Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.989
    Не знам, барем малку да имав, ниски, аѓа вака јас чи немам
     
    На Lilit, LejlaD, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Епа ко не знаат да се обединат и тие што 'чекаат', со овие кои веќе работат, тогаш, кој е крив?

    И што ќе правиш ти, додека чекаш власта и газдата да ти го реши проблемот?

    Не ми кажа...

    Или само за јадење си на форумов?
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Вака гледано... не :|
    IgG се битните во ситуацијава, а нив ги имаш помалку од IgM кои би препознале рана инфекција.
     
    На Lilit, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Антителата?
    Да, ако организмот се борел со вирусот.
    Вака кај Јуле, да немаше симптоми, какви- такви, ќе речев дека била лажно позитивна, т.е. за несреќа баш во нејзиниот земен примерок се погодило да има вирус, во многу мали количини.

    @JuLleE дали го имаш ПЦР резултатот? Пишува титар?
     
    На LejlaD, mal.ecka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не сум за јадење на форумот, 5 пати барав рецепт за колач и не добив. :?:

    п.с. кога сме веќе кај тоа, ако има некој рецепт за фин колач молам да ми кажете, немам идеја што да правам а ми се прави нешто

    А за она, што чекаат оние...

    Не чекаат бе Вајлд, се борат да преживеат.
    Живеат секој ден, и секој ден им е борба.
    За разлика од некои што буквално "чекаат". Што буквално го имаат луксузот да седнат дома и да чекаат да помине пандемијата.

    И јас го имам тој луксуз, со тоа што плус носам "леб" дома. Ама ете, не морам да изезам, не морам да се гужвам со луѓе, не морам физички да отидам во канцеларија.

    Ме виде да попувам дека само јас сум одговорна?
    Не си ти одговорна, ти само не знаеш да препознаеш дека си привилегирана. И тоа на големо.
     
    На Harper, fana, WaitTillTheEnd и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    @WildMk ако имаше ќерка ти дечко, ќе ѝ дозволуваше да се гледа со него? Или општо еве, смее да излезе да прошета, да си купи нешто итн итн? Или твоите правила на сите наоколу ги наметнуваш.
    Неќам да ја спомнувам ама и ти малце отиде предалеку.
    ***
    Едит - А за ова шо не се буните - јас не видов пратениците да протестираат за да им купат лаптопи од факинг 900 евра, па им дадоа без проблем. Значи не е само дали ќе се буниш, него колку му е гајле на тој од горе за тебе.
     
    Последна измена: 23 октомври 2020
    На fana, WaitTillTheEnd, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.989
    Нема никаков титар на они од ИЈЗ мислам.
    Позитивниот го немам сега, само негативните.
     
    На LejlaD, mal.ecka и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па освен симптоми кои се објасниви со друга причина - постоечка автоимуна болест, не ни имаше други симптоми ако не грешам.

    Така да, веројатно лажно позитивен.
    Штета што не даваат титар.
     
    На LejlaD, JuLleE, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    @Ahoy кое е твоето мислење за ваквите случаеви? Како тоа луѓе позитивни на пцр тест со симптоми плус, излегува дека не заболеле, ниту се инфицирале. А од друга страна, некои асимптоматски без симптоми створиле антитела? Нели по некое правило за нив мислевме дека само дошле во допир со вирусот, ама без некоја значајна инфективни доза па затоа не заболеле? Излегува дека го победиле вирусот без "а" да кажат.
    Многу чудни и збунувачки ситуации нели?
     
    На LejlaD, JuLleE и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Па и да имал некој симптоми, може да биле од настинка. Не се симптомите доказ дека си имал корона.

    Знам и случај кај што ги имала повеќето симптоми типични повеќе за корона и имала негативен тест. Е сега дали бил точен, кујзнае.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    @WildMk Кој црн план го бараш од членови на форумот жити се? Кој е твојот план прашуваш, дали ти е тебе нормално на форум да се носат одлуки некакви или Петкана дали од Хрватска или од Африка да направела план бе. Тебе кој ти е планот освен да пазиш за себе? Што направи ти со твоето бунење кога си работела? Да не го смени системот случајно?

    И да привилегирана си и јас сум, зошто работам од дома, ама тоа е зошто работам во фирма со совесен газда. Оти јас лично знам 3 бремени жени што МОРААТ да одат на работа во никакви услови, оти имаат кредити кои поинаку нема да можат да ги исплатат освен без две плати. Како се дрзнуваш не знам да морализираш на тема егзистенција. Ај за собиранките сфаќам, ама за најблиски роднини не, зошто голем дел и живеат заедно или се приморани да се гледаат оти им чуваат деца. Крај краева па животот не се знае до кај е и нема да чекам да помине пандемијата да си ги видам родителите, зошто нема да си го простам времето минато така ако нешто друго се случи. Ама па, ќе се гледам само до избран затворен круг.
     
    На Harper, Kitten, WaitTillTheEnd и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Кај @JuLleE најверојатно бил лажно позитивен. Најверојатно само дошла во контакт како што и таа кажува, ама вирусот не се вгнездил, за среќа.

    ПЦР- от оти е многу сензитивен (98%), прво, можно е да случајно детектирал толку мала количина на вирусот, тоа е буквално како во еден сад да имате милион зрнца ориз од кој само едно е црвено, и вие баш црвеното сте го одбрале, случајно. Затоа титарот мора да го пишува на резултатот. Не знам дали кај приватниве го пишува, за во Жан Митрев сум 95% сигурен дека го пишува. Тоа ми е прво објаснување.

    Друго, исто така поради големата сензитивност на тестот, можно е тој несакајќи да се контаминирал, при земањето, несоодветно складирање, при анализата или сл.

    Кај асимптоматските, тие сепак вирусот го имаат во себе, организмот се бори и поради сплет на околности (имунитет, возраст, и повторно- титар) тие немаат симптоми. Додека вирусот е во оргамизмот, организмот борејќи се создава антитела.
    И утрово го спомав примеров- пријатели, асимптоматски обајцата, едниот 45 дена, другиот 60 дена позитивни, плус минус. Исто така тој период, од средина на јуни до крај на јули, почеток на август. Пред десетина дена испитаа антитела, имаат голема количина.

    Многу чудни приказни има...

    Се сложувам со @DAngel , титарот треба, а и мора да го пишува на резултатите.
    Инаку не знам какви симптоми имаше точно, се сеќавам само на болката во грло која ја спомнуваше.

    Едит: Еве и @bicycle (се надевам не е проблем што те спомнувам) има антитела, а потполно асимптоматски мина, без позитивен тест.
     
    На fana, LejlaD, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @JuLleE а нели покачени д димери имаше после?
    Знам дека се дигаат и после било што прележани, и по психосоцијален стрес исто така... Ама човече, ако стварно не си била позитивна самото тоа значи дека ебениот стрес на крај многу пострашен од целиот вирус ќе излезе.
     
    На Harper, mal.ecka, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    За случајот со Јуле - доколку по позитивниот пцр тест и направеле и серолошки, ќе виделе дека нема никаква инфекција во тек и ќе ја поштеделе од едномесечно климчење дома и јадење стравови без потреба. Којзнае уште колку вакви случаеви има, кои нема ни да се дознаат зошто не секој проверува после антитела.
    Затоа некои доктори инсистираат и на серолошко тестирање напоредно со позитивен брис, зошто овој со брис апсолутно ништо не мора да значи. Само страв и нереален број "заболени".
    Уште ли некој смета дека пцр е по релевантен од серолошкиот и зошто?
     
    На mal.ecka, fana, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.989
    Ангел, ми ги згрешија. Нели 523 извадија, па на приватно после месец дена 850. Овие се резултатите од приватна лабараторија. Ме прати матичниот на трансфузиологија за терапија кога таму 200 и нормална хоместаза.

    Симптоми ми беа исти од автоимуната. Постојано ми се повторуваат.
     
    На mal.ecka, LejlaD и Celltica им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    По се изгледа сиот стрес за џабе, пак само автоимуната била :(
    жал ми е, на толку стрес барем антитела да имаше... А не џабе изолации, па пак иста песна сега.
     
    На mal.ecka, fana, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.989
    Цел месец седев затворена, и јас и маж и дете.
    Маж ми има сериозен здравствен проблем. Знаете ли кој страв го изедовме?
    Во грч цел месец.
    Јас сум со автоимуна.
    Може и затоа не ми е пробиен имунитетот, имам хипер имунитет.
    Бесна сум луѓе. Живеав со страв од последици.
    Јас очигледно вирус никогаш немав.
    Само бев затворена дома.
    Тоа објаснува зошто син ми е негативен, а пиеше од мое шише вода, а маж спиеше со мене и он негативен.
     
    На Harper, mal.ecka, fana и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Вие викавте шминкаат бројки, демек кажуваат помалце од реалното.
    Епа ете, има и голем број случаи како Јуле (ако е стварно лажно позитивен). Така да може и се всушност пониски од што кажуваат, којзнае.
     
    На mal.ecka, Kitten, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Јас да.

    Ни тоа не е релевантно, голема е веројатноста да биде лажно негативен во тој случај.

    Ќе одам пак преку пример.

    Во јуни, повторно познаник, со кого индиректно имав контакт, имал симптоми а криел недела дена. После недела дена криење, разви бронхопневмонија и бидејќи немаше термин, се тестираше приватно. Затоа што тоа ми беше прв познаник кој е потенцијално заразен, а и сум имал индиректен контакт, бев во голема неизвесност.
    Многу брзо, доби резултати од серолошки тест и беше негативен за двата вида антитела. Значи недела дена по пројава на симптоми, а две недели по денот на зараза, кој подоцна се откри.
    Додека сите се радуваа, јас сеуште бев во прашалници и реков дека не верувам додека не испадне и ПЦР негативен. Следниот ден, доби ПЦР позитивен тест, веќе хоспитализиран во болница. Рекоа дека имал само една секвенца на Ковид- 19, значи не двете, ама не знам, не го видов јас резултатот. По само 3- 4 дена хоспитализација, итно беше префрлен во ГОБ 8- ми Септември, и со постојани турбуленции во состојбата, денес одличен, утре сатурација нагло падната, па пак добар, по две недели таму за жал почина. Без други болести, многу млад, му се распаднаа белите дробови.

    Затоа мене секогаш ПЦР- от ми е пред серолошкиот за детекција на актуелна инфекција.
     
    На mal.ecka, JuLleE и LejlaD им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Знам за дечко што едноподруго се тестирал двапати, еднаш приватно, еднаш државно, мислам истиот ден двата теста. На едниот излегува негативен, на другиот позитивен. Ми се чини намерно направил така за да провери дали исто ќе испадне.

    Али и тука ќе се најдат такви што ќе ти речат- луѓе умираат, вие кукате под стрес сте биле овооно. Всушност баш па вас помалце ви е гајле за тие што умираат оти само го користите тој факт чисто за да набивате вина без потреба.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.