Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.780
    Добро е, сме имале и шептачи со тишината.

    Опасуљете се аман.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    А кај тоа го пишаа дека е починат од корона? Колку што јас знам никаде нема истакнато име и презиме на пациенти заразени/починати од ковид. :?:
    А, и како знаеш ти со сигурност дека не е бил заразен?
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Затоа што на наодот од обдукција пишувало причина корона. А човекот немаше корона, беше негативен кога го донесоа во болница. Буквално се бореше за живот. Ете од каде ми е сомнежот.
     
  4. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Сторија од денес.

    Имам/в комшија, 55 годишен, здрав, прав, карпа човек. По цел ден беше излезен, насмеан, ников здравствен проблем немаше. Пред една недела правеше тест, позитивен. Од симптоми само кашлање, малаксаност и малку покачена тт. Последната вечер одбивал да јаде, му се гадело и децата решиле да го однесат на болница од страв да не дехидрира. Во локалната болница ниту едрн кревет за сместување слободен. Ги пратиле во Ск.

    Кога стигнале во болница, ги оставиле 3 часа да чекаат да дојде некој да ги прими и да го видат. По прегледот решиле да го задржат заради малку намален кислород и дехидратација. За секој случај.

    Кога разбрал комшијава дека ќе го задржат таму се бунел дека сака да си оди дома со зборовите "не ме оставајте овде, ќе ме умрат". Ајде некако се убедиле, му кажале дека не е во ризична група и се согласил.

    На пола пат за дома на синот му се јавуваат "татко ви почина". Ниту му е дозволено да го види телото па макар и со скафандер, ниту добил објаснување зошто умрел. Компликација му рекле.

    Пола пат е половина час. Никој не може да ме убеди дека за 30 минути човекот почина сам по себе. Кога само успеаја да дадат кислород, да вклучат инфузија, да пробаат да реанимираат, да констатираат смрт и да се јават. Нема логика.
     
    Последна измена: 25 октомври 2020
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    На наод од обдукција се пишува причина за смрт. Причина за смрт може да биде мозок, срце и бели дробови. Не корона.
    Грешна информација имаш, ова се само рекла-казала муабети.
    Не ми е целта да се карам, најдобронамерно.
     
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Не се рекла казала муабети, од осмо колено, туку многу блиски извори. Сигурно не им барав да видам што пишувало на наодот. Мислам апсурдно е. Но, тоа ми го кажаа. Со кои зборови, како, што, не знам.
     
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    279.667
    Пол:
    Женски
    Како бре после овие бројки уште можете да верувате во теории на заговори,па умрел од ова од она.Да е само кај наа ама гледајте бре цела Европа гори.
    22 починати за 24 часа е скоро по еден згаснат живот на секој час.Тој некој е нечиј татко мајка или дете.
    И се носеле маски да како ради реда,стај извај турни претурни под нос ,над нос.Само мал процент носи правилно затоа е вака.
    И под хитно некакви рестриктивни мерки за ограничување на движење па макар и целосен локдаун на неколку недели.Од глад не умираме сигурно ,сиромашни сме и онака...
     
    На smooch, mkdvesna, LejlaD и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Што подразбирате кога велите карантин, целосен локдаун итн итн?
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    Во одредени маркети вработените се цело време со маски под муцка, јас лично се жалев на нивните претпоставени ама џабе пак си тераат :(
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Не е народот крив само. Доста стока па стока народ. Кој не доведе во ваква ситуација треба да ве потсетам?
    Тие што затвараа за Велигден а отвараа за Бајрам, тие што казнуваа сиромаси без маски а дозволија летово журки кафани церемонии и најново погреб со цела Шутка без маски, тие што еднаш кажаа Не теба маска штетна е , за потоа да се предомислат. Тие што кажаа Вирусот ослабнел за пред два дена да кажат А не, вирусот лебди секаде.

    Народот е револтиран од немање никаква ама никаква стратегија и виновни се тие што го водат сето ова. Не сме виновни ние, верувајте. Нема стратегија, нема никаква реализација на ниедно ниво. Сето што се прави е аматерско.
     
    На glosipgirl, 1112, redhead и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.780
    Мислам дека време ни е за поддршка и искусни луѓе.
    Искусни луѓе кои знаат да живеат во состојба на криза.
    Треба да се направат кризни тимови, да си побараат поддршка од армијата.
    Да се отворат повеќе кол центри за побрзо да оди прибирањето на податоците за да се реагира.
    Да не се паничи, ама и настинка да се сфаќа сериозно.

    И мислам дека локдаун не ни бега. Зошто и економијата секако ќе крахира ако голем процент од населението е болно.
    Време е и да побараме поддршка од надвор.

    И мислам дека степенот на смртност е голема зошто медицинскиот персонал не е обучен како да ракува со опремата соодветно.

    Искрено, многу, многу ми е жал...
    Не ви се седеше, психа ве убивала, децата не доседувале, си барале друштво, не сте верувале, ѓубрето како ќе сте си го фрлеле, свадби морало, дете да се крстело, па роденден морало... Без памет...Детето ќе биде најсреќно со сите членови на семејната слика кога ќе порасне.
    Ако болест не не опаметува, ништо нема.
     
    Последна измена: 25 октомври 2020
    На candy.cane, Ariel, Nausicaa и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски

    Дефинитивно ни треба помош, и тоа човечки ресурси. Најважното е тоа. Не се сомневам во обученоста на лекарите, верувам дека премореноста си го зема данокот.
     
    На candy.cane, smooch, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.780
    Се надевам во скоро ќе побараме помош од некаде.
    Се осеќам ко да сме село без кучиња. Филипче оставен сам на себе, ни премиер ко да имаме да искочи да каже нешто, ни да се направи тим.
    Опозиција прави свој тим - се делат на ваши и наши. Па во услови на пандемија сите капацитети треба безпоштедно да се дадат, а не да се мерат курчеве.
     
    На smooch, mal.ecka, LejlaD и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Филипче лапа тендери, не го жалете вие.
     
    На Harper, lovestoneddd, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  15. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Моментално има 7000+ активни и уште 8000 да има во изолација тоа се вкупно 15000 што не работат, а скоро сите други работат.
    Како сте сигурни дека нема да се умирало за глад повторно ако се затвори се целосно не знам.
    Ако крахира економијата целосно комбинирано со моменталното крахирање на здравството е многу лоша комбинација. Знаете/ме при снемување на пари во буџетот би настрадале најмногу државна администрација и пензионерите.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Др во која област ???Човеков кажува дека е правник.Можда Др на правни науки??Хахаха јакиот Др све знае околу корона.Класичен fake news.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.780
    Ај добро утро.
    Кој поддржува локдаун?
    Со нашето однесување не ни бега, тоа е.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    @Lilit
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka, LejlaD, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира некој поупатен ако знае да каже, дали во ковид центрите болните од ковид ги лечат само инфектолози?
    Дали ако се прими пациент кој е позитивен на ковид, а плус има некоја срцева болест, дали тој пациент е третиран само од инфектолог или има и кардиолог?
    Дали пациент што е позитивен на ковид и сместен во болница, а оди на дијализа е лекуван и третиран само од инфектолог или има и нефролог?

    Се мислам дека требаше на секој оддел да си има посебно ковид центар за пациенти со ковид. Пример на пулмологија, на кардиологија, на нефрологија, на онкологија да има оддел за позитивни и негативни пациенти и на секој од тие оддели покрај пулмолози, кардиолози и др, да има инфектолози. Вака ако се оставени само во рацете на инфектолози хронично болните :(
     
    На Nausicaa, Kitten, Ambrosia и 1 друга личност им се допаѓа ова.