мораше макар на еден ден да ги прошетаме . Свесна сум дека не е во ред да се излегува непотребно ( затоа и одбравме прошетка во планина , каде сепак има можности да се одвоиш од гужвите ) .

    Како и да е , се трудевме да ги запазиме мерките . После оваа прошетка , единствено излегување од дома ќе биде она на син ми до училиште , и мене до цтг , до породувањето . А откако ќе се породам , дома со бебче ќе си седиме , до некое подобро време .

    @dev08 никој не тврди дека било така или вака . Штом докторите ја ставиле како почината од корона , значи така и е . Сигурно и правеле тест кој испаднал позитивен , можеби била асимптоматски пациент , па затоа најблиските не знаеле дека е воопшто заразена . Колку случаеви има што се позитивни а без никаков симптом .

    @monibejbi не знам ниту јас зошто не веруваат . Јас верувам , бидејќи имав во комшии случај ( кај мајка ми во село прва комшивка ) заразена која за жал почина , а и од другарка татко и беше позитивен , но асимптоматски и лесно помина , се спаси .
     
  17. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    44.250
    Пол:
    Женски
    Стварно имам доем дека само ние тука сме се собрале верници во вирусов. По фб мислам 90 посто од коментарите се дека е измислен. Па ало бре слепци, цел свет гори, не е само Мк.
    Ама не, тие ќе веруваат во бајачки, гатачки, Иван исцелител, ама вирусот е измишљотина, само за чипирање е работава.
     
    На Peperutce1115, Nisse, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Еднакво лошо, веруваат ама пак глупости прават.

    Надвор се шета со маска, влегува во канцеларија без маска. Па во фаца без везе се внесуваат, нешто што највеќе мразам и без корона. Некој да ми влегува во простор. Ни маска не е 100% заштита, затоа е маска + растојание. Па ја носат во автобус, ќе излезе ќе ја стави на брада, па после пак во автобус.
    Ама битно веруваат и се пазеле пошто се бањаат со алкохол, при сапун. Па цел ден некои мудрувања без врска.

    Некогаш отрпнувам и сеедно ми е веќе дал ќе се заразам. Ама некогаш ми доаѓа да земам столица и да размлатам се околу мене.
     
    На Peperutce1115, Purplelilac, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.104
    Допаѓања:
    109.108
    Пол:
    Женски
    Над 500 заболени на ден , а јас се некако имав некоја верба дека почнат да се намалуваат бројките :x
    Од јуни па се до сега следејќи секој ден нема падната бројката под 100 :(
    Не можам да сватам некои што викаат дека не веруваат , па нема само во Мк заразени :(

    Кај нас во Грција, градот Кажани до 29ти е во lockdown. Имаше многу заразени таму , па се превземаа некои мерки. Тука секој ден во цела држава има по 450-500 заразени минативе денови , пораснаа бројките ама па друго е 500 заразени на 2 милиони жители, друго е на 10 милиони. Вчера имаше 453 од тие 207 се во Атина.
     
    На Peperutce1115, Waverly Raven, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    И овде рипнаа бројките секој ден по 100 и многу починати со старосна граница над 80 години.
    Дисциплински мерки засилени,100 евра е казна за неносење маска над нос во бус и автобуски постојки каде нема можност за дистанца.
    Жално и страшно е што од safe country станаа dangerous.
    Од утре Германија не става во red list,а Малта ја тргна Шведска од red list.

    Ако знаат што прават,еве на.
     
    На LejlaD, azelea, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.