Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се додаде селективноста при п. ч. ќе гледаме повторно како градоначалник вади луѓе од затвор, браќата како пријателски ќе ни пуштат по некоја закана со војна, најдобар пример е вчера погребот и секоја ви чест ако мислите дека наредниот п. ч. ќе биде нешто поразличен.
    А општо секој што може ќе извади дозвола а најголем дел и што ја имат од работа ќе ја злоупотребат.
    Сум за п.ч. ама прашањето е колку тој би бил ефективен? И дали со гужвите по маркетите, институциите би имал контра-ефект?
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.107
    Ама тоа и јас го викам.
    Секоја рандом кс, мр, кт, од онака да се проверам, без причина, без потреба - е на товар на фонд. А фондот има ограничени средства затоа што голем дел од тие што го користат не допринесуваат.

    Не само во ВБ, еве читај ги и другиве што живеат во странство, никаде нема од денес до утре ако нешто ти текне. А и нема врски, всушност секаде ги има, ама не како тука.

    Значи имаме ограничен фонд + распашано и неорганизирано користење на истиот + неспособни кои работат во истиот + себични сме како народ и баш не' заболе што некој стварно е побитен од нас + се испитуваме како никој во Европа. Башка пиеме антибиотици како никој во Европа, ај што непотребно го трошиме фондот, полошо сами себе си правиме.

    Ама - здравството не е бесплатно, а затоа што мислиме дека е, се однесуваме толку недомаќински со истото.
     
    На Peperutce1115, WildMk, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.840
    Допаѓања:
    275.107
    Пол.час. е генерално глупа идеја, пофино е тоа Австралијанците што го направија или Италијаните. Кога сакаш излези, ама во тој-и-тој радиус, смееш само до аптека и маркет и чао пријатно.

    На клупи во паркови нема седење, ленти преку нив, детски игралишта затворени, ако сакаш возух повели пред зграда подиши (мада какво е загадено, не ти треба баш тој воздух)

    Просторно ограничување - да, временско, без просторно, прилично нема поента.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, VDT2906 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Женски
    Dali ima nekoja trudna sto prelezala korona da mi kaze iskustvo i kakva terapija primala?
     
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    А што кога ке го знаеме и тој податок?
    Де бре луѓе, посветете се сите на својата фамилија, својата професија и својата заштита и иднина.
    Оставете секој да си ја врши својата работа, или дадете свој допринос тсму кај што треба ако се осекате доволно компетентни.
    Се друго е мудрување напразно и збунување на сите над иште толку.

    Цел свет призна дека има доста нејаснотии околу вирусот и затоа е алармантно, само ние неможеме да прифатиме.

    Имало карантин на 20 заболени, сега немало и тоа било неопростиво и по тоа се гледале задните намери. А неможеме да сфатиме дека на почеток беше се уште понепознато, необучен кадар, немање кадар и така натаму.
    Да оставиме секој да си ја врши својата работа.
    Преку глава ми е веќе да читам како секој втор од нас е Никола Тесла.

    Нека ми прости членката, само се надоврзав на постот.

    Двајцата луѓе кои починаа во Гевгелија,едниот е Васил Ангов, во ист ден бевме на тестирање и двајцата изгледаа добро и не толку загрижувачко. Сеуште не ми се верува.
    Навистина е вирусов и сево овс непредвидливо.
    Наместо да мудруваме, има милиони начини преку кои може да имаме позитивен допринес во сето ова.
    Но одамна веќе Човештвото е во колапс. Ама се правиме наудрени.
    Се друго околу нас не чини сем ние.
     
    На Peperutce1115, mal.ecka, noteforself и 15 други им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    а зошто мислиш дека сега би било поинаку? Нешто драстично се случи што им ги отвори мозочните виуги на сите или..?
    Не знам навистина што очекувате од вакви рестрикции? Тој што оди на работа мора да оди, со автобус мора да се вози за да стигне до таму, на лекар мора да оди, да купи леб мора да влезе во продавница, во банка мора да се појде од икс причини... И секаде се почитуваат мерките, нигде не сум видела курчење од никого во затворен простор. Свадбите и веселбите се забранети, а ако некој ги организира и прави, вината ќе ја барате кај тој што носи мерки ама со прст не мрда да ги спроведе. Плус граници отворени, за викенд цело Косово ни е по молови, по гости растрчано. Ама битно полициски час ќе не оправи. Невероватно!
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.479
    Пол:
    Женски
    Моја другарка моментално е позитивна а е 40 недела од бременост, и за греота седи дома и чека болки. А треба на царски да оди. Иначе од терапија прима само Вит Ц и спирулина витамини... Освен што е омалаксана и без осет за вкус и мирис др ништо нема..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски

    Да, сите се криви освен народот, само владата е крива, Филипче, Рајко, Петко, Трајко, страшно, сите од владата се криви освен ние народот.
    Како се почитуваат мерките? Дали ти воопшто следиш на социјалните мрежи еден куп слики од собиранки, свадби, веселби?
    Филипче е крив што некој се турка во кафичи и кафеани? Филипче ги тера да организираат веселби?
    Дали ти воопшто читаш дека сега скоро беа прекинати свадби со по не знам колку гости или само сакаш да се најдеш во муабет? Дали следеше ситуација во Аватар и слични ноќни локали?
    Не можам да објаснувам цел ден, само ќе те замолам прогуглај и гледај што се случува и колку се опушта народот.
    И како бе, Италија, Словенија, Шпанија сметаат дека мерките со пол. час се океј само ние не?:rofl::rofl::rofl:

    Колку паметен народ има ваму, Ајнштајн да беше жив ќе си каснеше од газот од мака.
    Ама не, ние нежни сме, правото ни е скратено, дај не ме смејте.
    И уште еднаш ќе повторам и последен пат, зошто немам намера да се повтарам..
    Полициски час ќе биде супер во пакет со големи казни.
    Ама вие мислете си поинаку.:whew:
     
    На black-angel, emiliana и mkdvesna им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.907
    Допаѓања:
    41.524
    Пол:
    Женски
    Што цело време повторуваш за права и нежноста на народот кога збориме колку е нешто функционално?
     
    На christinnn, tina2018 и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    63.648
    Пол:
    Женски
    Упорно и упорно и упооооооорно кажување на едно исто. Не знам дали ви е coping mechanism ова што цело време негодувате околу смртноста на вирусов или е инает. Објаснуваат медицински лица, се мачат, пустат да ви докажат дека не е играчка работава, 1000 пати се напиша дека хронична болест е основата, короната е катализатор за да се случи црно сценарио.

    Ми се смачија муабети за сомнежи за смртност, без апсолутно никаков релевантен доказ. Еден најдете ми да излезе, да докаже дека зел пари од државава да се пише член од семејството починат од корона, се некој е другар на другар, на пријател, на комшија... Во држава каде излегоја афери за тренинг на магариња, мислам дека ќе излезеше и ваков поткуп да се случеше. Ако успее еден што го тврди тоа да ми докаже јас лично и јавно на форумов ќе му се извинам и ќе си го погазам зборот.

    Еве и мајка ми работи во здравствена установа, пациенти со корона се едно, луѓе кои умираат од друго се друга работа. Некни на колешка на мајка ми на раце и умре човек од инфаркт. Апсолутно немаше никаква дилема за човекот да се воведе во статистиката за починати од кардиоваскуарни заболувања. Секојдневно кубурат со секакви болести па ниту еднаш не се случило негативен човек од корона да го пишат. Ниту пак се јавил некој да им го побара тоа.

    Беззазлени се овие муабети дека се претерува со смртност. Не велам дека кај нас нема заташкување, корупција, триста врагови што го тресат здравството, ама навистина не гледам поента на човек со хронична болест што починал позитивен зошто би играле играчки со негова смрт.
     
    Последна измена: 26 октомври 2020
    На candy.cane, Peperutce1115, Priroden и 18 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    А како можат други земји да ги воведат овие мерки а само ние мислиме дека не се во ред? што сме ние попосебни од другите земји?
    вау правото на движење ни е ускратено, па ај едно па ај друго.
    Пак ќе кажам зошто Италија, зошто Словенија, зошто Шпанија го воведоа ова а ние мислиме дека не е во ред?
    Ајде одговорете ми на ова.
    Се вам не ви е функционално, се не ви чини, се нешто ви е ускратено.
    Одете и предложете вие мерки, да видеме место да мрчите за функционалноста.
     
    На WildMk и emiliana им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Ич не се објаснувај, да беше за сфаќање од сликата ќе сфатеше.
     
    На emiliana и KateKane им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.169
    Допаѓања:
    221.895
    Пол:
    Женски
    Да, од денес стапи во сила полулокдаун или софт локдаун.
    До 18 часот ќе работат сите освен аптеки табаки и супермаркети. Друго се е до 18 часот, сега за сега (ама вака и почнаа во март по 2 дена знаеме сите што следеше) секој втори ден го менуваат законот и тоа во 2 нокеска, сега за сега имаме строга препорака да не се движеме никаде освен во градот дека живееме и тоа по најнеопходни работи, сега за сега повторувам не знам зошто мислам дека за брзо време пак ќе сменат уште порестриктивно...

    Ние денес бевме излезени, скоро да нема народ, овде полиција има на секој чекор видовме најмалку 5 полициски коли и надвор полицајаци, знаејки ги можат да не сопират и опомемуваат дека не смееме да шетаме освен за најнеопохдно, гледам дека врие од полиција намерно мислам е појачана од причина за заплашување.

    Како и да е се е забрането групирања фести свадби прослави друженки се е забрането со еден куп полиција, плоштадите се затворени за народ и така натаму.
    Затворија теретани базени музеи спортови и така натаму нема ништо од тоа да работи пак од денес.

    За излегување имаме строга препорака т.е не препорака туку нешто како стерога наредба да не излуваме надвор од нашето место за живеење.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.102
    Допаѓања:
    8.182
    Пол:
    Женски
    А зошто ти упорно чекаш Владата да донесе полициски час, карантин или локдаун?
    Ете на фамилијарно ниво сами спроведете си го тоа, дајте си отказ од работа, заклучете се дома и излегувајте само еднаш неделно за пазарење.
     
    На Harper, christinnn, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Мозочен удар не е хронична болест, туку акутна, најчесто за жал. Кај самоубиство нема ковид катализатор. Сликата која што ја имаш постирано не соодвествува со мојот пост, затоа што не го негирам ниту постоењето, ниту пак исходот. Туку недоследностите на истото. Но, во ред, верувај дека ковидот е крив за самоубиство, твое си е. Мое е да покажам сомнеж, како што логиката ми налага конкретно за одредени случаи. Подобро да се посветиме на кардиоваскуларното здравје кое доколку е компромитирано, е услов за смрт кај 50% од популацијата, како и што покажува статистиката.
     
    На Harper, orevokrsacka, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ти и пишуваш за функционалноста она повторно со тоа како другите земји го воведеле па мора и кај нас да функционира.
    Многу брзо заборавате колку селективно се спроведуваше и спроведува секоја мерка па и п. ч.
    Исто да се преправаме како што погребот на Амди не се случи оти болниците се полни така и браќата ќе го почитуваат тој п. ч. па и верувам полицијата ќе ги казнува ако го прекршат нели.
    Од денес од Филипче
    https://fokus.mk/1filipche-ogromen-...bolesti-a-golem-del-i-dotsna-pobarale-pomosh/
    Филипче: Над 85% од починатите од Ковид-19 имале други хронични болести, а голем дел и доцна побарале помош
    На прашањето, што е со шпекулациите дека дел од пациентите починале од други болести, но биле заведени дека се починати од Ковид-19, министерот истакна, дека тоа е така, но од самиот почеток доколку пациентот имал позитивен тест, тогаш се запишува дека починал од корона вирусот.
    -Тоа е навистина така, но ние останавме доследни, односно објавување на сите пациенти, кои иако имале сериозна болест, а сепак биле заболени од Ковид-19, истакна Филипче.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те навредам или нападнам или да ти мешам фамилии како што ти мешаш мои.
    Те молам, одмини ме да не започнам да се служам и јас со мешање.

    Ова ќе ти го кажам последен пат и следен пат обиколи ме да не те направам лом.

    И НИЕ ДОМА ИЗГУБИВМЕ РАБОТА, И МОИТЕ ИЗГУБИЈА ВО ИТАЛИЈА И КАЖАВ, ЗНАМ КАКО Е ДА ОСТАНЕШ БЕЗ РАБОТА.
    АКО КРАХИРА СИСТЕМОТ КОЈ ЌЕ ТЕ ЛЕКУВА ТЕБЕ ПАМЕТНА ЕДНА?

    @WaitTillTheEnd ете и тебе ќе те пингам, предложи мерка, те молам.
     
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ај уште еднаш:
    Јас да одам да ги растерувам или Мвр?
    Сериозна те прашувам - кажи ми зошто ни е потребен полициски час?
     
    На Harper и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.907
    Допаѓања:
    41.524
    Пол:
    Женски
    А ако довеле и други земји мора да е во ред?Мене повеќе ми личи дека не сакаат пак да воведат lockdown па го прават ова како поблага варијанта.

    Пишав погоре што ми се чини како пологично решение.

    Или ајде до 7 саат ќе се изнагледам со сите, ќе се изнатуркам во маркети и во автобуси за да стигнам на време дома и после во 7 ќе заклучам врата и ќе седам внатре за да не го ширам вирусот.
    Meanwhile, во посебните подрачја од нашава земјичка животот ќе си се одвива колку толку нормално и ни полиција ни ништо нема да има.
     
    На Harper, Kitten, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Бајси, те разбирам јас зошто се револтираш.
    И мене крајно ме иритира непреземањето на дел од одговорноста за ситуацијава од народот.
    Не може само народот да е виновен, исто како што не може само власта со глупите мерки да не' довела до тука, бидејќи колку и да биле безвезни мерките ако народот имал малку свесност, ќе беше поинаку сега.

    И токму затоа функционалноста на мерките кои се донесуваат во оваа фаза на пандемијава и те како е битна.
    Бидејќи куп луѓе изгубија работа, заглавија со кредити, испотрошија пари во приватни клиники за итни операции, едвај крпат месец со месец, а на голготава не ѝ се гледа крај.

    Па ако сакаме нешто да се придвижи напред во намалување на заболени и починати, мора барем сега мерките да имаат смисла за овој народ, за овој менталитет и оваа „култура“. Да не се сфатиме погрешно, не велам дека на светско ниво сите се совесни, но сега моментално гледаме за нашава територија.
    Полицискиот час нема да има полза баш поради тоа што веќе го видовме тоа сценарио.
    Резултатот од него беше бесмислено изгубено време и за жал животи.

    Токму затоа можеби единствено што има смисла е локдаун како во Австралија, со ограничен радиус на движење за да нема собирање.
    Воедно финансиска помош од државата за сите кои изгубиле работа или не се платени за време на истиот.
    Мислам дека само тоа може да сопре рапиден раст на број на активни случаи.
    Во спротивно кај и да е веќе Италија од март не ни бега.
     
    На Peperutce1115, emiliana и bicycle им се допаѓа ова.