Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    За Велигден, Духовден.
    Не смеевме да идеме по цркви, гробишта.
    А денес со гордост кажуваат како од сите страни на Македонијава го посетиле Бигорскиот манастир. Некои носеле маски, повеќето не.
    Кој ќе ги казни тие што не носеле?
    А ваму некој ни крив ни дужен го прашуваш зошто ме казни ти вика "така ни е наредено".
    Нема рамноправност.
    Уште па криминалците Стево, Зајко отишле. Па на камера зборат па боже Господе.
     
    На teaiva, magnolija09, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Дали можеби тоа што не наметнуваат поригорозни мерки се должи на тоа што не е прогласена вонредна состојба?

    Како оди правно работава?
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не сум поупатена, ама ако не се лажам, корона вирусите одамна циркулираат меѓу нас, овој бил некој што бил познат дека го има кај животните, сега пренесен и меѓу луѓето. Затоа и нон стоп го кажуваат “новиот корона вирус”.

    Туку типов што мисли ја открил светската завера со тоа што ставил скриншот од фб профилот на Ричард Ротшилд (или барем он се надева дека е тој :D) кај што во интро му стои ”I own the world”. А дотичниот “Ричард Ротшилд” има дури три пријатели на фб 8) Сериозно помислил ќе наседне и ќе поверува некој дека е тоа стварно Ричард Ротшилд и доказ за целата далавера реченицата од интрото???? (facepalm)
     
    На LejlaD, Fifi84, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Не.
    Вонредната состојба претходно беше прогласена ради тоа што имавме распуштено собрание, кое немаше никаква законска и уставна можност пак да се свика. Аналогно на тоа, не можеше ни ништо да се превземе. Па поради нужноста на донесување на мерки и рестрикции тогаш, Претседателот прогласи вонредна состојба. Зашто ако не се прогласеше тогаш вонредна состојба требаше се нормално да си тече, да си се одржат избори во април (или кога и да беа прв пат закажани), и пропратно се нормално да се одвива.
    Сега може да се донесуваат рестриктивни мерки, пошто имаме активно собрание, може нема да биде толку брзо како во време на вонредна кога се носеа уредби со законска сила, ама сепак има можност.
    Не верувам дека ќе се посегне сега по вонредна состојба, зашто реално како правен институт е доста осетлива, се прогласува во крајна нужност и по дефиниција е краткотрајна. Така да сигурно ќе се оди да се исцрпат сите други правни механизми.
     
    На LejlaD, WildMk, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Можеби фактот оти Јавниот долг ни е 60% од БДПТО и за време кога се беше затворено Март-Мај до сега е зголемен за цела МИЛИЈАРДА. Пред 2-3 дена Заев имаше изјава нема повторно затварање заради економијата.
    Сега му текна на економијата ама се беше затворено на 10-20 новозаразени дневно.
    Какви други поригорозни мерки би сакала ти? Освен тие што ќе ги изгласат следната недела не гледам кои други би можеле да си ги дозволат.
     
    На honey.11, christinnn и Ева33 им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    192.872
    Ок, линкот од Ева е кромид. Ама тој линк смерува кон официјален линк со патенти информации, го постирав погоре. Сега пак го прочитав патентот и ако не е некоја профи фејк страна, мене ми е малку језиво. Не разбирам холандски за да бидам сигурна.
     
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    маЧедонија.
     

    Прикачени фајлови:

    На honey.11, noteforself, La.RagazzaMisteriosa и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Прејаки сте со ова глобалната завера ќе ја срушиме со web search :D
    Аман луѓе, и да постои нема да ви ја стават на тацна да ја видите на веб :D Стварно пренаивно е да мислиш дека случајно ја откриле тајната на официјалниот сајт. Барем пребарајте, еден факт чек. Стварно е срамота денешно време да не можете да препознаете релевантен извор на информации. Стотти пат се случува на темава да има некој кромид :D
     
    Последна измена: 19 октомври 2020
    На 1209, galapce, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    192.872
    А го отвори ти сајтот?
    https://nl.espacenet.com/publicatio...=D&date=20200903&CC=US&NR=2020279585A1&KC=A1#
    Никаква тајна не открива, само интересна бизнис идеја. Така, доста дискутабилна.
     
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Овој напред со шлемов Заев да не е?

    Најголема иронија во целава приказна е тоа што типот е градоначалник на општина Центар, се просерава со некакви граѓански концепти на штета на македонските, а оди прави свадба во Грачаница со српски знамиња и српска музика, а церемонијата му ја крунисуваат одметниците на Вранишковски, кои не ја признаваат МПЦ за независна црква. Ние утре на истиов леб му даваме.
     
    На honey.11, tina2018, Ева33 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Апсолутно и го пребарав патентот и првиот фајлинг од 2013 и овој од 2020. Првиот фајлинг од 2013 е за општо процесирање на биометриски податоци, пренамената со ковид е годинава, во меѓувреме има и други фајлинзи со истата идеја, но пренамена. Така функционира цел свет академски, ништо чудно. Работиш во сфера и ја адаптираш на тековните ситуации. Посебно за патенти можеш се да патентираш, дури и за секој случај, не мора да имаш готов продукт, можеш и идеја.
    По код барајте тука https://worldwide.espacenet.com/ и старите може да се гледаат со оригинален наслов и абстракт.
     
    На green.eyes, Spidy, le.soleil и 3 други им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано носење на маска и на отворено, бидејќи и таму постои мал ризик од инфекција.

    Ова првенствено се однесува на настани каде што луѓето стојат блиску еден до друг и зборуваат подолго време, како што се политички митинзи или забави на отворено.

    Од почетокот на пандемијата, научните студии докажаа дека вирусот се пренесува во ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции, возови и авиони.

    Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е рецензирана, приближно шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

    Станува збор за области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде што луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу зборувајќи или пеејќи гласно.

    „ Ние не идентификувавме буквално ниту еден случај што би го поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено“, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери.

    „ За истите активности и истата оддалеченост, надворешниот простор е многу побезбеден од внатрешниот, затворениот простор“, се наведува во студијата, во која учествувале група научници од американски, британски и германски универзитети.

    „ Ризикот од пренесување е значително помал на отворено, затоа што ослободените вируси се разредуваат побрзо во атмосферата“, напишаа научниците, споредувајќи го вирусот со чадот од цигари.

    Најмалите честички што вирусот може да ги пренесе – аеросолите, можат да лебдат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од воздухот на просторот. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, исто така можно во тесен простор помеѓу две згради каде што нема циркулација на воздухот.

    „ Колкава количина аеросол е потребен за инфекцијата не е познато, но колку е поголема количината, толку е поголема веројатноста за инфекција“, вели Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси на Харвард.

    Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда на тротоарот не е доволна за да се зарази, потребно е веројатно барем неколку минути.

    Во теорија, инфекцијата е можна и со разминување на луѓето на отворено.

    „ Нема докази дека коронавирусот се пренесува од луѓе кои поминуваат на отворено“, заклучува групата научници, но во теорија тоа е исто така е можно.

    „ Кога ќе поминеме покрај луѓе, можно е да собереме малку од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но од принципот на претпазливост, маската не може да штети”, изјави Линзи Мар, експерт за пренос на вируси на аеросоли, на Универзитетот „Вирџинија тех“.

    Постојат премногу варијабли за да може точно да се пресмета колкав е ризикот од инфекција на тротоарот или во паркот. Тоа зависи од ветерот, но и од сончевите ултравиолетови зраци кои го деактивираат вирусот.

    Сите индикации се дека ризикот е мал, но маските сепак се најефикасна безбедносна стратегија.

    „ Случаен минувач на тротоарот може да кивне токму во моментот додека се разминува со вас“, пластично објаснува Кристал Полит, професор по епидемиологија на Јеил.



    ©Makfax.com.mk
     
    На Peperutce1115 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.940
    За се постои шанса. По законот на големи броеви и рандомизираното движење на гасовите молекули, возможно е целиот кислород во една просторија да биде сконцентриран само во едно ќоше, што ако се случи значи дека човекот би се загушил.
    Ризикот е мал, ама постои. Мислам дека сите треба со боца кислород да се шетаме во затворени простории.
     
    На azelea, tina2018 и prominent им се допаѓа ова.
  14. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Дали е донесен законот за задолжително носење заштитни маски дури и кога шеташ сам на отворено? Гледам некако многу казни пишуваат деновиве, но не знам дали го усвоиле тој закон или се уште е само предлог.
     
  15. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Не е усвоен.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Словенечката влада официјално прогласи епидемија на коронавирус.

    Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, претходно објави на „Твитер“ дека епидемијата ќе биде прогласена за територијата на цела Словенија и дека ќе трае 30 дена, почнувајќи од денес, пренесува словенечката агенција СТА.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.542
    Допаѓања:
    261.101
    Screenshot_20201019-115726_Facebook.jpg
    Еве ги ограничувањата, секаде се слични.
    Но Словенија ја затвори Љубљана, ама Скопје никако да се затвори|(.
     
    На azelea, LejlaD, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.173
    Допаѓања:
    221.921
    Пол:
    Женски
    Со Италија затворија или не?
    Ништо нема по нетов....
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.802
    Допаѓања:
    41.946
    Пол:
    Машки
    Не може тоа кај нас, граѓански права, слобода, ментално здравје...
     
    На smooch, azelea, Hellobeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555 - сѐ петки :o
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.