Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па ако маж ти излезе позитивен, секако твојата фирма не треба во изолација, само ти треба да идеш.

    Плус читаш горе дека никој веќе не се става во изолација, дека епидемиолозите не ни прашуваат за контакти.
     
    На tina2018, mal.ecka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    7.770
    Пол:
    Женски
    Нема веќе изолација мислам и јас, ако е така сите фирми ќе бидат во изолација. Секаде има по некој заболен, а ништо не е закочено. Кај мајка ми во колектив позитивна, никој не е испратен во самоизолација.. И има болни членови од фамилиите на други колеги, тие си одат на работа најнормално додека не се со симптоми..
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    Има некој инфо како е ситуација во Виница и Делчево?

    Има многу фабрики таму, а малку регистрирани случаи. Пазат или не се ни тестираат?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.061
    Допаѓања:
    128.328
    Пол:
    Женски
    Второто ќе да е
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Не се баш малку според број на жители? :?:

    Ќе ја тагнам @bicycle да ни каже подетално :)
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Се јавив секаде, Авицена тек утре термини, Жан Митрев цело време беше зафатено, ИЈЗ не крева никој пола саат, мораше да закажаме за утре во Авицена, е сега работата е што не сакаат таа инфузија да и ја стават без Ковид тест, дали знае некој Брза помош од било каде, дали доаѓа да стави инфузија без корона тест??
     
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски

    Околу 50 активни случаеви има во Виница, повеќе нема. 48 или 49 ете толку беа.
    Повеќе од тоа нема.
    Се тестираат често, до пред 2 месеци бевме корона фри па почнаа со заразите во текстилна фабрика која беше веднаш затворена уште од кога се појави прв заразен од фабриката.
    Повеќето се заразени во Кочани по фабриките затоа што од Виница има вработени во Кочани.
    Има многу хоспитализирани од Виница, друго немам информации. Ама ме загрижува што до сега требаше да намалеме со бројките односно да имаме повеќе оздравени, одамна се врти бројкава.
    За Делчево не знам како одат работите.

    До пред некој период во Виница се почитуваа мерките, сега слабо.
     
    На JuLleE и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.793
    Допаѓања:
    24.642
    Пол:
    Женски
    Не ве прочитав што сте пишеле горе.
    Знам дека нема потреба они да одат во изолација ако мм е позитивен, ама нив тоа не им е јасно.
    Поентата ми беше дека ми викаат да лажам за да се заштитат, сфаќате?
    И од кај нас од канцеларија да излезе некој позитивен, треба да кажува дека од дома работел за да не ја затворат канцеларијата. Така ни е кажано.
     
    На tetoviranta, WildMk, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    Кај маж ми на работа ако има позитивен, затвараат за странки 2 саата, сите ги тестираат, и ги враќаат назад. Да не се изгуби од работата. :|
     
    На Spidy, fana, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    :D

    FB_IMG_1603202260858.jpg
     
    На fina erika и le.soleil им се допаѓа ова.
  11. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ќе кажете Венко не е крив ама што правеше од Март до сега? Срамота е ИЈЗ да прави дневно само по 500-1000 тестирања да не се приватните сега ќе имавме нереални бројки по 100-150 дневно.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    1.467
    Пред некој месец во блиска фамилија постар човек почина, брза помош не дојде да констатира смрт туку по телефон кажуваше како тоа да се провери, на тој стрес уште сопствено дете тоа да го прави.. Така да не верувам дека доаѓаат за жал. Не знам дали директно да појдете во институт за јавно здравје уште сега да не чекате.. Со сигурност знам дека земаат брисеви без закажување и 1850 денари е
     
    На thelittle17 и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Javi se vo onie sto doagjaat vo poseta doma , tie doagjaat doma domasna poseta.
     
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    279.717
    Пол:
    Женски
    Како бе да не ставаат инфузија без тест.Па заштити се и работи си ја работата.Застрамота и загреота.Оние на инфективните клиники како работат со месеци....Катастрофа...:@
    А 90%од мед.кадар што е заразен е заразен надвор од раб.место оти многу почитуваат мерки...:envy:
     
    На green.eyes, oblace1, Karamela12 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 280 оздравени пациенти од: Скопје-148, Куманово-3, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

    Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674.
     
    На LejlaD, bicycle, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.888
    Браво браво... Сите ќе се заразиме јас се помирив веќе.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

    Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

    На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

    Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

    На денешната седница Владата го утврди Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.
     
    На GrimTheReaper, LejlaD, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Се' арно, само во модуларните градби, кој медицински персонал ќе работи?
    Може и модуларни доктори и сестри ќе направат? 8-|
     
    На Mantub, SkarletOHara, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Директорката на Инфективна во интервју кажа дека таму ќе работат интернисти од клиниката, а во финална постапка пред објавување е и оглас за 30 медицински сестри :)
     
    На LejlaD, referentka, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.