Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.122
    Допаѓања:
    155.064
    Пол:
    Женски
    Само поради контакт со заболен не верувам дека ќе ги контактираат и ќе им дадат решенија. На тие со позитивен тест им се јавуваат и им праќаат решенија за нивното семејство, односно за тие шѕо живеат на иста адреса.
    Знам некокку семејства со по 1 позитивен и кај сите е вака, но не им делат решенија на тие со кои биле во некаков контакт. Претпоставувам дека веќе со оваа бројка е невозможно да се направи анкета и да се изолираат сите со кои заболен бил во контакт.
     
    На NarCis@, mal.ecka и Hubby им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.196
    А овие шо идат на свадба со 600 луѓе сериозно мислат дека никој таму нема ковид?
     
    На L.i.n.a.a, mal.ecka, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Мора заболениот да те посочи како контакт во анкетата што ја спроведува епидемиологот, за потоа тој да те контактира а ДСЗИ да ти издаде решение за изолација. Во случај да не даде контакти позитивниот, нема како да се издаде решение.
     
    На темјанушка, M&M, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Hubby

    Hubby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    На заболениот му се немаат јавено а е позитивен една недела (facepalm)
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.662
    Пол:
    Женски
    Многу неодговорен народ сме, ама и матичниве се за нигде. Денес дознав дека роднини пред 3 недели биле со сите симптоми на ковид, живеат близу и јас ги гледав нонстоп наваму натаму одеа, закажале за тестирање ама матичната им рекла ако ви помине во меѓувреме ќе го откажеме, и така и направиле, не се тестираа, си одеше на работа женава нонстоп ја гледав, по продавници, се нормално а имале и тт. И без срам денес ми кажуваат :x и уште викаат абе ништо страшно, неколку дена и ни помина :@
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Мора да му имаат издадено решение за изолација од ДСЗИ. А за контакти треба да го контактира епидемиолог, ама со толку многу нови позитивни на ден, ништо чудно да не може да постигне. Не знам за кое место збориш, но најчесто има по еден до двајца епидемиолози на регион.
     
    На Hubby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Идиот без грам свест.Му отиде ногата од дијабетот пред некој месец.Нормален човек со таква дијагноза у време на корона би се пазел мн.Он мисли има кеш ке отиде до Систина и лагано ке го помине вирусчево ако уопште и го фати.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ова мислам не е точно, бидејќи од Мвр те прашуваат тебе како заболен кога ти истекува решнието за изолација бидејќи немаат увид во твојата состојба, имаат само контакт. Те ослободува матичниот според датумот на тестирање, на пример во мојот случај откако ќе ми заврши боледување. Таман работа ако треба да ги чекаме Изј за излез од изолација, таа ќе трае два месеца минимум. Матичниот мора да го затвори боледувањето на последниот ден од изолација и ако последните три дена немаш симптоми слободен си.
     
  9. Hubby

    Hubby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Он има решение да ама епидемиологот не се јавил. У Скопје е иначе.
     
  10. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Јас сум практикант, во моја подрачна единица е така и се работи по таа процедура :)
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Можно е Изј да не може да најде контакт, иако звучи нелогично, знам такви случаи, односно Изј така се правдат за доцнењето. Ќе го напнеш матичниот да ги напиња во Изј, затоа што ако работиш и ти е потребно боледување а имаш симптоми и ти треба 20 дена изолација, матичниот нема да може да ти отвори комисиско боледување и папиролошки се комплицира работата.
     
    На Hubby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Каков документ издавате тогаш за да се оправда отсуство од работа после затворање на боледување поради завршување на периодот за изолација?
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Чекај како има решение а не го контактирал епидемиолог? Изј ја прави анкетата и ја препраќа до Инспекторат, вака нема логика, да не си грешка некоја.
     
  14. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    По 200-300 има на ден во Скопје, рачунај само позитивните да ги исконтактира колку време ќе треба... Многу од позитивните оставаат и грешни телефонски броеви, па бркање со матичните за броеви, па полиција... Многу е покомплицирано од тоа што изгледа.
     
    На Angie1432 и Hubby им се допаѓа ова.
  15. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    ДСЗИ издава само решение за изолација, никаков друг документ. Понатаму одговорна е матичната и таа ја води цела комуникација со ИЈЗ, кои пак објавуваат список на оздравени секој ден и истиот го праќаат и до МВР. Ако искочиш од дома без да те има на список за оздравени можеш кривично да одговараш.
     
    На ladyySi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатите погрешно ама едноставно е. Матичниот треба прв да добие информација од својот пациент дека е позитивен, да го праша како е шо е, да му земе податоци и ОДМА да ги препрати до Изј, да не чека центрите за тестирање да доставуаат информации. Изј така веднаш може да се јави за анкета и Инспекторат веднаш да изготви решение, ама во овој триаголник нешто не штима. Затоа не се спречуваат на време неодговорните што се шетаат иако позитивни, институциите им го даваат тоа време. Единствени што работат за да прибираат казни се Мвр. Почесто комуницирам со нив, два пати дневно ми се во двор.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    А кој одговара ако во решение издадено од Инспекторат пишува дека изолацијата за заболени со симптоми е 20 дена, а јас немам решение за ослободување од изолација на 21-от ден?
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    ИЈЗ испраќа список до ДСЗИ со позитивни и тие ги издаваат решенијата за изолација. Епидемиологот го контактира подоцна за контакти. Кога оди човек да се тестира, ги остава сите свои лични податоци, доколку искочи позитивен лабораториите ги препраќаат податоците до ИЈЗ и се генерира списокот на позитивни.
     
  19. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Тоа матичната ќе го наведе во боледувањето, секој матичен лекар знае процедура. Не секој е здрав после наведениот период за изолација, ниту пак е во состојба да се појави на работа. Затоа постои таа процедура.
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Да, мој близок скоро и му заврши изолацијата и дури тогаш го контактираше епидемиолог. Полицаец само еднаш при крај му дојде на врата и тоа без маска.

    Друг близок инаку, од вчера позитивен со симптоми ептен се пазеа цела фамилија заради хронични болести и мало бебенце, врска нема каде се заразил. Немал контакт со заболен, скоро и со никој не се гледа, нема никаква идеја од каде се зарази.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.