Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.173
    Пол:
    Женски
    Морам нешто да потенцирам, да делува на психата, но никој не смее да не носи маска. Една дотична на женскагрупа пропагира малите деца да не носат маски. Мава и на нивната психа, но мора да сме сложни за да некако помини ова. Инаку нема спас, нема, ова е новата реалност тоа е факт. Наскоро нема да кажуваат бројки и сите ќе живеат како да е ова нормално
     
  2. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    За жал последиците ќе се забележат после коронава.
    Луѓево земаат кредити за да се лечат, истите тие можеби се избркани од работа, а долгот не чека.
    Од друга страна не можат сите да си дозволат приватно лекување, ниту земање кредити.
    Ќе си умираат, и ќе останат во сенка.
    Мајка ми за малце што не добила сепса бидејќи операцијата и се одложуваше.
    За жал, се' уште не ги имаме видено црните сценарија од вирусов.
    Смачен ми е веќе.
     
    На Harper, lovestoneddd, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.045
    Допаѓања:
    128.207
    Пол:
    Женски
    Не сфаќаат глупациве дека не е 5г, туку дека нема да имаме каде да се лечиме. Зашто се сите заложби, мерки, карантини низ цел свет.. здравствениот систем не може да опстане во многу појаки држави од нас, ама ете на нашиве им текнало ќе си играат полициски час. Се е тоа да се заштити народ, да не заболува народ, да не се олнат капацитети.. колку беше дрка имаме 1000 и нешто легла за инфективни болести?? на 2.000.000 народ само 1000 легла!!! Еве да речеме да нема мерки да е се ррлакс, се заболат 100.000 луѓе, колку од нив ќе им треба болничко лекување?? третина можеи. Аман, народе сфатете немаме ни физички, ни кадровски ни финансиски капацитети за курташак да си играте. Докторот, сестрата се луѓе од крв и месо, како нас. Не се роботи. Не можат да работат од јутра до сутра безконечно.
     
    На LejlaD, noteforself и Ambrosia им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 159
    • Гази Баба – 403
    • Аеродром – 649
    • Карпош – 516
    • Центар – 510
    • Кисела Вода – 387
    • Ѓорче Петров – 275
    • Бутел – 132
    • Шуто Оризари – 22
    • Студеничани – 6
    • Сарај – 21
    • Арачиново – 10
    • Илинден – 58
    • Сопиште – 27
    • Чучер Сандево – 12
    • Петровец –19
    • Зелениково – 8
    • Странец – 19
    • Нераспределен- 87

    Аеродромци, што направивите, убедливо први на листа :o
     
  5. Kiki1998

    Kiki1998 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Денеска моја блиска особа однесе лекови кај заразени од корона кои се во изолација, при што носела маска и држела растојание но поразговарала со заразениот 10 мин. Исто така мојот близок кој ги однесе лековите во август беше заразен со корона и имаше бајаги симптоми, исто така контролните тестови му беа позитивни до крајот на август а од изолација се ослободи благодарејќи на новиот протокол што се усвои на почеток од септември. Сега мене ме фати паника дали при тој контакт евентуално можело да дојде до повторно заразување на мојата блиска особа, што мислите ? Со оглед дека била заштитена, држела растојание, се надеваме и на антитела дека 90% има, но сепак заразениот не носел маска. Утешете ме
     
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

    „Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“, потенцира Филипче.


    ©Makfax.com.mk
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Аеродромци уште летото се понашаа како да се на панаѓур. Гужви по тревници, мајки седат по клупи со маските на брада, накрцани ко сардини една до друга. Некоја посебна сорта на Скопјани. Не ме чуди, со оглед на тоа што го затекнав неколку пати.
     
    На eli25, g8lQQk и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.045
    Допаѓања:
    128.207
    Пол:
    Женски
    А болниот не носел маска?? Е па не знам што да кажам ..
     
    На mal.ecka, tinka-mace и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Мене не ме и јасен Чаир со бројкиве, кога маските таму слабо се носат, а тие што ги носат, повеќе од половина на уста им се ставени :D
     
  10. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Пишував на темава за моите. Сакам да раскажам за денес земениот брис во ијз.
    Сестра ми минатиот вторник се пожали на болка во грло, три дена потоа блага темп, омалаксаноат, мускулна болка, ама се онака во благи размери како настинка. Имаше и преглед од матичната, и рекла типична настинка, пиеше амоксиклав, во петокот го загуби мирисот, матичната и рече почекај до понеделник наутро. Викендот сестра ми супер беше ама без осетот за мирис. Во понеделникот и тој и се врати и се откажа од тестирање. Вчера и завчера блага темп пак, утрово отиде да се тестира во ијз приватно.
    Нормално ли е да и земат брис само од нос. Вика буквално ме допреа плитко вика, од грло воопшто не и зеле. Негативна е. А вечерва пак ја боли глава и има блага темп.
    Вели ќе се тестира за антитела после 20 дена.
    Во меѓувреме минатиот викенд и мајка ми беше со температура, три дена, но направи крвна слика имаше благо покачено црп, ниски леукоцити, матичната и за неа рече обичен вирус, не се тестираше зошто и неа наводно и помина, мислевме сестра ми ако излезе позитивна да се тестираат....
    Мама после неколку дена добра, вчера и денес вели презаморна сум како нива да сум орала, а буквално лежи цел ден дома и одмара....
    Сакам да кажам се е хаос, начисто, грип, вирус зимава што следи ќе е лудило....
     
  11. Kiki1998

    Kiki1998 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Да за жал не носел. И откако дојдов дома и разбрав многу се разочарав и се потресов. Не знам што да правиме сега. Ние дома сите бевме заразени и уште чувствуваме последици.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Во Словенија само од нос зимале.
    Твоите се со грип или друг вирус, настинка. Не се плашете.
    Штом е негативен.
    Оти имало доста вируси покрај корона.
     
    На Igle и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Вистина ли е дека тие што умирале од корона во болница,од болницата право викале погребала и не оделе на црква туку веднаш ги закопувале?
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ова секако не е начин. Два пати досега ми земаа брис од нос за тестирање, и двата пати ми солзеа очите буквално цел ден, брисоловката ми се чини до синуси ми ја напикаа, слузокожата ме болеше. И сите кои ги знам се жалат дека е најнепријатно земањето брис од нос. Не знам што да кажам.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.988
    Јас сум четири пати тестирана и е нормално зимање на брис од нос.
    Првиот пат скроз безболно беше.
     
    На LejlaD, Ahoy и NarCis@ им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како е правилно да се земе брис, но мене воопшто не ми беше непријатно, не беше ни предлабоко, ни болно земањето, а тестот испадна позитивен. Инаку и од нос, и од грло тестираа.
     
    На duffi, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.074
    Допаѓања:
    13.976
    Какви симптоми имаше?
     
  18. Kiki1998

    Kiki1998 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    закопувале?[/QUOTE]
    Да, откако ќе почине телото може да го преземе само погребално под протоколи. А погребот не може да е стандардно, капела па на гробно место. Дирекно се оди на гробното место, дозволено е свештено лице да присуствува но се мора да е по протокол.
     
    На BlackSwan22 и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.489
    Допаѓања:
    184.745
    Пол:
    Женски
    Пишав во темата за симптоми, побарај ме таму на пребарувачот.
     
  20. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Сите интерни одделенија ќе станеле ковид центри.
    Сиот медицински персонал ќе бил ангажиран за лекување на пациенти од корона.
    :clap:
    Ете, стигнавме и до тоа.
    Ќе се лечиме сега со лук и сода бикарбона.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.