Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.976
    Пол:
    Машки
    Изгледа конфузно, ама имавме по 100-150 случаи цел септември, сега имаме по 700, ситуацијата се менува и кај нас и во светов.
    И 3% да се само со симптоми, пред 3-4 недели имавме под 2000 активни случаи, а денес се 6500.

    Значи имаме разлика од 4500 активни случаи и 3% од тоа се 135 нови луѓе во болниците за краток период. (а верувам е меѓу 5 и 10%)

    Е сеа и процентот на луѓе што треба да идат во болница да остане 3% како што викаа едно време(а е повеќе), паниката е јасно зошто е, имаме ограничени кревети не повеќе од 1000-1100 на државно ниво, денес можеби до над 500 хоспитализирани стигнавме.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.360
    Пол:
    Женски
    Не го мачи детето. Немало контакт со заразен, нема од кого да фати.
     
    На naturally, JuLleE, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Ако си заразен, паметно е да бидеш хоспитализиран и ако имаш блага клиничка слика, затоа што состојбата може брзо да ескалира.
    Од друга страна, имаме одреден капацитет на легла и медицински персонал.
    Кога ќе се наполни капацитетот, веќе нема простор да се примат сите, туку мора да се прави тријажа, односно, да се хоспитализираат само оние кои се критични.

    Државата нема - што нема воведено нови мерки, ама и веќе постоечките не се малку.
    Држење дистанца, носење маски, миење раце, и вентилација која неутрализира или спречува ширење на вируси/бактерии.

    И некој кога ќе рече: Ама ние се дружиме само со мал круг на роднини/пријатели, ми иди да му зашлакам некоја.
    Да ви објаснам, зошто:

    Во твојот круг се твојата фамилија дома, да речеме сопруг и две деца, твоите родители, родителите на маж ти, сестра ти со фамилијата, сестра му на маж ти со фамилијата и една фамилија пријатели, башка, сите со кои сте во контакт на работа

    Работата е што тие што се во вашиот круг, имаат и нивен круг, од кој вие не сте дел.
    А оние кои се во вториот круг, имаат луѓе кои им се во нивниот круг, а не се ни во првиот, ни во вториот туку во сосема трет.. итн.
    Венов дијаграм....

    И сега, ти ако си заразен, потенцијално, можеш да ги заразиш оние кои се во твојот круг, ама тие може да пренесат на луѓе во нивниот круг, а овие да го пренесат во третиот круг... итн... што значи експоненцијално се шири заразата.

    Плус па и одењето на работа, тој контакт па колку може да се расплини... знаете по фабриките во Источна Македонија.

    Дополнителен проблем е што сега на затворено се сите средби.... и дома да сте, и маски да носите, вентилацијата сигурно не ви е со јонизатори и хепа филтри на сите...
    Прозорец, кога е ладно, знаеме дека не отворате, а промаја сигурно нема да направите за да циркулира водухот.

    И кога ќе дојдите на болница и ќе ви речат: Нема место за вас - да не барате вина во другите, туку себе си да се погледнете... најдобро ќе биде.
     
    Последна измена: 23 октомври 2020
    На Peperutce1115, Cka, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    А додека чекаат резултати од тест дома седат сите или и тогаш се децата во школо?
    Овде има препорака сите од семејството да се дома во случај некој од нив да се тестира и додека се чекаат резултати од тестот. Кој колку следи препорака, тоа е друга работа.
     
    На WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Титаниум биоксид?
    биоксид? озбилно?
    Може да престанеш да пратиш глупи теории на завера помалку ќе паничиш, то знам :?:

    Титаниум диоксид се користи на големо во желатински капсули, во витамини, во сенки за очи, руменила - како пигмент; во козметика, во пудри, во креми за заштита од сонце - како заштита од сонце и спречување на појава на брчки итн итн.
    Кој знае колку си изела или намажала на себе титаниум диоксид, и дојде ред да шириш теории на заговор за наводни маски со титаниум диоксид.

    Патем еве вест за маски со титаниум диоксид за оние заинтересираните, веројатно од таму е извезена лажната вест.
    Се работи за материјал направен од наножици од титаниум диоксид, не ни слободен кој може да се вдише туку буквално такенина исткаена од титаниумови жици.
    upload_2020-10-23_9-32-16.png

    https://www.technologynetworks.com/...xide-nanowires-can-eliminate-pathogens-338419

    П.С. не викам дека титаниум диоксид е апсолутно безбеден, ама од најголемикте паничари на темава најголемите теории на заговор идат, затоа. tune it down, и може преиспитајте се што гледате и во што верувате.
     
    На naturally, LejlaD, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.896
    Пол:
    Женски
    Го споделив оти ми излезе на фб, не дека сум го читала тоа, не го ни отворив, не ни прочитав што точно сакаат да кажат. Го споделив онака...не паничам за ништо.. чисто онака го споделив ми излезе на фејс толку.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ко оние сандаците од Ломбардија демек, што уствари беа од потонат брод со мигранти.
    :D
     
    На СуперДевојка, candy.cane, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.055
    Допаѓања:
    128.283
    Пол:
    Женски
    Оние од Бергамо? Човече која фама се крена околу тоа
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.012
    Јас немам антитела. А бев во јули позитивна до август.
    Или траеа точно 3 месеци, или воопшто сум немала.
    Тогаш која е поентата на вакцината? Коликтивен имунитет не може да имаме според ова, а и многу случаи има на реинфекции.
    Значи ќе си го прележуваме исто како што ги прележуваме и другите вируси.
    Ни останува да чекаме да ослабне само.
     
    На LejlaD, ivi1987, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.896
    Пол:
    Женски
    Зошто така се однесуваш?
    Споделив само, ниту читав, мојот став околу вирусот овде се знае, верувам во вирусот, скраја да е да не верував после се што ми се случи, поготово по фактот каде живеам, сандаците не ги споделив јас мислам, и тоа околу мигрантите од лампедуза мислам јас го споделив дека не се од коронава, зошто толку нафрлање и иронија ? Споделив еден линк, онака да слушнам мислење, не го читав остатокот од линкот
    Не мора вака да приступуваш дрско , стварно не мора.
     
    На ada21, LejlaD, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Затоа што вакцината на друг начин ќе поттикнува креирање на антитела и имунитет.
    Возвожно е ефектот на вакцината дури 2-3 години да трае.
    Веќе рекоа дека антителата не се клучни за имунитет, а на 23 потврдени реинфекции на светско ниво, кај нас толку многуте веројатно се недолечени па вирусот повторно се активирал, или имале лажен позитивен па сега се инфицирани.
     
    На redhead, LejlaD, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.012
    Па јас тоа се прашувам, зошто во светот 23,а во Македонија минимум 10 се.
    Ќе ми пратат резултат, ако имам 0 антитела значи јас воопшто немав корона.
    Ама пак имав контакт.
    Ај ќе се тешам со она другото и дека ваљда нема да фатам пак.
     
    На LejlaD, nena2010 и fana им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    За плазма дарување, рекоа многу тешко се доаѓало до потребен број антитела.
    Може имаш ама немаш доволно за дарување. Ептен сложена била процедурата. Не е дека луѓе не дарувале, туку едноставно тешко се доаѓало до состојба да можеш да даруваш.
    Е, ако имаш 0... Мислам, нема шанси да не се активирал имун одговор на вирус ако си била заразена. Тогаш веројатно тестот ти бил лажно позитивен.
    Секако, баш заради преосетливоста на тестовите првично, а и заради реинфекција, мора да продолжиш да се пазиш исто како претходно... Едноставно, никој не е сигурен.
     
    На LejlaD, mimiiiii, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.937
    Пол:
    Машки
    Мои пријатели беа позитивни исто тој период, од средина на јуни до крај на јули, едниот 45 дена, другиот 60 дена, двајцата асимптоматски, пред 10- тина дена испитаа антитела на приватно и имаат голема количина, над 5 референтна вредност, а реактивни се со над 1.6 референтна вредност.
    Чудно ми е зошто да немаш антитела...

    Едит: Нема шанси да имаш 0, мајка ми со никаков контакт (барем колку што знае) имаше 0.9, јас 0.3 :)
     
    Последна измена: 23 октомври 2020
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    192.752
    Ама зошто е Витамина должна да проверува кои вести се лажни, кои се вистинити? Кој може да каже кои вести се лажни кои вистинити, без да си го троши животот на проверка на факти? И кој вели дека фактите се факти а не искривени информации? Ко она дека ,,само,, 80% посто развиле антитела.
    И сега пак не разбрав, тие од брод со мигранти беа или починати од Ковид? Кој има корист од секакви сензационални вести и кој е тој што нема да се мрдне од нив?:^)
    Вчера еден министер кажа дека вирусот сигурно избегал од лабораторија од Кина. Во официјален весник прочитав. Ваљда од извори блиски на Дунав. Како и Трамп и многу други претходно. И каква врска има тоа со било што|(.
     
    На LejlaD, green.eyes, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Тоа е голем проблем што дозволуваме да се информираме од фејсбук. Не дека некогаш порано и јас не сум видела нешто и сум се исплашила, ама тоа таква параноја се ствара, а 99.5% се неточни информации.
    @Biljarkata не е должна, ама веројатно се знае дека фејсбук не е добар извор за точни вести. Не знам, не дека витамина згрешила и ја судиме, ама стварно непотребна параноја се создава.
     
    На LejlaD и Annath им се допаѓа ова.
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    279.702
    Пол:
    Женски
    Во моментов имам блиски позитивни кои верувај апсолутно со месеци немаа никаков контакт ни со фамилија пријатели,не можам да ти опишам колку внимаваа со месеци седеа во село подалеку од Ск.Е сега само жената заоде на работа пак со ептен внимавање. Ама ете позитивни се со симтопми.Што, сега треба да не ги примат во болница пр.да се свртат кон себеси ,воншто згрешиле?
    Верувај вирусот е веќе толку раширен што тешко може да се допазиш освен ако не си затворен дома со милиони на сметка и достава на се до дома.
     
    На CameliaMiller, M&M, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Државата има донесено мерки што во суштина ништо значајно не допринесуваат на вака раширен вирус. Најголем дел од луѓето се заразени на работно место и на големи собири. Они треба малце приватните фирми да ги регулираат. И не знам која е таа фирма што ќе инвестира во цел систем за таква вентилација кога нема ни услови за дистанца меѓу вработени.
     
    На LejlaD, candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    11.845
    Пол:
    Женски
    @Ahoy колку чини тестот за антитела и каде го правеше?
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.244
    Na rabota mnogu se zarazuvaat pri pusenje, jadenje, kaj da odam samo simni vadi pravat na maskite:worried:
    Site sto gi znam sto se zarazija ne pazea, penzioner komsija si setase so drugi penzioneri niz zemjava, site doma gi zarazi, drugi maska pod nos, ili edna ista cel den.
    Odbivam da veruvam deka pri tolku pazenje se zarazuvaat, moze i si se tesam, ama ete bevme svedoci na forumov deka ne se prenesuva lesno tuka @Annath ke ja spomenam.
     
    На LejlaD и Annath им се допаѓа ова.