Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    Јас немам план. Ама кажи ми го твојот кој е, па може да го разгледам и да вметнам и мои идеи :angel:
     
    На M&M, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кој ти е тебе планот?
    И дали ти би била неранлива да не е маж ти? Би била ли неранлива да не се погрижел некој за тебе? Си способна сама да се заштитиш без туѓа помош?
     
    На fana, christinnn, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.662
    Пол:
    Женски
    Државна администрација е, беа пријавувани за неносење маски од странки, дошла инспекција, трте мрте, пишала една две казни и пак по старо, ај да не зборам ама што се дешава таму страшно е. Ниту е дезинфицирано после ова, плус рекле што кажувате дека сте позитивни,ќутете.
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    И пак не одговоривте:
    Кој ви е планот за заштита на најранливите, додека чекате газдите и власта да преземат нешто?
     
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    За каков црн план зборуваш? Седејки на форумот и пишување 100 поста за некој си морал па цел форум да се собереме овде нема ништо да смени ни кај власта ни за правата на работниците и тоа е реалност а ти незнам во какви фантазии живееш.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Епа нека не му одат на работа, додека не си го санираат проблемот.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Епа зошто тогаш пишувате на форумов и на други места?

    Чим е џабе... ќутете си...
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    @WildMk вака пред два три месеци за онлајн настава ти беше као најгласна дека МОЖЕ тоа да се деси кога сите ти кажувавме дека има семејства со повеќе деца, семејства кај што има и наставници со мали деца, такви кај што двата родители се наставници па нема секој удобност да предава итн итн.
    И виде сега што излезе? Тие деца што немаат услови си останаа со прстот во уста. Мислиш треба некој царовска или кој и да е да ја потсети за тоа? Знаат они, ама курот ги боли. Молиме по социјални мрежи некој со вишок лаптоп да им даде.
    И овде не можеш многу да паметуваш. Не знам дали ти беше една од оние што велеа Парите не се побитни од здравјето, ама дефинитивно некој во лице да ми ја каже таа реченица, симнувам маската и едно кивање во лице си добива. Ок, можда не до толку, ама нека ми се губи од пред очи. Оти пробувајќи да испадне паметен и совесен граѓанин, испаѓа само поголем идиот.
    Моите одат на работа, дел работат и онлајн, ама дел. Инаку работата им вклучува и преземање печатени документи, работа со кеш итн. Ако максимално гледаме да се заштитиме, треба и они да се затворат, пошто нели ризик е, и да испоцркаме .

    Јас се гледам со дм и со една другарка се имам видено. Па и за овие двајца една овде уште што не ме опцу, луѓе умирале, мене до дечкото ми дошло.
    Ако се зарази јас или тој, ќе си кажеме одма и ќе направиме што е потребно.
    И некни вежби слушав на факс, 10 души во лабораторија. И не бараме онлајн за да намалиме ризик, зашто немам дома центрифуги, реагенси, ерленмаери и микроскопи. И не ни сакам да бидат онлајн, зашто плус се помирив дека сепак не можам 100% да се заштитам. Она што можам да го правам, го правам. Не барај од луѓе да се однесуваат како да со излегување надвор, автоматски заразуваат све околу себе на радиус од 100 км дури и да не се заразени самите.

    И излегував на шопинг и на кафе, со пак оние основните мерки. И немој сега да набиваш и ти вина со - луѓе умираат, вас ви дошло до кафе/дечко/шопинг/пари. Човек сум и јас и сите што вака или така пробуваат да држат рамнотежа помеѓу почитување на мерки и еден нормален живот.
     
    На Harper, fana, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  9. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    44.250
    Пол:
    Женски
    @WildMk со глава во ѕид одиш цело време.
    Знаеш ли каде живееш?
    Кога работеше ги доби ли сите права што ги бараше?
    Дали треба сите да седиме дома за да не го закачиме вирусов?
    Пошто нема кој не е изложен на ризик. И тие во маркети што работат, и тие во стоматолошки ординации, и доктори, и конфекции, и ние во аптеки, секаде има ризик.
    Јас носам по две маски деновиве, почнав и визир, повеќе од тоа не може. А секојдневно почнаа да идат или ковидосани или потенцијални. И што да правам, што да барам?
    Тоа е, се пазиш колку можеш и одиш.
    Оти сметките нема да ми ги плати седењето дома. Како и скоро на сите во државава.
     
    На Harper, fana, pokahontas83 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.534
    Допаѓања:
    260.996
    IgM 0.208 a granica e 1,00
    Igg 0.010 a granica e 1,00

    Што значи ова? Дали воопшто имав корона?
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И кој ќе биде оштетен тука?
    На газдата ќе му закасни малку работењето, додека да ја отвори фабриката во друг град, или да увезе работна рака од соседниот оти барем невработени има колку сакаш

    Работникот ќе остане без основни сретства за егзистенција оти Вајлд му морализирала да се бунтува без да му обезбеди заштита акос е бунтува.

    Да е државата зад работниците, а не зад газдите лесно ќе се дигнат работниците против газдите.

    Мислам дека не треба некоја посебна интелигенција да го сфатиш тоа, ама пак ќе кажам. Некако некои луѓе никако подалеку од привилегиите свои не гледаат.
     
    На Harper, LejlaD, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на хоспитализирани лица и бројот на смртни случаи продолжува да расте, поради што Владата вчера донесе одлука за привремено „заклучување“ што ќе трае најмалку една недела.

    Бројот на нови случаи во последните 24 часа е нешто помал од претходниот ден, кога имаше рекордни 1.663, но процентот на позитивни тестови повторно е многу висок – 24,6 проценти.

    Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата во Словенија е 19.307. Активни се 11.434 случаи, 394 лица се лекуваат во болница, од кои 67 се на интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.

    Бројот на смртни случаи е, исто така, зголемен во споредба со вчерашните 210, па сега има 214.

    Поради загрижувачкиот раст на бројот на заразени, словенечката влада минатата недела прво прогласи делумна „блокада“ во епидемиолошки „црвените“ региони, а вчера ограничувањата беа засилени, па поголемиот дел од јавниот живот ќе биде запрен следната недела, како и дел од економските активности низ целата земја.

    Премиерот Јанез Јанша вчера изјави дека владата донела одлука сите ресторани, хотели и трговски центри да бидат затворени најмалку една недела, со исклучок на оние што ги нудат потребните прехранбени производи, градежни и технички материјали.

    И студентските домови и повеќето градинки се затворени, а јавниот превоз ќе работи со третина од капацитетот.

    Затворањето важи и за повеќето спортски активности како и за козметичките и фризерските салони.

    Повеќето од новите ограничувачки мерки стапуваат денеска на сила. Забраната за напуштање на подрачјето на родните региони сè уште важи, а владата најави дека ќе го забрани и движењето надвор од матичните општини доколку сегашните ограничувања не функционираат.



    ©Makfax.com.mk
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.662
    Пол:
    Женски
    И јас ставам по две хируршки кога идам во аптека, маркет, а минатата недела на гинеколог и до лабораторија ставив три, две хируршки една платнена. Дали штитат повеќе не знам ама јас посигурно се осеќам. Место визир, наочари ќе заштитат нешто?
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    @WildMk Единствениот спас од вирусот е да живееш изолиран во пештера, со карго да ти носат храна.
    До сега сеуште не се јасни механизмите на ширење, постојат шпекулации. Од она што ни е познато, теоретски се пренесува со контакт со заболено лице, практично... пола фамилии што ги знам не ни знаат како се заразиле, а притоа се придржувале до мерките.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Не

    Да си одговорен граѓанин.
     
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Да. Да. И да.
    Издржав 2 3 месеци, ама не можам повеќе од тоа. Си имам дечко, другарки, роднини. Ако ова трае уште некое време, не можам да се затворам во соба и да не се гледам со никој.

    Не знам дали имаш блиски пријатели, ама јас сакам и другарките да си ги гледам. Најчесто се гледаме надвор, на отворено. Ама сега цела зима ли да не ги видам. Тоа не значи дека ќе одам по локали затворени. Ама ако е празно би влегла.
    Извини ама убедена сум дека голем дел од младите размислуваат вака.

    И ти седи си дома, се супер. Нема зошто да излегуваш и да се дружиш ако не сакаш. Маж ти е единствен ризик. Кај мене двајцата се ризични.
    Да одев физички на факултет и јас ќе бев ризична.

    И пак ќе кажам. Има луѓе тука што си ги почитуваат семејните вредности и на кои социјализацијата им е значајна. Не викам дека одење по журки и гледање секој ден со различни пријатели е ок. Ама тој тесен круг на пријатели ни е нас дел од секојдневието и животот.

    Те почитувам како жена и како член на форумов, ама правиш другите да се осеќаат ко дебили само затоа што не се како тебе.
     
    На M.B., Angie1432, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.747
    Лајк затоа што знам дека е така. Ама таа основна медиумска писменост не е баш основна знаеш и сама.
    Друго, ковчезите од лампедуза и токсичните маски се на двата различни краја на спектарот, помеѓу вирусот е многу страшен и маските се пострашни од вирусот. Потполно се согласувам за импактот врз психичкото здравје. Како заклучок-гасете медиуми, што помалку читате, толку пораат ќе бидете.
     
    На Angie1432, LejlaD и DAngel им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Доволно одговорни беа, вирусот и покрај маската која ја носеа, се заразија, така да...не ти држи вода муабетот.
     
  19. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    44.250
    Пол:
    Женски
    Штитат и наочарите, јас имам и такви, ама ми маглат многу од маските, никако не се навикнав да ги носам па затоа визирот.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Абе ова исто, ко во војна да му велиш на некој да не застанва на сред оган, оти можи да го швркни куршум, а тој за инает да те убедва
    “Дека тој не бил крив ако погини, туку тие што пукаат. Затоа ќе застанел на сред оган, и ќе чекал тие да престанат да пукаат“
    “Дека си му велеш да живее во пештера со тоа што му велиш да не стои во огнот, а тој бил социјално битие“

    Мислам логикава...