1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.055
    Допаѓања:
    128.298
    Пол:
    Женски
    Вака да ти кажам.
    Освен ако не ти каже некој со кој си била во контакт дека е позитивен или има симптоми, дали ќе се тестираш приватно секој месец онака превентивно? Не.

    Колкави се шансите да е некој асимптоматски, да нема појма дека бил во контакт со асимптоматски кој ни сам не знае дека има вирус? Големи.

    Така да, да. Ништо не е под контрола. На државно без симптоми не ти ни дава термин, а нема секој 4000 месечно за да се тестира онака превентивно на своја рака.

    Се додека народов не сфати дека сите сме потенцијално носители на вирусов, и затоа се вели носи маска, не се групирај, држи дистанца, вака ќе тераме и бетар.

    И додека се расправаме дали Гоце е
    Бугарин и дали лаптопите се донација или купени во
    Кичево нема ковид центар, пациенти се примаат во шатор.
     
    На noteforself, Cka, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    Човек кога ве чита во депресија да падне или самоубиство да изврши може. Разбирам загриженост сите се плашиме кој сака да се разболе или па да умре, ама бе во крајност идете.. " Леле имав контакт со заболен две секунди сега корона сигурно имам готово јанза ме јаде ќе умрам леле дома моите..." Колега со канцеларија три ката под мене има корона леле сигурно и јас имам сега одма ќе се изолирам од дома не излегувам, ама сме немале контакт близу ама за секој случај... Дај бе луѓе во една фамилија од 4 некогаш има само еден заболен на другите не им е ништо, не се пренесува до толку лесно.
     
    На Konfetka, Amelie1708, Kitten и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.963
    Допаѓања:
    203.362
    Пол:
    Женски
    Порано целта на тестирањето беше да се изолираат позитивните за да се спречи/намали ширењето колку-толку.
    Сега мислам дека тестираат само за да ни пласираат бројки кои ни близу не се до вистинските, а дека реално џабе тестираат, оти болеста се шири побрзо поради непочитувањето мерки, термини нема за сите, а не секој има пари за приватно. Така тестираат колку да мачкаат очи и да велат дека е се под контрола, ама контролата одамна избега. Немаме капацитет за сместување на болните, немаме кадар, немаме ресурси за тестирање, при што не се работи толку за пари, колку за недостаток од стручно оспособени лица.

    Историјата доволно покажа дека луѓето не се способни да се справат со пандемија, барем не без да изумрат милиони.

    Во оваа ситуација, мислам дека е најдобро секој за себе да гледа и да се пази, нема како поинаку. Народов се осеќа загрозен од мерките и не следи препораки, не само тука, цела Европа ќе гори. Не знам во Кина како има толку малку новозаболени, ама, пред да ми кажете дека наводно, тие го пуштија вирусот и имаат лекови/вакцини/шодае, ќе речам, верувам дека почитуваат мерки и не чувствуваат дека им е загрозена слободата и опстанокот.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, темјанушка и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.707
    Допаѓања:
    192.771
    Комплет не ми е јасно. Веќе не се ни трудам да разберам.
    Ама Курц негде рекол до декември ќе траел бранов па ај да му веруваме(fingers)

    Послушни се во Кина @Annath , друга цивилизација се тие во Азија. И одамна носат маски сегде. И не бројат асимптоматски како заболени. И којзнае што уште.
     
    Последна измена: 22 октомври 2020
    На duffi, LejlaD, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.897
    Пол:
    Женски
    Баш до божиќ нели? Исто ко што траеше првиот до годишен одмор или :wasntme::wasntme::wasntme:?
     
    На orevokrsacka, LejlaD, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.707
    Допаѓања:
    192.771
    Мислам некоја недела пред Божиќ, крисмис шопинг да се стигне:wasntme:
     
    На LejlaD, senjorita-v и vitamina им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.963
    Допаѓања:
    203.362
    Пол:
    Женски
    Како и со обичните респираторни вируси, па и грипот, сигурно ќе имаме зимава неколку пикови... а зимава нема да биде грип, ќе биде корона.
     
    На ivi1987, duffi, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Во Белград журки се прават како во Куба за време на Сида, па некако им касни бранот.

    Комбинација е тоа, од различно броење на позитивните, прикривање на бројките, поголема контрола на населението (слушнавте за како се затвара улица) и културата.
    А кинеската економија цвета, замисли.
    И Северна Кореa никако нема ковид, па не би сакала сега одма таму да се преселам и контролата како нивната да ми биде.
     
    На fana, JuLleE и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.897
    Пол:
    Женски
    Ахам разбрано :wasntme:

    Туку викаат тука и курц меѓудругото вика и овој нашиов за здраство дека во лето се враќаме во нормала? Не знам како ќе е ама оптимиста сакам да сум и да верувам така одбрав :)
     
    На Biljarkata, LejlaD и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.016
    Моево и го тестирав, негативен и пак дома седеше 14 дена. А и претходно пред јас да се тестирав не му давав да излегува.
     
    На LejlaD и NarCis@ им се допаѓа ова.
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Аха да, лесно е да куцкаш на форумов. Оди биди во контакт па ќе видиме како ќе изреагираш. И јас мислев дека сум јака психички и си велев е добро де и да се сретнам со некого на разминување а е заболен ништо нема да ми биде. И 90% стварно ништо нема да биде ама од каде знаеш каква е психичката состојба на некој па да кажуваш вака. Сите сме јаки и паметни додека не дојде до нас.
     
    На VDT2906, noteforself и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.963
    Допаѓања:
    203.362
    Пол:
    Женски
    Па да бидам искрена, и јас мислам дека малку претера со реакцијата. Ем си била заштитена, ем краток бил контактот. Не бил ни директен. Ок, разбирам дека се плашиш и за себе и за најблиските, ама паниката ништо добро нема да ти направи, само ќе ти одмогне, ќе ти создава дополнителен стрес.
    И јас бев досега двапати во контакт со заразени, првиот пат три дена заедно, додека имаа симптоми, без маска, без дистанца, на отворено. Вториот пат повторно со луѓе со симптоми, во затворен простор, со маска и јас и тие, не толку голема дистанца, нецел час во контакт, па еве фала Богу, не се заразив. За понатака не знам како ќе биде. Ама првиот пат испаничив повеќе, признавам. Тестот ми беше негативен, ама јас се осеќав како да имам симптоми - а немав, се ми беше од психа. Вториот пат не се ни тестирав, 15 дена од контактот поминаа, немам ништо, ниту има некој околу мене. Така што, од една страна се шири вирусот, ама од друга страна не се пренесува толку лесно ако почитуваш мерки и внимаваш..
     
    На fina erika, ivi1987, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Епа еве и самата кажуваш дека првиот пат си испаничила. Исто како и јас.
    Па побогу нормална рекација на човекот е да се плаши за своето здравје ако му било во опасност плус ако со самото тоа може да наштети и на туѓо здравје. Само тука можете да правите некого ненормален за тоа.
    На кого би му било сеедно да биде во контакт со заразен ајде кажете ми, освен на оние што се глупираат под статусите на Филипче?
    Ако некој член ви прави паника или во депресија паѓа читајќи нечии мислења има опција игнорирај барем на форумов.
    Ама пак ќе кажам многу е лесно да солиш памет на други додека не стигне до тебе.
     
    На noteforself, GrimTheReaper и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.055
    Допаѓања:
    128.298
    Пол:
    Женски
    @tinka-mace апсолутно те сфаќам. А и @Annath што вели, очигледно не е толку лесно заразлив..
     
    На fina erika, VDT2906, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.467
    Па можеби и не е. Ама има многу голема разлика од јас пред два дена и јас сега.
    Зошто до вчера јас немав контакт со ниту еден позитивен од кога е почнато сето ова. И верував во вирусот и внимавав максимално. Ама не може да се опише што се доживува кога наеднаш ти плеснуваат во лице дека некој што бил до тебе бил заразен а тој некој ти кашлал тебе. Значи не може и не може да се опише ниту сфати, треба да се доживее на своја кожа.
     
    На redhead, nena2010, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.963
    Допаѓања:
    203.362
    Пол:
    Женски
    Затоа од искуство ти кажувам, паниката и стравот не ми донесоа ништо добро. И покрај негативниот тест, јас почнав да умислувам дека имам симптоми. А тоа е полошо, барем според мене. Затоа што, ако не дај Боже се заразиш, паниката побрзо ќе те убие отколку самата болест. За било која болест важи тоа, многу е важна психичка стабилност. Сега е тешко, периодов на сите ни е стресен, се чини ко години да се, а не месеци. И нормално е да се плашиш, кога си од сите страни бомбардирана со бројки и вести за вирусот.
     
    На ivi1987, KidA, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.030
    Допаѓања:
    164.889
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    44.250
    Пол:
    Женски
    Среќа реткост е да дојде до хипервитаминоза со Д.
    Умерено користење во нормални единици не пречи, напротив има многу придобивки.
    Да не ги плашиме уште толку луѓево. И така лекариве сега на секој го даваат со ситуацијава.
     
    На jacqueline.s, fana, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    10 дена изолација за асимптоматските случи од денот на тестирање, ако имаш симптоми тогаш 20 дена. Поскедните три дена од изолацијата те следи матичниот и тоа е условот за да бидеш пуштен од изолација, значи ако последните три дена немаш симптоми, слободен си. Моите на пример, хронично болни и двајцата, не сакаа да чујат да ги тестираат иако беа во најдиректен контакт со заразен (со мене) и ни рекоа дека ќе чекаме симптоми, инаку со решение беа во самоизолација 14 дена. Ужас. Сетило за мирис и вкус не го сметат за симптом, ама ако кажеш дека си уморна и малаксана, тоа е ултимативен доказ дека имаш корона, според епидемиолошка анкета.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    35.613
    Пол:
    Женски
    Ти нормална си што пишуваш. Слободни кревети нема никаде на инфективните клиники, а ВМРО се запнале дека немало да гласаат зашто СДСМ биле некултурни. За луѓето баш им е гајле. Како лешинари само политика тераат. Село гори баба се чешла им е работава. Секаде се воведуваат рестриктивни мерки за да не дојде до колапс на здравствен систем само кај нас не може да се мрдне од мртва точка зашто некој не може да прифати да биде во опозиција и да се однесува конструктивно. Ама што да се очекува од луѓе што се ситат на туѓа смрт. Со злоба задоени и саможивни.
     
    На nena2010, noteforself, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.