Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Убаво си научила како е во теорија, ама во пракса е вака: Му се јавуваш на матичниот откако си добил резултати, ти вели чекај од Изј за епидемилошка анкет и решение и чекаш 13 дена, се јавуваш, молиш, пустиш, прашуваш по луѓе за информации а во меѓувреме матичниот не се замара многу со тебе бидејќи нема решение, а ти имаш симптоми и не ти арно и не разбираш што се случува, битно Мвр доаѓа секој ден на врата да те проверува. 14-тиот ден успеваш да се чуеш со Изј, решението некако магично стига за да можеш да имаш комисиско боледување за да не те ишутираат од работа како капак. Моето прашање беше друго. Моето решение за изолација е до 31 октомври, значи и боледувањето ми е до тогаш. Ако недајбоже треба и решението за ослободување од изолација да го чекам 14 дена како и решението за изолација, како ќе се покријам на работа, што ќе кажам, како ќе го продолжам боледувањето? И дали институцијата што треба да ми го издаде решението за ослободување од изолација ќе биде кривично гонета поради доцнењето како мене, ако ја напуштам изолацијата без такво решение?
     
  2. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Сите процедури се воведуваат со причина, луѓе многу поискусни и попаметни од нас ја вовеле. Во земја каде кријат дека се тестираат и оставаат лажни телефонски броеви, не можеш да очекуваш да се јавуваат на матичните. Многу пациенти прават тестови на приватно и матичниот нема увид, туку добива список од ИЈЗ откако ќе добие пациентот позитивен тест. А МВР мора да контролираат лица со решенија за изолација, тоа им е работа.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.738
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Не знае секој матичен процедура за жал. Од изолација се ослободуваат пациенти кои последните три дена од времетрањето немале симптоми, тој протокол не сум го смислила јас, ама значи дека заболениот е оздравен и дека мора да биде пуштен од изолација на 11 или 21 ден. Ако не е секој здрав после изолација тогаш овој протокол зошто е смислен и зошто после изолација пациентите не се тестираат? Еве поради ова имаме вакви бројки.
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    Како да прочитав некаде дека веќе мртов го однесле, по што веднаш му зеле брис :?:
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Па јас мислам секаде примаат ако се работи за живот или смрт.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не можеш да разбереш што ти кажувам. Никој не ти издава решение за ослободување од изолација. И никој не чека 14 дена за решение да се подготви. Решенијата се пишуваат истиот ден, затоа МВР те контролира, без решение нема зошто да ти доаѓа дома да те проверува. Тоа што ти си го добила после 14 дена (преку пошта претпоставувам), не го одлага неговото извршување од истиот ден кога си искочила на список за позитивни. Не се чека 14 дена, матичната тоа убаво ќе си го наведе. Недај боже ако ти стане полошо, како ќе го продолжиш боледувањето? Значи нема потреба од драми, исконтактирај си убаво матичен и ќе ти објасни се.
     
    На ladyySi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Под итно полициски од 20-21ч.
    Секоја вечер низ Центар се собираат друштва по дома, се пее, весели...
    Народов не разбира друго, освен изрична забрана и ограничување со сила!
     
    На mal.ecka, noteforself и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    128.184
    Пол:
    Женски
    Амди го однеле веќе мртов бил само констатирале смрт и во Жан му направиле брис за Ковид.
     
    На mal.ecka, Biljarkata и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    За паметни и искусни, стварно ќе прескокнам, доволно ме воспитале. Во пракса не функционира како што си напишала, апсолутно ништо. Мвр секоја чест што си ја работи работата, а Изј и Инспекторат исто така во коментариве ќе ги прескокнам. И јас не зборувам за пациенти кои се кријат, зборувам за мојот конкретен случај. Во осум сабајле добив резултати, веднаш го информирав матичниот со сите податоци, и јас лично ги контактирав сите луѓе со кои сум имала контакт, родителите ги изолирав без да чекам решение. Изј после 14 дена се удостои да ми се јави, епидемиолошката анкета исто нема да ја спомнам, срамови над срамовите, дали сум патувала и толку. Да не успеав да најдам врски, немаше да стигне решение, јас ќе останев без боледување и веројатно ќе ја изгубев работата.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Ваљда знаеш дека кај доста луѓе се јавуваат компликации и иако првично биле во домашно лекување, доаѓаат до ситуација да мораат да бидат хоспитализирани. Матичниот те вади од изолација ако немаш симптоми, ако си уште болен нема да те извади, па колку сака нека ти пишува денови за изолација.
     
    На ladyySi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде си, ама во мојот град инспекторите работат по 15 саата на ден, некогаш и повеќе за да ги напишат и да ги испратат решенијата на сите од тој ден. Повеќето се испраќаат електронски, а на некои со асистенција од полиција.
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некои работи намерно ги прескокнуваш или како? Матичниот те вади од изолација точно, доколку последните три дена од изолацијата немаш симптоми. Тоа е процедурата. Ако тоа е условот и биде исполнет, зошто не би добила решение за ослободување од изолација 21-от ден? Кое е оправдувањето?
     
  14. Karamela12

    Karamela12 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Прочитав некоја страна наназад од темава и ме интересира дали мислите дека ќе ни стават пак полициски и доколку дојде до тоа мислите дека е паметна одлука или се водите по она нема корона после 11 бе?
    Искрено не знам како би го поднела јас психички повторно тоа,али сум за полициски.
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Еве ова е одговорот што го добив кога се дрзнав замисли да инсистирам да добијам решение после две недели, бидејќи ако нема решение нема ни боледување, особено не комисиско, а нема ни работно место. На госпоѓата од Инспекторат ѝ предложив да се смениме со работата, јас еве и 20 саати ќе работам, ама не ѝ се бендисуваше предлогот.
     
  16. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Јас не сум матичен лекар. Неколку пати ти кажав дека тој одговор ќе си го добиеш од матичниот, ако не е упатен треба да дознае и да те информира. Никој друг нема да ти каже и помогне, не ни може. И по 10-ти пат, НЕ добиваш решение за ослободување од изолација.
     
    На SkarletOHara и ladyySi им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ако не добиваш решение за излез од изолација, тогаш зошто да одговарам кривично ако излезам откако матичниот ќе ми го затвори боледувањето? Штом е затворено, исполнети се условите за излез од изолација.
     
  18. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Убаво ти овјасни @Unicornus еве и мене ми е утре последен ден и од понеделник сум слободна АМА не смеам да излегувам се дури до МВР не биде доставен обновен список на оздравени лица. И матичната да достави до ИЈЗ дека си оздравена ти не смееш да излезиш освен ако ти се плаќа казна.

    За боледувањето извести го матичниот, а и работодавецот па макар и матичниот да се јави кај него.

    И да, решение за ослободување не постои, само се поништува веќе издаденото.

    Колку и да не ни одговара ова нам, така е постапката, немоќни сме.

    Значи решението е во сила дури тие не го поништат А НЕ со протекот на 20те дена!
     
    На Unicornus му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не ти го испратиле решението електронски (можеби затоа што има по 500 случаи дневно?). Нема потреба од арогантост од ничија страна, сите сме во иста каша, кој повеќе-кој помалце.
    Ќе ти го затвори боледувањето откако ќе се појавиш на листата на оздравени. Услов за излез од изолација ти е твое име и презиме на листа за оздравени. Стварно не ми е јасно зошто матичните не ви ги појаснуваат овие работи.
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ја знам процедурата, единствено сум зачудена и загрижена што институциите знаат кога пациентите треба да се казнуваат, а не знаат кога треба да се самоказнуваат затоа што не си ја вршат работата. Иако сум немоќна, ако ништо друго барем на форумов можам да си кажам тоа што ми пречи. Освен ако и тука не фрчат казни.