Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Еве да ви кажам две случки кои се случија на мои блиски, така што за точноста на информацииве гарантирам.

    ХХ оди да се тестира. Си плаќа приватно во институт за јавно здравје бидејќи некој не знае да и каже дали треба да се тестира после близок контакт со болен ниту па матичната сака да и закаже. Па ХХ оди своеволно, за своја сигурност да се тестира. Притоа ХХ треба со 2 автобуси да оди и со уште 2 да се врати. Кога се јавува за резултатот кажано и е дека треба да дојде, сама да си го земе. Па ХХ им ја објаснува ситуацијата со превозот и загрижена за тоа колку луѓе се во нејзина близина во целото тоа возење, прашува дали може резултатот да и го соопштат преку телефон. И одговараат дека не може и откако ги прашува "А што ако сум позитивна, што е со луѓето кои биле во моја близина во автобус, болница и слично?" од другата страна и одговараат "А што ти е гајле?". Mind you дека ова доаѓа од медицинско лице :)

    Втор случај. ХХ оди да се тестира, во овој случај повторно во институт за јавно здравје на државно, претходно закажано од матичен лекар. За време на тестирањето го прашуваат зошто се тестира. Откако ХХ објаснува дека бил во близок контакт со заразен пријател. Повторно медицинско лице му се смее во фаца и му возвраќа "Ај бе не лажи, кажи дека ти е за патување." :)

    Каде ли живееме, со кој народ делиме ист воздух. И тие ли ќе не вадат од пандемија? Со исклучоци, секако, жално е да се стават сите тие што секојдневно се жртвуваат во иста корпа со овие другиве.
     
    На Emilija97mk, Peperutce1115, темјанушка и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сега те прочитав дека една недела има од симптомите на татко ти.... земи си оксиметар чисто за твој мир, плус витамините, повеќе одмарање, релаксирање, течности, чорби.... физички и психички. Најверојатно поминало најстрашното кај вас од тоа што брзински прочитав.

    Никако запаѓање во депресии, нема неделава некој што не бил во контакт со позитивен, ако се тестираме сите овде, тврдам дека 40-50% позитивни ќе сме.
     
    На 1209, srekice, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.837
    Допаѓања:
    275.027
    Ниту тој за кој јас знам.
    Не е ден за ден...
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.532
    Допаѓања:
    38.784
    Пол:
    Женски
    Истата терапија. Ама Сумамед на 5ти ден почна сам, матичната му рече нема потреба, тој испаничи ко изгуби мирис и вкус.
    Витамините тие се сите истите, само Ц пие 2000мг неколку дена. Ние сме во мал стан прскам постојано за дезинфекција, тој седи на растојание од нас повеќе од 2 метра и маска медицинска менува секој ден.
    Ако малку сетат влошување веднаш на инфективна. Оксиметар има во Медикус 2500 мислам беше, јас ако развијам симптоми планирам да купам, со паничните напади не знам кога ми фали воздух.
    За мм ми рече матичната не мора, нема кашлица.
     
    На Doozy, CameliaMiller и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Читајте ги коментарите на објавата кај Венко прво ќе се насмеете малку што се не му пишуваат потоа ќе ви стане трагично со кого го делите воздухот во Македонија.
    Подобро и да не ја знам бројката на активни во Аеродром.
     
    На темјанушка, Doozy, srekice и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.802
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата е надвор од контрола. Мислам одамна е, само уште полошо станува. А народот гајле нема. Ми изгледа како да пролетта беа подисциплинирани, поисплашени. Сега, ништо, а пред колапс сме.
    Се ми се чини дека порано или подоцна сите ќе се заразиме. Ваљда и се оди на карта колективен имунитет, инаку не знам зошто ништо не се превзема.

    Веќе секој втор што го познавам е со симптоми. Половината не се ни тестираат, бидејќи нема термини.
    Моите дома сите се со симптоми. Сестра ми разви пред една недела, по неа татко ми, денес и мајка ми се жали. Термини, нема.
    Е сега, јас не сум паничар, и моите не се со некои страшни хронични болести. Мајка ми има притисок, за неа се плашам најмногу.
    Се надевам само да поминат со лесно. Инаку тешко нас.
     
    На Peperutce1115, 1209, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Словенија е веќе недела дена во локдаун.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.452
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Слично и се случи и на братучетка ми, потврдено беше дека била во контакт со заболен, имаше и симптоми и исто ја пратија пешки да се тестира и да се врати дома (таа не сакаше во автобус да влегува бидејќи беше 90% сигурна дека е позитивна, и поради тоа пешачеше саат време во еден правец) и успат и препишаа терапија и ја пратија во аптека. Да напоменам дека ова беше на почетокот кога немаше толку заболени и немаше ваков хаос, а дури ни тогаш не превземаа ништо, затоа до ова дојдовме.

    Втор случај со татко ми, имаше симптоми неколку дена и имаше контакт со 2ца заболени, чекавме неколку дена за термин за на крај да ни кажат да оди во друг град да се тестира. Тој им рече дека нема сопствен превоз, на што доби одговор: "Дојди со автобус". Нормално не отиде, туку чекаше 2 дена да се "ослободи термин".
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kourtney

    Kourtney Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски

    За каков тест цената е 1850? Како прво на Институтот за јавно здравје не креваат на телефон .. пратив маил добив одговор дека цената е 3500 денари.. ќе може да ми кажеш подетално..
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    ИЈЗ тестира приватно без закажан термин. Станува збор за пср тест, 1850ден.
    Одиш наутро, ти земаат брис, плаќаш 1850ден, вечерта имаш резултати.
     
    На Purplelilac и Doozy им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Зошто пред колапс?
    Во сам колапс е Македонија не е пред колапс, туку колапс.
    Се е исолнето, колку починати има?? Немаат веќе контрола ниту врз заразени ниту пак имаат капацитети за тестирање како што читам, ниту постигаат да обрнат внимание на сите, читам веќе дека сите се оставени сами на себе, луѓето умираат ( голем број ги има како што гледаме) заразените немаат потребна грижа, матичните ги лечат преку телефон и не сакаат да работат туку бегаат, еве куп луѓе со симтоми не можат да се тестираат, тестови нема, ги чуваат за покритични, замилете тука колку ги има еве што си кажуваат апа замислете надвор од форум колку ги има?!
    Ниту контролираат зараза со заразени и потенцијални, нити симптоми и решенија даваат.
    Ова не ви се чини на колапс на вас? Или пред колапс?
    Јас мислам дека е колапс баш.
    По се она што читам од вас тука дека е избегано од контрола.
    Каде е господинот Заев, Мицковски, Пендаровски да гукнат нешто?
    Мерки рестрикции 1 месец се клањаат за нешто најосновно и не се способни да изгласаат, не се сподебни и не сакаат да зборуваат јавно ЗОШТО?
    Од една страна колку се зборува... од друга си се ладат оние кои требс да работат што работат во фотељите нивни?

    Меркел зсмислете скоро секој ден збори на јавноста, предупредува, воведува рестрикции на колку починати?
    Исто така кралицата елизабета за прв пат после колку год се обраќаше на јавноста.
    Конте кај нас секој божји ден збори на јавноста
    Заев што прави? Каде е да излезе да каже нешто?
    Ниту една ебана мерка немате, никој не се замара, се е онака лабаво а бројките секој ден вриштат од очај и црнина.

    Озбилно каде се бе од државата овие? Што праат?
    Стварно не ми е јасно.......
     
    На thelittle17, smooch, Emilija97mk и 17 други им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.244
    Pod ova nema nekoj sto ne bil vo kontakt so zabolen go racunas i idenjeto do market ili apteka pa tamu ete se pogoduva nekoj pozitiven? Ako e taka ok, ako ne eve jas nemam kontakti so luge voopsto, od sam pocetok nemam, vsusnost nie sme asocijalni osobi ili kako i da se vika toa pa mene ne mi e problem ova voopsto. Na rabota ne odam, decata mi se mali i se doma, maz mi raboti isklucivo online nema vrska so koronata taka sekogas raboti. Ne znam jas za kontakt ne go smetam dve minutnoto stoenje na kasa so kasierkata :?::worried:
     
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.802
    Пол:
    Женски
    Во право си. Колапс е.
    Денешната слика од болница, луѓе по ходници примаат инфузии.

    Не сакав да ја претставам целата ситуација толку црно. Можеби и самата не можам или не сакам да прифатам до каде стигнавме.
    Ама, да, вистински колапс е ова.
     
    На thelittle17, smooch, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека татко ти е добро. Држам палци за побрзо оздравување, а и ти чувај се.

    Страшно е ова што се случува. Во власта и здравството немам многу надеж, ама уште помалку имам во народов. На почетокот се тешев, што се 100 души за Аеродром, колква општина е, мислиш град. Ама сега кога гледам 700 не ми е ама ич сеедно. И не само за Аеродром, секаде има многу земајќи предвид дека останатите се значително помали општини, со исклучок на Центар, Карпош, Кисела Вода ете. Страшно е навистина, чувајте се сите!
     
    На BelieberYeahh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.541
    Допаѓања:
    17.634
    Пол:
    Женски
    Системи пукаат, ама македонскиот никогаш не бил цврст од кога јас знам. Условите во здравството беа катастрофа, и само тонеа понатаму место да се подобруваат.
    И доаѓа до ниво кога нема персонал, нема луѓе. Е нема, и нема ни да има.

    Епа...
    Други пациенти не се примаат на прегледи, за да завршат директно во операциони сали или морги.
    Тие со Корона не ги примаат во болница и ги шеткараат за да може и персонал и трети особи да се разболат.
    Јер организација куца.

    На народот му е преку таквото, многу одамна. Само сега тие без мозок многу полесно се распознаваат, и тоа е тоа. Ги распознаваш, и бегаш од нив колку што можеш да избегаш. Повеќе не можеш.

    Сега почнува кулминацијата. Да се помолиме на тие во лабораториите да смислат лекарство поскоро, инаку остануваме во аут и продолжуваме во обратна насока.

    Денеска 820 а? Најс.
     
    На thelittle17, smooch, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.490
    Допаѓања:
    120.207
    Пол:
    Женски
    870:inlove:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.764
    На цела немаштија народов и пари за тестови. Жална моја Македонијо...
    Тестирање - 3000 денари, лекови 1000 денари, витамини 2000 денари, појачана исхрана за 1 недела 2000 денари, дополнителна свежа храна 1000 денари.
    И ако се повеќе членови, ајде да речем со хранава може и помалку, ама основното 6000 денари е. Плус крвна слика, ако одиш на државно - проблем е. Па синлаб ќе ти дојдат до врата, 1500 до 2000 ден зависи што.

    Пизду матер извинете вака.
     
    На Harper, thelittle17, smooch и 47 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    22.873
    Пол:
    Женски
    Не бе, паники креваме џабе...
    Црни сценарија сме праеле..
    А после ќе плукаат по доктори кога нема да ги примат, лечат, итн итн...
    Колапс на економија, ама никој не го гледа клапсот у здравство, образование итн...
     
    На azelea, smooch, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.013
    Допаѓања:
    127.990
    Пол:
    Женски
    И јас работам со ротации, на работа сме многу редуцирани и 8 саати со маска, движење стриктно работа дома, кога работам од дома излегувам само низ населба не кај што има гужви. Се нарачувам онлајн.. и не знам каде би можела да се заразам.. многу апокалиптично е она сите ќе се заразиме. Ситуацијата р крајно сериозна, ама дајте малку олабавете со паника.
     
    На azelea, Kitten, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Супер за тебе, и јас имам контакти сведено на минимум, но имам членови на семејството што работат на позиции каде што контактот со луѓе е на висока фреквенција. Успат пропратно обавуваме и редовни обврски во банки и институции, лекарски прегледи и се дешаваат работи надвор од наша контрола што вклучува контакт со други луѓе, така да... шо знам, можда па ние сме утка нешто. :)

    Не е кажано да се паничите, не знам зошто се паничите ако некој нешто рандом си напише... :?: Факт е дека сме во екот на пандемија излезена од контрола и тоа е тоа. Воопшто не бев изненадена дека сум била во контакт со позитивен, ниту па се потресов нешто нарочито.

    Според мене, прашањето беше кога, а не дали, што и ми се потврди деновиве.

    Чувајте се, ви посакувам добро здравје :)
     
    На azelea, Amellie13, candy.cane и 13 други им се допаѓа ова.