Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.103
    Допаѓања:
    10.775
    Во меѓувреме ти одговорила Камелија горе-доле се што и јас би имала да кажам на прашањево.

    А инаку во однос на другиве работи што ги зборуваш, да се потсетиме како беше во март во Италија, Шпанија, Англија, излгеда кратко ни трае меморијата. Кога биле толку преполни болниците, да луѓе буквално се гушат за воздух и толку нагло да им прогресираат симптоми? За сметка на тие искуства, останатите успеавме да спречиме брзо ширење во првиот бран, ама ова сега што се случува кај нас на сам почеток на есенскиот бран е неспоредливо посериозно од почетокот на пандемијата. И рачунај трансмисијата веќе е огромна, тек ќе станува поладно, позагадено, ќе се изнапикаме по затворени простори.

    Не можеш да кажеш дека треба да се помириме со смртта, затоа што ова е нешто што може да се минимизира и спречи, е ама не зависи од поединци, туку од однесувањето на колективот.
    Стратегијата на државата е таа што е, капацитети и ресурсите се ограничени, додади на тоа дека генерално се нема дисциплина и општи познавања од биологија, па сите си бараат утеха во некои нивни интерпретации на целава ситуација. Затоа е вака. Фактот што сите веќе познаваме повеќе луѓе во наш поблизок круг што се заболени, дел со потешки симптоми или починати, веќе зборува многу за распространетоста на вирусот.

    И јас сум за животот да продолжи релативно нормално, од март до сега не се осеќам дека сум се пикнала во зајачка дупка, ама почитувам мерки и наоѓам начин да се прилагодам, да работам, да функционирам и да терам живот во овие услови што ги наложува ситуацијата.

    Трендот со вадење теории на заговор не е од сега, откако скоро секој на планетава има неограничен пристап до информации постојано нешто такво струи низ етерот. Ама ако порано многу ми било гајле дали поедина група мисли дека земјата е рамна и ја носат 4 китови на грб, сега ова веќе се одразува на сите. Од дезинформации и слободни интерпретации ситуацијата буквално излегува од контрола.
     
    На Peperutce1115, ivi1987, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    53.534
    Пол:
    Женски
    Повторно почнаа журки?
    F11A4E18-2C3B-4C99-82DE-5CC27B039A4B.jpeg
     
  3. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    49.358
    Пол:
    Женски
    10 се за асиптоматските.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    На моето решение пишува 15.
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатиш погрешно, во здравството нема потреба од среќа, така МОРА да биде. Уставот ни го гарантира тоа.
     
  7. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Ако не е тајна од кога е издадено твоето решение? Бидејќи во моето решение пишува 10 дена за асимптоматски и 20 со симптоми.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    Да не цитирам секого поединечно, јас со изолација од 10.10, на решението пишува 10 дена за асимптоматски позитивни, 20 дена за позитивни со симптоми. 14 дена е самоизолацијата, значи за оние кои имале контакт со заболен.
    За полицискиот час, јас сум апсолутно за, посебно рестриктивни мерки за тие под 18 години и за пензионери. Тинејџери и нивни родители свака ви част, чопоративно, без маски, нон стоп. Пензионери со носовите надвор од маските во деновите во кои имаат бесплатна вожња, ги запоседнуваат автобусите и парковите и пазарите, просто не разбирам. Ако ти си старо аро и смртта не те плаши, или ништо не те плаши, дозволи ми и мене да стигнам до пензија. Одам на работа пеш, 9 километри скоро, само затоа што не можам да се буткам со себичњаци (освен бојкотот кон Јсп). Ако нема полициски, не знам друго решение.
     
    На tina2018, tinka-mace, M.B. и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.281
    Допаѓања:
    168.250
    Статистиката е пропратен елемент на се научно на светов, него статистиката не му била релевантна.
    Па ти ако знаеш статистика ќе знаеш да извадиш статистички податок од расположливиот, обработен за да добиеш слика за фактичката состојба, а не да викаш - бројките се минимум три пати поголеми. Но шит Шерлок!
    Фати земи едуцирај се, прочитај основи на статистика, па дојди тука да пишуваш.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Karamela12

    Karamela12 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    4.149
    Пол:
    Женски
    Нели денеска рекоа ќе имаат состанок со комисијата,има некој нови мерки или слабо?
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Што е лажна информација во мојот пост? Претпоставка според официјална статистика.
    Многу знаеш какво познавање имам од статистика. Ќе ти помогнам, од биостатистика имам многу поголемо познавање од тебе. На што наведов некој да настрада? Што треба да климаме со главите на твоите постови. Дискусија хелоу.
     
    На buba4e89, tina2018 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.360
    Допаѓања:
    279.015
    Не е дискусија, инсинуираш дека е "лажна" статистиката, а тоа не е ок.

    Не можеш да очекуваш, да речеме, денес умреле 5 позитивни, и за секој еден да разглабаат зошто, како умрел, имал или немал хронични заболувања, каков му бил наодот итн.
    Има и починати за кои не е докажано дека се ковид, оти им испаѓа нег. наодот, а симптоми и кл.слика (посебно пневмонијата што ја прави ковид). Па тие не влегуваат во таа статистика.

    Значи се бафташ со број кој не значи ништо сам по себе, 1000 пати тоа се збореше, ниту е тајна некаква ниту заговор, како што асимптоматските ги бројат во позитивни, па после во "излекувани", така и сите починати со позитивен наод ги бројат во оваа, необработена бројка, и тоа пак не е некоја тајна или не знам што.

    Не Филипче, стотици експерти од цел свет, објаснуваат едно исто, и пак се враќаме некој да тресне - ама и тие од самоубиство ги бројат.
    Да, ги бројат, тоа не значи дека не се знае дека умрел што се упуцал у глава, туку тој дел не е моја и твоја работа, туку на оние кои сега и допрва работат на студии поврзани со ковидот.

    А дека такви "случајни" се минорен број, во споредба со останативе кои не умираат од друго, туку баш баш се гушат до смрт од ковид, и тоа е вистина, ама таква што не ти одговара и не ни ја сметаш за важна.
     
    На Peperutce1115, galapce, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Ај малку четиво да се разбие дебатата за бројки|(. Бројки се бројат на крај.
    https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/...-da-ne-go-izgubime-zdraviot-razum-na-selanite

    Ај да се обидеме да не го губиме разумот. Јас искрено не знам кој што брои и колку брои, битно е да се заштитиме самите себе (вклучително и нашите семејства) и да делуваме во склад со тоа. Секој со својот разум.
     
    На 1112, Kitten, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    @Lilit А кого тоа членката доведува до заблуда? Темата да ја читаат 50-100 луѓе од кои 50 веќе го поминале или се моментално заразени а другите 50 ги почитуваат 3те основни мерки. Што правиме со другите 1500000+?
    Пишав и претходно одете на профилот на Филипче вадете си ја нервозата за неговата изјава денес.
    Мене повеќе би ме загрижиле тие 200-300000(колкав и да е бројот што му ја слушнале/прочитале) и ќе си ја протолкуваат изјавата како здрав/а сум јас нема што да се замарам.
     
    На tina2018, tinka-mace и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    Камелија ај да не се правиме на Тошо. Кога има починато младо лице, сите пишуваат и прашуваат дали имало хронични болести и коморбидитети. А верувам дека и ти истото се прашуваш, може не на форум, ама по дома и те како. Стравот го прави своето и мое право и на сите е право да се знае, затоа што е пандемија и затоа што директно не афектира нас, со цел колку можеме самите да се заштитиме. И во овие сензитивни денови, не би сакала дополнителен стрес. Тоа што се е вброено во таа статистика, за мене не е правилно и точка. Друг не мора да се согласи на моето мислење. Нас ни се влева страв од енормната бројка на починати, а тој страв сигурно не носи позитивни последици. Понатака што бројат како бројат е вон моја моќ и јас тука не можам да влијаам нималце. Дали сомнежот е човечка особина или не? Извини што сум монструм, со оглед дека си формирам некоја надеж дека можеби нештата не се толку црни како што се проектираат во јавност.
     
    На tina2018 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    А како вие ги замислувате тие коморбидитети, па се тешите со нив? Што мислите тоа се луѓе легнати на постела и им нема спас? Еве ви кажувам за луѓе што ги знам(знаев лично) од 50-60 години, витални, секој ден на работа, со терапија за висок крвен притисок, умираат од ковид за неколку дена. Да, за неколку дена. Како не ја сфаќате сериозноста, ја незнам. Познавате некој на таа возраст што не е со таква терапија? Јас не познавам. И сега што го убило таквиот човек? Коморбидитетот кој го има цела скоро нација и со кој некои живеат со години? Ок е да се тешиме и да се трудиме да не се стресираме, ама на реалноста треба да и се погледне во очи и да се превземе одговорност! Баба ми е 80 години, од нејзини 40 години е со терапии за крвен притисок, со инсулини и триста чуда и еве уште живее. Е така ќе живееа и голем дел од оние 900 да не беше Ковид. Али нема везе, вие само продолжете да ја релативизрате ситуацијата и правете свои статистики.
     
    Последна измена: 26 октомври 2020
    На UnordinaryOne, smooch, 1112 и 35 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ептен на место мислење.
    Тоа се тешат дека се здрави, реално не знам сосема здрав човек. Да не збориме дека секој има тивки воспаленија и процеси што не му се дијагностицирани, а знаат да бидат опасни во комбинации со други влијанија или болести. Одамна е јасно дека за тешење се користат тие страничните болести.
     
    На UnordinaryOne, Peperutce1115, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Ме бендиса напишаново. Вистинската борба треба да биде борба за здравје, а не борба против болести. Вируси, бактерии, епидемии, пандемии имало и ќе има. Човештвото "растело" со нив. А факт е дека денес колку едно општество е поразвиено и побогато, толку повеќе има граѓани со хронични болести, кои државата ги опскрбува со потребни терапии и лекарства за да ги држат болестите под контрола. Ама за создавање здрави животни навики и здрав однос кон природата кои во голема мера би превенирале болести никој никаде ни збор, ни пари дава.
    Модерното време ги јаде своите деца, за жал.
     
    На Kitten, prominent, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.410
    @BoaVista Oдговорноста моја завршува со носење на маска. Ниту го донесов, ниту сум го раширила. Одговорноста ќе си ја бараш кај браќана од Кина, што на неколку години пуштаат по некој вирус да се шири низ светот. А најголемата одговорност кај нас, ја има власта која патем треба малку повеќе да се ангажира за ситуацијата. И не ја ни жалам власта, затоа што таа е носител на закони, а истите за некои се мајка, за некои маќеа. На крајот од денот, тоа што се пишува на форумов не ја менува фактичката ситуација. Вирусот ќе се шири и ќе зема се поголем замав, за жал.
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Па не завршува само со носење маска. Избегнување на групирање, седење дома со симптоми, тестирање ако се појават симптоми, реално споделување на контакти од заразените итн итн. Долга е листата. И не пишав јас дека е твоја одговорноста. Одговорноста, за жал е колективна, сите треба да придонесеме за да не се шири вирусот. Да беше само до еден, ќе се решеше до сега. Потребна е колективна свест од сите нас. За да се заштитиме сите, а пред се ранливите категории.
     
    На Peperutce1115, galapce, Annath и 9 други им се допаѓа ова.