Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.533
    Допаѓања:
    38.792
    Пол:
    Женски
    Според неа и грипот е бактерија значи :^) и тој со брис се изолира.
     
    На Angie1432, CameliaMiller, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Денес имав контакт со позитивен. Без мое знаење.
    Немале место на Инфективна и го пратиле на Интерно. Без да не известат нас, мед.персонал.
    Јас го земав од амбулантното возило и го возев во лифт, па низ ходници преполни со луѓе,за дури после да се јават и да не известат дека човеков е позитивен. Додека бев со него кашлаше и тешко дишеше. Јас носев само ракавици и KN95 маска.
    Знам дека е прерано и за симптоми и за тестирање ама сега психава ме убива. :doh:Најмногу се плашам да не си ги заразам домашните без да знам..:worried:
    Не можам да поверувам каква неодговорност од нивна страна, праќаат позитивен пациент без претходна најава за дополнителна заштита да превземеме.
     
    На ivi1987, CameliaMiller, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    128.309
    Пол:
    Женски
    Си имала KN95 и ракавици мислам дека е ок..
     
    На LejlaD, Ahoy и tinka-mace им се допаѓа ова.
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    И јас мислам дека ризикот е мал, ама ме јаде црвот сега...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    128.309
    Пол:
    Женски
    Извести на работа, изолирај се 1 недела и барај тест.
     
    На LejlaD, mal.ecka и Sanci92 им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Знаат на работа, во болница се случува сето ова и сите заедно не известија само што баш им е гајле, не беа они на мое место и..
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Се надевам снаата не е мед.персонал.Зашто поголема глупост неам чуено! Еве ХПВ е бактерија значи, пошо се испитува со брис и д
    со ПСР исто, и еден куп други вируси!Дај бре не верувајте у све шо ќе ви кажат безврска,прочитајте ако не бар да видите дали ве праат будали у здрав памет!
     
    На WildMk, Ahoy и redhead им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Битни се и очите да ти биле заштитени, зависи колку време беше со тебе во лифтот и дали додека беше во лифтот кашлаше многу? Дали тој носеше маска исто битно?
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Да носеше маска. Ама лабава:worried:
    Очите не ми беа заштитени :( во лифтот од приземје до 4ти спрат.. околу пола минута не знам..
    За кашлање околу 3-4 пати се искашла..

    Пред 7 год имав многу тешка пневмонија, белите дробови ми беа партал, 1 месец темп 40, 10 дена на инфективно лежев. Сето тоа ми остави големи последици па сега и обична настинка јас 1 месец сум болна најмалку. Ако сум се заразила, не верувам дека би поминала со лесни симптоми.:sweat::worried:
     
    На WaitTillTheEnd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Помага тоа што носел маска, незнам колку се шансите да си се заразила од релативно толку малку време ама не се знае, ќе гледаш овие денови дали ќе развиеш симптоми или не.
    Би ти препорачала да пиеш основни витамини како Витамин Ц, Д во нормална количина од овие немаш штета дури и да не си заразена.
     
    На Ahoy и tinka-mace им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.800
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    @tinka-mace реално има шанси за зараза, е сега не знам кој ден ден од појава на први симптоми му бил, ама сепак...
    Ако си во можност изолирај се дома само во една соба од денес, кога излегуваш постојано биди со заштитна опрема, така ќе ги заштитиш и твојте ако евентуално си заразена.

    Ти посакувам најдобар исход :hug:
     
    На mal.ecka и tinka-mace им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    И сидата е вирус па се проверува преку крв а не преку брис и да снаата е медицински персонал.Има многу завери околу вирусов само вистинските Масони ја знаат правата вистина. Еве да се редактирам од кај знае јавноста дека вирусот ќе траел до нова година и дека потоа ќе има вакцина и ќе се вакцинира народот секој по своја волја и оп до март вирусот ќе исчезнел и други завери како што реков не ја подценувам болеста и верувам дека нешто постои ама дај бе веќе не утепаа во психа.
     
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Ти благодарам. :hug:
    Од болница не ја извадив маската ни во кола, дури дома во тоалет веднаш се џитнав на бањање. :D Заби се миев 10 минути.. :| Таму со жешка вода и сапун веднаш измив раце до лакти, и се дезинфецирав со средство 5 пати може, иако јас носев ракавици и не го ни допрев човеков само количката ја буткав.. леле не знам многу сум под стрес. Не сакам од стрес и безпотребно мислење уште толку да ми падне имунитетот, јас посекако немам јак имунитет.. оф:doh:
     
    На Ahoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

    Во моментов, 622 пациенти се во болница, а 38 се на апарати за дишење. Бројот на активни случаи е 6.459.

    Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 28.287 лица заразени со коронавирус, од кои 393 починале. Вкупно оздравеле 21.435 луѓе, од кои 473 во последните 24 часа.

    Во моментов има 24.242 лица во самоизолација.

    До денес се тестирани вкупно 411.947 лица, од кои 5.428 во последните 24 часа.

    Ова е трет пат во една недела бројот на новозаболени на дневна основа да надминува илјада.

    ©Makfax.com.mk
     
  15. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: затварајте ја темата
     
    На WildMk и Sanci92 им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.

    Македонија е една од трите земји членки од Западен Балкан што ќе добијат ваков вид помош.

    „Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) “, се вели во соопштението, објавија подгорички „Вијести“.

    На Албанија неодамна и беа доделени 60 респираторни машини кои се наоѓаат во Италија, а кои ќе бидат доставени наскоро.

    НАТО формира резерви на медицинска опрема за да може да обезбеди итна поддршка на земјите членки или партнерски земји на кои им е потребна помош.



    ©Makfax.com.mk
     
  17. Sanci92

    Sanci92 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, треба да поминат барем 7дена за да може вирусот да се детектира. Е сега јас кога бев во изолација од инфективна ми препорачаа да пијам витамин Ц 1000мг, Витамин Д ампули една на месец, и Цинк таблети. Подигале имунитет во случај да си позитивен. Јас излегов негативна, ти посакувам исто негативен тест
     
    На WaitTillTheEnd, mal.ecka и tinka-mace им се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    14.300
    Пол:
    Машки
    Абе дај не се глупирај, та ти, та снаата. Алал нека и е ако е медицински персонал, ептен за пофалба!

    Прво и основно ХИВ се пренесува при контакт со телесни течности(крв, сперма и сл) па не може да се детектира со брис од нос или грло.
     
    Последна измена: 21 октомври 2020
    На naturally, Ambrosia, Celltica и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Значи ок е,ај вака земи прочитај кои вируси се испитуваат со брис кои преку крв ок? Мислам ако сакаш да научиш нешто ново, ако не држи се до твоите верувања, па не можеме сите да знаеме се.Еве јас не знам за масоните :)
     
    На Celltica, WildMk, magnolija09 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Sanci92

    Sanci92 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе дај не верувајте се што ќе прочитате на фб. Има преубави медицински страни и студии, барем истражувањата во врска со ковидов се бесплатни и може да се симнуваат. За вакцоната како знаат кога ќе ја има, па така искусни научници знаат за колку време излегува вакцина и во кој стадиум се оние кои ги работат. Е сега нам што ќе ни подвалат само Господ знае
     
    На WildMk и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.