Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Абе во ред е...
    Не се бунете.
    Не пишувајте на темава, не зборувајте со никој за тоа.

    Не ви бранам.

    Чим сте помирени со ситуацијава, уживајте...

    или не сте?

    Ама џабе е се'?
    Така?

    “Секако ништо не можиме да смениме... кој колку можи ќе се спаси“ - Тој е тој свет кој си го дизајнирате
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И јас се бунам бе Вајлд.

    Мислам дека општопозната сум на темава како онаа што се нешто не и чини, и не само на оваа туку на сите по ред.
    Само што јас моите критики не ги насочувам кон жртвите на режимити, кон потчинетите, туку кон оние што се во позиција на моќ.

    Тоа што ти го правиш е како на жртва на силување да и кажеш дека сама е крива што ја силувале затоа што не се бранела.

    Ако сакаш промени треба револтот кон носителите на моќта да го насочиш. На погрешна врата чукаш.

    Што сум правела јас? Па сум правела, и сум се бунела. И ќе се бунам. Никогаш само за мое добро, секогаш за групно. Ама на правилна страна.

    Кога во студентски немавме струја затоа што паѓаа осигурачи и управата не сакаше да ги смени за да не казни затоа што се грееме на греалки, а немаме парно јас не отидов од врата на врата да се карам со студентите зошто не протестираат.
    Отидов и со продужен кабел си спроведов струја до соба од штекерот на управата.
    Кога и тоа не помогна, пишав на министерот јавна објава на ФБ. Кога ме банираа од таму - секогаш кога нашиот осигурач ќе паднеше го гасев и тој на управата. За кратко време го решија проблемот. Оти може, ама кога се студентите во прашање не им е гајле, кога се тие одма е друга приказна.

    Кога не затворија со преку 20 луѓе претовар и не излажаа дека на 5 километри чека друг автобус, па не ни дозволија да излеземе не се испокарав со луѓето зошто не се бунат. Се побунив кај шоферите. Кога ми рекоа дека не е до нив се јавив во централата на превозникот. Кога ми рекоа дека не може да се симнам и префрлам во автобуској доаѓа покасно, дека нема да пуштат нов - се јавив на полиција и пријавив дека автобус со претовар влегува во тој и тој град.
    Автобусот МОРАШЕ да биде пресретнат затоа што разговорот во полиција се снима и мора да влезе во записник, превозникот одма знаеше кој се јавил затоа што уште ја фаќав општинската полиција, мене засекогаш ми беше забрането возење со превозникот (на шалтер не ми даваа ни карта да купам), ама направив промена или барем бука, не со малтретирање на сите околу мене туку со влијаење на структурите на моќ.

    И збореле сите, браво, како ти текна, од кај ти храброст.
    Ама сум била во позиција да можам, или сум немала страв и вотој момент не сум барала никој да ме тапска по рамо. Ако можам на сите би им помогнала, нема да им кажувам колку се неспособни и незаинтересирани.

    И не ми здосадило секогаш јас да сум таа што се буни, што се бори и што дига прашина.
    Да можам утре сама би дигнала револуција, ама нема никогаш да се направам дека сум нешто над тие што не можат, не сакаат или не им се ризикува.
     
    На Harper, fana, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Тој што е на власт, никогаш нема да им даде ' на поклон', ништо на потчинетите.
    Да е до него... никогаш!

    Опресираните ако не се изборат за свое место под сонцето, никој не може да ги спаси.

    Еј.. ти текнува на маргинализирани заедници и што значи?

    Цел народ ни е маргинализиран, и функционира во улога на 'чекање благослов' од авторитети.

    Well.... evolution
    It can go ether way... it's not written in stone.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Многу јаки зборови за некој што апсолутно НИШТО не прави.
    Ни со себе, ни со другите.
    Толку од мене, одговори сега уште еднаш да бидеш последна - како и секогаш. И да ја завршиме бесцелната дискусија.
     
    На Harper, fana, WaitTillTheEnd и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Да де... ти живееш со мене 43 години и го знаеш цел мој живот и точно знаеш што и како сум правела и што и како правам?

    Навистина?

    Не ме смеј...
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Не важи претходниот пост, иако сум правела многу повеќе од тебе..
    Ама фор д сејк оф арјумент, да речеме, дека ништо не сум направила.

    Нека бидам таа што се буни и ништо не прави.. не ми е проблем.

    Ме интересира, ти што направи?
    Задоволна си кога ќе се погледнеш во огледало?
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.948
    Допаѓања:
    143.217
    А ти?
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Сум.
    Знам што можам, што не можам... што сакам, што не сакам.
    И за што вреди да се борам...
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Не знам како не сфаќаш дека и пиштол да им ставиш на глава на газди и власт да направат нешто, пак од нив зависи.
    А да...зошто не ги казнија газдите што си ставија пари во џеб?
     
    На Ева33 и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Не зависи од нив доколку има критична маса.
     
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    63.652
    Пол:
    Женски
    Оди работи во просвета еден ден, врати се и кажи како ќе поминеш. Од милион работи со кои се соочуваат, само една ќе кажам, а тоа е да се грижиш за 30 деца. Едно ми го оставија да го чувам пред некое време, шеќер качив да не се утепа, пресече, самозапали пошто е дете, а не пак 30 да ти се оставени, од родители кои сите имаат најразлични барања, притисоци дека Коријандер е посебен и мора 5ка да има, до родители што ги запоставуваат децата и ги гледаш како уште од најмали им се крати шанса за понатаму да направат нешто од себеси. Отиди на една екскурзија и види како е да чуваш цела група на деца кои се токму тоа, деца, пргави, врати се и на форумов кажи како на просветните работници им е прелесно. Плус сега се ептен ризична група, пошто најчесто децата се асимптоматски, а се доста големи преносители и најтешки да ги научиш за правилна хигиена. Знаеш колку лесно може да закачат од таму корона? Знаеш зошто најтешко е градинки, школи да ставиш под контрола? Знаеш зошто токму тие баш први се затворија?

    Утре дете да имам ич, ама ич нема да ми е битно дали професорката е вмро, сдсм, мормон, сака хорор филмови, оргии или што и да е. Битно ќе ми биде дали ја бидува или не како професорка, кога тие работни часа ги фокусира правилно и адекватно да ми го научи детето. @NarCis@ колку што ја имам читано делува на образована, елоквентна жена која има прекрасна смисла за хумор, па верувам дека таква е и на работа и ги прави часовите ем едукативни, ем забавни. И ако навистина е таква (освен ако нема некоја Узурпадора двојничка овде на форум) ич не ми е битно како се вработила.

    Колку за твоја информација се случува и во просвета да се соочат со мобинг од директори, ама не, тие си ја ладат пиздата со бамбусово дрво и до нив ништо не допира.

    И ти си СДСМ, па никогаш тоа не сум ти го користела како аргумент против тебе, туку гледам да се фокусирам врз темата за која дебатираме.

    Сите ти се криви од шнајдерка што дупки е на рацете од игли за да преживее, до наставнички, до сестри и доктори, некни во темата со мрш ги бркаше пошто си побарале подобра работа. Има некој да ти задоволува критериуми тебе?
     
    На Harper, mal.ecka, fana и 29 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.048
    Пол:
    Женски
    Може ли да се задржиме на темата? @WildMk нека отвори нова тема доколку сака, овде е оф топик, ќе биде избришано понатаму.
     
    На fana и thelittle17 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.908
    Допаѓања:
    41.558
    Пол:
    Женски
    И кое е твоето решение? Сите колективно никаде да не одиме освен на работа, а и за таму да размислиме?
    Зашто не постоела средина.
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ако одиш на работа имаш шанси да се заразиш, исто како што може да се зарази и некој што оди по свадби, па вие двајцата сте еднакво неодговорни, така испаѓа.
    @WildMk нека не оди ни маж ти на работа за да намалите ризик на минимум... but wait...
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.676
    Пол:
    Женски
    Нешто бројки?,макар неофицијални,по можност помали:x
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Бројки имат снемано. :x

    Ај сега озбилно, дури има тестови ќе има и бројки. Бројките се бесконечни. Кажете кога ќе завршат со бројки, до тогаш да градиме имунитет и помалку да се нервираме. Што е, тоа е.Во ниедно сценарио нема да снема бројки. Се до еден убав сончев ден ко ќе му го најдат селото...:sun:
     
    На mal.ecka, 1209, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Тие се бројките, што очекувате, горе долу колку вчера, па и драстично да отидат нагоре, за неколку дена ќе ни стане тоа нормална бројка па ќе се потресуваме до наследното покачување и така.
     
    На mal.ecka, fana, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.676
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се надевам да намалат бројкиве ,да стагнираат барем...
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Ама ништо не значат бројките. Ќе стагнира по потреба, и тоа не моја или твоја. Небитни се тие бројки. Битно е сега, и за тоа Вајлд е во право, да намалиме контакти на минимум и да намалиме психичка тензија. Само 4 месеци се, ќе издржиме де. Башка германците спремиле вакцина, да одам да видам шо чудо е тоа.
     
    На mal.ecka, senjorita-v, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.908
    Допаѓања:
    41.558
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1603470487563.jpg
    Ова е донесено, а се знае дали бројот на автобуси се вратени во нормала?