Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    44.459
    Пол:
    Женски
    Ко да разбрав дека денес ќе се донесе одлука за тоа, т.е ќе го усвојат.
     
    На LejlaD, tina2018, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.693
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од (5,9%) во однос на минатата недела.

    Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

    Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%.

    По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела.

    Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Темава е за дискусија.
    За јадење, пиење, симптоми имаш други подтеми https://forum.femina.mk/forums/Коронавирус.74/
    сакаш симптоми, сакаш тестови, сакаш искуства...

    Озбилно, со закон ќе регулираат мерки?:^)
     
    На Herrera, CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.414
    Допаѓања:
    47.743
    Пол:
    Женски
    Баба ми нели прележа и отишла до докторот нејзин да и даде за контрола да ја преслуша пак на градите како и е и се по ред и ми вика не ме прими, затвориле ординација, од прозор довикува сестрата вика никакво влегување тука, без душа останавме, од што бе без душа останавте од лечење пред порта и рекла баба ми, па се скарале. Рекле дека веќе не прегледуваат пациенти и само од прозор ќе им давале упатства. Улава работа, се тоа треба да се пријави. Луѓето до маки одат на доктор да ги видат не е само проблем короната и не се само симптоми од корона за на доктор, ама не ги примаат си седат во тоа собичката си пијат кафе си муабетат си земаат платичка. Па умирале после пациенти, ама ич не ме чуди.
    Друго на моја школска од средбо мајка и е меѓу вчерашните починати 49 годишниот пациент и не е почината во болнички услови. Со свекрва и биле болни, не сакале да ги пратат на снимање, свекрвата ја оставиле некако демек ризична група, а неа како млада ништо не и е дома се лечела, дента добра, вечерта за еден саат и се слошува, во брзата помош умрела се загушила, вајда сатурацијата и е била прениска, 49 год. И кој е крив во случајов. Жал ме е за девојчето, татко и е починат исто уште у средна школа, сега е сама.
     
    На Harper, galapce, mssuniquee и 25 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    За гостите по дома требаше нешто Законот за заштита на население од заразни болести да се промени. Што ако се промени, после ваљда ќе гласи засекогаш? Или до кога ќе ни текне пак да не важи :D

    @1209 Нека зима картонот од таму и нека бара друг матичен. Ненормални.

    Од мојата матична сум презадоволна, во ниту еден момент не затворија врата или пак да не прими пациент. Работат турбо, а и заразени во село што беа, сите задоволни. Постојано во контакт и следење состојба. Чудно ми е дури кога читам вака за други доктори.
     
    На CameliaMiller, azelea, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    Абе тоа се чудам, како сегде може вонредна, во МК не може вонредна, ама шо е то битно, вонредна не трае бесконечко, закон трае, ама кој да ја мисли...
    Закон да се забрани одење по гости- за сва времена(facepalm)
     
    На kravce и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    124.087
    Пол:
    Женски
    Леле во Италија гледам на вести ужас е .... Протести немири чуда леле :worried:
     
    На LejlaD и emiliana им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Не само Италија, секаде низ Европа буквално иста ситуација ама им го разбирам гневот на народот и ги подржувам во протестот.
    Неможе од самата мерка да умрат повеќе луѓе отколку од самиот вирус и сега повторно пак владите да сакат истите мерки да ги спроведат се да затворат.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.944
    Е, тоа, баш тоа.
    Тоа пекам јас цело време, дека секој закон што ќе се донесе сега е донесен. И тоа е тоа.
    Дека можат куп држави без вонредни, или со привремени вонредни и со било какви ограничувања без да се носат закони за тоа, ама кај нас закон морало.
    И мора закон, оти "вонредна е ситуацијата", а не е битно што законот останува и после вонредната.
    Си бара власта начини да си искрои закони по терк, и не смееш да прашаш зошто. Зарем ти сакаш луѓе да умираат?
     
    На nina123, azelea, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Битно ги потврдија оставките, и станаа директори, ама за антиковид мерките нема време.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    А покачени за трипати повеќе кај тие што не работат во канцеларија. Барем во нашата фирма така е. Секој втор досега на тестирање, па настинат малку, и оп цела недела го нема.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.979
    Допаѓања:
    265.933
    Се менува Законот за заразни болести, што се употребува само во време на пандемија, епидемија. Што корист од него во нормални услови? Не се менува Устав.
    Имаме функционално Собрание, зошто Вонредна да има и Уредби. Кај нас опозицијата ја кочи работата на позицијата. Си играат пинг понг.
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.414
    Допаѓања:
    47.743
    Пол:
    Женски
    И овој е во село, сма каде да оди неаме многу доктори, они еден имаат, ете и нашиов иста марка е, жими 5 лекари имаме во цел град. Не знам што ќе се прави вака.
     
    На kravce, LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  14. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    АМИН.
    Буквално цело заболување го водат само со ециденција на телесна температура. А сите останати важни параметри? Крвна анализа, д-димери, сатурација, бели дробови... за секој што ќе се пожали на потешкотии треба да се обезбедат соодветните прегледи. Или кај нас важи обратното, не спречувај, отпосле лечи. Цели 20 дена седи со топломерчето под мишка и моли се да не се влоши. Па после касно доаѓале пациентите, компликации преку ноќ настануваат, да сигурно.
     
    На WildMk, Ambrosia, azelea и 10 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Ви ломбардија се повторно пред колапс болниците.:|
    Од една страна.
    Од друга пак се испозатворија.
    Чаре?!:|
     
    На LejlaD, buba4e89 и fana им се допаѓа ова.
  16. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    70+13+3+20 =84 ????
     
    На nina123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    45.468
    Пол:
    Женски
    Грешка е, место 20 треба 2.И вкупно се значи повеќе.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Отпишете се одма од таму. Тие добиваат капитација секој месец од баба ти, па како што викаш дека се малку доктори, а ако имаат голем број пријавени пациенти доволно им е од фондот за да си извадат плата. Како бе преку прозор упатство, па без крвна слика како може да даде упатство ако воопшто не ни знае пациентот за што е дојден. Без маски да не пуштаат е едно, или еве задолжително да е влегување и со визир, да го шеташ така пациентот е сосема друга работа. Почнете да се отпишувате масивно од кај нив да видиш како ќе си ја менат политиката. Срамота.

    Не може едни да се прекршуваат од работа, други да дремат и да работат шалтер систем. Медицина и шалтер систем не иде.
     
    На Harper, zhap4e, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.007
    А Словенија нема функционално собрание што има вонредна? :?:
    Којзнае што им е филмот, многу многу е село без кучиња. :x
     
  20. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Јас бев на матичен, не ни беше тука..
    Само сетрата беше и ми вика само преку телефон ,,прегледи".
    Не можела таа ни да ми даде за испитување нешто, се' било блокирано со короната и ми подига рамена, демек немам што да ти правам јас.
    А и што да прави таа ко матичниот не е појавен на работа.
    Фино лепо си го сменив. Новиов и ме прими и ме снимаше и терапија ми даде како што треба.
    Е сега, да не го фалам пред време, не дај боже да закачам корона, ќе видиме како ќе се понаша.

    Само сакам да се сложам со муабетот да си ги смените матичните, нема потреба да се збогатуваат на наш грб кога со месеци не се појавени на работа, ниту за прегледи ниту за ништо.
    Секоја чест на исклучоци.
     
    На Sofi.ja, azelea, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.