Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Јас го правев во јуни, комплет ПЦР и серолошки (и за IgM+ IgA и за IgG) антитела и вкупно беше 3950ден. мислам, во Авицена.

    Инаку само серолошки за комплет антитела е 1800ден., поединечно 1200ден., а само ПЦР 3000ден.
     
    На LejlaD, emiliana и MarigoldA им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Ако не ги примат на болница, ќе биди оти нема место, а не 'за инает'.

    На работа ако одат, треба да бараат да им се обезбедат услови за работа, во кои ќе бидат заштитени,
    да не се дружат со другите вработени без маски... итн..
    Треба државата да инвестира во обезбедување услови за работа во фирмите.
    Се согласувам потполно.

    И она е што треба да бараме...

    Во меѓувреме, мораме сами да пазиме.
    Оти ако чекаме се' на нив.. се виде кај оди работава
     
    На Peperutce1115, 1209, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Вајлд или тролаш или не знам.
    Се правиш мутава на сила.
    Оти на работидавците во најголем број ич онаквото не ги боли за условите и дали се заштитени.
    Најголем дел не веруваат и ги терат да лажат и доаѓат на работа со симптоми . Или да лажат дека две недели биле на одмор. За да не ја стават фирмата во изолација.
    Ова е дупката Македонија, каде ништо не функционира. Кога ќе се буниш ќе те чуе - невекој.
    А луѓето мора да одат на работа оти имаат сметки, кредити, студенти, деца кои чекаат да бидат нахранети. И немат избор и простор да седат дома и да тумачат.

    Да , и јас сакам и се бунтувам за се. И тука и секаде. Знаеш што добивам? Едно големо ништо.

    Секој сам остана да се штити како знае и умее. А во контакт со вирусот сме сите кои излегуваме од дома.
     
    На Harper, mal.ecka, fana и 19 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    221.896
    Пол:
    Женски
    За ковчезите од ломбардија немав споделено, мислам само напишав дека биле од лампедуза од мигрантите пред икс години.
    Јас у март знаете се како беше медиумски, скренав и ме болеше главата од фб, можете да замислете како се осетив па и од ковчезите плус. Додека ние се траумиравме дома медиумите земаа наголемо пари.

    Знаеш колку ич не сум испеначена варем јас. Никогаш не бев.
    И кога бев затворена во 4 ѕида 3 ипол месеци не бев испаничена само ме болеше глава од фб.
    Го споделив оти го видов да видам што ќе кажете не го ни прочитав искрено. :)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Основна медиумска писменост ваљда. Или не споделувај текстови "затоа што си ги видел".
    Посебно не коментари на ФБ од било кого.
    Не сум "строга" затоа што споделила колку што сум затоа што теориите на заговор од најголемите паничари редовно ни идат. Можам да се кладам дека фејбукот им е претрпан со теории на заговор.

    Го гледам истото и кај мои блиски, па им спуштам слушалка кога почнат да зборат нелогичности.

    Едноставно, си создаваат echo chamber со истомисленици и искрено веруваат дека работите кои ги читаат се вистинити. Како и рамноземците. Едноставно западнале во нерационални црни дупки. Не си прават подобро, тоа е пат и кон емоционален колапс, не само кон ширење на фејк њуз.

    https://www.boomlive.in/coronavirus...-coffins-shared-as-coronavirus-hit-italy-7306
     
    На Bridget, Celltica, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Зошто не пријавуваат?
    Можат и анонимно.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.052
    Допаѓања:
    128.253
    Пол:
    Женски
    Отворено да те прашам, ако не беше известена дека си била во контакт со позитивен, и да се разболеше, дали ќе се тестираше? Или ќе мислеше дека е стомачен вирус?
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.814
    Допаѓања:
    145.446
    Затоа што сите инспектори се поврзани со нашите ,,јаки газди,, .
    И јас сакам се да функционира како што велиш ама кај нас каде политиката и корупцијата се на прво место- тешко.

    Знаеш колку пати кај нас на работа и низ амбуланти влегува санитарна да не провери? А низ ценетите кафичи и ресторани или ни еднаш или со дојава. Па сега врие низ сите. И пак се си работи нормално. Ги пишуваат како да биле на одмор болните и завршена приказна. Па уште пет други одат со симптоми на работа.
    Мислиш не знае за ова инспекторатот? Ама за некој важат правила за некој не. Тоа е.
    Еден милион народ сме кој не можат да го исконтролират.
     
    На Harper, fana, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Лесни зборови од некој што не е во нивна позиција. И јас така се силев пред да почнам да работам. Млада и глупава, ваљда :?:
    И во полиција сум пријавувала анонимно, за 5 минути знаеја кој ги пријавил, а не па во инспекторат.
     
    На fana, LejlaD, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    @WildMk ние не знаеме од кој сме се заразиле, ни кај мене на работа, ни кај маж ми имаше позитивни, ниту сме се дружеле со некој, и со маски цело време сме. Сами по себе сме кластер. Сакам да кажам, чудни се патиштата Господови, особено за тие шо излегуваат од дома. Исто чудни се патиштата на вирусот до кои доаѓаат кај луѓето, не е секогаш 2+2=4 :angel:
     
    На fana, CameliaMiller, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Зошто не се обединат работниците и да застанат зад фактот, дека ако има заразен во фирмата, дека заразата ќе се рашири, ако не одат во изолација?

    За нивното здравје се работи, не за газдата, не за инспекторите.
    Шо ќе прај газдата?
    Ќе ги отпушти сите вработени?
    Ќе работи сам во фирмата?

    Не е можно, нели?

    А коронава ни е како општествен мајлстоун.
    Ако не се научиме да соработуваме и ако секој е со ставот: Ама Јас! - ништо-никогаш нема да се смени.

    И кој ви е планот во меѓувреме, додека чекате владата и газдите да ве спасат?
    Ќе им ги почитувате барањата кои ви го загрозуваат здравјето и животот?

    И што е со муабетот на 'мал круг на роднини/пријатели'?
    Оти и тоа е дел од проблемот.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Мора да сте биле во контакт со вирусот, за да се заразите.
    Тоа е факт.

    Тоа што не знаете како сте се заразиле, не значи дека се материјализирал до вас 'од добро стоење'.
     
    На Ambrosia, candy.cane и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Имам прашање до тие што имаат веке прележано , зашто цела сум во прашалници. Ние сме позитивни двајцата дома , решението ни е 10дена. Вие што имате прележано после колкав период од тестирање (прв пат) се тестиравте по 2 пат за да утврдите дека сте негативни? Некаде читав дека можно е да си позитивен 40-50 дена но не значело дека си заразен за околина? Колку време се заразни за околина позитивните случаи?
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сереш. Ама не работиш и си даваш заправо да ја имаш таа слобода да сереш.
    Оти буквално крпат жени години до пензија и работат. И ќутат и трпат се оти уште некоја година и ќе се надежно пензионираат (знам фирми буквално такви, што сите жени што работата таму се 50+)
    Оти од една плата едвај преживуваат ден за ден и се даваат да не ја изгуат таа работа оти немаат ни 100 денари вишок месечно.
    А, и за мал круг на роднини и пријатели исто сереш.
    Оти човекот е општествено сусштество и јас не знам некој што од фебруари натаму не се видел со ни еден човек надвор од својот дом. Веројатно ти само.
    Ако можеш да преживееш така, слободно. И во соба затврои се и маж и дете не гледај, таман работа и од нив да фатиш.
    И кога сретнеш на улица некој што го познаваш, ни здраво да не му кажеш. Бегај што е можно подалеку, не 2 метра, 20. Да не те познае случајно.
     
    На Harper, Kitten, christinnn и 21 други им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    Имено Вајлд, имено. Тоа и се трудиме да ти кажеме, дека со тоа што одиш на работа, одиш во маркет, изложен си на ризик. И покрај почитувањето на мерките, сме се заразиле. Вирус не влегува само преку нос и уста, влегува и преку очи. Така да, полека малку со осудите.
     
    На Harper, fana, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    261.004
    Не. Немаше шанса да помислам на корона и да се тестирам поради тие симптоми. Ме тестираа ради контактот и околностите.
     
    На LejlaD, candy.cane, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.360
    Пол:
    Женски

    Не е прва пандемија, и никогаш човештвото нема да ја научи лекцијата... такви соработки само на филм има. Не се надевај залудно.
     
    На fana, KateKane, LejlaD и 10 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Сега не работам.
    А работев.
    И се бунев кога не дупеа газдите.
    За разлика од некои...

    И не реков дека не треба никој да не гледаш, туку да внимаваш.
    Мора ли да седите саат-два?
    Мора ли да бидете на затворено?
    Мора ли да се гушкате и бакнувате... па макари 'само со мајка ти'?
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.052
    Допаѓања:
    128.253
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е поентата. Кој знае колку од нас го имаме, имавме а не сме ни свесни.
     
    На fana, LejlaD, LovelyGirl3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    За надевање, не се надевам, само да знаат дека сите имаме одговорност за тоа во каква ситуација сме, а не цело време некој друг да им биди крив, за полесно да спијат навечер.

    Пошто и да спијат мирно, факт е дека без соработка, во услови кога надлежните спијат, ќе биди буквално: Посилниот ќе преживее - Дарвин
    На природата не и' е гајле за твоите нерешени општествени проблеми.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.