Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Супер Ерика. Уште толку да успееш. Само те молам повеќе не се расфрлај со вакви дезинфорации. Слушна недослушнати.
    Оти тоа обично грипче ги наполни болниците низ цела држава. Тоа не се случува ни во сезона на најките грипови. Па докторите кои магистрираа во оваа област почнаа да креват раци и не знаат ни што со себе ни со пациентите.
    Оти млади доаѓаат со димери во вис и влошена состојба за помалку од 24 часа, жедни и гладни за воздух. За старите да не правиме муабет какви клинички слики развиваат. Некои кои извлекоа жива глава викат оти мислеле дека е готово.

    И пред да ми кажете оти ви ширам негатива, само ви ја кажувам реалната слика.
    Оти тоа обично грипче прави хаос во здрав организам.

    Да не зборувам оти ние сме една болна нација, отруена со антибиотици и лендацини. Па на се сме имуни.

    А баш примерот кој го даде, напикани во една канцеларија , на едно биро десет кои не веруваат во вирусот, или еден верува, другите го убедуват оти не е точно, се најлошата комбинација. Па и лагано си одат на работа со тоа мало вирусче.
     
    На galapce, M.B., Doozy и 28 други им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    IMG_20201022_080613.JPG
    Не е дека не верувам во вирусот, постои се плашам за семејството, но ако властите толку се загрижени за нашето здравје , зошто не вложија барем пола труд од ова сега да го решат проблемот со загадување, отрови дишеме кои полека но сигурно не разболуваат. Со години во нашиот град се протестира за една фабрика која очивадноме тумор на градот, но надлежните со прст не мрдаат. Некако како да не им е до нашето здравје.
     
    На honey.11, Feminka22, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Се е тоа точно како што го кажуваш само овде во темава моето мислење го протолкуваа поинаку еве Асматичар сум и сум во онаа ризична група на кои многу брзо можат да се развијат симптомите јас најубаво знам што е глад за воздух носам маска онаму каде што треба не ја носам постојано бидејќи и истата ми прави проблем,не одам по кафичи,ресторани држам дистанца онаму каде што е потребно,во ходник на терен носам маска во канцелрија со колешката повремено бидејќи сме на далечина често проветруваме никој на гости не сум викнала ниту сум била.Еве овие се мерките нели што сите треба да ги спроведуваме и се надевам дека повеќето го прават тоа а останататото го оставам на господ.Епа еве на волку пазење и од некој да нафркаш после тоа,ова испадна да не знаеш од која страна ќе те стрефи.
     
    На LejlaD, Ева33, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Леле муабетиве некој без грам мозок ги има извадено. Како тоа сестрава слепа да прочита што става во инфузијата. Докториве скришно со шприцот шетаат да не ги види сестрата. О Боже, кај живееме.
     
    На tinka-mace и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација. Ова го порача директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, која вчера информираше за хоспитализацијата на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.

    Во однос на кадарот кој работи во модуларната болница, Стевановиќ изјави дека постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички.

    „Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки, и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега“, рече таа.

    Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со Ковид-19.

    Стевановиќ изјави дека поради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што може да се предвиди и на што апелираат е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

    „Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска“, потенцираше д-р Стевановиќ.

    Таа вели дека здравствените работници мора да ја издржат оваа битка.

    „Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат“, потенцираше директорката на Инфективната клиника и апелираше до медиумите да испратат порака до јавноста за почитување на мерките.

    Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со Ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.


    ©Makfax.com.mk
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.539
    Допаѓања:
    91.607
    Пол:
    Женски
    Загреб 705 од вкупно 1563 во Хрватска денес,починати 13.
    Мртва трка со Скопје.
    Рим со полициски час,што се чека кај нас не знам.Од денес продолжен викенд ке почнат прошетките низ МК.
     
    Последна измена: 22 октомври 2020
    На LejlaD и fina erika им се допаѓа ова.
  7. Sanci92

    Sanci92 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не може сестра да не знае што боцка, особено типот или групата на лекот, затоа што основно познавање треба да им биде кој лек како се боцка ( постепено испуштање на течноста, брзо, во мускул или супкутано) и кој лек со кој иде во шприц, а со кој ствара синергија особено доколку ги измешаш во инфузија. Е сега верувам дека може имињата на лековите (не групата) не им се познати, тоа впрочем е и работа на лекарот( зошто го дава, какво дејство има итн) Меѓутоа миностерот одамна изјави дека земјата ( меѓу неколку други европски земји) ќе има пристап до новите лекови кои ќе се употребуваат за лекување, тоа е меч со две острици. Прво не се сигурни дали лекот делува и на кој начин, но се испробува бидејќи е влезен во фаза на испитувања, а доколку делува на добивка сме сите. Значи тоа може да е причината за многу непознати лекови
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.897
    Пол:
    Женски
    Не е само Рим под полициски час, прво Милано, Наполи се решија на тој чекор, верувам дека сите ќе бидеме лека полека. Не сум прочитала точно кој се не поставил полициски час, ама секој саат нешто ново се дешава тука па не знам кој што кажува веќе и каде се нешто ќе има.
    Најново е дека регионите ќе ги затворат пак, скоро

    Сакам да кажам, секој еден саат ажурираат нови мерки, што више не знам кај се што има и нема.
    Ама дека одиме кон карантин одиме и тоа сигурно
    Вака лека полека....
    И децава пола веќе не одат на школо....

    Многу стана лошо насекаде ко читам со бројките :|
     
    На LejlaD, noteforself, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.019
    Луѓе колку е изолација, зарем не е 10 дена асимптоматски, а 21 ден со симптоми?
    Ова Миа водителката излегла на 14 ден.
    Има ли некое ново правило?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.678
    Пол:
    Женски
    И јас се зачудив за ова, 21 ден беше за симптоми. Знам дека пејачкана Ивона беше 21 ден. Ја следев на инстаграм.
    Инаку короната влезе и во управата за водење на матични книги, двајца позитивни, не иделе повеќе од недела дена на работа а дури денес кажале дека се заразени. Не е направена никаква дезинфекција а луѓе идат бебиња пријавуваат таму, па уште им викале што кажувате дека имате корона . Ужас.
    Едниот вработен бил последен пат минатиот четврток, другиот минатиот вторник, мајка ми нема блиски контакти со нив и плус е со маска цело време, бирото и е до прозор кој го отвара цело време, едниот носел маска цело време, другиот не. Не знам дали има шанса за зараза ,поминати се доста денови..:?:
    @Ahoy ти вака ко поупатен?
     
    На LejlaD, fina erika, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Сега матичен ослободува од изолација. 10 дена по последниот симптом си слободен.
     
    На mal.ecka, 1209, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Не би требало, има некоја многу мала шанса од "господинот" без маска, зависи колку се гледала со него.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Секаде у исто време спласнува и збукнува вирусот.
    Интересно.

    Можеби и 80 % од сета дневна бројка да се асимптоматски.
    Асимптоматските подобро кажано здравите луѓе не им се у корист на целите.
     
    На Аргентина *, mal.ecka, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Сакам да ги носам твоеите розеви наочари.
    Ако се 80% асимптоматски нема капацитетите да се полнат со брзината на светлината. Ќе се лечиме по дома или ич нема.

    Сега збухнува оти доаѓа зима, влажно време и затворен простор , идеална подлога за респираторни вируси.
     
    На smooch, mal.ecka, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.019
    Супер и ок е, а не ко мене 27 дена дома.
    Јас веќе немав симптоми на ден на тестирање освен апетит.
    Туку враќање на мирис и вкус не го зимаат за последен симптом нели? Оти тоа траело со месеци ко што викаат.
     
    На mal.ecka, duffi и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.678
    Пол:
    Женски
    Немала контакт воопшто , само што ете просторијата е таа, иста, ама е огромна.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Ти имаш некогаш читано закон и устав па да видиш што е и како е.
    Оваа власт се шверцува дури ќе прошверцува во текот на наредната недела и полициски час кој не смее да биде без прогласување на вонредна состојба а баш тоа ќе го направат ќе воведат полициски без вонредна состојба.
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.938
    Пол:
    Машки
    Тогаш шансите се мали, имајќи предвид што таа е до прозор и често (или постојано) проветрува. Колку време помина од последниот работен ден на тој без маска?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    39.514
    Пол:
    Женски
    Јас пишав и во симптоми, еве не сум била во контакт со заразен последниве денови( не одам на работа), освен дете што земам од школо, во маркет по леб и еднашво банка бев, никаде последниве 5 дена.
    Меѓутоа имам повремени болки во грло, мирисам многу слабо( не е исчезнат скроз) матичната вика дека веќе не прашуваат за контакти, зашто има многу заболени, ми даде терапија, и препорака да седм дома.
    Вели детето што е можно понастрана и навистина се растревожив, сама сум со него, немам каде да го носам, сите обврски околу него на мене се. И да сакам, не е изводливо. Навистина мислам дека ќе попуштам психички периодов.