Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    6.855
    Имаше тестови и за оваа група на граѓани ама на почетокот кога не беа потребни многу тестови затоа што немаше многу заболени. После како што наголемуваше бројот на заболени одлучија да не му се прават тестови на другите, баш имаше изјава од министерот за ова.
    Едвај после незнам колку месеци отидов до банка да средам документи среќа што ме видоа со огромен стомак (9ти.месец) па ме пуштија одма да влезам.Ми беше страв да чекам во гужвите надвор. Јас не знам што прават луѓено секој ден пред банки е гужви вака не било никогаш. Разбирам одреден ден да има гужва ама кога да видам наредени се по 100 души се стискаат еден до друг..
     
    На noteforself, azelea и IRBBB им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Секоја генерација си има свои патешествија.
    Од секогаш имало земјотреси, поплави, вулкани, епидемии, војни...
    Денес барем имаме интернет, имаме телефони за комуникација... Замисли во Втората светска војна како им било.

    Или замисли и денес како е во сиромашни земји?
    Ем корона, ем умираат од глад, ем од други болести, ем немаат телефони ни интернет... нема да знаеш во другото село дали е жива мајка ти, или не.

    Да бидеме благодарни и за ова што го имаме.
     
    На pokahontas83, galapce, Ambrosia и 10 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Па не сум воопшто благодарна за пандемијава. Затоа што можеше да се спречи уште пред да излезе од контрола. За што конкретно да бидам благодарна, кога се чувствувам како затвореник во сопственото тело. Секоја добра човечка емоција и реакција ти е уништена. Немам никаква комуникација со луѓе, не се жалам што работам од дома, ама ти фали некоја заебанција на работа.
    Благодарна сум на самата себе, што уште не сум се заразила и што мојата фамилија е сеуште добро. Но, не дај боже некој од моите родители, баба, да легне на болнички кревет, нема сигурно да бидам благодарна, туку гневна, агресивна, анксиозна и ќе имам неопислив немир.
    Тоа дека секоја генерација има свои предизвици, е вистина. Но, со оглед дека живеам во 2020 година, очекувам барем цивилизирана реакција од луѓето. Да беа паметни, да следеа препораки, да затвореа граници со време немаше да биде пандемија, ами ќе си останеше во Кина, каде и треба да остане. Ама очигледно сеуште носиме гени од пештерски луѓе. Ти кажуваат секој ден што да правиш, пишува на секаде, ама не вирусот не постои и ќе го јаде на крај некој недолжен ради туѓата глупавост. Ете затоа не сум благодарна, гневна сум на постапките на човечкиот род. Да се плашам за себе и внука ми, да не си ја штипнам по тие обравчињата дебели, гушнам и да и правам фризури, да се плашам од тронка емотивна реакција да покажам. Јебало те идеја на човештво, ако ова е некаков нормален живот.
    Да го прашам сиот медицински кадар дали е благодарен за ноќите неспани, што се гушат зад маските и бројните заштити, што фамилии оставија за несебична помош на заболените.
     
    Последна измена: 17 октомври 2020
    На Purplelilac, Hellobeautiful, Ambrosia и 10 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Време на почнување на симптоми. Сите покажаа симптоми по 4 дена од другиот. Настинка/грип покажува симптоми побрзо.
    Малото беше само со темп 38 три дена без никаков друг симптом (кај деца најчесто проаѓа така брзо), мажот е премногу малаксан веќе 6ти ден со температура која варира, а мајката кашла и има темп.

    Матичната не ги ни видела. А во време на 500 случаи на ден треба да им саде бар крвна слика да направат.
    Ќе прават за антитела, ќе видат дали е ковид.
     
    На fana, mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    128.408
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk многу матични потфрлија и дозволија своите убедувања дека нема корона или дека не е страшно да влијаат на начинот на кој се однесуваат кон болните.
     
    На Ambrosia, LejlaD, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.804
    Допаѓања:
    41.954
    Пол:
    Машки
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    120.328
    Пол:
    Женски
    или да не ги ни прима на преглед со температура ко Којиќ |(
     
    На Cherry333, LejlaD, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Педијатарот?
     
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    120.328
    Пол:
    Женски
    да|(
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    128.408
    Пол:
    Женски
    Бог да чува.. па зашто би носеле ако не е болно дете на педијатар??
     
    На LejlaD, mal.ecka и fana им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    128.408
    Пол:
    Женски
    На noteforself, LejlaD, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.804
    Допаѓања:
    41.954
    Пол:
    Машки
    Имам пријатели што претпоставуваат дека се заразиле од тој и тој, зашто тој имал симптоми (ги криел), не се тестирал и не можат да кажат дека "имале контакт со поз. лице"...

    Толку е лошо во Кромберт? :|
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    120.328
    Пол:
    Женски
    А што да прави кога по цел ден нема работа пошо не прима пациенти? :rofl:
     
    На LejlaD, TheDongerino, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    128.408
    Пол:
    Женски
    Секоја фабрика е лоша.. ама со оглед дека пола Битола таму работи, а замисли да излезе кластер Кромберт, плус менталитет Шо бе корона.., ете ти..
     
    На LejlaD, mal.ecka и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Според мене, најдобро би било, сите оние кои можат да работат од дома, да работат од дома. Таму каде што е неопходно, да се оди на работа со физичко присуство.

    Сум за затворање на кафичите, кафаните и рестораните, само заради тоа што никакви мерки не се почитуваат. Прво и основно келнерите не носат маски, а шетаат од маса на маса и се супер преносители на вирусот. Второ, никаква дистанца нема на масите, а во многу објекти дури и средствата за дезинфекција се собрани за украс во некој ќош. Значи, не може така. Ако ги затвореле, им ускратувале леб на вработените, а зошто тогаш не почитуваат никакви протоколи? Зошто ги загрозуваат јавниот ред и безбедноста на граѓаните?

    Ако сакаат да бидат отворени, нека почитуваат протоколи. Ако не, затворање. Жал ми е само за исклучоците. Дури и кога би се почитувале протоколи, ако експертите одлучат дека е неопходно да се затворат, нека се затворат, со тоа што мора да биде обезбедена парична помош за овие луѓе. Ако веќе државата нема (иако, со малку подобра организација и избегнување на непотребното трошење пари, може да се обезбедат средства), тогаш нека се побара помош од бизнисмените во државата. Евентуално, работа на принцип на достава на храна и кафе за носење.

    Училишта и градинки, би затворила. Родител, ослободен од работа, за да го чува детето, повторно парично потпомогнат од државата.

    Што се однесува до јавниот превоз, би пуштила по два автобуси за секоја линија, по редуциран возен ред. И строга контрола на максимално дозволен број на патници и строго секој патник во автобусот да носи маска (покриени носот и устата).

    Казните за групирање, неносење маска, непочитување на мерките, би ги зголемила трократно. Мора да се казнуваат непочитувачите. Никакви двојни аршини, секаде да важат истите правила. Ако полицијата не е во состојба да воведе ред и мир, тогаш не знам зошто е полиција.

    За тоа време, тестирај, лоцирај, третирај. Доколку болниците немаат капацитети, не е на одмет да опремат спортски сали во близина на ковид центрите, со душеци/кревети за пациенти со средно тешка клиничка слика.

    Е сега, проблемот кај нас е разнишаната доверба во властите (што секако е поткрепено со оправдани причини). Од тие причини, би одела со создавање експертска влада (со најврвни стручњаци, независно кој од која политичка партија е), која би управувала со државата за почеток во првите шест месеци.

    Решение има, само треба се има желба и држење подалеку од политика, а повеќе до потребите, здравјето и безбедноста на народот.

    И нема простор за никакво префрлање на вината. Одговорните прават грешки и ние може да плукаме колку сакаме по нив, ама па уште поимбецилно е да се криеме зад нивните грешки и да се оградуваме од секаква одговорност.
     
    На happygirl, emiliana, Ambrosia и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Д-р Рајнер Фулмич: Злосторства против човештвото (корона мерки)

     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден од корона почина најдобар другар на татко ми, човек кој го знам цел живот, од дете и го гледав скоро секој ден.
    И најискрено да ви кажам, страшно е кога корона статистиката не е само бројка, туку е некој што го познаваш. И не е веќе само починато лице кое имало толку и толку години и толку и толку коморбидитети, па да се тешиме дека ете можеби старост или хронични болести допринеле. Вирусот е страшен луѓе! И многу непредвидлив. За пет дена го однесе човекот, а беше карпа човек. Де подобар, де полошо. Се слушаш на телефон, ок е, после два часа смрт.
    И после се, кога ќе прочитам на социјалните мрежи како уште некои луѓе се убедуваат дека вирусот не постоел и е обична настинка, епа најискрено неможам да разберам.
    И најжално е што сам неможеш да се заштитиш, треба колективна свест за ова. Што дека еден се штити и пази, не излегува речиси никаде, кога друг шета со симптоми и шири зараза. Некој ќе го поднесе на нога, ама некој не. Да бидеме одговорни, не само за себе, туку и за другите околу нас.
     
    На Annath, galapce, Purplelilac и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Mila.T22

    Mila.T22 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Мајка ми вчера доби позитивен резултат, требаше денес да провери крвна слика и Rtg на бели дробови, ама сабајлево матичната и се јавили и и кажала ако нема потешки симптоми да не оди да ги прави овие испитувања.
    Е сега мене ми е страв, прво и вика утре, после тоа гужва било веројатно затоа да не ги прави.
    Сакам да ги направи, дали треба да инсистираме кај матичната или незнам дали може на приватно, зашто има решение за изолација.
    Дали има некој слично искуство ? Фала ви..
     
    На 1209, LejlaD, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    инсистирајте кај матичната. Нејзиното лично мислење дека не мора, да си го чува за по дома.
     
    На Purplelilac, 1209, happygirl и 13 други им се допаѓа ова.