Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,923
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3.

    Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.
     
    LovelyGirl3 likes this.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Joined:
    Nov 2, 2011
    Messages:
    7,890
    Likes Received:
    16,406
    Gender:
    Female
    Јас да сум на твое место барем би се изолирала. Другарка ми тоа и беше единствен симптом, бараше кај матичната да ја тестира не и дозволи, па наредниот ден во Жан Митрев излезе позитивна, барем ќе ги заштитиш повозрасните околу тебе, не знаеме кој како реагира на вирусот. Таа и не знае од каде се има заразено, поради тоа и не сакаше матичната да ја тестира, за на крај дома сите да излезат позитивни. Само без паника колку можеш, и смирено..
     
    VDT2906, Ahoy and mal.ecka like this.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,923
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Дали имаме претходно постоечки имунитет против Ковид- 19?
    ​
    Од почетокот на пандемијата, добро познато беше дека луѓето немаат претходно- постоечки имунитет на SARS- CoV- 2, но дали тоа е навистина така? Петeр Доши ги истражувал најновите научни истражувања околу имунолошките одговори и тие се споделени на Британското Медицинско списание (British Medical Journal- BMJ) на 17 септември 2020.

    Во најголем дел од регионите кои гo забележале најголемиот пораст на смртни случаи во текот на Ковид- 19 пандемијата, серолошките истражувања велат дека само околу петтина од луѓето имаат антитела за SARS- CoV- 2, односно во Њу Јорк 23%, во Лондон 18% и во Мадрид 11%. Во други региони овие проценти се значително помали, некои друи и со едноцифрени бројки.

    Но, и покрај голем број претпоставки дека не постои претходно постоечки имунитет за Ковид- 19, различни студии укажуваат на тоа дека се пронајдени реактивни Т- клетки против SARS- CoV- 2 вирусот кај луѓе без позната претходна изложеност на истиот тој вирус, поради што се поставуваат прашањата колку нов е вирусот кој предизвика пандемија, со многу импликации.

    Оттука, се поставува и прашањето дали навистина ова е толку нов коронавирус.


    Најмалку 6 студии откриле реактивни Т- клетки против Ковид- 19 кај 20% до 50% од луѓето без претходна позната изложеност на новиот коронавирус.

    Во студија базирана на примероци од донирана крв добиени во САД помеѓу 2015 и 2018, 50% од добиените примероци покажале различни форми на реактивност на Т- клетките против SARS- CoV- 2. Слична студија, со примероци од Холандија открила реактивност на Т- клетките кај 2 од 10 луѓе кои не биле изложени на вирусот.

    Во Германија пак, реактивни Т- клетки биле пронајдени кај третина од здрави, Ковид серолошки негативни донатори, односно кај 23 од 68. Во Сингапур, тим анализирал примероци од луѓе кои ниту имале изложеност, ниту историја со САРС или Ковид- 19 и 12 од 26 примероци земени пред Јули 2019 покажале реактивни Т- клетки на Ковид- 19, а истото е приметено и кај 7 од 11 луѓе кои биле серолошки негативни на вирусот. Реактивност била пронајдена исто така и во Шведска и Велика Британија.

    И иако овие студии и истражувања се мали и не даваат прецизни проценки за претходно- постоечки имунолошки одговори на SARS- CoV- 2, нив не треба да ги игнорираме. Alessandro Sette, имунолог од La Jolla Институтот за Имунологија во Калифорнија и автор на неколку научни студии, за BMJ изјавил: ,,Во моментов има неколку научни студии кои ја забележуваат оваа реактивност на различни континенти, во различни лаборатории. Како научник знаеш дека ова е битен белег на нешто кое има силна основа.”

    Во едно истражување од 2009, од кое дел бил и Alessandro Sette, дошле до заклучок дека возрасната популација има претходно постоечки имунитет, односно Б- клетки, а особено Т- клетки, што објаснувало зошто вирусот H1N1 или попознат како Свински Грип не предизвикува посериозни заболувања од сезонскиот грип. Други студии дошле до сличен заклучок, односно дека луѓето со претходно- постоечки реактивни Т- клетки имале полесна состојба при заболувањето од свинскиот грип.

    Исто така, тогаш било откриено дека постои одреден степен на претходно ппостоечки имунитет за тогаш новиот H1N1 вирус, особено кај популацијата над 60 години.

    Со сите овие истражувања, Daniela Weiskopf, изјави: ,,Ние навистина покажавме дека постои вистинска имунолошка меморија која доаѓа како дел од вируси кои предизвикуваат обична настинка”. Истражувачи од Сингапур дошле до слични заклучоци околу улогата на коронавируси кои предизвикуваат само обична настинка, но нагласија дека реактивноста на Т- клетките понекогаш може да се должи и на непознати коронавируси, дури и од животниско потекло.

    По сите овие заклучоци, се поставува прашањето дали имунитетот на популацијата е потценет.


    Анкетите за серопреваленца кои мерат антитела се преферираниот метод за проценка на процентот на луѓе во дадена популација кои биле заразени од САРС-CoV-2 (и имаат одреден степен на имунитет против него), со проценки за стабилниот имунитет на популацијата. Повеќе од јасно е дека се додека не го постигнеме потребниот имунитет, дали преку вакцинација или по природен пат, ова нема да заврши.

    Фактот дека само мал број на луѓе, дури и во најпогодените региони, покажуваат антитела против актуелниот коронавирус, наведе голем број планери да претпостват дека дека сме далеку до крајот на пандемијата. Во Њу Јорк, каде само петтина од истражените лица имале антитела, здравствената власт заклучи дека како што остануваме под праговите на потребниот имунитет на популацијата, следењето, тестирањето и следењето контакти остануваат основни алатки и стратегии на јавното здравје за справување со кризата, додека пак Mike Ryan, извршниот директор на СЗО за итни ситуации, изјави дека не сме воопшто блиску до крајот, мислејќи на потребниот имунитет кои воедно би значел и крај на пандемијата.

    Во одреден момент треба да се случи флексија во овој раст и инциденцата ќе започне да паѓа.

    Додека голем број експерти сметаат дека најмалку 50% од популацијата треба да биде имуна пред да го постигнеме потребниот имунитет, Gabriella Gomes и нејзините колеги сметаат дека прагот е некаде помеѓу 10% до 20% имуна популација.

    Друга група, предводена од Sunetra Gupta од Оксфордскиот Универзитет дошле до слични заклучоци, односно дека всушност прагот на потребен имунитет би бил значително помал имајќи го предвид претходно постоечкиот имунитет, во случајов меморијата на Т- клетките. Кога популацијата има претходно постоечки имунитет, прагот на потребен имунитет на популацијата базиран на Ro 2.5 може да се намали од 60% потребни лица од вкупната популација да се инфицираат на 10%, зависно од квантитетот и дистрибуцијата на претходно постоечки имунитет меѓу луѓето, по пресметките на групата предводена од Gupta.

    Изложеноста на вирусот не мора да значи дека ќе доведе до инфекција, инфекција не мора да значи дека ќе доведе до болест, но и болеста не значи дека задолжително ќе произведе антитела кои би можеле да се детектираат.И во телото, улогите на различни компоненти на имуниот систем се комплексни и меѓусебно поврзани. Б- клетките произведуваат антитела, но Б- клетките се регулирани од Т- клетките, и додека и Т- клетките и антителата реагираат на вируси во телото, тие тоа го прават на различен начин. Т- клетките делуваат на веќе инфицирани клетки (може да превенираат потешка состојба), додека пак антителата помагаат во превенцијата клетката да се инфицира.


    Неочекуван пресврт на кривата

    Во август, Buggert изјавил дека во Шведска по се изгледа дека епидемијата спласнува, со оглед на тоа што имаа само 50 хоспитализирани во град со 2 милиони жители, додека во пикот тоа биле илјадници случаи. Тој вели дека нешто мора да се случило, имајќи предвид дека социјалната дистанца слабо се почитувала, а станува дури и уште помалку почитувана.

    Основното прашање за Sunetra Gupta, епидемиолог од Оксфордскиот Универзитет која разви начин за калкулирање на прагот на потребен имунитет кој содржи променлива за претходно- постоечка вродена отпорност и вкрстена заштита, е да разбере што е тоа ‘нешто’ што се случи во Шведска. Нејзината група тврди дека праговите на потребниот имунитет може значително да се намалат ако дел од популацијата не е во состојба да го пренесува вирусот.

    ,,Локдаунот се појави како што епидемиолошката крива растеше, но по остранувањето на локдаунот таа би требало да продолжи да расте”- објасни Gupta. Но, тоа не беше случај во Њу Јорк, Лондон, ниту во Стокхолм. Прашањето е зошто.

    ,,Ако тоа беше случајот во Лондон, дека болеста не се раширила многу и само 15% го искусиле вирусот (како што кажуваат серолошките тестирања)... под овие услови, ако остраните локдаун, треба да забележите непосреден и сразмерен пораст на случаи, како што ние забележавме под многу други поставки”- изјави Gupta за The BMJ, ,,Но тоа не се случи. И тоа е факт. Прашањетго е зошто”.

    Според неа, има многу можни одговори. Едниот е дека мерката за социјална дистанца постои и дека луѓето го спречуваат ширењето. Другата е дека многу луѓе се имуни поради одговирите на Т- клетките или нешто. Таа додава дека на што и’ да се должи ова, ако има ако има значителен дел од популацијата што не е попустлив на инфекцијата, тогаш сето тоа има смисла, со оглед на тоа колку е заразен Ковид- 19.

    По се изгледа дека студијата на Buggert во Шведска ја поддржува оваа позиција. Истражувајќи членови на фамилии на пациенти со потврден Ковид- 19, тој откри реактивни Т- клетки кај оние кој биле серолошки негативни или асимптоматски. Додека 60% од членовите на фамилиите создале антитела, 90% покажале одговори на Т- клетките (други студии имаат слични бројки). Па заклучокот на Buggert е дека многу луѓе се заразиле но не создале антитела.


    Подлабока дискусија

    Истражувањата и студиите за Т- клетки не добиваат значајно внимание од медиумите, за разлика од антителата, кои изгледа дека доминираат во вестите, а според Buggert, ова можеби се должи до тоа дека антителата се полесни, побрзи и секако поевтини за истражување. Две скорешни студии укажуваат на тоа дека природно созданените антитела против Ковид- 19 можат постепено да исчезнуваат по 2- 3 месеци, што ги поддржува шпекулациите за случаи на реинфекција.

    Но, истражувањата за Т- клетките ни овозможуваат суштински различно, по оптимистично толкување. Во истражување од Сингапур, на пример, реактивни SARS- CoV- 1 Т- клетки биле пронајдени кај SARS пациенти дури по 17 години од инфекцијата. Истражувачите велат дека нивните откритија ја зголемуваат шансата дека Т- клетките кои траат долго, генерирани после инфекцијата со поврзани вируси можеби ќе може да заштити против, или да ја измени патологијата предизвика од, инфекција со SARS- CoV- 2.

    Истражувањата околу Т- клетките можат да помогнат во разрешувањето и на други мистерии поврзани со Ковид- 19, како зошто децата се изненадувачки поштедени од товарот на пандемијата, зошто вирусот различно влијае на луѓето, и високата стапка на асимптоматски случаи кај деца и млади лица.

    Многу епидемиолози тврдат дека можеби ситуацијата во местата како Лондон, Стокхолм или Њу Јорк се должи токму на реактивноста на Т- клетките, односно, поради заштитните левели на имунитет, кој не се мери преку серолошки испитувања самостојно, туку како резултат на комбинација на претходно- постоечки и ново- формирани имунолошки одговори.

    Но тие брзо додале дека ова сепак се само шпекулации. Формално, клиничките импликации за претходно- постоечка реактивност на Т- клетките остануваат отворено прашање. Buggert вели дека луѓето се во право кога велат дека ние немаме многу докази за сето ова.

    Сепак, постои и идеата дека одговорите на Т- клетките можат да бидат предиспозиција за развивање на потешка клиничка слика, иако Sette мисли дека тоа не е случај. Според него, одговорите на Т- клетките можеби не прават никаква промена, можеби ја подобруваат состојбата, но сепак не можеме да ја игнорираме можноста дека и ја влошуваат и треба повеќе да се истражува тоа.

    Weiskopf додава дека сега се е можност, но дека тие се оптимистични поради тоа што забележале дека кај други вируси, Т- клетките ни помагаат, како на пример кај свинскиот грип.

    Според Antonio Bertoletti, професор по инфективни болести на Duke- NUS медицинското училиште во Сингапур, разбирањето на заштитната вредност на претходно- постоечките Ковид- 19 реактивни Т- клетки е идентично со ситуацијата со вакцините. Тој вели дека преку вакцините тие пробуваат да произведат антитела и реактивни Т- клетки со надеж да создадат имунитет кој би не заштитил, но, за тоа, потребно е клиничко истражување од Фаза 3 за да се демонстрира вистинскиот ефект.

    Речиси сите научници се сложуваат дека можеби уште од почетокот на пандемијата сме имале погрешни мислења околу имунитетот кои го создава новиот коронавирус, но сепак ни требаат уште многу истражувања, и за антителата и за реактивноста на Т- клетките како заштита од SARS- CoV- 2.



    Извор: The British Medical Journal
     
    CameliaMiller, Kitten, 1209 and 4 others like this.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,441
    Likes Received:
    40,693
    Gender:
    Female
    И на овие им ракоплескаа у знак на благодарност..
     
    magnolija09 likes this.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,287
    Likes Received:
    146,033
    Амди Бајрам бил позитивен... Цела Шутка карантин?! Отидовме сеа дури, ќе нема место никаде по болниците.
     
    Waverly Raven and fana like this.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,800
    Likes Received:
    143,597
    Gender:
    Female
    Ауу наебавме
     
    Waverly Raven and fana like this.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    9,904
    Likes Received:
    287,132
    Gender:
    Female
    Па нели рекоа од срцето умрел?
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,923
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Пост- мортем му бил земен брис.
    Секако Ковид- 19 може да има искомплицирано ситуација.
     
    mal.ecka likes this.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,919
    Likes Received:
    9,881
    Gender:
    Female
    Штом немаш мирис, многу е можно да си позитивна. Мене тоа ми беше единствениот симптом кој трае, прво еден ден температура и кратко после тоа сетилото за мирис исчезна. Не е како кај другите вируси ако ти се затне носот, нема ни мирис, туку проодни патишта, без секрет и затнување, ама мирис нема.
     
    VDT2906 and Ahoy like this.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    9,904
    Likes Received:
    287,132
    Gender:
    Female
    Значи сигурно бил позитивен.
    Незнам што да речам.
    Пак нека прават свадби...
     
    mal.ecka and Ahoy like this.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Joined:
    Nov 1, 2017
    Messages:
    1,684
    Likes Received:
    8,989
    Gender:
    Female
    Уште пред неколку месеци, читав за свадба во Индија кај што таткото на младоженецот и младоженецот биле позитивни и си испозаразиле пола од гостите, имало и смртни случаеви.

    Ниедна ваква приказна нема да предомисли некој да прави свадба/мекици/роденден. Си мислат дека се недопирливи, дека корона тие сигурно немаат, нели на сите ни се познати чичињата и жените во маркети "Абе што ти е кај јас корона".
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,448
    Likes Received:
    126,298
    Сега ќе речат: Абе измислија за да не исплашат,мислат ќе се исплашиме, не сме мали деца да не лажат (facepalm)
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,287
    Likes Received:
    146,033
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2015
    Messages:
    1,021
    Likes Received:
    4,644
    Овој Амди сакаше да се направи к*уназ како и секогаш па свадбата ја префрли во Турција, ама на крај сам си пукаше у нога.
    Со хронично здравје, ама битно свадбата се одржа.
    Пошто нели во Шутка нема корона.
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,807
    Likes Received:
    25,395
    Gender:
    Female
    А сега пак апелираат да не се прави голем погреб...
    Како бре луѓе за обичните смртници има протокол и се знае каков погреб имаат оние со позитивен тест, а на ваквите се им е простено..
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,800
    Likes Received:
    143,597
    Gender:
    Female
    А зашто направија да нема карантин за влез во земјава. Што мислиш обичен смртник ќе се растури од патување.
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,807
    Likes Received:
    25,395
    Gender:
    Female
    Уште си стојам на мислењето дека треба задолжителен карантин при влез у државава се додека трае памдемијава...
    Еден куп луѓе на почеток испозатворија по хотели, на 10 заболени на ден, сега ништо...
    Е сега ете и по други држави ќе праќале ако нема место..
    Ама под контрола е...
    Работни проекти се одложуваат веќе 8 месеци, ама под конторола е, не се вршат прегледи(за други болести) ама под контрола е, ние паничиме, црни сценарија, хорор филмови...
    Место нема по болници, не знам дали треба магично да очекуваме да се случи чудо...
     
  18. Hubby

    Hubby Истакнат член

    Joined:
    Sep 23, 2018
    Messages:
    19
    Likes Received:
    20
    Gender:
    Male
    Знае некој шо е работава што куп луѓе не добиваат решенија за самоизолација? Знам бар 5-6 души што самоволно седат дома поради контакти со заболени а никој не ги контактира и по недела дена. Па зимаат боледувања и денови од одмор да се покријат на работа. Има броеви кај да се врти да се потсетат надлежниве?
     
    mal.ecka and candy.cane like this.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,443
    Likes Received:
    28,580
    Изолирај се од постари и хронични болни за секој случај. Вп следни денови носи маска и по дома за да ги заштитиш домашните, внимавај од 1 посебна чаша да пиеш и да користиш личен пешкир.

    Може и да нр развиеш други симптоми, може и да не е ковид, ама заради специфичноста на симптомот немање мирис, преземи мерки за заштита на тие околу тебе. Лично за тебе, пиј повеќе течности и витамин Ц по 1000мг.
    Нежа врска веќе контакт дали си имала, премногу е раширен вирусот, многу не ни знаат каде се заразиле.
     
    LejlaD, Ahoy and VDT2906 like this.
  20. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Joined:
    Sep 17, 2019
    Messages:
    215
    Likes Received:
    1,269
    Gender:
    Female
    Треба да исконтактираш матичен лекар. Он/она знае како да постапи. ДСЗИ само ти издава решение за изолација и тука ти е завршена комуникацијата со нив. Матичната треба да го извести Центарот за јавно здравје и се чека неколку дена да те пишат на листа за оздравени. Не смееш да излезеш од дома се дур не искочиш на список за оздравени лица, тој список се дава и на МВР.