Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    Пишав и пред некој ден кај мајка ми на работа во управа за водење на матични книги има заболени, ниту се ставени во изолација сите ниту е дезинфицирано, уште претпоставените викале што кажувате дека сте позитивни, како очекуваме да се намалат бројките? Значи огромен број на луѓе си шетаат слободно, службата брои многу вработени.
    Јас да прашам воедно ова некаде може да се пријави и каде?
     
    На mira.mira, azelea, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.978
    Според возрасната група, изгледа прават тријажа и повеќе се сконцентрирани на помладите пациенти. Иако и над 50 год има.

    И друго, како семејство на починат не е во изолација?
    Луѓе, контактите не се во изолација.
    Вирусот неконтролирано се шири.
    Мислам дека е време да се затворат училиштата. Нема голем број на заразени деца оти ретко дете покажува симптоми, ама се преносители.
    Итно мора мерките за гости да се донесат. Фб ми е полн со собиранки по куќи.

    Како е смртноста во регионот?
    Словенија вчера 18 починати имаше.
    За останатите баш сега ќе проверам, ама кај нас е многу.
     
    На mira.mira, mal.ecka, referentka и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Како е можно да има вработени позитивни и да седат без решенија? Кога одиш да се тестираш, лабораторијата веднаш ги предава позитивните до ИЗЈ, не можеш да се сокриеш ако си позитивен? Сигурна си дека навистина има позитивни и одат на работа? Да не се некои кои имале контакт со позитивни, па ги кријат како контакти.
     
    Последна измена: 25 октомври 2020
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.394
    Пол:
    Женски
    Не бе овие 22ца се од други причини починати ама сигурно им дале 2000 евра на фамилијата.
    (facepalm)

    30% од тестовите позитивни.
    Па се прснале во тестови правење.
    Од една страна нема слободен термин, од друга страна ни 2000 тестови не се прават дневно.
    Нема тестови или нема вработени?
    Срамота е на територија на цела држава толку малку тестови.


    Плус почнаа сега зимски куќни слави. Кул.
    Филипче разочарува со тоа што мисли дека народот има совест. Разочарува што не презема побрзо ништо.

    Што да очекуваш од народ кој на објава дека умреле 22ца, пишуваат да не заборавите саатот да го вратите и бараат имиња од умрените.
    :puke:
     
    На smooch, темјанушка, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    Не одат позитивните на работа, дома се уште пред да се тестираат. Одат на работа сите нивни контакти и не е ништо дезинфоцирано. Вработените оние кои се плашат сами прскале со алкохол по бироа и книги .
     
  6. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Би сакала да прашам дали откако МВР ќе ја добие листата на оздравени,тие како институција те известиваат дека решението за изолација е затворено како би можеле да излеземе или??
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    За на работа сите мерки да ги спроведат, со ротации, смени, пак луѓето ќе се собираат по дома после работно време. И две, три недели да не затворат, пак ќе се собираат по дома, викендици. И пропусници се злоупотребуваат, ништо ново не е.

    Позитивни не ги кажуваат контактите со кој биле, нели - што ќе седи дома кога не е ништо, сигурно 5 пати има корона прележано. Хаха - хихи смешките.

    ЈСП е општо лудило, маските се ставаат секаде само онаму каде што треба не. Почни од шоферите, заврши до контролорите.

    И што дека ти се пазиш кога некој во врат ти дише во меѓувреме?
    Туку нека отворат линија за психолошка поддршка за останатите што не беа опфатени во тие неколку точки, зашто попуштивме веќе, што од барање симптоми што од човечката глупост што не може да се измери по ни еден параметар.
     
    На 1209, senjorita-v, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Veta

    Veta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    22ца починати, лесна им земја.
    Воведување карантин или полициски час во овој период се гледа како најпаметно решение за да се избегне дебакл по болниците, затоа што болничките капацитети се максимално исполнети, а персоналот е изнемоштен и во се помала бројка.
    Но, од друга страна воведувањето на една од горенаведените опции би значело економска катастрофа и јавување на глад, сиромаштија ( не дека сме го немале), меѓутоа во ова време тоа би значело тотален колапс.
    Господ нека ни е на помош...:(
     
    На LejlaD, poppie, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Проблемот е што ги гледате бројките на тестови и официјално заразени и се мисли дека толку се. Многу повеќе ќе се ако се тестира како што треба, блиски луѓе, контакти, симптоми. Јас сега да кренам слушалка и да речам дека грло ме боли ќе ми закажат тестирање, бесплатно нормално. Мк ги наполни приватните болници со пари од тестови пошто државата не тестира како што треба, барем колку што читам и слушам од мои луѓе.
     
    На Harper, candy.cane, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Karamela12

    Karamela12 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Ова денеска со бројот на починати е стварно алармантно.:(
    Сурово можда ќе звучи,но очигледно дел луѓево додека не доживеаат на своја кожа сеуште ќе си се трипаат и ќе си живеаат у филм дека вирусов е чиста заебанција и теорија на заговор.
    Подхитно треба да се воведат некој ригорозни мерки и да се зголемат и казните.Не иде ова вака.
     
    На LejlaD, темјанушка, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.785
    Ситуацијата е вон контрола да знаете.
    Има многу повеќе позитивни, а воедно немаат веќе контрола на контактите на позитивните.

    Седете дома!
     
    На LejlaD, senjorita-v, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Да, мене ми се јавија сабајлево од МВР и ме известија дека можам да се движам слободно.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Дали хронично болните сместени во болница ради Ковид добиваат соодветен третман и терапија и за хроничните болести? Се натаму ми оди паметот за големата смртност.
    @Bridget не е само за статистиката, од неколку случаи на починати од Ковид што лично ги познавам, најискрено веќе почнувам да се сомневам во третманот. Се ми стои дека се лекуваат по шаблон, без да се води сметка за останатите коморбидитети. Дај боже да грешам. Ама кога немаш увид и информација за ништо, еве и блиските не добиваат информации, остава простор за сомнеж.
     
    На LejlaD, azelea, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Ако само ти лично познаваш неколку луѓе што се починати од Ковид, тогаш тоа е јасен знак дека се многу повеќе од прикажаните бројки. Може толку им е капацитетот на тестирање, не знам, имаат ли кажано колкав капацитет имаат? А дека има и многу други пропратни работи за кои нема кој да ти каже а се сомнителни, тоа секако.
     
    На mira.mira, LejlaD и DAngel им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.978
    И јас знам неколку починати, за жал. Сите со коморбидитети. На еден фамилија не му е во изолација, блиски ни се, па се налутија што не отидовме на погреб.

    Други роднини, со симптоми, матичен и вика чекај млада си, ќе следеме состојба дали да те тестирам. По книга сите симптоми. И кс исто. Среќа седат дома, совесни се.
    Доктори кажуваат оти е алармантна состојбата. Не тестираат, оти било измешано. Што настинки, што корона. Секој втор човек кашла, и тоа одеш по улица и слушаш како кашла. Суво.
    Језиво дури.
     
    На mal.ecka, LejlaD, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    10.585
    Јасно е дека повторно ќе има групи на луѓе што ќе си тераат по свое, или во превод - На човек со сила не можеш да му дадеш.
    Но, мислам дека државата треба да има должност да ги заштити оние кои почитуваат мерки, ама во овој случај се приморани да се изложуваат на ризик поради егзистенција, а не некаков личен хир.
    На крајот на денот, секако ќе се намали бројката на заболени ако пола луѓе седат дома или доколку се организира работа во смени за да нема многу мешање. Можеби нема бројката да се намали магично на нула, ама секако веќе ситуацијава не се решава само со една мерка, далеку вон контрола е отидено.
     
    На LejlaD, senjorita-v, annii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.785
    Кај треба да се потпише дека може да кршат и устав и се дома да ни влезат. Нека влегуваат, со се ќотек аки треба.
    8 месеци немам стапнато кај никого, ни па ми дошол. Како можеме ние, друг не може?
    За да ризикувам да умрам зошто некому му е од страшна итност да слави нешто?

    Училишта мора да се затворат.
    Економијата страда, но и пепел е од позитивни. Издаваат решенија после 2 недели од пројавени симптоми, контакти не кажуваат, се шетаат.
    Лудило е ова, лудило!
     
    На smooch, LejlaD, mkdvesna и 16 други им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    Исто и јас пишав вчера, на роднини матичната им закажала тестирање и им рекла ако ви помине во меѓувреме ќе откажеме, додека чекале подоздравеле и не се тестирале, јас жената ја гледав идеше цело време навака натака :swear: дури и со свекор ми на улица правеше муабет среќа од подалеку и ептен кратко, значи ми иде да ги ишамарам кога дознав вчера, толку ужас народ, несовесен. ;(
     
    На LejlaD, azelea, greenday и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Дали овие 22 починати лица навистина починале од корона или е попат земено пост мортем и се видело дека се позитивни.
    Многу значи ,многу ми е сомнителна целата ситуација. Знам еден човек, за кого два пати викаа брза помош, имаше полнење на бели дробови со вода, за греота беше, буквално се бореше за живот. Го донесоа негативен, кога почина по две недели, пост мортем испадна позитивен. Како бе така го броите во статистика. Сега дознав и за друга личност почината од мозочен удар, ја пишале дека починала од корона.
    Да, опасен е вирусот, но ако веќе водите статистика некаква, барем да има основа. Ако целта е паника и масовна хистерија тогаш не знам што да кажам.
    И Амди да не почина од корона, па го пишавте во статистиката?! Јас веќе не сакам ни да читам, ни да се информирам. Ама има еден куп лаги.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Амди нека го пишат од простотилук дека умрел.
     
    На mal.ecka, ALISA0000, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.